Средените веѓи и бркови даваат некое необјасниво олеснување. Си мислиш 70% од убавината на лицето ти се вратила. Туку не знам како да се чувствувам кога некој ќе ми рече,абе ајде уживај ,зарем на тие 20 години ќе се замараш и нервираш.Ех колку сум била будала јас на твоите години што сум мислела така,море сега да сум ич не му ја мислам ќе речат. Едноставно длабоко во себе знаеш дека е така.знаеш дека се во право,знаеш дека ова нема да ти биде битно по пет години. Ама ете,секоја генерација си има свои стресови и грижи низ кои мораш да поминеш. Па и не е лесно да си на овие години,еве зошто. Дваесет.безврска.за некои работи да ги правиш си ептен стар,за други работи си ептен млад. Ни на горе ни надолу..ни ваму ни таму. Поминуваш една стаза.и оп доаѓа една друга каде што стануваш свесен дека мораш сам да се бориш. Сакаш да бидиш самостоен,ама сакаш и да студираш и да имаш свои пари. Сфаќаш дека после секоја кавга со родителите.пак бараш од нив.пак се потпираш на нив. А не го сакаш тоа.сакаш сам,а не можеш...буквално сакаш да се онадуваш.а неќеш да ти го онадат. Дури и од дома те тестираат да видат до каде ти се способностите. Уште мислам дека сум во средно,не сум спремна да се соочам со суровиот свет. Не сум !
Ne sum tip na covek sto se raduva na rodendeni.Vsusnost,edvaj cekam da pomine ddenot.No, ova iznenaduvanje od najmilite me dovede do solzi.Minnie torta od mama I bato.Ve sakam
Постов ќе биде со измешани зборови баш какви што се моите чувства во моментот. Во моментот ми недостига детството,многу. Ми недостига еднодневната екскурзија до Крушево(сигурно бев второ или трето одделение). Се сеќавам бев болна.Требаше сите да одат освен јас, но моите ме пуштија во последен миг. Се сеќавам во мојот ранец имав соленки кои мама ги месила, две три мали еурокремчиња, две шишенца сок од цвекло и лимон и едно шишенце Швепс да не ме делеле моите од останатите другарчиња и некои грицки.Ми недостига петокот. Петокот после училиште.Со трчање го оставав ранецот и се пресоблекував и веднаш надвор да си играм со сестра ми.Знаете што?Ќе купиме едно степче од 5ден. и ќе си играме ресторант. Надвор едно поголемо столче ни беше маса, а дрвени столчиња за седење. Дома што имаше грицки се служевме.. Се сеќавам како со сестра ми со конец за шиење си правевме белезики,чунки ќе ги продаваме од 2ден. до 10 ден.најскапа да биде..Ми недостига бабата која живееше во комшии која секој ден накај 2-3 ќе седнеше на каменот до куќата и со мало мотиче ги средувавме цвеќината,па ни кажуваше песни,ни даваше бомбонче.Секој ден по едно бомбонче а од пензија и по 10ден. Ми недостига петок во зима. Од училиште торбата спремна и веднаш кај баба ми нагости.Знаеше многу да плети.Ме научи да плетам и плетев шалче за куклата.Изработеното го покажував секому. Мајка ми што чувала некоја облека што сме биле мали ја облекувавме на мечето.Ми недостига сестра ми.Физички до мене е, но ми недостига блискоста со неа. Како што растеме,како што поминува времето се се менува. Колку само бевме сложни,колку си игравме,си помагавме но денес одлучи нејзиниот дечко да и биде многу поважен од сите останати. Ми недостига нејзината игра навечер пред легнување на буква на буква за предмети од собата или пак едната ќе пее со мелодија некоја песна другата да погоди за која песна станува збор. Сакам да сум дете.Посакувам никогаш да не пораснев. Посакувам секое дете да биде дете како што доликува и да ја научи суштината на детството. Доста е, веќе очите ми се насолзија.. Имајте убаво попладне и барем за миг вратете се во вашето детство!
Додека делев флаери , го видов The Master Move , Доаѓа постар чиче каде што се сандучињата за ставање писма и флаери , го отвара едното сандуче , вади парфем , се прска насекаде , го враќа парфемот во сандучето , си залижува косата, зима мастика , става наочари црни манијачки и излегува надвор .
Кога ја чешлам косата ја делам на два дела. И секогаш кога че го исчешлам едниот дел а другиот останува така стуткан и меткан и секаков....се замислувам како да сум на реклама, така што демек го рекламирам шампонот или чешелот колку брзо се чешлала косата, правам пред и потоа и зборувам некои глупости шо ке ми текне .
Сакам да кажам дека : 1.Кога бев мал секогаш сакав да го читам Вест и тоа следните содржини: 1. Пецко на последна страна. 2. И сликите во средина. 2. Кога некој што првпат го запознавам и ќе ме праша "Што има ново" ми доаѓа да се телепортирам на Уран. 3. Ако Фемина е портал за женскиот пол, тогаш Мина би требало да е за машкиот. 4. Кога научниците ќе дознаат дали постои Бог, јас нема да бидам жив. 6. Не забележа дека фали бројот 5 ( сега моментално ми текна ) 7. Чувството да играш шах со пензионер во автобус САМО ЈАС ГО ЗНАМ ! 8. Сакам да продолжам до 100, ама никој нема да ги прочита сите.
Во врска сум скоро две години. Од почетокот па се до пред некое време скоро целата среќа што ја имав во животот доаѓаше баш од мојата врска... Не можам да опишам со зборови какви чувства пробуди тој човек во мене... Најискрените, најчистите, првите... Има извесен период, се чувствува монотонија во нашата врска.. Се чувствувам запоставено во споредба со претходните најубави месеци од мојот живот... Ме бара, ми пиши нон стоп, излегуваме, се гледаме се се е во ред. Ама како да згаснува искрата во него... Се плашам... Милиони пати си го имам замислувано целиот живот покрај него, не сум спремна да го загубам. Само сакам да биде како што беше. Нели, сите тоа си сакаме... Јас не сум посебна... Знам дека треба многу труд за врска, не е само фати се и ајде ќе тече се во ред ќе биде. И искрено се немам никогаш за ништо толку трудено!!! Ама понекогаш ми се чини дека е тоа само од моја страна. И ова е нешто што ме плаши смртно. Свесна сум дека без секој се можи, чим сум пораснала без мајка, знам дека ако мораш без секој можеш! Ама преферирам да не заврши така. Млада сум, ама оваа љубов е она што ме држи во живот покрај сите проблеми и покрај дисфункционалната средина во која што живеам. Нема да престанам да се трудам. Само сакам да си кажам, да ми олесни од душава. Можеби е само период, можеби и ќе помине. А можеби не. Времето ќе каже. Како и да е, ако испадне полошиот крај, сакам да можам да си кажам на самата себеси „Направи се што можеше! Така требало да биде!“.. Силна сум јас...
believe in Карма... И како што кажа и самата направи се и запамти си го знаеш тоа се се случува со причина се е насоки во животот само ти треба да ја одбериш и видиш правилната остави а негативата , испадни и прими малце позитива
Имаше еден момент на колебање.Дали да биде да или не, да одлучам помеѓу сега или подоцна.Не беше ништо страшно, само обична одлука за поправка на тест. Мило ми беше што решив да ја ставам тремата на страна, па се фокусирав максимално на логаритамските равенки, показатели.. Туку, баш оние зборови кои ги премолчуваме, најмногу вредат.Постојано ја прашувам, го вртам муабетот од околу и на крај ништо.Никако да се видиме двете.Таа на работа, јас на училиште.Се трудам и распоредот на смените да ѝ го запомнам, за кога ќе е слободна да спремам изненадување. А сакам да ѝ кажам колку ми значи сето она што го направи за мене.Една е сестра.
Помина и овој напорен ден... Помина и последниот предмет за полагање , ми помина и нервозата на мене. Толку нервоза одамна се немаше собрано во мене па пукнав на факс, мразам неправди а најмногу што некој учи а др. препишува и пак после се фали како немал време да одговара... Е тоа ми се случи и на мене па се истурив врз другарките (колешките) кои бараа поправен. Цел ден сум како оса... Телефонот иск. јас на тераса цел ден си размислувам дали згрешив или не. На крај еден филм толку ме смени за час што заборавив на се...
Се случи чудо, луѓе. Господ е голем. Слава му. Само верувајте луѓе, бидете добри и хумани, не завидувајте, помагајте на секој колку што можете. И на тој што нема да знае да цени. Зашто чувството дека си од помош за некој нема цена. Ми се плаче од среќа.
Живот пише романи... Ми дојдоа 5 минути што ќе ми траат цел живот...еве трепкам како да сум во Дизниленд. И да ви кажам не доаѓаат со фанфари и балони, ни па има најава, ни па некој ќе ти каже е ова ти е тој момент фати го, ни па се особено еуфорични, дури и се плаче од нив, па и заболува. И не, не доаѓаат како милион на лото, ниту се случува нешто бомбастично што ќе ве обезбеди до крајот на животот за да бидете улежан дебил. Треба да си го препознаете... На некого му се развива животот во континуитет и цел живот му е една прааааааава долга линија. Постигнува едно ниво и така живее. Тоа се тие од генерација што брзо наоѓаат работа, што за брзо создаваат брак и деца и живеат нели по формулата на која не учат сите. А некои... долго време тапкаат, циклично лудуваат и им се случува голема промена... убава. Често ќе одат горе доле, ама секогаш ловат спомени и си носат храброст. Јас не знам во кои сум, ама во моментов...стварно сум...среќна со солзи. П.С. Не ми се верува...отпосле го прочитав мислењето на Сенца Пароле....D
Ми се деси!!! Ми се деси чудото за кое го молев универзумов последниве 2 месеца!! Чекав...само јас знам колку чекав, колку го посакував, колку само непреспани ноќи, колку само повторени муабети.. илјадници пати исцитирани во главава...одново и одново.... А..колку пати само сакав да се откажам... да се издржи, да се сочува трпението, надежта, живциве да можат да прозборат...па ако уште и запишувам што се имаат да кажат, цела библиотека ќе биде малку да ги собере сите книги... Плачам а ни сама не знам зошто...од среќа ли?! Срцево ми бие и рацете ми се тресат... Она... "кога нешто посакувате да ви се оствари, целиот универзум ќе се здружи за да ви се исполни желбата" почна да има смисла!! Вечерва заспивам среќна.
Вечерва сите си легнувате среќни. И јас ќе спијам мирно. И јас ве напуштам задоволна со животот. Добра ноќ на сите, дамички.
Не знам какви чуда ви се случуваат на сите, ама драго ми е. Бидете среќни, среќна сум и јас за вас. И се надевам дека и нас другите за брзо ќе нè огрее сонце. Добра ви ноќ.
Чаша бело вино и стари евергрини во позадина можат многу да ја разубават ноќта. Те одалечуваат од секојдневието, те заробуваат тие две "ужасно" добри комбинации во некој идеален свет. Во таков некој свет бев јас. Со часа македонско вино и ги слушав внимателно песните, оние евергрини по што сме и познати. За миг сакав да ви го доловам спокојот. За да чуствувате спокој и мир, не ви е потребно многу. Само треба да се спознаете себе. Добра ноќ од мене.
За да ти се случат убави и позитивни работи, прво треба да се дистанцираш од негативните и лошите. Ете така и јас.
Без хендикепирани чувства, ослободени од оклопот на себе, со лесен чекор на земјата, со соџвакани и проголтани особини... Оние кои имаат способност да ги разликуваат нијансите од боите, да ги почувствуваат природните задоволства на своја кожа, без отапени сетила за човечките односи и со силен детски жар што се уште умеат да го разгорат и кога го слушаат екот на ѕвоното на возрасните. Не трчаат на долги патеки за да го освојат трофејот, сакаат умерено да се движат кон животната цел. Ја одбиваат лакомоста и посегнуваат по скромноста, а знаат и да му дадат духовна смисла на секојдневието. Несебично ви честитаат на успехот, но подготвени се да ги споделат со вас и деновите кои ви наттежнале како облаци. Тука се да ви ја стегнат раката искрено за да почувствувате дека пријателската искра тлее. Ви создаваат топла атмосфера кога најмалку очекувате. Ведро ги одминуваат сите фрустрирани емоции и сурови насмевки и кога им се наметнува некоја валкана ситуација со заткулисни зборови. Моќно ги чуваат своите доблести и до нив не допираат туѓите интриги. Гордо ја носат чистината на образот знаејќи дека таа е се што имаат да пријават на себе. Всушност, некаде околу нас се уште живеат луѓе. Чувајте го пламенот од ненадеен ветер...
Добро, што му е на времево? Секој ден се менуваат сите годишни времиња. Денес станувам, гледам низ прозор, снег врни. Се прекрстив, буквално. Вчера сончево, без ниеден облак на небо. Боже... Не, не можам да поднесувам вакви брзи временски промени, едниот ден топло другиот ладно. Нека се стопли еднаш засекогаш. Во Македонија имаме глобално заладување, а не затоплување...