Во животот на меил ќе ви стигаат вакви фејк мејлови. Ако некој се ислажал да се покаже хуман, се заебал ...
Како стареам, се повеќе и повеќе си го сакам кучето и тоа ми е помило од повеќето луѓе што ги знам. Аман бе, што ви направи едно кученце?
Празниците кои го зближуваат семејството и носат среќа,насмевки и убави мисли во домот се најубавите празници !
Не знам дали е само кај мене, ама кога ќе слушнам како се употребува зборот различна, се ежам. ,,Слушај, јас сум различна од другите‘‘ или ,,Поразлична другарка‘‘.. или не, сепак повеќе одговара: ,, Најразлична сум од другите, карактерно.‘‘ Озбилно? Никој не ви ги става рацете на врат, ниту па ве прашува, за да почнете да филозофирате. Оти сепак, веројатноста е поголема на крај да излезете нешто друго. Нешто повеќе од тоа што навистина сте. Нешто победни. ** Некогаш метежот ми годи. Една од предностите на големиот град. Ама некогаш ти се чини и дека ќе те преголта. ** Среќни велигденски празници
Братучед ми на фб оставил слика на која пишува Христос Воскресе......дали тоа се смета за некаков спојлер, со оглед на тоа што Христос денес е распнат? Убаво времево денеска, конечно да не кукаат луѓево
Е какви луге има... Сите викаат нема да станат на некој си начин лоши но сепак сите станаа. Болна сум цела недела а од денесс почнав да плукам и крв , аирлија нека е. Ми се јавија сите другарки , колеги , роднини да ме чујат некои и дојдоа ми направија пиљара овде а од оние што очекуваш нигде ги нема и после .. ААА е нече мочи видов кој е кој веке. Знам како да се понашам. Нема да бидам и ја добра со сите .
Ама ден денес! Ми се стоплија коските, а и срцето ми се стопли кога разбрав дека една моја драга личност конечно доби шанса за нешто подобро, за да и‘ биде подобро. Еее млади луѓе заболуваат од секакви некакви болести, а моиве дома се расправаат дал да ставале сардели на новите тераси или не. Наздравје кафе луѓенца
Сакам да кажам дека .. денеска не ми се пишува .. За сите оние шти се чувствуваат повредено и престанале да верувата во лугето !!
Секогаш кога сум расположена за откопување на богатства одам во подрум. Бидејќи е голем и поделен во два дела, едниот го користиме речиси постојано, а во другиот дел со години се трупаат работи. Повремено влегувам и вадам стари пегли, бардачиња, огледала, што ти не. Денес го искористивме сонцево во двор, а вујко ми извади некој чуден сад за кој мајка ми ми кажа дека има ист во подрум. Земав клучот, отклучив и влегов. Секогаш таму е ко во некој друг свет. Пребарував по полици, по кутии и не го најдов. На излегување вниманието ми се задржа кај една дрвена кутија. Врз неа имаше уште неколку помали картонски, но успеав да ја извадам. Кога ја отворив видов грамафон. Радости! Го изнесов во двор и почнав да го чистам. Мајка ми ми кажа дека татко ми си го купил во младоста, колку бил шетан и носен насекаде. Ги забавувал сите, го користеле сите и во подрум завршил во исправна состојба, затоа што веќе почнале да користат други радиа. Да го отктиев порано најверојатно ќе беше во подобра состојба и ќе успеев да го средам подобро. Остана да се пуштам во потрага по плочи, но таа авантура ќе биде во гаража. Радости!
Edna pruzena raka vo nevolja, vredit poveke od iljada pruzeni vo uspeh... Srekjen praznik prijateli!!
СДК ... убави денови се ова, а ќе минат за час. Затоа поминете ги во мир, расположение и љубов внатре во срцето и душата. Нека се за многу години овие големи денови и овој голем Велигденски празник! Јас секако после празникот ќе бројам радосно, ситно до денот Д.
Не сум религиозен тип, така ми налага општеството. Тоа што го чуствувам не се опишува. Тотално различни, религија, темпо, начин на живот, а толку блиски? Тоа е она кога знаеш дека тоа е тоа што го сакаш, чекаш, сонуваш. Тоа е таа прегратка која што ти фали се повеќе и повеќе. Тоа е таа рака што сакаш да ја почуствуваш околу врат во друштво, за да се осетиш прифатна, целосна, среќна. И двајцата имаме многу да изгубиме. Овојпат имам храброст одам на се или ништо. Не ми е гајле што ќе кажат другите, посекако зборуваат. Не верувам во религија, верувам во тебе.
Сончево, топло, прекрасно време. Таман како за убавата прошета во парк денес. Насмеани и среќни деца како трчаат и си играат, заљубени парови кои се држат за рака, абе мераци. Ден ептен по мерак. Така да ни беше безгрижлив секој ден како на децата, е за тоа се би дала.
Ја прашувам другарка ми дали сигурно мастиките се посни и ми вика :100 проценти Живели Лила Филиповска и Гуте фрухте
Дома се' ми е некако мрзеливо и лежерно, како да сум на одмор. И сум, побогу, не треба да изигравам домаќинка, вработена, студентка па и да се дотерам, средам во исто време. Овде владее пижамата моја и тешкиот темносин џемпер. Уште езеро да имам, ама мини поле со нарциси имам, ако се важиТ. Мајка манијакално гледа Breaking bad, сестра ко и секогаш манијакално не прави ништо. Татко ми си бара работа по двор, растура колку за нешто да поправи. А јас, исто та исто е во пролет, сум вљубена.