Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.977
    ... И си видел желба за успех, да бидат повеќе од тоа што се, некоја надеж за подобро утре, желба да успеат. Ете, не секој ги имал и ги има истите услови како ти, не секој знае да направи да го слушаат другите додека зборува, на некого сите глави се вртат настрана. Си им подал рака, не одозгора, ами од човечност, сам си се спуштил на нивното ниво, да не се почувствуваат помали и омаловажени. Си ги слушал кога никој не ги слушал, си ги влечел на грбот, како вреќа со песок, ама тоа што им светкало во очите, ете тоа, надеж за подобро утре во нивните очи, ете тоа е тоа што ти давало сила. Не ми сметало и нема да ми смета. Ги влечеш и ги тегнеш, ги правиш луѓе, ги тргаш од дното на општеството, од маргините, од таму каде што се вртат пропалиците и оние кои животот ќе го поминат во кладилница чекајќи на дедо Боже да им текне на нив, и оние кои ќе си најдат некое жениче што ќе им трае со наведната глава, и оние што цел живот ќе бидат среќни да вегетираат со тоа што го имаат од мајчичка нивна, никогаш желни за повеќе, никогаш желни за подобро.

    Наеднаш, прекинуваш, оти нема поента. На човек можеш да му покажеш, да знае, ама не можеш да го натераш сам да мисли. Сам човек почнува да мисли само тогаш кога е премногу доцна. Кога веќе се вратил назад, на дното, меѓу оние горе набројаните, можеби таму каде што секогаш и припаѓал. Човек има избори во животот, сам да си го измоделира како што сака. Можеш да му го придржуваш малце алататот од човечност, ама не можеш да градиш за него. И сега од овде, гледаш, и си викаш, еј будала, само не знаеш по кого викаш будала, по самата себе или по некој друг или по некој трет... Будали колку сакаш.

    Убаво ми рече еднаш една многу драга феминка... :hai: некој мора да го исчисти и да го измете ѓубрето и да ги исклучи ламбите таму каде што ти ќе си заминеш по одржаниот говор. Не секој ќе стои на таа бина, не секој ќе има привилегија да седи на меко столче и да слуша. За жал. Или не.

    Ова ми е само за памет, да се научам да газам, без милост, без ронка сожалување и жал, за никого и никогаш, никогаш, никогаш, во ниедна ситуација... затоа што гледам дека на крај единствениот што е прегазен, сум само јас. Што ни случајно не треба да бидам.
     
    На SV1911, bittersweet, Trnche и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    И не е толку лошо да си аутсајдер, особено кога решиш да кулираш и да не те засега апсолутно ништо. Во зградата се вселуваат нови семејства и најинтересна е сликата на останатото соседство, како љубопитно ѕиркаат од зад завесите и мислат дека ништо не се гледа или пак тогаш им текне дека ѓубрето не им е фрлено, па свечено го носат накај контејнерот, а во момент на нај немање инспирација за спроведување на квалитетна шпијунажа, излегуваат да постелаат алишта. Е така и ние си имаме некоку осамени бабички, што вршат видео надзор, со витлери на главата, двете се вдовици, а останатите никогаш и не се мажиле, меѓутоа имале богат љубовен живот како љубовнички на поранешни офицери од ЈНА за време на бившата Југа. И денеска истите вршеа „ I заседание на АСНОМ “ пред спротивниот влез, а јас излегов набрзинка до продавница и чув од зад грб: Еве ја оваа со машката јакна... останатото не можев да го слушнам. За момент подзапрев, сакав да се вратам и да ги задавам старите врани, но кога поубаво се погледнав, јас навистина ја носев старата монтка на маж ми и секогаш ја носев за до продавница. Мислев дека не ме фатиле на радар, ама сум се излажала. Наредно излегување за по леб, во свечен фустан, ќе видат они :swear: :emo: 8)
     
    На anuskaNESTLE, senza.parole, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Реалноста е навидум убава, но знае често да не изненади.
    Нашата судбина е непредвидлива, заплеткана, добра или лоша...
    Има толку лоши работи на овој свет и знам дека сите ние луѓето веруваме дека нема нешто непосакувано да ни се случи. Чекориме напред, со мисла за подобро. Но, што кога би се случило?
    Треба да сме борци, никогаш да не се откажуваме!
    Да сме упорни до крај и со верба во Бога.

    Јас уште на 12 години се соочив со болести, и секоја вечер перницата ми беше исполнета со солзи. Едвај чекав да дојде утро да ја посетам мајка ми на болница, а оттука да заминам на училиште.
    Се правев дека сум храбра, но не можев. Дома се беше тажно. Не можевме да функционираме без неа како семејство. Не фати неподготвени...
    Јас не знам кога ќе сфатат луѓето дека од здравје побитно нема! Сите мислат на материјалното...
    Животот ми приредил многу сопки, најпрво со мајка ми, по некоја година со мене, па со татко ми, дечко ми... Повторно со мајка ми... Се помина, се пребродивме! Ете сме здрави и живи, со мисла и верба дека никогаш повеќе нема да се повтори! Иако јас секогаш во себе чувствувам страв, страв од непознатото. Едноставно се плашам, а треба да се спротиставам. :x
     
    На bittersweet, Buttterfly, senza.parole и 17 други им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.535
    Допаѓања:
    174.250
    Цел ден во кујна-спанаќ со јајца,за денеска,сарма од зелка-за утре,па не не е малку ајде и свинско месо со праз пржено.
    За појадок,макарони,бурек,пржени лепчиња.Сите различно бараа и сите го добија она што го посакаа.
    А јас?
    Па јас не јадам ништо од тоа што спремам.Ми се одмилува додека да го зготвам-потоа јадам ради реда.
    Не се сеќавам кога сум седнала онака убаво да се најадам од она што јас го готвам.
    А да се разбереме,признаени ми се јадењата како вкусни ...ма одлични,само што јас ,ете...неможам...
    Ама кога ќе сум кај мајка ми,абе леб и сол да јадам ми е слатко,а не пак некој ручек кој го направила.
    И еве ,на мои години,мене сеуште ми е послатко да јадам кај мајка ми,отколку она што самата ќе си го направам.
    А децата и мм,се одушевуваат од моите јадења.Ама и јас сум мајка, нели,мора да е вкусно.
     
    На senza.parole, Gea и danichap им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Порке само родителите мислат добро на своето дете.Човек ако потклекнува на секоја препрека во животот и се занимава со се останато за него не битно, нишчо не прајт.Се знајт кои се ВИП личности во животот на човекот, се друго, споредна улога и ако тргне човек по паметот на другите луѓе, никаде нема да стаса, особено ако им е лоша намерата, секако многу добро камуфлирана, украсена со иронија и сл.Најголема грешка е да се слушаат други луѓе.Зш, можат премногу лесно да уништат нечив живот, кога секако човек ќе им дозволи, мислејки дека се во право, тогаш им е отворен патот за тоа да го направат, а и автоматски ќе ја прави истата грешка, како што тоа го направиле, оние кои ги слушал.Другите луѓе, не можат да го поминуваат патот по кој човекот поминува, не можат наместо него да одлучуваат за неговите животни одлуки, како што не можат наместо него да јадат, да ги завршуваат неговите обврски.Тогаш воопшто немат потреба да им се дозволува на другите луѓе да го поколебаат во некоја важна одлука.Не за друго, ако згрешил, ја увидел својата грешка, барем ќе знае дека самиот си е виновен, а не други.А ако не згреши човек, никогаш нема да знае, дали постапил правилно.

    Бидејки некои луѓе можат само да поминат во животот на човекот, но не и да останат во неговиот живот.
     
    На kala21, Kaylie, vinozito1 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    23.289
    Пол:
    Женски
    Оваа зима е најдолга до сега. А јас ја обожавам зимата. :!: Ама не и оваа. Нема снег, нема никаква атмосфера, деновите ми се развлечени, времето бавно минува. Првпат после толку години, едвај чекам да дојде пролетта, да дојде март. Можеби тогаш поубаво ќе се чувствувам, поживо, повесело.

    А можеби годишните времиња немаат врска со моето расположение. Можеби е до мене, до онаа грутка која ме стега во грлото, до оној камен на вина што ми тежнее сите овие години, ама во последно време ми станува претежок. Ќе се обидам да си ја олеснам душата пред него, ама не сум сигурна колку ќе ме сфати. Само посакувам да не го разочарам премногу, бидејќи не би го издржала неговиот презир. :( Време е да си ја признаам грешката која ја направив уште на почетокот, не размислував многу тогаш и постапив непромислено. И така со месеци, години се влече по мене како полжав.

    Тој не заслужи да го лажам, да го уверувам во нешто што не е вистина. :worried:
     
    На Elennaa, manja666 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Им се чудам кога си мислат дека успеале да ме излажат, а не знаат дека намерно сум ги оставил со мислата, дека им верувам во нивната лага . :lol:
     
    На poenta и vinozito1 им се допаѓа ова.
  8. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Како поминува времето и јас сфаќам дека стварно мајката е најскапоценото нешто во мојот живот. Многу нормално дека има моменти кога ја ''мразам'' , кога ме нервира, кога ми иди да ја удрам , но сепак тоа е многу нормлано. И всушност по 10 минути по таа кавга сфаќам дека таа е секогаш тука за мене.
    Вчера така си седев и нешто од внатре ми дојде отидов и ја гушнав , и кажав колку ја сакам.Ако верувате не сакав да ја пуштам.Дури и солзи пуштив, сериозно , тоа беше посебно чувтво, долго време не ми било така.Едноставно, нешто не ми даваше да ја пуштам.15 минути така стоевме дојде и сестрами и таткоми па и покрај тешкотиите кои ги имаме ние сме заедно , сме сложни, се сакаме повеќе од се!
    Тие ми се најважни. Тие се луѓето кои каде и да одам, што и да случува , какви грешки да правам , се тука за мене на крајот од денот, се тука за мене за утеха, му нудат услови за живот, задоволства, ме прават среќна.Ги сакам. :inlove:

    Мене душата ми е распарчена од него. Срцето ми плаче веќе 3 месеци за него.Секојдневно гледање со него не баш ми влијае добро. Како и да е. Се поминува. Животот продолжува.
    Нови зацртани цели во глава, нови мисли што позитивни ,што негативни ,многу солзи , пмс, дволичност на сите страни, покварени души, лажни ветувања.Кулминација на лоши чувства!
    Ми треба да отидам некаде далеку, далеку, далекууу.

    Имајте убав ден. :*
     
    На bittersweet, senza.parole, Gea и 8 други им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.090
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Некои се толку провидни во лагите што се неподносливи за слушање.Мислат дека се вешти во убедувањата, па дури и интересни да го задржат вниманието.Па кој би бил наивен и да дозволи да биде предмет на изигрување.
    Велат:"Не ми е криво што ме лажеш,криво ми е што мислиш дека ти верувам" ]:)
     
    На cinderella5, Elennaa, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  10. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се плашам дека површна почнувам да станувам... :tmi:
    Ништо неможе да ме орасположи, како што може да ме орасположи непланиран шопинг па уште и на попуст работите што си ги меркал од времето на дедо Ное. Новава ташна на 70% off ме усреќи небаре ја имам откриено Америка. Уфф не ќе да е на арно ова... :lol:
     
    На senza.parole, Umbrella22, Gea и 6 други им се допаѓа ова.
  11. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    СДК чуството кога самодовербата ти е на највисоко ниво :inlove: :inlove: :inlove: И кога свакаш уствари колку си била зафркната и колку си полудела некој :rofl: посебно кога тоа ќе ти го каже некој друг :lol:
    PussyHunter фалааа :lol: :$ :*
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    Потполно се сложувам вито со тебе, нека ги кријат чуствата нивно право нивен избор али погледот празен
    полн со мржња тоа не можам да го објаснам. :?:
    А за тоа дека има разочарани како велат и најтешкиот камен се крши па така се надевам и дека луѓето (читај : камењата ) ќе се разоружаат и ќе почне да владее пак хармонијата што некогаш била присутна, каде што сите сме едно, без предрасуди, среќни насмеани...

    Сепак очигледно ја сум таа што живее во бајка :!:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Уффф напорен ден :whew:
    Натака навака,па со дечкоми,па чистење по дома,па бањање и уште 300та глупости. :)
    Како и да е,спокојна сум,мирна и среќна. Одамна не сум се чувствувала вака,плус сум многу исполнета,среќата доаѓа кога најмалку ја очекуваш. Многу работи се менуваат,дури некои се менуваат толку брзо што неможам ни да го забележам тоа. :^)
    Бидете среќни,а со среќата доаѓа и се останато.
    Пријатна вечер девојки. :*
    П.С. Утре понеделник.. ;( Толку од викендот. :rofl:
     
    На Elennaa, ana-girl, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Обично не сум нервозна или нерпелива личност,ама ништо не може да ме извади од такт како мљацкање со устата при јадење.

    Не ми се верува дека огромен дел од девојчињата на моја возраст не знаат да јадат. Џабе шминка,ланци околу вратот,штикли и чуда и џабе фенси ресторанчиња кога седнува и почнува да шлапа, да и се гледа храната што ја џвака. Уште немам сретнато репрезентативен примерок од околу 20 години што шмрка додека пие кафе/сок,обично тоа е резервирано за постарите. :D

    Ама стварно постои нешто што се вика учтивост при јадење. Јас не викам да бидеме крути и да јадеме риба со нож и вилушка иако во зависност од местото/пригодата и тоа некогаш е во ред и потребно,ниту да не мацкаме во некој вкусен сос,ама стварно е грозно да гледам изџвакана храна во нечива уста. Исто кога се јаде се јаде,не се зима мобилниот што е највалкано нешто на свет,па лебот што е во корпа за сите на масата. :sweat:

    И лабело/кармин/сјај не се става на маса,шминкањето во тоалет. Очекувам нареден пат некоја да извади ацетон и да си ги брише ноктите додека јадам.

    А,да и Сангрија е летен коктел, a не пијалок за на сред зима. :!:
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, senza.parole и 10 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Го мразам понеделник,си го сакам петок мојот Спасовден :D еве со големо С :lol:
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.535
    Допаѓања:
    174.250
    Стави му едно големо С на Спасовден,заслужено е ;)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Шминката не ве прави поубави. Парите не ве прават побогати.
    Бидејќи вистинската убавина вистинското богатство зависат најмногу од тоа како се вреднувате себе си!
     
    На Dog-lover, anggell, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам едвај чекам да дојде понеделник!
    Ми недостигаат сите тие обврски,соработниците,hard working на сите тие проекти...
    Ја сакам работната атмосфера.
    А тек после,едвај ја чекам конференцијата!

    Работохолик станувам,кафехоличарството ми е у заден план деновиве... :?: Ма,уствари тие заедно одат,мнооогу често. :D :angel:
     
    На Someonespecial, Gordana10 и Dvolicen им се допаѓа ова.
  19. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Уште еден пребрзо изминат викенд... Времето не се враќа ама затоа спомените остануваат засекогаш во нашето сеќавање, без разлика дали се убави или не. Се разбира дека треба човек да се труди да ги заборави лошите работи и да биде оптимист.
    Најдобро е човек кога ќе се соочи со реалноста, без разлика колку е таа сурова. Секогаш треба да се биде спремен да се поднесе и најболната вистина.
    Најиритирачкото нешто е дволичноста, сакаш некого, се би дал за него, а тој потајно ти забива ножеви, да може отров ќе ти стави само да не те гледа, да не постоиш, зашто не смееш да бидеш подобар од него.
    И така деновите течат...
    Се надевам дека новава тема ќе ја исполниме со уште поубави постови.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ај после една низа песимистички постови да си кажам дека работите полека се подобруваат. :wasntme:
    Многу мала надеж е потребна, една искричка дури за да го потпали оној позитивизам кој што го имаме сите во нас и конечно да има ден после одреден период во кој искрено со душа се насмеав. Не е некоја голема среќа ама значи надеж и е доволна како за почеток. :)
    Кога имаш убавини во душата и среќа во очите одеднаш и лошото време ти станува прекрасно, посакуваш да одиш на долги прошетки во кои ќе размислуваш за убави работи а не за проблеми. Утре ме чека еден голем шопинг кој дополнително ќе ми го подигне расположението.
    Се чувствувам самоуверено, јас самата преземав чекори за да мрднам од мртвата точка во која бев деновиве, дефинитивно не помага ако само седиш пред лаптоп и си ги пишуваш маките на форум. Требало да си го подигнам газот и самата да си воспоставам контрола врз некои работи, делумно се чувствувам како да си го добив животот назад. :wasntme:
     
    На ilipili, Someonespecial, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.