Нека ви е среќен празникот феминки, баш се радувам што ве читам вака расположени и исполнети, нека ви трае што подолго. Јас не можам за жал да се пофалам со истото расположение, затоа и избегнувам да пишувам не ми се мрачи безвезе. Ама и тоа не е на арно... Таква сум и во приватен живот не сакам многу да си ги раскажувам чувствата и мислите. Ама завчера го достигнав врвот. После толку денови глумење лудило пред луѓе дека се е во ред и дека мува не ме лази, голтав солзи во себе и се воздржував да не пукнам како лубеница фрлена на жежок асфалт. Стигнав конечно дома, ме праша само дали сум добро и толку фалеше...се што држев, туркав и подголтнував најпосле снема место каде да оди. Ми олесна за момент, можеби и беше само од умор...не знам, се додека утредента повторно не се прашав до кога повторно ќе го правам истото од почеток и до кога со оваа бесмисленост. Не е дека ќе се откажам, ама се повеќе се убедувам дека секој нареден пат е се потешко да тргнеш и ми е смачено до бесконечност, па еве уште го одложувам за некој нареден, поубав ден. За жал тоа не беше ниту овој. Повеќе волја и храброст утре.
Верба во себе и во Господ само. Толку од мене за вечерва. Се осеќам издадено, но за памет никогаш да не чекам од другите за ништо, па ни за едно обично излегување в кафич.Снајди се сам, најпаметното нешто. Чувствувам дека со погрешни луѓе сум... Скраја да земам цимерки за седење во мој сопствен стан. Си го покажаа лицето... Да не заборавите да си ја направите вечерта забавна. 4 better 2morrow.Cheers.
https://www.facebook.com/events/930305120347259/ Зошто толкава исфрустрираност и желба за надмоќ? Зошто толкаво его? Од каде потекнува овој комплекс на ниска вредност? Ми доаѓа да ги мавам со метла (затоа што нели, местото на жената е в кујна) сите оние 16 годишни, кои се декларираат како мажиња. Полесно е да покажувате и докажувате сексистички ставови отколку да се потрудите да ја перципирате суштината на материјата, а? Фатете книга, разговарајте и информирајте се околу тоа што значи феминизмот како појава. Со деградирачки мемиња несвесно се ставате во инфериорна положба. Срам да ви е!
Сакам да кажам дека .... 1. Ако во даден момент со моето однесување станам "За никаде". каков сум бил претходно ? 2.Некои луге се двоумат дали да почнат од денеска со вежбање, а јас се двоумам што да почнам денеска. (И баба Станка знае дека има разлика ) 3. Ја знаете фан страната на фејсзбук "Иста слика на Марјан Стојановски, секој ден" Која будалетинка е тој што ја креирал .. (проверете) 4. Не верувам во лугето што не веруваат во луге.. 5. Кога бев мал според мајка ми бев многу безобразен. Секој чичко што што ќе го сретнев на улица го прашував дали читал "Секс ќоше" во Вест... :fucker 6. Значи не можам да ги сфатам девојките со надоградени нокти од 3+ cm.. Ало бе, што ќе ви се ? Ама зошто ? Баба трпи за лепота ? :/ 7. Кога некој ќе започне реченица со "Абе, животот е" одма очекувам безуспешен одбид за добра филозофија ... 8. Дали знаете зошто се е отидено у курац ? А особено во Македонија ? - Ќе ви кажам во следниот коментар ( Check it out )
Во периоди кога обврските ми одат во стил - три напред, две назад, опа опа иха ха - ми иде да си најдам паж, слугичка, нешто такво, или по модерно ПЕРСОНАЛ АСИСТЕНТ. Дека врти сучи, па на крајот штракам, станувам насабајле и штракам, некна па се самонадминав во штракањето дури цели 12 часа, атер дека сакав да го напуштам собичево и мини-канцелариичево и да испаднам малце меѓу народ за празнициве. Муабетов со пажот...... За кога ќе ми се здрви, хм, задницата, a богами и предницата, му ѕвонам, ела пажу, стига човекот, јас парадирам како голем војвода надолж и попреку во 10тина метри квадратни, диктирам што треба да се каже, а он куца ли куца. И волкот сит и овците на број. Ама си исфантазирав, за џабе, на крај пак јас се грбавам, пуф. И јас се пријавувам на рецепција со чкљ период, нула оптимизам и нула расположение, едино со мала дигресија последниве 2-3 дена, толку многу притисок осеќам шо почна и телото веќе да ми дава знаци да олабавам, лицето ми личи на 50 годишна жена што пушела по две кутии во последниве 35 години, посивев мислам, насабајле станувам поуморна неголи што си легнувам, почнав хронично да заборавам битни работи, се превртувам по цела ноќ, ќе заспијам и во паника станувам да напишам потсетник за уште нешто, дури почнав и бели влакна да си наоѓам тук-там низ косава, најозбилно. Да не знае човек во кој правец попрво да трча е работава, и на крај трчаш во круг како теле некое. А најинтересничко ми е кога пробуваат да ми објаснат дека не е всушност толку трагично и дека има време за се' што сакам да направам. Ауууу, хитче ми е ова. И одма ми иде тоа пентаграмот, добар сон, здрав живот, социјален живот, успех на факултет, успех на работа, као бирај, ама сите не може да ги имаш. Па видете вака, ако одат работите по планот, за помалце од месец и пол ќе ме нема физички тука, шо значи сите обавези кои лагано можат да се тераат во тие х месеци, поделено и натенане, ја ги терам сега во ултра турбо забрзана верзија, ќе ме нема, пааа.... плус минус, пет месеци, ќе бидам на е... друга страна од светот, не планирам 4 години учење и труд и пари да ми пропаднат во вода и да се влечкам беспотребно година-две плус, не планирам да се траќам преку мејлови кога на сите ни е јасно колку мејловите функционираат во државава и дефинитивно ама дефинитивно не планирам да плутам несигурна околу иднината само затоа што не сум си мислела навреме........ Од - абе има време - сме на ова дереџе дојдени, е така да ви кажам. Ти мислиш дека имаш време друже, само мисли си, топ ќе ти е, трчај додека можеш, за 5 години и оваа сила ќе ја немаш. Така ви викам, а па и времево што врне и чизмите што ги влечам од октомври на мене никако не ми одат во прилог во целава ситуација. Очајно ми треба промена, макар таа промена да била и посончево време и пар нови чевли. Мада што морам да признаам дека е симпатично за да се шеткараш после дождот, а мирисаат свежо расцутени дрвца наоколу, и онака одиш, за првпат по долго време, не да стасаш некаде, ами чисто од мерак и од ќеиф. Одам да се комирам, за првпат по не знам колку време, без аларм, без бучава, без конкретен план за утрешниот ден, освен убав ручек, убава атмосфера и се надевам, малце убаво расположение. Не за друго, од вторник пак јово на ново, ќе сакам да имам приватен паж.
Сакам да кажам дека ... 1) Сакам да имате прекрасна година, прекрасни Велигденски денови, многу искршени јајца, онака весело, валкано, со роднини и пријатели!! Исто така се надевам дека имавте прекрасен продолжен викенд, не многу напорен ама онака исполнет. 2) Пред околу месец, месец и пол се исфалив дека почнувам да терам здрав живот и благодарение на тоа успеав да намалам цел број на фармерки и рамно стомаче
Кога ми е досадно, си играм со броеви и букви. Вчера патував 3 часа и цел пат решавав судоку во главата. Го замислив листот и ги преуредував броевите додека не го решив судокуто. Сакам точни, стабилни, неменливи работи, како броеви. Понекогаш кога сум лута правам анаграм од името на тоа што ме изнервирало. Или ги организирам буквите, самогласки по азбучен ред, па согласки по азбучен ред. Посмирена сум кога се во некаков ред. А деновиве сум тотално бескорисна и улежана, немам идеја како ќе се вратам во нормален живот од утре. Си наредив активности од 7 сабајле до 9 вечер, за да немам време да размислувам дека порадо би била под јорган. Си испланирав облека, дури и натерав другарка да ме слика за блогот. Или ќе биде суперпродуктивен ден, или сите незадолжителни обврски ќе ги откажам. Ќе видиме.
Видете вака: на секој што ќе ви рече дека местото на жената е в кујна предложете му една недела јас да му готвам и доручек и ручек и вечера и кафе ќе му варам. Ќе видите како ќе се премисли после таа една недела Ако преживее де Добар ден и наздравје кафенце. Спојлер: или пивце As you wish.
Денес е убав ден,на Анабелка ѝ е роденден... Е конечно дојде и мојов роденден,на родендени се радувам како мало дете. Си остарев за една година плус,ама уште се однесувам ко дете...Ама ако де. Ќе го поминам денов во уживање и излежавање,а вечер на честење со другаркиве,едвај чекам. Ги читам честитките од феминкиве и си се смешкам,баш ме расположија. Епа Анабело доста дрдориш,дај почести со торта.
Интересно. Интересно... Зашо не ме бива бе? Еднаш излажав, ме фатија. Еве вторпат, пак. Океј, океееј, не лажам веќе. Не ми оди тоа. Кај мене шо има ново? Па, паа... ај тајна нека биде.
Се бараат луѓе кои на социјалните мрежи не не` известуваат цело време за разноразни обични активности низ дома, притоа тагнувајќи се на локација *нивното презиме* Residence...
Нека ни е среќен празникот, уште долго да си го славиме! Уморна сум од последниве денови, ама воедно и исполнета со среќа Фарбање јајца, правење кифли, торти и разноразни други специјалитети, средување цела куќа и двор, но најглавно сонцето на даде беше овие два дена на гости Признавам, цела куќа во вис ја крена пошто господинот се разбуди ноќеска во 1 саатот, и не заспа до 4 ипол, ама па срце на даде, кој може да му одолее на него ? Играње, паткање, врискање до бескрај, јадење каша два саати, кршење на сите можни јајца, мазење после будење.. Како и да е, поубав поминат Велигден од овој, здравје После црква, спиење кај другарка, јадење во 4 саатот кремче со лепче или лепче со кремче пиење чоколадно млеко, пречек на изгрејсонце И таман се израдував дека го смалив стомакот од што постев, последниве два дена се претупанив од јадење Добро, доста се изназборев, заминав јас, ви посакувам убава недела
Ако на жената местото е во кујната, на мажот е на лизјето и никаде на друго место Среќа, се омажив за вистонски маж кој го воспитале дома дека жената треба да си ја сака, чува и пази. СДК дека имам мал милион предизвици пред мене и спремна сум да се соочам. Затоа е добро кога си самостоен и возрасен.
Сте се запрашале што е подобр, да сакаш без да бидеш сакан или пак врска без љубов? Искрено незнам, платонската љубов боли, повеќе одколку што можете да замислите, додека во вркста без љубов боли тоа што нема чувства..... незнам зошто незнам како, но сепак повеќе би претпочитала да сакам без да бидам сакана отколку да умирам во свет без емоциии.... (се надевам никогаш не ќе морам да бирам)