Нема дифинитивно ништо поубаво во овај мрачен период од собирање на друштвото од средно. Ги сакам. Некако како да ми поминаа времето толку брзо, остава траги и лузни низ моето тело.
Затоа што да пристапиш прва по караница со некој близок, не значи секогаш дека не си во право. Ниту зборот извини, ниту простувањето не ве прави слаба личност која лесно се повлекува и не се држи до својот став, туку покажува колку некој всушност ви значи. И секогаш кога ќе си помислите дека се каете поради фактот дека не умеете да држите лутина, лесно простувате и заборавате на лошите работи, сетете се само од колку збирање негативни чувства се штедите самите себеси. Целата животна вистина во три реченици...
Сакам да кажам.... Wow.. Се зачленив во Вторникот на форумов и денеска го добив следново известување (Твоите мислења имаат 100 допаѓања. Можеби треба да започнеш да делиш автограми. ) Каква чест еј. Не знам дали да бидам задоволен со ова или да целам кон поголем "успех".Чекај бе каков успех ? Оопс тука почнав да се сомневам .. нешто не е како што треба. Се заинтересирав и погледнав какви видови на трофеи има понатака и што стои позади нив. Ги има многу, ама најбитно е пораките или советите што ги делат истите: " Најмалку 5.000 испратени мислења и коефициент на допаѓања 0.5 (2.500 допаѓања на 5.000 мислења). Треба да добиеш своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. , "Честитки, сигурно веќе сте како семејство со останатите членови.Не запирај тука" "50.000 испратени мислења. Твојот ум е вистинска машина" Задскиена мисла зад ова е СЕДИ НА КОМПЈУТЕРОТ, СКАПУВАЈ ШТО ПОВЕЌЕ ЧАСОВИ, Но исто така забележувам дека се шири позитивна енергија, глабодарност, поддршка, пофалба. Но зошто ? За да имаш успех на еден виртуелен форум ... јас дури покрај вакви пораки ќе се откажам од реалниот свет и ќе си се посветам тука бидеќи и овде можам да имам семесјсто како за пример ХАхаха Сетоа ова погоре не важи ако не сте ги забележале добрите пораки или пак сте дошле тука навистина да побарате некоја информација/совет од некого или да дадете на некому
СДК ... кратко и траги-комично опишан денешниов вековен живот на мнозинството ... – Имаш Фејсбук? – Не! – А Твитер? – Не! – Имаш Whatsаpp? – Не! – Тогаш што имаш? – Живот! – Супер, прати ми на Candy crash!! – ?!?! Виртуелната реалност или реалната виртуелност, како сакате. ...
Она кога имате 100 обврски кои треба да ги завршите а вие си седите и си слушате песнички Да живее безгрижноста!!
Конечно ја сфатив целта на постоењето на оние „бебешки влакна“, кои излегуваат секогаш кога косата е врзана. За кога ќе имате бебе да му служат како држачи кога е во раце (а е нон-стоп). И обавезно се грабнуваат само 2-3 влакна, за да си има за понатаму, да не му снема случајно Ако некој знае спас, нека сподели Ќе ме оќелави, готово
Имаше време кога сметав дека во животот најбитна од се и пред се е кариерата. А сега се повеќе ми станува јасно, дека после години, кога ќе бидеш немоќен да го работиш она што некогаш ти било се, кога ќе бидеш изморен од животот, битно ќе ти биде до тебе да имаш личност со која си успеал да ги преживееш сите препреки и неуспеси... што животот ти ги поставил. Личност со која меѓусебно сте биле утеха и поддршка, личност покрај која будно сте го исчекувале новото утро. Личност со која караниците биле поубави, налутените очи попосакувани, и личност покрај која душата ви спиела мирно. Дека таму некаде на крајот...најбитно од се ќе биде сеуште да се будиш покрај некој, кој веќе одамна ги разбудил сите убави чувства во тебе и истите ги негувал со годините. И веројатно дури тогаш ќе ја сфатиме смислата на се што дотогаш ќе ни изглеа нејасно. Поглед полн верност, и стисок на рака полн задоволство, е целта на крајот од патот.
Значи одсекогаш ме нервирале егоцентрични луѓе... Се се врти околу нив... нивните проблеми се најтешки, нивното знаење е најголемо, значи се е во суперлатив, секогаш, секаде, само да е во нивна корист.... Ако има некој таков овде нека се промени додека е време... затоа што не се добри за своите најблиски!
Вистинската љубов не е случајна, таа се гради, се создава, се чува... Пред точно 2 години на денешен ден, баш ова време јас си ја пронајдов мојата. И баш дојде онака како што велат дека е најслатко, неочекувано, непланирано... Има ups and downs како и се во животот, ама знам дека без разлика што носи иднината и без разлика што ќе се случи со нас, никогаш нема да се каам за овие две години од мојот живот! <3
Еден добронамерен совет:Не заборавајте дека некогаш самиот Ѓавол бил Анѓел,затоа внимавајте на кого му верувате и на кој му дозволувате да ви се доближе премногу ,онака чисто информативно само , да не се каете еден ден
Сакам Да Кажам , ама во поверение...нека остане меѓу нас !!! Ова е формулата ако сакате нешто многу брзо да ,,процури,,.... Само кажете ги овие магични зборови и за најкрато рок надалеку ке се чуе за вашата тајна Ни социјална мрежа ни бутур не прават таков ефект како кога на некого ке му ја кажеш оваа реченица
Си седам сабајлево со цигарата и кафето в рака на балкон го гледам дождот и си размислувам каде заминаа луѓето, каде замина лојалноста,вербата,среќата како некој темен облак да го зафатил светот и сега сите се роботи на една темна пропаганда, затворени очи, мозок , отворена само уста и чипој во градите за случајно некој да не направи некоја добрина-животот е борба да,но не живеам во sci-fi филм.Гледам парови кои се бакнуваат и си мислам како ќе остарат ќе почнат да се изневеруваат, па не ќе можат да се погледат во очи повеќе.Насмеани лица со гнев во очите ми иди да извикам согори тајни мисли имаш од мене заклетва дека ќе пробам да те сватам на секој еден што го гледам.Хммм па ние сме само луѓе-најчеста реченица деновиве, која за жал се користи само кога ќе се направи некое зло. Се прашувам дали и нивните очи молат? дали жалат што зраците се повеќе тонат, дали и нивното извикување те молам кон животот се гаси зад карпите....или се ова е само белег во мојата глава од некои далечни вредности..
Скроени денови висат на календарот како парчиња облека во плакар. Се будат в зори со подготвени тестови, не предизвикуваат со погледот, лукаво ни се смешкаат и ни подметнуваат двосмислени прашања, непознати величини и некоја отворена заграда за да не видат со целата моќ и немоќ колку сме подготвени да ги пронајдеме одговорите, а и да ја затвориме заградата. Некогаш подолги и тешко подносливи, некогаш пократки и сончеви, ги навлекуваме на нас и сами учиме да ги носиме. Бараме воздух и наизменично дишеме... Зборовите ги таиме и подголтнуваме за да не излетаат како меури од сапуница во погрешен правец. Неволно посегнуваме и по оние што ги чувствуваме потесни или пошироки. Битно е да се справиме со нив и да знаеме правилно да се движиме за да не се препнеме на некоја точка. А толку ги има што и камчињата се помалубројни... Талкаме по инерција со неизвесност и го извлекуваме непотребниот товар низ извик. Некаде на крајот од потрагата по објаснување, го прегрнуваме оној собран копнеж во форма на мали, невидливи, скокотливи искри што наликуваат на желби кои се уште не ја поздравиле светлината на денот, а целите се згмечени како невкусена овошка. Без многу искушенија сфаќаме дека мерката е земена и моделот е скроен за нас. Не... Не се погрешни димензиите затоа што животот такви ги одредил. Само да не се парталави, па да останеме без контурната слика наречена идентитет.
Koga bogatstvoto bi se merelo preku spodeleni nasmevki, bi bile bogati ili siromasni?? Jas nikogas ne bi bila siromashna. Barem toa go umeam. Iskreno. Od srce. #proudofmyself
Мислев дека некои луѓе се толку силни што нема никогаш да дозволат да се срушат, но и тие всушност како и сте останати луѓе се кревки во душата, а цврсти само во телото. Емоциите едноставно владеат со нас, го контролираат нашето однесување, поради емоциите се смееме, плачеме, се радуваме, тагуваме итн. Но што ги буди емоциите во нас, тоа секако е некоја случка, настан, збор, дејствие. СДК
Сакам да кажам дека .... 1. Секој ден ја отворам темава ама од што толку ми се допаѓа и да не сакам, ќе напишам нешто. 2. Да знам дека некој ќе ми обезбеди јадење до крајот на животот, ништо друго нема да ми треба ! 3. Повеќето луге што се повредени од други, највероатно очекуваат за возврат оноколку колку што дале, па дури и повеќе. 4. Дали сте знаеле што му рекол Рамбо на Тарзан ? ................. Па и јас не знам . :/ 5. ШОКАНТО наместо "Вести на Шител" ќе се преименува во "Вест на Шител". Зошто ? Затоа што цело време зборат само за Зоран Заев. 6. Зошто на Македонците им е најтешко ? Затоа што од политиката во државава лугето не знаат дали да плачат или да се смеат, а кога се двоумиш е најтешко !!! 7. Да не постоеше Лото, овој реден број немаше да биде тоа што е сега...
Ме воодушевува личност која е амбициозна и која не запира додека не си го оствари сонот и зацртаната цел. Меѓутоа баш таа личност како да заборава на она вистинското, суштинско, најважно..љубовта, да се почувствуваш сакан и да сакаш, љубовта од најблиските, од братот и сестрата, од пријателите. Дали животот така те натерал, дали животот толку те повредил душо? И не можеш да ме убедиш дека си навикнат. Самиот се лажеш дека можеш така да живееш. Знам дека самиот си поставуваш околу себе штит, да не може никој да допре до тебе, за да не те повреди повторно. Те оправдувам целосно. Животот е суров, си се заштитуваш самиот себе, се плашиш да љубиш, но нема човек што може да одолее на една прегратка. Нема!
На факултет никогаш не сум отишла поспана од причина што секое сабајле трчам од дома до автобуска. Којзнае колку ми се смеат тие што ме гледаат, ама ај yolo!