Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Од ние луѓе сум што со полн елан и храброст си велам што сака нека биде. Роден оптимист бе :D шта чеш
     
    На Adina и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Aprililili :P Kogo ke lazete denes ?:lol:
     
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Јас си поминав на ред,ама до вечер има време за уште десетина лагички.
    :D
     
    На Minnie 1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
    Кој е роден денес нека си знае дека е направен за зафрканција хахахаха :lol::lol::lol:
     
    На Lella, anina, BurstBerry и 6 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Потребата од генерално преуредување на личниот ентериер ми иницира средба со самата себе.
    Во малиот неред настанат во сезоната што изминува, ги отстранувам нештата кои непотребно зафаќаат простор на единствената полица. Нејзината големина толку ме ограничува што претпазливо приоѓам во можноста за уредно подредување на количината чувства. Секогаш наоѓам парчиња што свесно ги потиснувам во позадина за на крај да морам да се соочам со нивната моќ дека постои опасност сериозно да го окупираат и онака полниот простор.
    Во битката за превласт на сетилата, само пакетот соништа како скапоцен накит претпазливо го преместувам низ сезоните, потајно верувајќи дека блесокот ќе биде толку силен што моќно ќе ја избрише границата меѓу денот и ноќта. Секој негов допир ме растреперува до степен што го доживувам како лесно кршливо парче кое упорно ме предупредува дека сигурноста е во мои раце.
    Во пресрет на топлите денови ширум го отворам прозорецот на душата и ја проветрувам со нова доза оптимизам, го ослободувам телото од слоевитата облека и ги освежувам мислите со мирисот на интуицијата. Сепната од полниот елан му одговарам на предизвикот за сезонско будење од долгата рамнодушност и го започнувам процесот за детоксикација на суетата низ стремежот за поголем блесок. Потрагата по подобри нешта секогаш е во корелација со силната желба.
    Во име на непознатата иднина, му испраќам порака на ветерот да го промени правецот на движење и да му создаде патека на зракот, верувајќи дека ќе ми даде можност да го задоволам љубопитството што силно ме копка со тоа што барем малку ќе ѕирнам на другата страна во оној непредвидлив дел што ме очекува со секое стапнување на патеката.
     
    На mimiiiii, eliesaab, anina и 2 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    35.091
    Пол:
    Женски
    Само денес машките нема да се уплашат ако му кажеш дека си трудна. :rofl:
     
    На anina, cresa-jagoda, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.668
    Пол:
    Женски
    Ме плаши во какво ненормално време живееме. Ме плаши што толку сме навикнати секојдневно да гледаме и слушаме ненормални работи да се дешаваат, а ние да не реагираме...не затоа што не приметуваме, туку затоа што до толку сме навикнати да трпиме... Е до толку сме..
    За коа ќе се деси нешто нормално.. да се понашаме као којзнае што да се десило и да го прифаќаме со резерва и неверување...а е нешто најнормално...
    Ме плашат овие чудно лоши времиња...сериозно ме плашат...
    До кога овие наши македонски срца можат да трпат?! Страшно е колку сме толерантни и мирољубиви...
    Ова нигде го нема...
     
    Последна измена: 1 април 2015
    На eliesaab, Anabelle.Amorette, sparklie и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Културата на еден народ се гледа по сообраќајната култура.

    За жал, тоа нема да се смени со повисоки плати, со поубави автомобили или со подобар животен стандард. Едноставно, културата како дел од менталитетот, ја имаш или ја немаш.

    Стапнуваш на тло во главниот град, ма искрено и во кој било друг град каде што има повеќе возила, пушташ ноже да поминеш, некој љуткав ти СВИРИ, те пцуе до трето колено, и го собираш ножето оти некој ќе ти помине врз него со кола. Па стоиш како идиотче некое, додека те прелетуваат на 10 сантима од тебе и чекаш да се најде некој од мајка роден, троа покултурен, да ти пушти фора да поминеш.

    Додека минеш ти свират оти не се движиш како Усаин Болт на пешачки туку одиш со човечко темпо.

    Фрчат со 120, лабаво бе брат, со една рака возат, со друга на телефон. Да имавме три раци, ќе правеа нешто и со третата рака, веројатно ќе јадеа или ќе нишкаа бебе. Иде полицаец, свират. Ги запира во колона, му свират, ги пушта од колоната, му свират, ги вклучува семафорите, му свират. Се паркира и свири. Се паркира на тротоар и свири. Се паркира на паркинг и повторно, свири. Оти бе брат? И се пцуе од мајче до шајче, мислам многу нормално, да возиш во вакви џунгли, ќе пцуеш.

    Да ви свирнам јас вас нешто, на пример едно јајце од тараса додека заспивате врз свирките, може ли, ненормални едни?

    А не дека и пешациве или па тие со точациве се нешто понормални. За секој што го гледам како претрчува, по едно јајце.... Фиуууууу, шлас врз убавото палтенце или костумче. Една табла јајца на ден, па ќе пазат барем тука како минат. А не како стадо овци некои, епа буквално.... Како овците што се шеткараат на пасиште, овие така сред цивилизација. Прво малце лево, па малце десно, па малце на косо, угоре, удоле, оп оп оппппппп, ајде ајде трчајјјј, опалаааааа, браво, бра-во! Се претрчува на секое делче од патот каде што може да се претрча, семафор и зелено светло не постои, е нема грешка, она е јака женска, он е газда, ќе чека на семафор 5 секунди додека да отиде на паркинг и да си ја отклучи колава. И чисто информативно, дали ако возиш точак измеѓу колите и се спровираш на секој метар, си кул или камиказа? Ја некако за второто сум повеќе.

    Ма ова милиони и милиони евра не го мењаваат. Не големи плати, не брендирани алишта, не светски дипломи, луксузни одмори, ма кај сакаш и што сакаш, така ќе си остане. Цела простоќа најубаво тука се гледа... така да ви кажам.
     
    На mimiiiii, Oxymoron, Lella и 34 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Денес дури и на факултет ме сетија дека сум нервозна ауф. Покрај колегите и професоркта ми рече.... од каде пак таа ме сетила? Што к. р се меша? Значи свашта. Сега ако сум нервозна, за утре знам бетер ќе биде. Од мобилен пишувам и една ебена буква не погодив. Другарка ми е љубоморна на цимерката. И тоа во очи ми го кажува ама да не биде баш апла. Требаше со неа да седам ама јбг в година здравје. Да ти еб. м малерот.
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Денес една госпожА т.н. претпоставена уште по сабајлечки проба да ме излаже нешто, демек априлилилиии. И влетува во канцеларија така како и обично, со намуртена фаца како и обично, да ти го расипе денот како и обично и со висок тон да не кажам се издра зашто не сум направила нешто и јас само што извикав-што требало да направам да подобјасни и она вика па те излажав. |(
    Е браос бе госпожа вака не се изнасмеав ни на к-15 :D, али како ми го спопика за први април онака ориџинале, да се фатам за глава и се што можам да кажам е да ти прости Господ, не само за ова туку за се.
    И така мене гадно ме излажаа, ми го спопикаа што се вика за први април и утре планирам да и вратам со едно-април пројде клоца дојде за да и текне дека ич не беше интересна и не знае да лаже, јас и онака ја фаќам во лага ама ова беше апла. Подобро да се маскираше во кловн ама па и кловновите ми се некако езиви, страшни, одвратни.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    "Vistinsko" drugarstvo e koga ti veke edna nedela ja imas vencanicata doma, a "najdobrata" drugarka ti praka idei I modeli :@ Tolku ja interesira, zatoa tolku e informirana...ama ako, barem ocite mi gi otvori (wtf)
     
    На crazylady и anina им се допаѓа ова.
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    [​IMG] :f::sun::D
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Да ти се плукнам во времето, само ми се спие.
     
    На kala21, Anabelle.Amorette, mileystar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.869
    Допаѓања:
    163.491
    И вас ве блокираат опајдури за да не им го гледате срамот, а потоа ви стигнуваат сто френд риквеста од луѓе околу нив? Ми раскажувале, јас не знаев и еве дознав.
    Јас сепак мислев дека со годините доаѓа зрелостта, ама од џукела без педигре не можеш да очекуваш такво нешто.
    Ќе го сфатам како комплимент, па уште и кога сами ќе ве стават над нив, а не вие самите...онда тоа е триумф. Фала ти многу, ни сама не знаев дека толкаво влијание имам во твојот живот, а воедно и сочувствувам со психичките болестти кои си ги носиш од многу мала...
    Па што знам еве, јас не ги цртам устињата што ги немам, нозеве фала му на дедо ми покоен, убаво ме повивал како фишек, па прави ми се, не ми е лоша фацава да морам да си ја доцртувам, исто така не морам да се пикам по чаршави за да се потврдам, лесно простувам и си продолжувам со животот..со толку завист и злоба во себе никогаш не би живеела... во случајов внатрешната и надворешната грдоќа е оправдана, еве не знам. Моето помина, се ти беше простено затоа што се беше од твоја лична фрустрација, а не моја, односно наша... ние сме се уште другарки, а ти...тажна прича по градов, нечиј број, се се слуша, се се знае... Не можеш да избегаш од тоа кој си.

    Денов, хаоспичкелудило! Градов уздуж и попреку.
    Рекорд, 10 состаноци, празни и долги разговори кои трошат време од што не им се работи и 3 кафиња од атер, 5 чаја од атер. Ако нешто ме празни најмногу, тоа се непродуктивни муабети кои почнуваат да лебдат како облак над главата, а јас си замислувам плишан песок и лежалка, ми ѕвони во главата хавајска музика и само климам со главата.
    Среќна ме прават внук ми, тој, другарка ми и другар ми. Овие последниве тројца ги сакам најмногу на куп и вечерва ќе си ги добијам ете така, да се ставам на чарџер.
    У да и братучед ми... брат, другар, половина од мене... а кога ќе не видат...мислат дека ми е личен бодигард, па после не не поврзуваат...од кај тебе братучед...овој...чудниов, страшниов...батка?! Е такви сме, шарени, фамилијарно луди. Во сред центар ме затвори во кола денес, пати по девојка му сцена следна - Визуелизирајте дечко, 185 висок, 90 тежок, келав и набилдан како ја пее All of me на цел глас... е и мене не ми се веруваше... гужва на рекорд, тој пее ли пее, додека не ми ја испеа да му олесни душичката не ме пушти. :D Еве знам дека на таа песна ќе ја запроси и целото сценаријо, знам како се променил и како нема да греши...
    Ако не се смират со цуцава, а сакате дечки со ваков опис, контактирајте ме ќе ви средам да ве усреќам.

    Да ми кажуваше некој дека е така тешко да си избереш спална за свој дом, ќе го направев будала. Мислев дека ќе летам, ама... тешко се одлучувам. Интересно е што сами ги визуелизирам моите како доаѓаат, него, целото семејство, Ц, Ф, Н и М како се глупираме...просторот околу нас знам дека има нешто, ама не можам да го видам точно. Не ми е толку важно колку што ми е важно просторот да го полнам со среќни луѓе, еден ден и мое мало семејство.
     
    На NoellePage, Lola-M, Daleron и 9 други им се допаѓа ова.
  15. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Тажно е кога човек нема дух да зборува,а па потажно е кога не знае кога да ќути.
    Не знам што е потажно стварно.Јас се наоѓам во првово,другиве зборат и кога треба и кога не треба и што треба и што не треба.Е од нив си патиме.Умислени дека се којзнае што како восочни кукли, а кога ќе прозборат,поарно да не слушаш.Колку и да е убав човек се губи од убавина и точка.Така испаѓа убавината ништо не вреди.Жално е што тешко може да се види склоп на убавина и карактер и како тоа што Господ ви го дал не го користите,дури и го злоупотребувате.
    Е од такви личности ние што сме поскромните речиси и не можеме да дојдеме до израз.Може и самите сме дозволиле такви работи да не допрат,наместо да ги игнорираме и да работиме на себе.Во случајов зборам за мене(некој случајно да не се навреди).Сепак и да имам уште еден живот би се држела до ова само можеби би била поспремна за овој суров свет.Секам на моите деца да им пренесам добри манири, а не да бидат таму некои распуштенички.
    PS.Постов ме "инспирира" од секојдневното опкружување,кое ми е толку демотивирачко,што се прашувам дали останал некој човек.Би пишувала вака до утре ама нели немам елан де.
    Луѓе желни за оговарање,па и некои ти се прават другарки ма марш у курац бре.
     
    На anina, Anabelle.Amorette, BurstBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.526
    Пол:
    Женски
    Никогаш не научив да држам лутина и да терам инает, секогаш сум таа што прва се јавува и прва пишува.
    Ми велеа дека сум премногу толерантна, дека ги ставам другите на прво место, па цел живот се трудев да се сменам. Не дека никогаш не сум погрешила или дека сум совршена, ама генерално сум фина со сите и никогаш не би дозволила да бидам груба со некого. Кога нешто ми пречи, кажувам, смирено, на најбезболниот начин што може.

    А дефинитивно имам маани: доцнам, избрзувам со одлуки, судам луѓе, не сум многу дружељубива. Ме повредува кога блиски луѓе не ми кажуваат на време за сите работи кои им пречат кај мене, па кога ќе се налутат за нешто тотално неповрзано со мене ми ги вадат низ нос сите ситници што некогаш во животот сум им ги направила. И да, и јас го имам направено тоа, и да, се извинив потоа. Не разбирам што е толку тешко да кажеш извини, тоа не те прави послаб, ниту поранлив, туку позрел и поспособен на смирен начин да се справиш во секоја ситуација.
     
    На Daleron, Lella, anina и 19 други им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... вака или онака, ваков или онаков, секако на другите нема да им си погоден по калап.
    Затоа најважно да знаете како да си живеете самите со себе, за да немате потреба да се врзувате или да зависите од другите. Суштината е таа, секој сам се раѓа и сам умира.
    Значи се што треба е да сте самите на себе најдобар пријател и партнер.
     
    На kala21, anina, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  18. DesertGirl

    DesertGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    image.jpg
     
    На Lella, anina, Anabelle.Amorette и 5 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам дека вчера кога беше 50 степени надвор сите имаа за учење и дома дремеа, а денес вее студен ветер, врни цело време и ајде ќе шетаме, на кафе ќе одиме....синусите ми се откорнаа.....
    И врвот на се, сега колега ми кажува дека има измени во распоредот и сепак ќе треба рано да одиме....а толку се радувавме дека малку подоцна ќе почнуваме (facepalm) Зар мораше тоа сега, баш сега, во ова време да ми каже? И зошто прават измени кога имаме уште 5 пати предавања до крајот на семестарот од тој предмет?
    И уште ова...значи 100 пати им имам кажано дека не сакам некој да ми се меша во животот ама НЕ, тие пак и пак ми се мешаат. Мислат дека ќе ги послушам? Ако побарам помош арно, ако не не. Ќутете бре луѓе.

    Ако имал некој потапа и понервозен ден, главата ја сечам.....
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Си се чудам некогаш, како на мојот мозок му доаѓа да се сети на некои незначајни или премногу емотивни настани кога учам. Седам, читам и наеднаш ми текнува дека порано во петто одделние јас и мојата другарка се спремавме да одиме на претстава од училиште. Таа изгледаше исплашено и ме замоли да ми ја види картата пред да влезиме во театарот. Ја извади и нејзината и заприметив дека ми ја врати погрешната карта, таа што не беше моја. Картата веќе беше поништена. Од насмевката што ја имав на лицето, предизвикана од преголемата возбуда не остана ништо, само едно големо чекај, што ли се случи.
    Двете влеговме внатре, а за оваа случка не сум кажала никому. Сега тука прв пат пишувам. Зошто сум се сетила на неа конкретно не знам, стварно не знам :x
    Ја затворив книгата зошто се растревожив малце. Денес на 21 година сфаќам што значи некој да те прави будала пред сопствените очи.
     
    На Bezopasna2002, Lella, Sunshine.Sunshine и 2 други им се допаѓа ова.