Многу одамна имам научено дека не треба да им верувам на луѓето,но секогаш си помислувам дека не се сите исти...и пак грешка
Да бевме на facebook, ќе ти ставев share на објавава! Патем, си измешав воДка и red bull и се спремам за вечер. Не одам на пред-журка, решив дома сама да си пијам. Повеќе се контролирам така Додуша не ни имав некоја покана. Си седам во дневна со моите ама сеуште мислат дека ова во чашава ми е сок од јаболко. Имајте пријатна вечер каде и да одите
Ароганција и ладнокрвност има насекаде. Добрината одамна ја снема, но барем со сила насмевка да имаа, да не гледав само тажни, арогантни и ладнокрвни луѓе, доколку можат така да се наречат или пак подобро е да кажам суштества. Уличните кучиња и мачиња што ги гледам се порасположени од нив. Па доаѓа пролет насмевнете се, знам сите имаме свои проблеми и не секогаш ни е до насмевка, но барем да се потрудиме и кога сме нервозни не ни се останатите виновни за тоа па да се дереш врз се што ти е во близина. Какво време дојде, да умираш ќе поминат и нема да ги интересира, па и со дигната глава. Се чудам јас што ги направи такви луѓето,секако има исклучоци. Напреднатата технологија или парите? Што ги направи такви?
Сакам уттре да го видам,но тој не сака.Копнеам за да го видам.Не сака за да не трошам пари за саат ипол и да трошам за 6 саати пат за само саат ипол.Многу сакам да го видам.Ама ај ке издржам.Ке издржам.
Конфузија од мисли. Сплет од идеи. Нереализирани сништа. Сама меѓу далечината и вистината,желбите и копнежот,чувствувам како бескрајни хоризонти ме опкружуваат,а над мене демне стравот... Дали една скала напред значи две назад или стремежот да ги срушам бариерите е доволен поттик да ја искусам двојната страна на ризикот. Победата и трофејот се сојузници,а јас ги набљудувам. Мечтите се мојот сопатник...
Па добро зошто правите деца ако не знаете да ги чувате ??? СРАМОТА. Да си дозволите да си бидете на прво место вие срце душичке ова она а да го прерипувате детето ???? па нели ви срам бе ?? на таквите треба да им се одземе детето бе. Родители да не си го хранат детето, да не го гледаат со 4 очи , да им е на последно место детето / ПУУ СРАМОТА МИ СЕ ГАДИ ОД ТАВИТЕ. ОДЕТЕ ПРАШАЈ ТЕ ГИ ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ ДАЛИ И ТИЕ ВАС ТАКА ВЕ ЧУВАЛЕ
И си мислиш мирна, петочна вечер, лагано си се спремаш за филм за мозок пасење, тргаш слушалките...и... Луѓе вака на Велигден немаат мрсено! Ако ме нема за 2-3 дена, јавете им на моите дома дека ѕидот што го делам со ненаситниот ме поклопил. И имам некој денар тргнато во касичка. Мислам дека едниот штотуку потпрдна. Ќумрам. Абе потреба...ама па усул? Седи ти Каљопо, коментирај...
Грешиме многу често, тоа ни е секојдневие. Туку не е битно да ги броиме грешките и колку пати сме паднале, битно е колку пати сме се исправиле и сме тргнале напред. Луѓе сме, не сме совршени. Битно е да ја кренеш главата, да продолжиш понатаму.. Ќе грешиме уште, ќе има падови но и подвизи.
Какви само терапевти ни се милениците... професионалци. Стави го во скут, погали го, абе се топиш, те прават да мислиш на убавата, светлата страна во животот. Е, да не беше ова црно крзнено топче со мене, колку ќе ми беше тежок животот... Ништо не ти зборува, ќути и те слуша. Така би требало и со нас да биде... би требало да не се утешуваме како, добро ќе биде, ќе видиш, туку само да ја влееме таа нема љубов во нив, исто како што можат милениците да ни ја дадат. Еве, како може едно обично маче со само едно предење да не смири. Сепак, не сме толку одвоени од природата. Можеме да ја почувствуваме позитивната енергија што ни ја даваат милениците. Од едно канаринче, до големо куче. Милениците ни ја даваат волјата да постигнеме високи места, ни влеваат позитива и ни ги насмевнуваат нашите лица. Од мене и од моето маче, една гоооолема нема поддржка за се што сакате да постигнете во животот!
Еле почнав со тројки,четворки.. Морам да седнам да учам да си ги наместам сите 5ки,за на тромесечие.Џабе ќе ми биди цел труд 7 и пола год.Затоа морам да заборам и Фемина и Фејсбук и Твитер и се! И да седнам над книга и да го загреам столчето.Овие следни 2-3 недели ми се најважни! Трето-тромесечииее . Ако ги наредам сега петките после лесно ќе биде!Крај на школска година,крај на осмо! И налет тоа ме чекаат сега за сега 3 натпревари,а немам ни почнато со вежбање! И натпреварите се крајот на март и почетокот на април .. Држете ми среќа мили Форумџики и Форумџии . Долго време нема да сум прсутна на форумов. Меѓутоа ако има нешто за да ви кажам секако ќе си се вратам!А в лето цело време ќе си бидам присутна ! Поздрав уште денес седам и толку од утре не!
Jaс ти посакувам успех и да го исполниш тоа што си го поставила за своја цел. БРАВООООО! Ова и тоа како ти е паметна одлука. Инвестирај во себе, остави нет и сл.работи, посветисе на учење. Позз
Ех да бев и јас ваква.Треба да ги поправам и јас оценките па потоа да си уживам но некако не ми се учи но морам Браво за одлуката и строгоста кон себе
Јас така првото тромесечие, 2чиња на тестовите дека се затрескав во еден будала. И јас си викав ќе прекинам со фемина, со фејзбук ама не прекинав и пак си ги поправив оценките уште хемија 4чето, ама тешко наставничката ме мрази. Ај ќе бидне и тоа.
Ми беше чест што ми бевте професор...опишан со само еден збор НЕЗАМЕНЛИВ! Интервју со Венко Андоновски-се се кажано,се на место http://emagazin.mk/%D0%BD%D0%B8%D1%88%D ... map=%5B%5D
Пишала една денес на фб: Среќен Роденден омилен мој♥! Веќе наполни 20, а мене сеуште не ми е јасно колку брзо поминаа годините... Започна од ништо и сега си нешто... Детето со гитарата и прекрасната насмевка кое пее пред театарот. Твојата прва песна.. Таа насмевка за која го давам цел свет... Толку далеку, а сепак блиску... Ти си најдобријот, најсовршениот идол што постои. Ме научи на многу работи. Со секоја твоја слика, со секоја твоја песна се тешев дека ќе те видам... ќе го слушнам твојот глас... ќе те допрам... ќе присуствувам на твојот концерт па макар и да седам во последниот ред. Не се откажувам, како што ме научи ти "Никогаш не вели никогаш" и "Верувај". Никогаш нема да се откажам од тебе, затоа што ти си мојот херој, мојот идол, мојата насмевка, мојот живот. Со тебе сум и ќе бидам во секој момент, добар или лош. Ти си една од причините зашто постојам... Те сакам премногу! И уште еднаш срекен роденден! #happy #bday #my #idol Justin Bieber ----------------------------------------------------------------------- океј сфаќам идол да ти е ајде...али ти си една од причините зашто постојам и мојот живот ?
Чудно но... понекогаш повеќе до тебе се луѓето за кои си мислел дека никогаш нема тоа да го направат,дека нема да бидат.Повеќе се до тебе и ти нудат помош од луѓето кои ти значат и им веруваш. Чуден е животот,но се' е со причина ... ќе видиме која е за тоа. Пријатна ноќ имајте сите. Убав сон.