Buonasera signorina! Надвор врне,мене ми е топло на душичката. Времево си лета,кога ке погледнам назад една година кон старата јас-морници ме лазат низ какви бедни ситуации сум морала да поминам за да исполнам некоја своја зацртана цел.. Секому своето,сега сум поголема и попаметна и поубава. Секогаш сум сакала да го гледам позитивното во луѓето без разлика на тоа какви биле-во секој човек мора да има барем трошка добрина и тие сигурно биле изгорени од нечија злоба некогаш,не е така?
Секое збогум не значи крај. Остава надеж за следно видување, за следна прегратка, за следен бакнеж. Остава простор за мечтаење, за недостасување, за копнеж. Остава копнеж за една насмевка, за еден поглед, за еден допир. Остава љубов, една, единствена, неостварена. Остава желби, огромни, за заеднички соништа, за заедничка иднина. Остава насмевка, за сите тие малку денови поминати заедно, но вредни за цел живот. И сето ова, само од еден човек, кој ми го освои срцето, а илјадници километри е далеку од мене. И како песната на Владо Јаневски, некогаш и некаде, знам дека повторно ќе го сретнам.
Денес случајно сретнав една личност која повторно ме потсети колку треба да сум среќна што сум се родила здрава, права и што ги имам блиските околу мене. Често, овие "ситни" работи ги потиснуваме и забораваме да сме најблагодарни на нив, со секоја измината минута. Многу нешта моментално поседуваме, но не сме свесни и благодарни на нив. Заспивам со ...
Ете понеделнички ке се опариш Само кажи место и време да си почастиш хахааа .. твоја реакција во смајлина преточена >
По вчерашниот темен и дождлив ден знам дека денес понеделник ќе ми биде тежок ден, часовите нема да минуваат со брзината на светлината, мислам дека 1 час ќе ми биде долг колку цел еден ден. Едвај чекам да поминат 8 часа и право дома, да го прегрнам мојот сакан, а потоа мрзеливо на креветот на топличко да одморам малку мозок. Не ми е денот баш денес, ама што е тука е и на сите ви посакувам поубав ден од мојот
СДК.. какво е чувството кога седиш во чекална, здравствената книшка е предадена и е кај докторката, тебе те боли и сите во чекалната нешто ги боли, значи никој од арно не дошол таму и наеднаш влага жена и си влегува преку ред со изговор ,,само да прашам нешто,, и гледаш дека му го земала редот на некого... Наеднаш твојата болка се претвора во гнев. Денес сум гневна. Мој термин , твој термин а уствари кој што сака си прави. Сестрите и чистачките се поглавни од докторките. Од сега и да ме боли нешто ке се лечам дома со совети од Баба Рада, барем нема да бидам нервозна.
Луѓето се грижат за утрешниот ден,за иднината како да се сигурни дека ке ја доживеат... Само моментот е сигурен,ништо друго. Секој нареден миг е поклок. Отвори го, прослави, уживај... Имајте убав ден феминки! и феминци де
Не знам дали е баш соодветната тема за да пишам за тоа но...дали некој ќе можи да ми пиши во инбокс од некој што продава лабрадори кученца мали од легло од Прилеп или неговата близина ви благодарам на разбирањето !
Koлку луѓето се заблудани во потрага по материјалното и остварување на материјални цели што самите не се свесни ,се по брз живот се поголемо незадоволство,духовното е заборавено .Само мене ли ме чуди оваа состојба?
Се гледам во огледало... насолзени очи, расплакани, беспомошни... Зошто ли плачам, зошто ? Можеби затоа што бев премногу добра спрема некои луѓе, ме боли душата, како да имам некоја кнедла која неможам да ја проголтам. Сакани, почитувани, без икаква навреда од моја страна за да на крајот јас сум виновната. Можеби имав преголема доверба во луѓето, а и така е мислев дека сите се добри, но а жал не било така како што сум мислела. Осамена со погледот свртен кон прозорецот на кој гледам една птица која и таа лети сама без никого. А и оваа време уште толку ме прави скисната. И не не сум песимист, но ме разочараа луѓе на кои им верував, ми го скршија срцето. До кога ли ќе биде вака ? И зошто баш јас?
Се се врти во круг, па и зборовите на исти фрази и реченици, колку само инверзии, колку исти нешта иплукани, величани, морализирани, исмејани, парафразирани и никој не измисли дрвен шпорет. Превртувам очи и сакам да останам недоискажана, бидејќи некогаш едноставно нема потреба да го трошам своето време на залудно објаснување, кога пак ќе ме сфатат онака како што тие сакаат, па нека им биде. Дождот ги потопи моите мисли и чувства, висат мувлосани, чекаат проветрување, некаде попат заборавив еден дел од себе и дури сега забележав дека ми недостасува, кога се трудам да си објаснам зошто не сум исполнета. Коцките подредени, но ниту една на свое место, лицето им е свртено наопаку и имитираат стабилност. Парите никогаш доволни, се вртам како црв во дрво, пресипувам од шупљо у празно, копам нови дупки, за да ги закопам старите. Сто пати доживеав неправда, а најмногу ме вади од такт кога тие што ми ја нанеле уште ми солат памет како треба да се живее. Еве ви го мојот живот, па живејте го, побогу!!! На првата кривина ќе излетате од патот, зашто немате полагано пред Бога да возите шлепер полн со душевна тежина. Вие ми ја наметнавте, ја трупав, ја голтав и потиснував во себе, за да не ве навредам. Празнејќи ја вашата погана уста, исфрливте еден куп фрустрации врз мојата добрина. Ве направи ли тоа поголеми луѓе? Успеавте ли да ја изрибате вашата нечита совест? Но неее, верувам дека вие повеќе страдате од мене, а вашата привидна среќа е како мирис на изгорено млеко, насекаде се чувствува неговата гадна смрдеа. Чувствувм мало олеснување, само жал ми е што никогаш нема да ја прочитаат поракава тие на коишто им е наменета.....
Сакам да кажам дека ..... 1. Од што толку ни е се достапно на интернет, има и совети за тоа How to kill yourself ... 2. Моето име на профилот е "Читател" затоа што тука читам, а не слушам. ( фокусот е на пасивните активности. ) 3. Некои луге навистина немаат... Некои луге навистина ... Некои луге .... Некои ... .... 4. Актуално е да си Атеист на и пред 16 години. Тогаш добива етикета на интелетуално унапредена персона 5. Во Вторник и Петок најкористената реченица е "Ај да ви ебам тоа пензионерите" 6, Се е исфорсирано. Дури и форсирањето е исфорсирано. 6. За сега тоа ми доаѓа на памет, да не се форсирам премногу
Некои луѓе навистина се сметаат попаметни кога без никаква основа речат глупав на некој, чисто онака од ќеф. Глупавоста е немерлива карактеристика, па штета што ни цело образование, ни сите IQ тестови, ни сите позиции на кои незаслужено си се залепил не можат да направат категоризација на глупавоста. Чисто онака, да си знаеме кој во која категорија припаѓа. " Не се расправај со глупав човек, ќе те спушти на негово ниво и ќе те победи на искуство" - Потврдено.
Најголем лек за депресија и анциозност, е максимална исполнетост на активностите во текот на денот! ПРОВЕРЕНО!
Не сакам да се правдам на никого, за ништо. Сакам како сум замислила така да правам ама......не може.......мора скоро за се, пред сите сметки да полагам.....
Сакам да му кажам на марфи два три збора Значи вака Марфи : Внимавај кога ми ја трошиш топлата вода од бојлерот , инаку на сред туширање Договори со времево кога е колата чиста и перена нека не врне барем 2 дена . Не ми договарај и преговарај ништо без да знам Не барам многу зошто за се друго те предизвикувам Периодов ми е најдобар,најубав и најсреќен , воопшто не сум љубопитен што мислиш ти , што правиш, и што планираш ... ЧаОооооооо