Денес сакам да кажам... (2) 1. Кога бев 17, еден чичко во автобус ми кажа. Момче, во животот се најважни 3 работи: Да си најаден, напиен и наебан. 2. Дали некогаш сте се забрашале дали администраторот на странава е машко ? 3. Во Македонија ............ 4. Ако ви е досадно, а сакате да имате ракопис како на доктор. Земете лист и пенкало и пишувајте без да го подкревате пенкалото. 5.Кога се обидуваш да најдеш начин како да се направиш паметен, ти всушност стануваш КРЕАТИВЕН. 6. Дали постои зедничка дружба на членовите тука ? Доколку нема може да се направи дружба на чај. Ќе се вика Фемичајанка 7. Кога ќе дојдеш до набројуванка број 7, нели те потсетува на промашување во лото ? 8. @Kukla994 ме натера да продолжам и денес. Ми го допре Егото, обид за уште еден коментар кој би бил интересн. 9 Сакам до 99, ама никој нема да ги прочита сите.
Добро е, вчера сакаше до 100 И немаше да биде лошо да продолжиш денес од 11, з'ш така ќе знаевме кога ќе дојде тоа 100 или 99, или нешто околу 90
Ме нервираат луѓе што со сила сакаат да бидат паметни, да се направат интересни пред некого, а очигледно е дека користат стари излитени фрази, на кои што ни баба не би се насмеала. Дајте бидете малку свои и природни, верувајте така повеќе ќе ве ценат. Ме нервира и Скопје, на ништо не личи веќе. Само нешто се гради, машини и багери на сите страни, не можеш на раат да се прошеташ. Два дена по ред поминувам низ "плоштад" и покрај мене поминува едно мало багерче или што и да е и буквално ме загуши од смрдеата што ја испушта и така убаво ме издува.А возачот па ни луѓе не приметува, само си вози, ако се тргнеш арно, ако не пак арно. Извештачено е веќе се', дури и насмевките на луѓето. Хаос.
Згрозена сум од постовите на некои членови овде. Поготово од оние кои даваат мислења за други членови кои ниту ги знаат, ни познаваат. Ги етикетираат како лоши и неморални личности. И си земаат за право да пишуваат за нив се и сешто. Нивните комплекси ги лечат на невини личности кои форумов го сметаат за место на кое можат да се одморат од секојдневието и да разменат некои свои ставови со останатите овде. Наместо за другарување, овде се дојдени за карање. Згрозена сум. Сега ми е појасно зошто некои доста квалитетни членови, со квалитетни мислења, го напуштиле форумов.
Мразам рокови, ограничувања, граници. Мразам што не можам да јадам што ми се јаде, туку морам да јадам што треба, јер диета. Мразам диети. Мразам неоговорност, па испаѓа се мразам и самата себе. Мразам обврски од оние што ги мораш, а не што ги сакаш. Мразам време изгубено со луѓе кои немаат гајле за своето. Не го почитуваат ни твоето. Мразам променливо време, мразам исто такви карактери. Мразам девојки кои наместо вложување во факултет, вложуваат во печка за правење нокти, секоја втора нокти професионалец стана... Мразам луѓе што ми доаѓаат во кафич и петнаесет минути се одлучуваат за една ебана пијачка. Пијачка е девојко, не ти бираме маж. Мени даваме, не колекција од слободни ергени. Мразам луѓе што зборат тивко и што не можам да ги разберам. Мразам и што се научив да не препрашувам, па само да, да им одговарам. Така на пример на прашањето „што музика слушаш?“ одговорив „да“. Ми умреа од смеење другаркиве, типот тоа го сфати ко мавање ремет. Не те реметам душо, не те слушнав зошто збориш ко недела дена леб да не си јаден. Мразам фејк Мајкл Корс ташни, стварно кога ќе видам такво (не)дело, ми иде да се повлечам у некој ќош и да глумам морков. Бар да се праам дека не разбирам. Мразам и таксисти што пуштаат луѓе што имаат уште минута одење до пешачкиот, да батка, се кладам така возиш и кога имаш фамилија внатре. Исфрлив некој си револт, а ради исхранава ништо чудно некој ден од себе да исфрлам и демон прекриен со листови од марула. Сакајте и ќе ве сакаат, омразата оставете ја за работите околу вас! Аривидерчи!
И завидуваме на Пепелашка,која благодарение на стаклената чевличка си го пронашла принцот. Е сега замислете колку биле удобни тие стаклени чевли.Нозете и отпаднале ,гарантирам.
Скд овој братми како на струја да е. Се врати од школо ни јаде ни ништо замина на кошарка, кога се врати јаде и одма замина пак на теретана, се врати се истушира и замина кај другарму ... а јас денес си се дружам со креветов и лаптопов ме мрзи нога да кренам а камо ли да станам да следам доле да шетнам...
Се прашувам што им е проблемот на луѓето што пишуваат т.с наместо т.е? Од што всушност е таа кратенка т.с? То ес?
Попладнево ми е за слушање лоша поп музика и средување соба. Од излегување се откажав, сабајле пак треба да станувам рано. Вчера открив дека ако ништо не успее, секогаш можам да бидам бебиситерка, мали деца ме обожаваат.
Додека не ти се случи лично тебе, нема да знаеш како се чувствува другиот. Додека не го искусиш, она што го следело некој друг, нема да можеш да му помогнеш и да му кажеш: "Знам како се чувствуваш". А, што е најлошо, такви се луѓето околу мене. Сите знаат подобро од тебе и сите поминале низ се, па нечие лошо, за нив е ништо. Што знам, или е до мене што премногу обрнувам внимание на такви работи, или пак е до нив, што не знаат како да се однесуваат.
Не вреди да се нервираш за факултетот. Само да знаеш какви работи подоцна следат во животот... не вреди воопшто. Извини вака, а за што да се нервирам ?! Да не треба да се нервирам за дечковци или за другарки или можеби за тоа што има ретко другарство денес. Не планирам да се нервирам за никоја личност, зошто тоа не вреди. Ако некој те сака и сака да е покрај тебе ќе биде, ако сака да те повредува ќе го направи тоа. Иднината ми зависи на некој начин од образованието, па и тоа е причина за нервози. Возбудена сум за престојниот празник. Одвај чекам да одам дома и да си спијам во мојот кревет, да си ги видам миленичињата и да јадам три пати дневно. Ми фали мирисот на липа, мирис што ме асоцира на вечерна прошетка под отворено небо на кое се гледаат ѕвездите.
Ден, релаксација. Женски тинтрања, масажа, средени нокти и еве реалност, да подзачистам по дома, со тазе иструганиве ноктиња, јас мислам од рерната да се фатам...
Нема поубав комплимент од тоа блиска личност да ти каже дека секогаш ти успева да поправиш нечие расположение во најтешките моменти, не-ма! Убава петочна вечер!
Se izvinuvam za latinicava, ne sum vo moznost da pisuvam na kirilica. Ne pisuvav no ve citam. Ovaa nedela mi bise ispolneta so mnogu obvrski rabota. Posle edna nedela konecno denes se naspav i se cuvstvuvam mnogu ubavo. Imajte prijaten vikend!
Е многу сум женско значи!! После долго исчекување конечно го добив она што го сакав и сега не знам што со истото.... Читам четврток бил среќен ден и на други феминки...шо ден ќе беше..?! Полна месечина можеби..?! Само за добро да е... Имајте убав викенд, гушкајте, бацувајте, љубите..никогаш не се штедете себе си на тие свети емоции, можеби ќе немате таква шанса повторно, па ќе ви биде криво.
Да филозофирам за соништата можам до утре. Слушајќи ги приказните за на другите луѓе за своите сонови, исполнети или неисполнети, пропаднати, срушени или било какви луѓето ги класифицирав во неколку групи. И некогаш им се чудам на оние што се откажале. А некогаш и ги разбирам. И им се угледувам на оние што успеале. Но, не можам да сфатам едно нешто. Како некој има срце и душа на друг да му ги сруши соновите? Да му забрани да сонува, да го спречи во исполнувањето на своите цели? Како ? Зошто? Кога не можеш да помогнеш на некој, ако не го подржуваш, зошто да му отежнуваш и да го спречуваш? И уште нешто сакам да кажам. Еднаш чиче ми кажа, Не постои глупаво прашање, постои глупав одговор. Па малку се запрашав, колку пати сум дала глуп одговор на 'глупаво' прашање. Тоа ме натера да станам потрпелива и потолерантна кон останатите, затоа што штом некој нешто прашал, значи нешто не му било јасно и треба и да му се објасни. И си мислам, колку пати сум поставила 'глупи' прашања? Прилично често. А дали поставувам доволно прашања? Воопшто не. Затоа и многу работи не ми се јасни. Сфаќам, дека никој нема да ми одговори на прашањата ако не ги поставам, безразлика колку се глупи. Нешто не ти е јасно? - Прашај. Било толку едноставно.
Само кога тато ќе ми каже: 'Уживаj' вистински уживам. Не сум татина галеничка ама татко ми знае во вистински момент да ми даде подршка и сила за да продолжам понатаму ...
Pogledni okolu sebe! Covece, pogledni... Uzivaj vo seto ova sto go imas. Zivej gi sopstvenite sonista. Ceni go toa sto go imas. Zivej. Sakaj. Placi. Smej se. Ne ostavaj zad sebe prazni stranici. Duri I voopsto da ne te biduva za pisuvanje romani,sekogas mozes da napises dobra zivotna prikazna... Imajte ubava vecer