Меѓудругото убедена сум дека сум ја погодила професијата со самото тоа што секој нов материјал го впивам со нетрпение и едвај чекам да стигнам до наредната реченица како да ја чекам наредната сцена на некој возбудлив трилер. Убаво е чувството кога знаеш дека си се пронашол некаде, чувството дека припаѓаш некаде...можеби и едно од најубавите на светот.
Денес станав од кревет прилично нервозна. Многу ми се спиеше и не сакав да се помрднам од кревет. Така беше сè додека не ги кренав ролетните. Сонцето како да ми се пикна под очните капаци, како со магично стапче да помина. Одеднаш бев неверојатно будна. Отсекогаш сум ги сакала сончевите утра. Бидејќи кога одам на школо секогаш одам на исток, кога има сонце не гледам, туку само мижуркам и се топам. Сонцето ми го пече лицето, го чувствувам и на косата, ми станува жешко под палтото и униформата, ама не ми е грижа. Настрана што на школо повеќето беа отидени на некој ракометен натпревар, па останавме само 5. Не знам дали е само кај мене така, ама кога е пролет како одново да се раѓам. Пролет... силно сонце, расцутени дрвца, неуморна песна на врапчињата, штрковите , и секако тој незаменлив опоен мирис на зумбул, кој како да ми се врежал во срцето и секогаш кога ќе го помирисам, како нешто внатре во мене да потскокнува. И конечно, догледање баба Марта, се гледаме повторно следната година. Април отсекогаш сум го сакала, секако, лани ми беше синоним за целиот тој натпревар thing. Ама сега се чувствувам како да не одам, туку да летам. Секако, април ми е долгоочекуваниот месец уште од декември, ќе биде 18 април еден од посебните денови од мојот живот веројатно. Па април има да биде добар месец за мене и точка. Ве поздравувам сите, и се надевам дека имате прекрасен ден! Уживајте во сонцето!
Тоа што ме нарекуваш не само мене туку и моето семејство селјаци од Прдејци е одлика на твојот недостаток на култура и домашно воспитување а не говори за моето потекло. И покрај тоа што сум родена и растена во странство а не отидена пред 10-тина години не се правам странкиња и не продавам ветер во магла како што го правиш ти, и чисто информативно не дека нешто мене лично ми значи нешто ама моите родители се со генерации Скопјани. Не ти личи на годините вакви постови и не вади муабети надвор од контекст и во иднина пиши лична порака може и ќе се разберевме вака, мене не ми дозволува домашното воспитување да се расправам со жена од 50 години, мене ме воспитале да ги почитувам постарите.
Денов љубов... а љубовта далеку... Мојава неуморна талкачка душа..се прашувам дали некогаш ќе научи да се откаже и помири со некои работи... да се потпирам ли на она ..се во свое време?! ..а ни сама не верувам во истото.. А да ми светне сијаличето во главава.. па да сменам некои ствари?! хмм... Иначе да... се испозаљубив во песнава. Официјално ми е фаворит, ама после нашата наравно
Нели? После првиот работен ден зедов да се преиспитувам, како што и обично си се малтретирам кога имам вишок слободно време, ама по две секунди си мавнав една ментална шлаканица и си наредив на самата себе дека немам право да се сомневам, а богами ни причина. На правото место сум Некои соништа навистина се остваруваат ако вредно работиш на нив.
СДК дека само мене во 1 ден можат да ми се случат 300та лапсуси...Само јас во еден ден можам онака од ништо јавно и јако да се спружам на земја да се отепам, и да си ја фатам ногата од вратата од таксито истиот ден... Ај оставете тоа си доаѓам дома ЦЕЛА за среќа и јас дури се токмев да му пишам на симпатијата ми кажуват дека ќе заминвал Дубаи на 2 години хелоуууу супер фала многу пријатно ...До вечер ќе се рапортирам ако останам ЦЕЛА пак ќе речам
Колку убав сончев ден, долгоочекуван. Штета што не го искористив целосно. Расположението ми беше на прениско ниво. Кога нешто ќе се случи утрото, проклетото цел ден ме следи. Една обична будалаштина, цел ден ме нервира. Но, најважно е што си се наиграв со кучето. Со дрвца, па трчање наваму-натаму. Убавини. Барем малку се развеселив. Сега седи до мене на фотелјата и спие, ах лепотица. Обожавам пролет. Пролетта е моето годишно време, а се ближи и роденден. Бидете весели и не дозволувајте ништо, ама баш ништо да ви го уништи денот! (Особено ако е сончев и совршен за прошетка.)
Клише муабети за времето... ама па како да не му се изнарадуваш бе? Го сакам почетокот на пролетта, го вдишувам со полни гради тој премин од летаргична облачна атмосфера што ни служи за оправдување на мрзливото расположение и долгите часови спиење - во едно општо пролетно будење. Ги сакам оние благи пролетно сончеви зраци кои ти влеваат позитивна енергија и ти олеснуваат секаква работа. Доволно силни за да ти ја стоплат душата, но исто толку пријатни за да те предизвикаат во автобус намерно да седнеш токму на огреаната страна, иако ти го загреваат капутот со кој си излегла пошто сонцето уствари те фатило се` уште зимски подготвена. Да не зборувам пак колку само необјаснива надеж и оптимизам, во исто време будење на романтичната и уметничката душа желна за овековечување секакви мали моменти во мене, ми предизвикуваат првите расцветани дрвја... Туку, прекрасно е кога гледаш, уште повеќе кога во круг на блиски и драги познаници имаш личности (не деца, тинејџери, туку баш во секоја смисла на зборот изградени млади личности) со реални размислувања, свест и огромна палета на области со кои се запознаени и заинтересирани на 15-16 години, со јасна визија и зацртани желби за иднината. Просто да ти се исполни душата со неколку реда муабет со нив и со мерак да ги замислиш нивните успеси во иднина, од се` срце посакувајќи да им се исполнат сите замисли... И да, кога ќе се опседнам со некоја песна сите околу мене неизбежно ја дознаваат, 100% проверено. A за oваа (од постот на @Yowannty ) толку ми е топење и посакување да се заљубам и goosebumps every single time, eве не знам... Ajт чус, ве поздравувам!
СДК ... не би да ве разочарувам, ама немој да се радувате толку многу на убавото време, затоа што следниов период ќе ни биде сив и променлив, со дожденце. Очекувајте вистинска пролет тек крај Април или Мај месец. Помалку оечкување помалку разочарување
Имам повеќе од 10песни кои ме потсеќаат на најмилите мои луѓенца кои моментално неможам да ги видам и да уживам со нив... Во моментот многу ми недостига мајка ми Ја слушам нејзината омилена песна и малку ми е полесно,ја чуствувам како е до мене и ми потпевнува Имам повеќе песни кои ме потсеќаат на сестра ми,нејзините омилени ,си ги слушам и нив и ја замислувам како седи спроти мене ме гледа и ми пее , а татко ми го замислувам како ја слуша неговата омилена песна лежејќи на троседот и како задоволно се смешка Ах мили мои луѓе колку ми недостигате само да знаете ....
Една минута молк ,за сите оние пораки кои доцна во ноќта сме ги напишале од срце, а не сме ги испратиле никогаш..ех колку само работи останале некажани , тоа го знае само копчето делит
Зошто упорно ја правам истата грешка? Зошто секогаш пред спиење читам забегани работи, па не можам да спијам после? Зошто?
Јас пак се челичам. Правам проекти, праќам маилови. Сонот ми беше неопходен, веќе и него го нема. Чекам мал зрак светлина и одам да освојам нова територија .. Вазомоторен, што?
Читам вест-родено јагне со човечка глава и првата реченица нешто како наслов-целото село во шок. Епа кој си ја има мувата на капата... , сите се стискаат да не даваат мекици, трошок е.
Јас сум ви од оние луѓе што кога ќе ги пратат по леб неможат а да не грицнат (барем еднаш) од крајчето. Е, а. Дома лебот го носам ко санки глувци да го гризеле од страните. Одам по пат и грицкам ко некој глушец,пусти мерак.