Зошто секогаш последна дознавам за некои работи?! Зошто секогаш кога планирам нешто мора да ми се расипе планот?! Зошто секогаш мора да се разочарам од луѓето во кои верувам?! Ми треба одмор, ми треба да одам негде далеку од се, да сфатам што чувствувам, да сфатам за кого вреди да се борам и кому да верувам...
Се уште не ми е јасно ДАЛИ НИЕ ШТО НЕ СЕ ЧЕКИРАМЕ НА СЕКОЈ 5 МИН НЕ ОДИМЕ НИКАДЕ, И АКО ПОСТОЈАНО НЕ ПИШУВАМЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ДАЛИ СМЕ БЕЗОСЕЌАЈНИ ???? Аман бе во денот по 10 пати се чекираат , како успеат да стигнат на сите тие 10 места ? И мислите на некој му е гајле како се чувстувате, каде сте, со кого сте , што правите и што пиете ??? жал ми е за денешниве млади , наместо да направат да се чувстуваат убаво ТИЕ ПРАВАТ ДРУГИТЕ ДА ЗНААТ КАКО СЕ ЧУВСТВУВААТ, намести да уживаат во дружштво или со саканиот на некое интимно место ТИЕ ЈАВНО КАЖУВААТ КАДЕ СЕ И СО КОГО СЕ, зарем е толку важно ? Живејте живот а не фејзбук. Ова чекирањето и тие филинзи како да станаа задолжителни за да се користи фб. Незнам што да кажам тоа е се живеење за народ, луѓеее на никој не му е гајле бе каде сте и што сте и со кој сте, и дали пиете пиво , или јадете пица или славите раскинување на вашата другарка , и дека јадете палачинки со НУТЕЛА и што веке не. Абе тоа е веке смешно бе , не е интересно како што мислите вие. Луѓето почнаа да одат по разни места не за да се чувствуваат убаво и пријатно и да си поминат убаво туку за да СЕ ПОФАЛАТ КАДЕ ОТИШЛЕ.
Конечно сме петок, доолго очекуваниот ден Задоволна и среќна од досега изминатиот ден. Делевме мартинки, кои цеела недела не ме оставија да си легнам и станам навремено. Ни дојде и градоначалникот во училиште. И да, конечно почнуваме да личиме на школо Нова ограда, дворот се средува, нови компјутери... Делевме и низ наслеба матринки, имаше и од оние кои „немаа“ време да одвојат една секунда да им закачиме мартинка, ги имаше и пензрионерите кои несакаа да имаат мартинка на нив, имаше и од оние кои со задоволство ја прифатија мартинката и ни дадоа бакшиш, а градоначалникот ни даде 1000-че Вредни бевме неделава, собравме доста бакшиш А најсреќна сум бидејќи денес класната ја запознав во вистинското светло, далееееку од она што го мислев. Вреди да и се купи поклон за 8-ми март и за нејзиниот роденден на 9-ти март. Ако несакаат од клас, јас сама ќе и купам она што го замислував А сега, дојде време да се наспијам и најадам како треба, да научам и да средам низ дома. Мама е повредена, ама затоа има тука мал помошник кој ќе и помага Ви посакувам и вие остатокот од денот да го поминете најубаво
Грррррр! Пола саат мислам и не ми текнува на ниту еден збор кој ќе ми ги опиши моменталниве раштркани чувства Дури и броев, еве до 178 стасав, и не, не се смирив, уште повеќе попиздив...ми иде да се удирам со глава од ѕид, да скршам некоја чаша, да удрам нечие колено или лакт(знам и чие, и знам дека многу боли ), да бапнам литро коњак, да се затворам в соба, да акнам по рид...и си пуштив појас девет метра по мене...ела нека нагази некој... Срање ден...срање луѓе...табиети кои корнат на лајно... Пу! Племе ваше. Не сум јас од камен, од шеќер сум. И сега ќе се стопам од солзи оти не знаете да се заблажите ко луѓе...па нека ви кисели од утре... Пу!
Значи тука е целиот проблем. Луѓето секогаш велат дека немаат контрола над однесувањето, но тоа не е точно!!! Она над што немаш контрола е емоција и не си слаб затоа што го чуствуваш, она што го чуствуваш. Слаб си во делот кога веруваш во тоа, дека твоето однесување е неизбежно и оправдано. Ако ти самиот несакаш да прифатиш колку си уништен, дали е сосема во ред да бараш од другите да го прифатат тоа!?!?!?!?!
Преку глава ми е од исфрустрирани професори.Лечи комплекси дома на твоите деца така,а не на мене у школо. На друг да му даваш тема за рани знаци на самоубиство и за нечовечност.Уствари и ти не си човек,па сама размисли си. ****,имаш ли нешто да додадеееееееш? *саркастична насмевка* Имам,да ти додадам памет у главата,пичка ти материна! Си испланирав се денеска и ете сега,една професорка цел викенд ти расипува.Да тибам жената.
Како ли да почнам.. По напорниот ден,извршување на факултетските обврски, возење со автобуси.. Баш морав тебе да те сретнам..Тебе... Имав, имав некое проклето чувство дека ќе те сретнам. Низ разбушавената коса од ветрот, поминав со раката, ја смирив некако. Го поднаместив палтото и елекот,и ставив насмевка на лицето.. И ете, пред мене се појави. Марширав гордо, знаеш.. Очекував ненормални турбуленции во стомак.И имаше знаеш. Неочекувано беше,неочекувано излезе пред мене.Навидум колку и да бев подготвена да те сретнам после толку време, не претпоставив дека вака ќе биде. Ни се сретнаа погледите.Истиот поглед го имаш сеуште знаеш. Недефиниран. Не кажува ни дали си среќен, ни дали си тажен. Ни дали ти недостигав, ни дали ме мислеше повремено, ни дали ти е мило што ме гледаш.. Ја свртев главата веднаш. Немаше поента да се гледаме во очи. Тешки зборови паднаа. Секој понатамошен поглед е лицемерен.. Знаше што ми беше драго? Што беше со неа, а јас ти го привлекувам вниманието.. Тоа е. Претпоставувам ни едно нешто од ова не знаеш. Но не се сомневам дека знаеш што изгуби.. Имај убав живот.. Збогум..
Еден од спомените од најраното детство, ми е оној кога се прекачив преку ограда три пати поголема од мене. Беше лето и со братучетка ми која беше неколку години постара од мене, одевме во продавница да си купиме сладолед. Никогаш не сум била плачка, па не бев ни тогаш, иако ми се тресеа нозете од страв да не паднам и да не се повредам на некој шилец. На враќање, братучетка ми ми даде тик так бомбонче и ми рече дека е магично бомбонче кое ќе ми даде храброст. Па ако за првото прекачување мислев дека ќе умрам од страв, за назад оградата ја прекачив како јас да сум поголема од неа. Од тој ден, поминаа неколку години за да сфатам дека тик так бомбончињата се најобични и немаат никаква магија за храброст во нив. Му кажав на татко ми, а тој (како и секогаш) ми извади книги и ми раскажуваше за placebo ефектот кој се користи во медицината. Веќе со години наназад го користам тој ефект за моиве ученичиња. Им давам бомбончиња за концентрација и полесно помнење, затоа што така се убедени дека можат да ги научат лекциите. Ги израснав сите тројца, сите се на една година разлика, па сега кога бубачките им се во глава и кога гледам како полека навлегуваат во тинејџерските години, си се прашувам кога ли помина толку време. А јас... јас еве моментално паралелно учам седмо, осмо и деветто одделение. Од англиски, македонски, математика, физика, хемија не можам глава да кренам. За некој месец најстарата ќе земе сведителство, па ме зезаат дека директорката треба да ми даде уште една диплома за завршено основно
Епа и ја си дочекав 14 Можам слободно да кажам дека ова ми е еден од најубавите родендени.Среќна сум што моите се покрај мене,што сите што ги сакам се покрај мене,тоа ми е најголемиот подарок во животот,и едноставно ништо друго не ми треба,сакам само да се покрај мене сите што ги сакам,и семејство,и другари,другарки,ништо друго не ми треба,ни скап подарок,ни изненадувања,ни ништо. Сабајле отидов во школо,и незнаете колку се израдував,на цела табла среќен роденден (моето име) пишуваше,мноогу ке ми фалат децава,ах бе зашто мора во средно да идам...Мајка ми и татко ми сабајле насмевка од 8 до 8,си знаеа,зашто им реков,кој утре нема да се смее,ке спие со глувците на таван .Ја пуштила мајка ми роденден е денот што го чекамее,цела година,цела годинаа...Колку ме потсети таа песна на порано,на сестра ми,она ми ја пееше .Фала ви и на честитките тука на форумов,си ги читав онака,мислењата уште кога се зачленив,и си мислев колку многу форумов ме смени,колку само од вашите мислења научив...Па еве да ве почастам со некоја торта од интернет,мојата утре ке стигне
Главата ми е мал хаос многу бои и замисли, многу чувства и празнини, многу места спомени,неред. Јас само сакам кафе од ванила,сакам само да сум случаен патник во авион кој лета некаде. Некаде каде што не познавам никој,и никој не ме познава мене. Сама,непоканета.
Ме гуши чудно чуство... Можеби поради тоа што не сум навикната да сум среќна. Мислам дека нешто ќе ми ја расипе среќата, дека ќе исчезни, ах... не знаам. Не знаам што чуствувам точно, ама знаам дека покрај него се чуствувам безбедно
Моменот кога знаете дека дечкови од странство ке си дојде дури по еден месец и тој ти се јавува и ти вика СЕ ПАКУВАМ ВЕЧЕР КЕ СИ ДОЈДАМ ЈЕСССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССССС АЈ ФИЛ ХЕПИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ ВЕ САКАМ СИТЕЕЕ СИТЕЕЕЕ СИТЕЕЕ МОИ ДРАГИ ФЕМНКИИИИИИ ИМАЈТЕ ПРЕУБАВ ВИКЕНД ВЕ САКАММ
Хелоу џенски, ви кажав дека ќе се селев? Епа се преселив сеа сум во нов стан сами со брат ми преубаво ми е Цел ден собирав алишта, па уште газдата ми се караше зашо сум си идела од тој стан, па човеку за една соба ( читај собче ) давам 100 евра а за истите пари цел стан ма ајде молим ти се бегај таму Ми дојде колега сеа на гости па срцка, а газдарицата ми направи баклава. Денот ми е преубав иако имам утре предавања Имајте убав викенд гушки од мене !
Тој што сака, бара начин, барем се труди. А тој што нејќе, ќе си изнаоѓа изговори. И точка. И не ми се сите овци на број. Точка.
цццццц пак се уверив дека не треба човек да се биде добар. Oтсекогаш сум гледала да не бидам злопамтило ама за таквите и треба да бидеш! памти па врати дупло,на таквите така им е треба
Она кога ти вртат на Скајп а ти прекинуваш зашто имаш да учиш, или не знам зафатен си нешто ... И после забораваш скроз... И после тоа друг повик нема ... Е*ате животот ...