Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.283
    Пол:
    Женски
    Утрово кога се разбудив, веднаш фрлив поглед кон календарот,кој ми стои на зидот,и ми текна дека не сум ја тргнала страницата со месец Март ,прости ми Април , што јас ја извадов твојата месечева страница дури денес на повидок,ама на некој начин свесно го сторив тоа,со тешко срце ги прифаќам премините од еден месец во друг:D
    Инаку, да не знае некој како се стопира времето ?
    Ахам, да ,знам дека никој не знае,само да си прашам јас де...ова поминување и брзо летање на времето значи две работи,односно има и добра и лоша страна,лошата е што брзо лета времето и не го интересира дали имаш резервација или спремни куфери за некаде,тоа само лета ли лета:wasntme:добрата страна е што вие може да застанете зад леталото и кормилото,бидете и вие сурови , згазнете го времето, не дозволувајте тоа да ве згазне:P
     
    На narcis98, Someonespecial, Winter Lady и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.195
    Пол:
    Женски
    Не грижете се. Од утре повторно ќе продолжи црцорењето на птиците и темносиното небо.
    Едвај чекам. :sun:

    Покрај тоа, вака седејќи си мислам: Каде им отиде слогата на луѓето? Зарем не би ни било убаво ако сите живееме во слога? И најзлобните луѓе би биле поспокојни ако знаат дека се пријатели со сите.
    Навистина, зошто сите не би биле пријатели помеѓу себе, сите да се еднакви. Кога би било така, ниедно зло не би можело да нè распарчи. Имаше еден пример со прачките. Една прачка секој може лесно да ја скрши, но десет такви прачки, не можат да се скршат. Тогаш која е причината поради кој не се сложуваме? Секој му мисли лошо на другиот. Зошто? Јас ќе кажам зошто:
    Затоа што таа има повеќе лајкови на сликата од мене. Затоа што комшијата има поубава кола од мојата. Затоа што соученичката секогаш има петки и тоа ме нервира бидејќи мене книга не ми се фаќа. Затоа што брат ми има Ајфон 6, а јас Самсунг Галакси. Затоа што таа носи толку скап фустан на таа свадба. Затоа што ќерката на сосетката се враќа во 10, а мојата во 2. Затоа што тие не знаат колку пари имаат, отишле на одмор, а јас немам. Затоа што тие си изграле толкава куќа, со тераса и двор.
    Ненаситност. Ете затоа. Алчност. Незадоволство. Зошто Трајко да има, а јас да немам? Јас сум подобра од Трајко. Кој е пак тој Трајко со мене да се мери? Затоа што сите сакаат да бидат нешто повеќе, не сакаат да бидат еднакви. Тоа е понижување за нив. Сакаат да бидат некој и нешто. Да бидат повеќе од другите, да се издигнат. Сето тоа е во ред, ама да го мразиш другиот затоа што постигнал повеќе од тебе...?
    Јас да имам повеќе лајкови, јас да имам петки, јас да имам кола, јас да имам Ајфон, јас да имам фустан....

    Каде исчезнаа вредностите бе? Наместо да си помагаме едни на други, да бидеме тука секогаш за другите, да се радуваме на нивните успеси и да плачеме на нивните неуспеси, ние ги мразиме, ги плукаме. До кога ќе не трујат негативните работи? Љубомора, завист, алчност, љубопитност...
    Доста беше. Зарем не е време сите да застанеме како едно, и да не му љубомориме на Трајко? Затоа што Трајко не е крив за нашата нечиста душа.
     
    На Winter Lady, vinozito1, НаталиЛили и 15 други им се допаѓа ова.
  3. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    денес од на факс бевме во повеќе хотели за да ги разгледаме менџерските функции. Пошо бевме први цели 40 мин ги чекавме колегите. За тоа време ги разгледувавме конференциските сали. Кога се вративме не чекаше топол чај. Другарками ме устрами како никогаш до сега ... Рече не го пијам чајот пошо постам... Аман па аман чајот бил мрсен... Па и уште гордо си стои наместо да речи згрешив... После 10 мин убедување пак тврдо си стоеше на тоа не не го пијам постам ...
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сфаќаш колку ти значела некоја личност според тоа колку ти недостига кога ја нема.

    Да ми речеше некој дека ќе можам да си го замислам секојдневието без неа, дека нема да ми биде потребна, дека уво ќе ме боли што прави и каде е.... немаше да му поверувам и бокс ќе му мавнев :muscle:

    Ееее.... се менуваат мислењата.
    Ниту знам каде е (иако горе-долу можам да претпоставам), ниту знам што прави, до каде е со факултетот, дали работи, каде живее... ниту ме интересира.
    Дури се чувствувам како никогаш да не ни постоела во мојов живот (освен кога ќе видам некои заеднички фотографии, а ги имаме многу, па сфаќам дека сепак била тука некогаш), како да била лик од книга во која толку сум се внела што сум ја помешала со реалноста.

    Неблагодарно е да речам дека никогаш не ми значела ништо.
    Но не заслужува да речам дека се‘ уште ми значи. Затоа што не ми значи. Затоа што тоа веќе не е вистина, а моме како мене мрази да лаже ^_^

    Добар ви ден и наздравје кафе од мене и мојава Лепотица :)
    SAM_4260-horz.jpg
     
    На samovila.red., Winter Lady, Anabelle.Amorette и 17 други им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Во 4.30 часот седнав да учам ама кога ја отворив првата страна од книгата, си рекив ај да видам на мобилен колку е саатот.... И еве ме сеа после 45 минути книгата уште ми е отворена на прва страница а ја случјно се најдов на фемина и читам дали има вонземјани во Македонија.... Ветувам готово заминувам да учам.

    П. С. Сепак прво да решив да ручам
     
    На Winter Lady, pink13, Sunshine.Sunshine и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Машки
    Ти одговарам на коментарот за да ти стигне нотификација и прочиташ што сум напишал и да ти одземам некоја минутка повеќе за да можеш покасно да почнеш со учење :D
     
    На Winter Lady и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Сакам кога се ми е средено, и глава на раат и живци на раат :inlove:
     
    На Winter Lady и pupi.girl им се допаѓа ова.
  8. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    А кој не сака?:|:?:
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Кој како си ја наредил:*
     
  10. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    ХАхах, како да го сватам ова?
    За некој животот мајка за некого маќеа ? - или некоја подобра утеха ке дадеш?|((lalala)
     
    На samovila.red. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    #ОнаКога се чувствуваш исполнето, среќа, радосна и полна со љубов :sun:
    Сите со своите проблеми и грижи, но наоѓаат време за да дојдат и да се поприкажат со братучедите како во раното детство.
    Го сакам оној ден, Цветници, кога сите тетки и чичковци со нивните деца се собираме кај баба по повод нејзиниот именден. Имам голема фамилија и многу сум среќна поради тоа. Уживам во тие наши заеднички моменти. Ги гледаш од страна како непрекинато зборуваат со живост и радост и посакуваш да не заврши тој миг.
     
    На narcis98, Anabelle.Amorette, Stories и 9 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Како сакаш душо. Мене ми е убаво и средено и скоцкано и раат сум си.
    Ако незнаеш сама да си направиш да ти е како што треба, џабе други ќе ти прават исто.
    Имај убава вечер.
     
    На Kenzoo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки

    Хахахах :) !!! Фејк !!! Али ке оставам сама да си откриеш :) !
     
    На Читател му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Не трошам беспотребно време за откривање.
     
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    е фала многу бе :) место да ги поттикнуваш луѓето повеќе да читаат ти уште време им одземаш цццц.....
    си го утнал никот хаха
     
  16. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш брзаме да направиме се' наеднаш, а потоа велиме дека времето многу брзо поминува? Зошто не можиме да успориме малку и да уживаме во малите нешта во животот кои зафаќаат најголем дел од нашата среќа и ни претставуваат задоволство? Еднаш се живее, ама како што рекле, ако живееш како што треба еднаш е доволно. Повеќето луѓе денес не живеат, туку само постојат. Да живееш е да го правиш она што го сакаш, да имаш слобода. Толку сме зафатени со ова динамично секојдневие што забораваме кои се вистинските вредности во животот. Духовните секогаш треба да ни бидат пред материјалните работи. Секогаш. Треба секогаш да го цениме она што го имаме и оние луѓе што ги имаме. Добри, лоши, секакви. Затоа што на крајот сите не' претвораат во личноста која што сме. Ни треба повеќе да уживаме во работите што ги сакаме. Ни треба повеќе да живееме. Тоа е животот.
     
    На Lella, marama, Anabelle.Amorette и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    ООООК Пролет, да постоиш ко човек ќе те бакнам, ќе те лапам, за дечко ќе те фатам (иако жена си валјда, променлива), ама лав - хејт тоа ќе биде пошо, оти бе мене алергијава кога толку те сакам?

    Еве, вашата Магнолија е алергична на магнолии.
    Вака намиришана, дотерана, се правам јака, а во себе си шепотам како без Цетиризен не можам да преживеам. шмрц!
     
    На Marossa, ceca-1, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Сум се зaлепилa дo пaнелкaвa ине мрдaм.
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.527
    Пол:
    Женски
    Јадев салата во Барбакан и сакав да ја посолам.
    Соларникот беше од оние што се со крупни зрна, па треба да ги сомелеш. Мелам јас, одеднаш ми се крши соларникот и целата сол ми завршува во салатата, на масата, на подот, по мојата црна облека и по другарка ми што ја делеше салатата со мене.

    И така, јавно извинување до келнерот што ме гледаше чудно, смотана сум, што да правам :D
     
    На eliesaab, Winter Lady, mileystar и 8 други им се допаѓа ова.
  20. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Значи јас кога правам грешка правам ремек дело што долго ќе се памети :angel:
    Сама на себе си давам (highfive)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.