Вчера се случи нешто што го помрдна мојот мини чучечки универзум од мртва точка. Се кренав од мојава месечева пасивна страна и тргнав таму каде што никој не би одел ради страв од одбивање и ново. Бат, гес уат коооонечно се поставив себе да тргнам во правец на напредување и добив зелено светло. Еве, за неколку дена почнувам и посреќна не можам да бидам. Имав и момент на благдарност преточен во долго пешачење до дома и чекање ред во Тинекс. Прославивме со ручек кој го зготви тој, со вино, и цел ден легачење во кревет и серии. Исто ми се случи ко главните хероини од сказните кои обично се нели, глупачки во процес иницијација, газот го кренав. Инаку, гарант сум најхидратираната женска во километар квадратен, гарант!
Се враќам дома и гледам пред куќа на улицава,деца играат народнаи тоа мешани машки,женски.Алелујааа. Можда светов ќе ни се врати од таму кај што е заминат.
Да не сме на иста улица ние Последниве 2-3 дена секое попладне се збираат деца мешани како што кажа ти играат со топка,се смеат... Два три пати излегов до надвор да проверам што се случува дека ептен галамеа ,ама ќе излезев до надвор гледам се е во ред,и да не излезе дека ги истражувам си барав некоја работа низ двор Како и да е убаво е да се виде и почуствува детска галама од нивната игра
@Stories ме потсети на случката денес, прв пат во живот да видам на игралиште десетина девојчиња како играат народна и одбојка чисто од забава, стварно Алелуја .
Кога треба нешто да се деси, ќе се деси по секоја цена. Требаше да излеземе во 16 часот ама во последен момент откажавме за да излеземе во 17.30 и баш и на бившиот тогаш му текнало да излезе со новата девојка ау ау и тоа во истиот кафич..... Да излезевме како што си требаше во 16 ч. немаше да го видам тоа копиле ама неее, цел универзум е против мене. И така треба бе, да ја наведнуваш главата кога ќе ме видиш. Надоле ќе гледаш маме ти ебам лажовско. И тешко на девојката со тебе. Кога си пијан уште ми пишуваш колку ти фалам, може треба некој разговор да и пратам. Туку ај не се замарам со тебе. Не си ми битен више. Чао пријатно.
Ох хеј, вчера една девојка е прегазена, денес (уствари пред неколку дена, ама ете ние денес дознавме, додека тоа што се случи во Франција беше чуено уште веднаш) се убиени 140 студенти во Африка од исламистичките групи, ние се занимаваме со Бомби кои траат како малечката невеста, веројатно навикнавме на такво однесување, да чекаме расплет, наместо да го бараме.... хеееееј...карти за фешн вик!!! Фак д урлд, ајде да одам на фешн вик и да се занесувам дека имам поим од мода само затоа што имам моден блог, нема да умираме сега сите нелииии? Пењушки. Каков свет...
Ми се повраќа од тоа колку лоши родители има. Од тоа дека им купуваат брзи коли на своите недораснати синови, надевајќи се дека така ќе станат мажи. Од мајки што не знаат да и објаснат на ќерката што е полова болест и што е кондом. Што после со наведнати глави да не ги види никој ги носат по приватни клиники за аботруси, што наместо парите да им ги дадат за да се едуцираат, тие плаќаат доктори за да извршат абортус. Ми се повраќа од родители кои не им кажале на децата дека треба да се едуцираат, дека треба да учат, или само им кажале некогаш у лутина, па на првиот кец им рекле, е нема ајфон 5, самсунг 4ка ќе ти купам под казна. Ау. Ги преплашивте. Ме нервираат наивни мајки и татковци кои веруваат дека ќерките спијат кај другарка, иако потсвесно знаат дека ќе имаат секс со 10 години постар дечко. Ме иритира кога им кажуваат на децата дека се не чини, дека општеството е криво за се и со тоа им викаат дека се им е џабе, школо, дообразба, труд, работа, дека не им треба. После децата остануваат мутави, неписмени, а они живи се јадат како на комшиката ќерката станала најплатена во некоја странска фирма, и среќно се утешуваат дека се ебела со некој. За да не признаат пред децата дека тоа девојче учело ко лудо 16 години за да има успех, а нивното едвај средно завршило, и тоа со плачки и молење кај наставниците. Ме нервираат родители кои биваат излажани дека стомакот ги боли нивните деца, на ден кога има писмена или испрашување. И така излажани, па уште одат до школото и ги правдаат како многу биле болни. Излажани и лажат. Детето учи дека на секоја препрека каде се неспособни, мајка им ќе отрча да ги спаси. Повторно воспитан морон. Ме нервираат мајки и татковци кои не се замараат со тоа дека ќерката на 13 години оди облечена како стриптизета, па уште и шетат со нив, со огромните цицки на 13 годишната ќерка, хормонално испумпани со нездрава храна, без да и кажат дека треба да ги покрие. Слобода било та. Слобода е на 20 години, на 13 е срамота. Ме нервираат родители што плачат како се скапи книгите, ама за свадба сите мора во ново да се облечени. После зошто децата трошеле на облека, а книга не купиле. Па нормално кога ќе им набиеш у глава дека се скапи, 200 денари е опасно скапо. Ама затоа за нокти дајте и 800 денари, нека има детето. Детето се воспитува дома, и секој родител треба да го воспита најдобро што знае, колку и да е тешко. А не колку што може и не му е тешко. Ако раѓате деца, барем направете луѓе од нив, не општествени штетници. Бидете горди на нив, а не да ви бидат најголем срам. Денеска, едно цело семејство е во црнила, оти некое друго семејство, нечии туѓи родители, не го воспитале детето и не му кажале дена не се вози со 160 низ град. Не е крив дечкото, крива е таа што се расчепила да го роди и оној што се нареква татко. Они ја заебале работата. Неспособни да израснат барем некој кој нема да биде убиец. Сега нека му купат и на другиот син побрза кола, за двајца да убие одеднаш. Може така ќе сфатат дека се неспособни родители. Никој не е крив, ни семафорот, ни дрвото, ни патот, ни улицата, ни државата, па дури дебилите решија дека државата е крива. Не, криви се овие двајцата, едниот што не го издркал на камен, а другата што не си ја скинала пред да роди. Оти се неспособни родители. Така не се воспитува дете. Не се воспитува дете да убива. Оти низ град да возиш 160 не е случајно прегазување, намерно убиство е. Посебно со таква кола. Семејството е основната кретка во општеството. А семејствата се трули ако родителите не знаат да издигнат здрави личности. Секоја чест на родителите кои не се штедат за децата да им се паметни. Што ги учат дека треба да се образуваат, што ги носат на спорт, на англисики, на француски, на балет, во природа, по наптревари. Што се трудат да му дадат памет. Да им кажат дека треба мака, труд и пот за да се има успех. Ама се се поретки. На оваа чие дете е убиец, барем и е живо детето. Онаа пуста мајка, што да каже.
Она кога сте упорни а знаете дека не е сеуште дојден моментот... Едноставно посакувате да се случи... Знаете дека тоа е тоа, а сепак немоќни да направите ништо, оставени на она 'да покаже времето ' и 'да се поклопат стрелките' Уште ќе покажува времето и уште ќе се поклопуваат стрелките? Нетрпеливаааааа сум... Со 1001 идеја на ум, со анализи. Па да денес ми е така добро да не излегувам и да спијам од 11 до 11,да си се затворам себеси во себе, во мојот внатрешен свет. Одам од сега полека и сигурно....
Ви текнува на сликата со четиригодишното девојче од Сирија кое дигна раце во воздух да се предаде мислејќи дека фотоапаратот е оружје, која не потресе сите и никого не остави рамнодушен?! Само што прочитав дека е киднапирано од Ал Каеда... светов е навистина одиден у к*рац... Што и да кажам е излишно... а мислев дека полошо не може да биде.... Зборот милост..познат ли им е ним?! А??... Толку многу ми е жал...
Сакам да прашам во каква држава живееме? До кога треба наивни човечки животи да бидат одземени за да се подигни свеста на нацијата? Почивај во мир ангелу ! Господ само нека му пропиши казна каква што засложуваат тие како "фраерот" што ја прегази Фросина. Да, возачка е во ред да имаш.Но, кола?
Денес сватив една многу битна работа, не е битно дали новото мест на живеење ти се свиѓа или не, го сакаш или го мрзиш. Новото место на живеење ќе ти стане дом кога ќе имаш спомени од него, кога ќе проаѓаш низ некоја улица и ќе се потсетиш дека од таму си одел во школо, дека на таа улица си полагал за кола, дека во тој парк си излагал со некој, дека во тој трговски си одел после школо, дека во тој кафич си пиел кафе после факултет, кога ќе сватиш дека за многу места те врзуваат спомени, и кога некој ќе дојде од страна а ти ќе можеш да му кажеш што си правел таму. Тогаш тој град ќе ти стане дом, тогаш ќе сватиш колку го сакаш, дека живееш и дишеш да бидеш таму, дека таму ти е скоро се, дека низ толку работи си поминал таму што тебе ти е најубав единствен и незаменлив. 6 години ми требаа мене за да кажам дека тука сум дома, дека тука припаѓам и дека ми е најубаво, дека тука имам многу спомени и нови важни луѓе, да кажам дека тука колку ми било тешко никаде не ми било, ама никаде ни не ми било толку убаво. Никаде ни не сум се чуствувала толку дома како тука, иако не сум тука родена иако сеуште ја имам таа куќа таму далеку и сеуште ги имам тие спомени имам чуство дека тоа таму е некој мој претходен живот, имам чуство како од ново да сум се родила тука. И го сакам ова тука, си го сакам мојот мал стан, моето најтесно семејство тука, моите пријатели што ги имам тука, ги сакам моите спомени тука, моите улици, моето средно, мојот факултет, мојата возачка, мојата стара куќа, моите трамваи и автобуси, моите дупки по булевар, моите продавници низ трговски, мојата прва работа. Се ми е тука, освен таа една личност што ми треба да биде овде, за се мое да биде тука.
Од детството многу ми фалат оние денови,кога го поминувавме цел ден на УЛИЦА а не на таблет или на лаптоп ,како овие денешни деца , и чест ми е да кажам дека сум од онаа последна генерација каде се живееше ЖИВОТ со детски игри,место да се натпреварувам кој има поубав лап топ или таблет бевме здрави , ведри , трчкавме по цел ден, се сеќавам како обожавав да одам во природа кога одев на село , а денес за разлика од тоа , не сум видела деца да шетаат во природа, сите се застанати пред интернет или телевизор и си ги уништуваат своите мали очња
Денес се уверив дека не постои полош тип на луѓе од оние што насекаде шират негативна енергија. Едноставно и да сакаш, не можеш да ги избегнеш! Понекогаш баш сакам да сум од оние луѓе што се отпорни на секакви срања и ништо не допира до нив.
Каде и да сте, што и да правите, кога ќе ве пресретне и нападне креативноста, треба да возвратите на предизвикот и заедно да победите. Извадете ја од себе без да ве поколеба невредното вреднување на креативниот дух. И онака, сите немаат капацитет да ве разберат. Поставете си свои граници надвор од удобната зона на стегите и предрасудите и љубопитно ѕирнете во секој агол каде може да се крие вашата инспирација. Таа е во нас, со нас и насекаде каде што може да твориме. Во погледот на другите секогаш ќе оставиме нешто чудно и непознато, меѓу другото тоа нека биде креативниот чин. Подредувањето на зборовите во низата создава простор и за некој комплимент кој некогаш ќе допре до нашиот слух. Убаво е чувството кога продуцираме уметнички дела и творечки се се искачуваме на една скала повисоко од другите. Уметноста никогаш не остава последици.