Да ми се објасни убаво феноменот на менување на внатрешното чувство, надворешниот идентитет, целото расположение и сила кога ќе стапнам на тло на друга држава? Одма! Како да се будам од некој сон!!! Другарка ми ме има поврзано со еден аутфит задолжително. Тегет бел! Никогаш не бев забележала дека кога одам некаде куферот ми е полн со тегет и бела облека, евентуално сива и крем, тук и таму. Ќе почнам да станувам верник, мајке ми. Оваа страстна недела, па уште и млада месечина, не да ми беа тешки и искушувачки да не се враќам на старите нешта, тоа е чудо. Но, одолеав...искрено, олеснувачки. Немаше да можам да си простам ако исто изреагирав, ако исто ме погодеше, ако исто ме раздразнеше, ме разочараше... Некои работи дефинитивно се враќаат само за да видиш колку си ја научил лекцијата, ги вибрираш на ниска вибрација, ама ги привлекуваш за да засекогаш си заминат. А башка што не знам што ми се случува кога влегувам во цркви. Се убивам од плачење без причина. Влегов со колешка, си оди за празнициве секој ден, бевме на терен, та ра ра ра... и ми вика ај да влезам не стигнав сабајле, викам надвор ќе те чекам, надвор дува, влегов во соборна во делот пред да влезеш скроз внатре... како времево, за жива смеа... ми влезе гулаб. За незапознаените, се плашам од птици и не сакам птици, единствените суштества кои ...не ми се при срце откако како мала ме нападнаа гуски (тоа е друга смешна прича)... Овој кроток, јас уплакана, јас го гледам, тој ме гледа, јас поместисе, тој по мене, јас лево, тој лево...па кај плачам без причина, па и страв од гулабот ме фати да не ме нападне. Јас во храмот внатре по колешкава, тој по мене... мајко моја... ама зошто сега со друштво, стојам како удрена, а оваа ми се врти ми вика - де бе, од еден гулаб се уплаши и плачеш, стварно многу си се плашела... Ете ја кратката приказна за Лилит и гулабот. И тој си постоја и јас си постојав, заедно излеговме мирно од храмот и си застана на клупата надвор. За право, кроток беше, ама јас имам проблем со птиците. Патем, ГУСКАТА (уште една птица) што ми свиреше на пешачки кај билна завчера, како некоја неуротична, да и порачам дека ја пријавив по регистрација, нека си очекува. Под еден пешачки беше, под два се движев брзо, само зборував на телефон, под три казниво е со закон да ми урлаш и свириш додека поминувам пешачки. Ептен немав време, ама ќе те натерав да го спуштиш прозорецот и да ми ја чуеш убаво пцовката што ти ја упатив (до душа прилично гласно се испцујав...но добро, сфати од гестикулациите ваљда) и ме натера да се подзатрчам додека од другата страна поминуваа коли кои не очекуваа дека толку брзо ќе поминам улица од еднаш и ќе ме прегазеа. Само да ми објасниш кое ниво на идиот си ти особено после одвратниве настани од тој тип што се случија? Еве само што пишувам повторно ми се враќа истото бесно чувство. И од биднувањата од мојот колоритен живот. Во неделата доцна навечер, се враќаме со другарка фино лепо од славље и ... поминувам една пруга. Кола друга нема. И кога од далечината гледаме силуети на луѓе, 20тина сигурно со огромна брзина со ОГРОМНИ ранци на грбот претрчуваат преку улицата долж пругата. Кога ме фати паника... буквално како на филм...си викам, полицајци ли се, војници ли се, што ли се? Да застанам... може да се случи свашта, да продолжам ќе прегазам некој пак ќе се случи свашта. Кога рекоа раце ми се потат, срце ми бие, оп рикверц... овие како на лента. Исто како да бев сама...дали неа или себе ќе требаше да се спасувам. Си викам море не осеќам дека ќе умрам вечерва, ама шибај со 90 па што биде нека биде... И така фино лепо, пријавено во полиција (до хороскопот ми е бре!!!) испаднаа дека се бегалци, азиланти, како год...што фино се надевам дека ги уловиле зошто не ми се слуша уште некој настан како некој се разнел сред некој европски град, како некој убил 100 души и така натака... Ете тоа е... пресмешнот живот на Лилит...кхм...треба да си смислам презиме за уз јузеров. Лилит... хммм? Како? Е ова се моите денови сумирани... Ау да... некои луѓе, им требаш како лек... ама толку им е голема гордоста што сакаат да се убедат дека тебе ти требаат. Па уште и со сета детска дрскост по социјални мрежи бесрамно ќе прашуваат за вас. Море мрш! Све тоа е одамна избришано.
Помогнете му на партискиот плакатолепач да ги напушти вашите црева ! Лекарите препорачуваат барем едно празнење на партиски плакатолепачи во рок од 48 часа како оптимално.
Кога не можам да заспијам ноќе и само негативни мисли ми се вртат во глава си одам на моето среќно место. Си ја пуштам фантазијата да работи и си ја замислувам мојата книжарница. Сон на летната ноќ. Така ќе се вика. Сон ми е да си отворам книжарница, летото е дел од мене, а ноќта ми е омилена... И е едно од најизведуваните дела на Шекспир... Книжарницата ќе биде огромна, на два ката. Ќе има интересни и иновативни полици, ќе има еден камин за зимно време, до него и околу него удобни фотелји за читање. Посебен дел ќе има за изнајмување на одредени книги со кои ќе следува кафе или чај во огромна шолја и ќе можеш да си седеш блиску до каминот на една од удобните фотелји и да се препуштиш целосно во патувањето... Специјалитет на денот ќе биде посебна книга која ќе биде на 50 посто попуст. На касата ќе има два големи округли сада, во едниот ќе има Цитат на денот, во другиот Цитати од книги, ќе бидат испечатени на шарени ливчиња и завиткани, како кога отвораш порака од fortune cookie, и секој кога ќе купи книга ќе може да си земе. На излозите ќе има цитати од книги и од книгата која е на попуст дента. Горе ќе има нешто како мала сцена. Секој што ќе сака да си основа свој читателски клуб ќе може да се регистрира и да си закаже одреден термин и да се состанува клубот горе. Навечер ќе има читање на поезија или раскази, секој ќе може да се пријави со свое дело, а потоа со анонимно гласање ќе се избере најдоброто. Другиот ден победничкото дело ќе се испечати и ќе се дава со купените книги. И така, секакви идеи ми се вртат низ главата се додека сонот не ме совлада...
Само едно нешто неможам да поднесам во животов, а тоа е да му нанесам болка некому. Неможам да живеам со тоа некој да пати поради мене. Така лежам сама во соба, на грб, со отворени очи и не мислам, не чувствувам ништо, како да ме нема. Посакувам да ме снема, магично, да исчезнам како никогаш да не сум постоела. Се да се избрише, да не остане ништо, ни една моја клетка... Уф, како ќе се живее со оваа вина...
Нешто да ти кажам... секоја грешка што ја правиме и што ни ја прават е направена од љубов. Колку и да изгледа тешко и нелогично, ама се што се прави е од позитивна намера. Само најстрашните злосторства кои се извршуваат заради ментални болести и поместувања се исклучок. Кај нормалните и здравите луѓе постојат само грешки од љубов... во било која форма. Побарај прошка каде и да е, дури и да не ја добиеш прости си самата на себе, не можеш да се вратиш и да го исправиш како и да е. И пред се, ако се работи за твоето лично ослободување и стремеж кон среќа најмалку треба да се чувствуваш така, секој си е одговорен за себе си и секое зошто има свое затоа. Би гуд Мимс.
Само да ви кажам дека секој што ќе ве одбие ви прави огромна услуга во животот. Едноставно, не сте требале да бидете таму, или со тој, или животот те мести од тој правец зашто те чека нов, повозбудлив и поуспешен. Сме Црвенкапи, тоа е супер, се палиме на непознати шуми, недопрени предели. Пак ќе се заблагодарам за оние што ме одбија оти инаку немаше да бидам ваму, каде припаѓам. Ви велам, одев по познати патишта и таму бев неприфатена, за сега да си најдам нов, свој и да ме примат каде најмалку сум очекувала, а најмногу сакала. Пукам од задоволство зашто ме чека работа еден куп. Еден куп.
Тргнувам за работа, а уште не се стемнало..... некако с пролеча Го дишам градов, застанува времето за мене. Убаво ми е
Некои работи знаат да заболат до срж. Впрочем, и болката, како се друго е минлива работа. После лоши моменти, не се ни сомневам дека доаѓаат добри. И обратно. Затоа, не се радувајте премногу. И среќата е релативна варијабла..
Дел од работа ми е да проверувам отисок од прст на луѓето, па приметив дека 90% од луѓето кога ќе им кажам стави го прстот на апаратчето, прво си го погледнуваат прстот, па го бришат и после го ставаат. Па си размислувам колку ли би било лесно да си погледнеме во нас, во минатото, во сегашноста, карактерот, она што не прави тие што сме или сакаме да бидеме па да забришеме нешто така, нешто што не боли, нешто што не прави несреќни, не растажува или едноставно ми смета. Не оти и на нив ќе им се избрише отисокот ама ете, ќе мислиме оти сме среќни или ќе бидеме среќни. ПС си ја открив песната на денот и ептен ме расположи, се надевам и бебушко слуша па и она си игра додека има место кај да се шири.
Мислев кога ќе го слушнам дека срцево ќе ми излезе. Кога го видов неговиот број на екранот ми беше сеедно. Немаше пресекување на нозе, немаше срцебиење. Нормален муабет кој немаше крај. После толку време разговаравме како пријатели, без префрлања, без закачања. Иако за момент ми префрли дека сум изгледам се повеќе провокативно, не му замерив. Така изгледав пред него, само заради него се променив. Му реков дека нема никогаш да се променам за никого, а тој - Не ни треба. Ма не ме зезај, се трудеше да ме промениш на секој начин, сега не требало да се менувам за никого. Најверојатно мислеше за никој друг, кога не се променив целосно за него. Се смеевме колку би било безобразно да ми прави бурми кога би се мажела. Иако раскажуваше колку е задоволен и среќен, не звучеше така. Сепак се пронашол со неа, не знам на кој начин, а и не ме интересира. Си ги разграничил работите и среќа повеќе не презема туѓи одговорности. Мило ми беше што направивме муабет. Два часа на телефон не сум поминала со месеци. И навистина исчезнала љубовта, сега конечно сум спремна за нешто ново.
Она кога си сама во јавност и ти се плачи. Едвај се воздржуваш да не заплачиш. Го вртиш погледот настрана и си велиш: „Не сега, не е местото, ќе плачиш кога ќе си дојдиш дома“. И така се воздржуваш некако, ама едвај, со сите сили. Ми се случи тоа денес. Не знам како издржав да не испуштам солзи и да не залипам. А до толку многу ми беше дојдено. И тоа не беше само неколку минути...Половина ден. Ми се плачеше, ама се воздржував. Посакував да се најдам дома и да се изнаплачам, да си ја олеснам душава. Горев одвнатре. Се затоа што ми недостига една многу за мене важна личност...
ни дипломирана ни вработена ни омажена трите основни нешта за една жена да успее што е најлошо сега двете другарки имаат дечковци-се смени времето кога јас и плачев на едната другарка од љубовни маки сите на курс имаат свој решен приватен живот треба да учам а немам концентрација и нема толку зезање значи стварно учиме за женско ова е ПРЕМНОГУ-абе мозокот мислам дека ке ми испари од мислење од сите мисли во главава мислам дека КЕ ПОЛУДАМ од дома не ме притискаат -додека не наполнам 30 само гледам дека мајка ми се плаши оти шекерот ми се покачил-шукур ослабнев 2 кг строга диета ке видиме после една недела како ке биде ми е страв да не ми престане менструацијата од толку стресови
Не знам како ќе се носам со пмс-ов уште една недела. Ама, благодарна сум на животов за најдобрата-ми другарка. Мојата најголема поддршка и утеха. А и полесно е кога носат товар 4 рамења отколку 2, иако во случајов јас го носам нејзиниот а таа мојот. Душевно се храниме меѓу себе, делиме позитивна енергија... па така деновиве се поподносливи за двете. Не знам што ми носи утрешниот ден. Ниту тој после него..ниту наредниот месец или година. Ни дали ќе го најдам...или тој мене. Ама едно е сигурно...овој момент и сега, овој здив и ова срцебиење е со смисла... Рано е и..кој слушне..слушне...ама Џокси... гајди сега нека одекнат, од овде па се до небото..!!!!
Не знам каква е таа работа со мене. Можам да се преправам, можам и да излажам некого, можам да ги натерам луѓето да ми веруваат. Не дека сум горда на тоа, ама можам. Но, едно нешто никогаш нема да можам да направам. Никогаш не би можела насила на се насмевнам. Стојам на тоа дека луѓето не се смеат со устата, се смеат со очите, со лицето, едноставно, тоа се чувствува. Кога пробувам да се насмевнам вештачки, си ја чувствувам устата како ми се витка, дури си го чувствувам и лицето како ми се собира. А и имам дупчиња на образите кога се смеам, а кога вештачки се смеам, тогаш немам, така што, тешко мене со вештачкиве насмевки.
Znaci definitivno najdobro e zivitot da si go zivees samo za sebe.Za drugite nidto ne e dovolno dobro, ne di napravil dovolno, a cel zivot si go staval Tovarot na svoj grb, grizal jazik za da ne vrisnes od bolka..I na kraj seto toa e nisto. Epa I jas si imam pravo na svoj zivot I sreka.Da go doziveam ona sto so godini mi e uskrateno! I ne..ne custvuvam vina ili griza na sovest.Poveke Ne!
Today is the day! Куферот спремен, картата спремна, а јас - неспремна! Мозокот 300 на саат ми работи и знам дека ова ќе е бессона ноќ како и пред секое друго патување всушност. Периодов ми е исполнет со толку убави нешта што тешко ми доаѓа ова заминување, иако не е за долго. Ги пропуштам претстојните празници, роденденот на брат ми, роденденот на најдобрата другарка... А богами за некој како мене што е толку поврзан со семејството и блиските е и премногу. Еве душата ми се стега дури пишувам, цел ден солзи во очи имам... Знам дека е ова чувство само додека не заминам, знам дека ќе си поминам убаво, дека ќе се вратам побогата со едно ново искуство... Но, непоправлив случај сум кога се во прашање збогувањата, ги имало и премногу во мојот живот па најверојатно е и разбирливо. Барем да можев него со мене да го земам... Он д брајт сајд - летам за Франција, во градот на свилата (Лион), се надевам конечно во земјата на виното и сирењето ќе го засакам и едното и другото. Вие.. Останете во добро здравје и прекрасно празнично расположение во друштво на најсаканите, јас се одјавувам на две недели. À bientôt!
Глупостите продолжуват 05,30 часот од 05 сон немам. Патем добро утро и на помош да ни се празниците. Ви ја посакувам целата среќа на овој свет кои и да сте, па макар и никакви иако само овде имам чувство како да сум дома.
СДК... Не постои нешто поскапоцено од личното достоинство. Тоа е етикета што сами си ја прикачуваме и по која другите не декларираат.