Сакам да кажам дека: 1. "Сакам да кажам" ми е омилен дел каде што сакам да кажам нешто. 2. Како бев мал сакав да бидам постар, а сега сакам се повеќе да сум млад. 3.Сега приметувам дека во сите коментари тука имам сегмент од тоа .. кога бев мал хаха 4. Се прашувам зошто сите го кријат својот идентитет преку лажни слики и некои чудни имиња ? 5. Трети корен од 8000 = на моите години постоење .. ?? 6. Зошто лугето се сакаат денес а се мразат утре ? Пример со Лице 1 и Лице 2. Па двете особи се сакаат кога одат на митинг кај омилената политчка партија а се мразат кога ќе играат нивните омилени спортски клубови притоа имаат завземено различна страна ( Работнички и МЗТ ) 7. Да бевме совршени немаше сега да направам пеќатна грешка. 8. Има Ѕвездите на Гранд, Ѕвездите на Пинк, Х-фактор, Пинк Ѕвездички, Фантастик Шоу... ЧОВЕЧЕ КАКО ГО НАПРАВИЈА ОВА КАКО ПЕЕЊЕТО ДА Е ЕДИНСТВЕНА ПРОФЕСИЈА СО ОГРОМНИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА МЛАДИТЕ !!!! 9. Лугето кои што мислат дека странските директни ивестиции ќе не оправат се лажат ! ( преопрака да научат малку економија ) 10. Почнав со дебатирање, продолжив со филозофирање и завршив со музицирање. 11. ДрагоМиЕШтоСиТолкуУпорнаОсобаИСеОбидеДаПрочиташШтоСакамДаКажам! 12. Ме интересира колку е голем универзумот ? 13. Првиот човек што се качил на Марс да бил МАКЕЦОНЕЦ, немало да се врати назад ! 14.КАКО ЗА КРАЈ Ако некој ги прочита сите може да ме цитира за да ми ги даде одговорите на поставените прашања. 15. Па кажав "за крај", нема да го прекршам зборот !
Имам една личност во животот, еден човек, за кој многу сум благодарна. Ми значи премногу, затоа што е предобар и само да го видам ми го прави денот поубав (не, не е симпатија или нешто такво, далеку од тоа). Доста се спријателивме. Го познавам долго време, но сега сме како пријатели. Му посакувам на секој да има по една ваква личност во животот, ќе знае што мислам. Така да напишав некој збор за него: Акo ништo друго, се надевам дека ќе сфатиш декa те ценaм, сaкaм и пoчитувaм мнoгу зaтoa штo ти си чoвек сo срце. Ти си личнoст нa кoјa се oгледувaм, земaм пример, се мoтивирaм и се гoрдеaм, мoј идoл. Се надевам декa ќе јa сфaтиш свoјaтa вaжнoст не сaмo кaј мене туку кaј секoј штo имaл среќa дa те зaпoзнaе и имa вo живoтoт, a уште пoвеќе oние кoи ти се крвнo или пријaтелски мнoгу блиски. Знaј декa кoгa се чувствувaш тaжнo се штo пoсaкувaм е твoјaтa среќa зaтoa штo нејзинaтa вредoст и вреднoстa нa твoјaтa прекрaснa нaсмевкa штo е oгледaлo нa твoјaтa душa се oд непрoценливo знaчење. Сaкaм дa бидиш вo мoјoт живот уште дoлгo, ми требaш кaкo пријaтел, зaтoa штo те сметaм кo тaкoв и секoгaш сум тукa aкo зaтребaм зa билo штo. Секoгaш сум искренa сo тебе и сум oд oние луѓе кoи нaвистинa ти пoсaкувaaт се нaјдoбрo без дa си гo велaт вo себе спрoтивнoтo. Јaс сум ти вистински пријaтел, a и ти мене. Кoлку мнoгу пoсaкувaм дa имaме време зa пoвеќе рaзгoвoр, зaштo цврстo верувaм имaме мнoгу дa си кaжеме. Мнoгу си сaкaн, и oд твoетo прекрaснo семејствo, и oд пријaтелите, a верувaм и пoзнaниците те пoчитувaaт дoстa. Кoгa ти пoсaкувaм дa имaш убaв ден тoa гo велaм длaбoкo oд срце и се нaдевaм декa тaкa ќе е нaвистинa. Ти гo зaслужувaш тoa, a и мнoгу пoвеќе. Те пoчитувaм, сaкaм и ми знaчиш бидејќи си прекрaснa личнoст. Тaкa е и тaкa ќе oстaни зaсекoгaш, никoгaш немa дa гo прoменaм oвa рaзмислувaње зa тебе и ќе се сеќaвaм нa тебе и нa убaвите мoменти се дoдекa не гo испуштaм пoследниoт здив. Не си свесен кoлку гoлемa улoгa имaш вo мoјoв живoт, ми гo нaпрaви мнoгу пoубaв. Никoгaш немa дa те зaбoрaвaм, a се нaдевaм и ти истo.
Сакам да кажам дека се' што ќе сретнете на интернет не е таму ставено на тацна за користење и преземање. Бидете внимателни, бидејќи секоја акција има реакција, и секој погрешен потег има последици... Чисто информативно: http://www.fakulteti.mk/news/13-05-31/doznajte_povekje_za_zashtitata_na_avtorskite_prava.aspx
Не сум сигурна дали јас станувам попаметна или тие околу мене стануваат поглупи...... А за тие што се прават јаки и што возат јаки коли купени со парите на вујче од америка, летаат по улици, не гледаат ништо пред себе....би им препорачала да се преиспитаат, пошто не изгледаат како фраери туку како глупаци прости што немаат леб да јадат ама битно јака кола возат Им ја одземаат душата на невини дечиња, правејќи се фраери. Наместо тие дечиња да си играат безгрижни игри, тие ќе одат под земја. Им го уништуваат животот на толку семејства...ги завиваат во црно. Господ дупло да им врати. Смртна казна мора да се воведе.
Колку се се менува во животот... Со поминување на годините имаме се помалку време да се видиме, разговараме, изгушкаме со нашите најмили од детството!!! Имам една сестра...Како деца растевме среќни, безгрижни, разиграни... Си делевме се - играчките, облеката, парчето торта!!! Си помагавме во се - домашните работи, училишните обврски, се шминкавме мегусебно... Си кажувавме се - првите љубовни тајни, најинтересните идеи и фантазии!!! А, денес... Денес немаме време да се видиме колку што би сакале, немаме време да се измуабетиме бесконечно, немаме време да си помогнеме колку што би требало!!! Од многу други работи и обврски, за најблиската, најмилата и најсаканата моја сестричка имам се помалку време... А би сакала да не е така!!! Утре и е роденден... Ќе ја гушнам силно и ќе и кажам колку мноооогу ја сакам...
Не знам јас дали склероза ме фаќа, или некоја слична на неа болест, или нешто друго е во прашање овде... Отворам 9гаг после можеби 2-3 години, и гледам имам акаунт таму? Па уште имам објавувано слики, на една имам 12 000+ upvotes... Сериозно? Можно е олку да не се сеќавам на ништо поврзано со акаунтов? Да ми чепкал некој во компјутерот не е можно бидејќи само јас го користам, плус е форматиран многу пати, како стои уклучен акаунтот? А не верувам ни дека некој друг влегол, главно зашто мејлов многу ретко го користам, никој и не ми го знае... Ејјјј, останав со прашалници над глава, како на цртаните. Почна да ме загрижува оваа меморија моја никаква. Си знам да заборавам ситници, небитни (а чат-пат и битни) работи, ама не до олку. Се распишав за ова, како најголемиот проблем да ми е денес... а всушност спореден со другите, помал е од трошка. Ах бре, ќе ми тргне ли и мене нешто во животов нагоре?
Уште кога наполнив 18 години моите веднаш ми предложија да почнам со часови за возење, иако никогаш не сум изразила желба да возам. Си наоѓав изговори, си одложував со месеци, се правдав со некакви обврски, за на крај конечно да положам кога имав 20 години. Од тогаш па наваму, јас скоро и да немам седнато позади волан. Не затоа што се сомневам во тоа дека знам да возам, туку затоа што самото возење ми претставува толкав стрес, што постојано сум напната и ме фаќа нервоза. Кога гледам каква сообраќајна некултура имаме и како се вози, особено во Скопје, ни со точак не сакам да излезам. Човек треба не четири, туку шеснаесет очи да отвори. Ова не е нормално! Желудникот ми е во клопче откако прочитав за прегазеното девојче на Партизанска Пред некој ден за човекот кај Олимписки, сега ова... Само лоши вести читам деновиве. Па и овие порталиве што секакви слики објавуваат, без ронка осет Не знам стварно што да кажам... На човек да му е страв на пешачки да помине во ова наше Скопје.
Знаете кое е најтешкото раскинување? Тоа кога ќе сфатите дека сте си раскинале самите на себе си многу одамна, а сте се предале на сите други. И знаете кое е најубавото чувство? Кога ќе ти заѕвони во глава и критериумот по кој ќе мериш дали е нешто добро или лошо, а не Цацко да ти биде крив и целиот свет, туку ти самиот. Ни морални, ни етички дилеми. И знаете кога сум најќејфлија? Кога ќе сфатам дека одамна сум над некои детски провидни работи во некои нешта, а додека некои се уште дубат во такви глупости. Не се доживувам себе си како полубог, туку си правам хајфајв за себе самата. Фул ми уанс, шејм он ју, фул ми твајс, шејм он ми. Е така и ова. Ама сериозно не разбирам како функционира лицемерието, двојните игри и загатките со кои некои луѓе си го комплицираат животот... Па ало бре, толку сплетки да правам, ќе се збунам кај што сум правела, а бога ми и сонот ќе си го одземам... Како функционирате вака? И на крајот знаете на што се сведува? Кој како си сака нека си тера. Зборувам за во реалноста, а тука на форумов ќе мрсиме кхм чисто да се преиспитаме до кај сме со себе, а не со останатите. Ете, изрибав, зачистив. Ми вика, у хеланки си и со врзана коса, така? Или видовит стана или ова е некоја универзална облека за жени што чистат по дома. И во хеланки и со врзана коса... Ама сто посто си замисли како ме шлапа по гз дур рибам под и подзаружува како стопан со коментар - е жено морииии...
Jaс чистам по гаќи дома, за ова полесно да му биде Мала шала кхм, кхм. Демек. Се е многу полесно во животот кога имаш поддршка. Поддршка од семејството, од пријателите, од саканата личност...И се да ти пропадне во животот, се да е црно, барем ќе си речеш сакам некој и некој ме сака. Инаку јас лично не знам што би правела. Секогаш сум била самодоволна, ама мислам дека тоа ми е некоја фасада, сакам да се чувствувам силно, самостојно. Ама знам дека без него би била ништо. Или што знам, можеби не. Се е една толку тенка и кршлива линија во животот...
Гo сaкaм вибер. Ги сaкaм стикерите И тoлку сум неoфицијaлнa штo кoгa куцaм нa вибер мислaм декa принц Чaрлс дa ми пише јaс сo стикер ќе му врaтaм . Другa рaбoтa, Мрaзaм штo луѓевo зa крaтoк дoгoвoр се јaвувaaт и гo пoтaт нa телефoн сaaт време. Чoвеку дaј пиши кoнцизнa пoрaкa или јaви се aмa вo 3 редa кaжи гo муaбетoт не тукa вo менoпaузa дa влезaм дoдекa дa се изнaзбoриш . Истo тaкa неoмилени ми се oсoби штo се јaвувaaт дa пoпoлнaт време кoгa oдaт oд лoкaцијa А дo лoкaцијa Б пa пoсле се чудaт кaкo се пoреткo и пoреткo гo слушaм телефoнoт... Секoе зoштo имa зaтoa Убaв викенд. Бидете ми убaви и oстaнете сo дoбрo. Вaшa М,
Женски дали беше некоја од вас синоќа на концертот на Владо Јаневски ? Прво да кажам дека организацијата им беше катастрофа. Во 21 часот вратите не беа отворени, концертот почна во 10. Женските што носеа хулахопки и штикли испозамрзнаа и им отекоа нозете уште пред да влеземе. Го сакам Владо и му ги сакам песните, ама озвучувањето не беше доволно гласно. Кога ти пееше жалопојките мислев ќе пуштам некоја солза, ама не . Како и да е ги испеа сите добро познати песни и супер си поминав. Да ве поздравам со оваа за добро утро.
Денес сакам да кажам: (4) 1. На денешен пред две години го креирав првиот профил на форумов, го заборавив прасвордот и се откажав од коментирање ( ова е вториот, ) безнајачно .. . 2. Јас наутро се будам така што пред да си легнам го местам алармот на мобилниот телефон во 7:30. И утрото кога ѕвони телефонот јас се будам во моментот кога сестра ми од другата соба ќе почне да се дере ДА СТАНАМ, ПОШО 20 минути мојот аларм не ја оставал да спие !!! 3. НИЕ СЕКОГАШ СМЕ НА НУЛА. Порано се живеело помирно и имало полаку болесни и медицината ни била помалку развиена. Сега живееме бурно имаме многу болести и медицинаа ни е повеќе развиена. (5-5=0 исто така 10-10=0) 4. Пред скоро време сфатив дека не е битно колку работи знам, туку колку работи практикувам. 5. Понекогаш се запрашуваш зошто не сум роден во земја со англиско говорно подрачје, барем немаше да учам англиски. Каде и да одам сите ќе зборуваат на мојот мајчин јазик. 6. Ми се допаѓаат коментарите од другите членови тука, поготово тие со позитивна конотација. Сакам кога ме допираат убави емоции. 7. Порано како мал често крадев чреши, јаболка, слики од туѓи дворови. Сега почнав да крадам книги. ДАЛИ ТОА СЕ СМЕТА ЗА ЗЛО ?? 8. Ви посакувам убав ден. Можеби во некоја поблиска или подалечна иднина ќе се сетите дека денеска сум ви посакал да имате убав ден.
Може времево се мења ,ама ств подобра опција е надвор на кафе него ли дома да се спремаш за полагање .
Убавина и радост ме обвива кога мајка ми пее дур чисти Засвираше трубе, заврши се бој.. Сакав само да ве поздравам, останете ми добри, ширете позитивна енергија и имајте убав викенд!