Отидов во Радишани, се изнаодев покрај реката одев, одев, одев се додека не сретнав чичко што си ги пасеше кравите и ми рече дека е од Љубанци. Тогаш сфатив каде сум орентационо. Си продолжив уште малку, веројатно после долго време ми беше прва можност да разбистрам глава. И си мислев на она: сами си ја кроиме судбината. Ама не, не си ја кроиме во ова општество. Ни ја кројат. Не бркаат. И сфаќам дека дека морам јас да го направам пак тој чекор, ама за долго. Тоа значи нов почеток. И не знам уште колку нови почетоци треба да имаме во животов. Се' ова што се случува толку деструктивно влијае на младите и на се околу нас. Многу луѓе не гледаат излез за себе. И само си викаш со што го заслуживме се' ова? И кој е излезот? А излезот ко што рече некој е надвор од границите на оваа земја. Тажно.
После неколку дена поминати со фамилијата, доаѓањето назад во Скопје е тажно. Наеднаш ја снемува сета таа позитивна енергија и еуфорија и сега си седам сама, додека чекам да ми се стопли вода за туширање. Супер си поминав за празниците, а од утре планирам да почнам да учам сериозно. Зошто кога не сакаме да видиме некого ја гледаме баш таа личност ?! Тој што сакаш да го видиш никаде го нема, како во земја да пропаднал. Ама ме изненади другарка ми секоја чест. Ми купила капче, обетки и приверзок од Германија. Многу си ја сакам, ама ептен ме разгалува
Пишал, жена без цицки, не е жена. Другар, да не ни беше срам да кажуваме дека имате мали куриња што се трошки во споредба со некои мажи, сите ќе гледавте у земја, а не да шлапате што било жена, а што не. Треба да сме и ние жените глупи, безосетни и идиотки, и на секој таков коментар, да му пишеме одоздола, па и тебе ти е мал, па не те срамиме пред светот. Ама, ете, мутави сме. П.С. Нема веза со моите цицки постов, мака ми е што хејтаат девојки и уништуваат самодоверба оти имаат компутери и интернет. Светот поради интернет тргна напред, кај нас лечат комплекси, се исмеваат на жени, на инвалиди, на болни, посакуваат смрт, колнат. Колку глупи луѓе има, да ти се поврати. ПРЕДЛОГ: На сите што пишуваат дека жените без цицки се вакви или онакви, сите да им пишеме дека им се мали курињата. Или дека не им се крева. Или дека свршува за 30 секунди. Или дека се расплакал после секс. Е тогаш да видам мажи.
Обично вакви коментари доаѓаат од машки што ме пипнале женско во животот, па ниедна не би знаела дали им е мал пенисот, или брзо свршува
Велигден-голем ден.Луѓе на сите страни.Радост и веселба.Голем христијански празник полн со ведрина.Неколку дена бев кај дедо ми.Обожавам кога цело семејство ќе се собереме на трпезата.Сабајлево се договоривме и отидовме на Лесново.Рај за очи и за душа.Внатре во манастирот е место за вистински одмор.Влегов и на жените и девојките и дадоа големи суќни.Потоа прошетавме дел од пештерите и дел од Злетово. Христос воскресе, и за многу години. За крај,кој вели дека Источна Македонија не е убава, м?
Instrukcii za postiranje vo temata 'Sto posledbo kupiv?' : 1.Postiraj sekoj den, makar I krem banana da si kupil 2.Obavezno napisi koj brend e I koja prodavnica (Mango I Zara boldirani ve molam, deka neli, golemi trendovi se) 3.Etiketata svrti ja od kaj cenata, neli mora da se vidi vrednosta I mal predlog od mene..Za cips,smoki, negazirana voda,poso nema cena na niv, slikajte ja fiskalnata E taka
Какво време дојде, да ти е страв да му помогнеш некому, после стравови од ножевите, т.е исмевање или игнорирање за тоа малце внимание што си го одделил. Веќе само за мене ќе си гледам, не се замарам за никој. Не можам јас сите да ги ислушувам и совети да им давам ко неарна, а мене кога ми е тешко сама да акам глава за решение. Крај! Туку некако празно се осеќам. Како некој да ми фали, како... Всушност и ми фали. Неговиот глас, неговите глупости, она седење на клупи до ниедно време и клештење,... Дешавките со него ми фалат. Мораше нешто интересно да се случе таа вечер. Убави спомени имам со него. Ми го исполни дневникот со убави сеќавања. Не знам шо ми е, изгледа ви се заљубив. Ајде лека ноќ на сите!
Го сакам Скопје, родена сум и 20 години живеам тука, ама понекогаш толку не ги сакам луѓево, па не знам... ми доаѓа стварно со трчање да си отидам и да не погледам назад. (На страна тоа дека со мојава кондиција нема ни да излезам од Скопје, ќе папсам негде докај Центар најверојатно ) Од друга страна, ептен ми е криво што не можам да најдам повеќе слободно време за да си го спастрам животов... Студирам, одам секојдневно на предавања, трчам на работа, запознавам секакви фаци во текот на денот, захтевни муштерии на кои круна им паѓа ако се напијат од продолженото еспресо у мала шоља па те замараат дупло отпосле, имам врска од година дена, имам прекрасен дечко и другарки, ама на крајот од денот силно ми пулсира мислата во глава дека никој не ме разбира. Никој не разбира кога сум уморна и не можам да излезам, никој не разбира кога не кревам на телефон зошто сум украла саат време од денот за да дремнам, никој не разбира кога не сакам да излезам во диско туку на обично место зошто и онака нозете ми се тупан од стоење по цели денови. Притоа морам да натегнам и тренерки и да одам и да вежбам, зошто најлошо се чувствувам кога и телото ми создава дополнителен притисок, а немам па кај да избегам... И еве, не знам дали сама си создавам непотребен стрес на 20 години, ама имам потреба од независност и созревање во поглед на исполнување обврски и организирање време, зошто одувек бев најлоша во тоа, а парите доаѓаат само како награда за трудот. Зошто Господ ми е сведок колку се трудам и колку не сакам да се откажам. Морав да се искажам простете. И онака сите други мислат дека сум преодморена и дека сум преисполнета, пуна себе и пресреќна. Еве, ова нека тогаш биде наша тајна... Добра ви ноќ, моќни жени!
Во денешно време сите некаде брзаме, сите немаме време, сите сме преуморни за малите ситници кои го прават животот убав!!! Среќа е што одвреме - навреме имаме празници во кои покрај тоа што ќе спремиме и изедеме тон храна, ни останува малку време да се видиме и помуабетиме со на нас милите луѓе... Луѓе кои ни се блиски роднини или пријатели, луѓе кои ги сакаме во наша близина, луѓе на кои помислуваме често, а немаме време да ги видиме или да им се јавиме по телефон!!! Како поминуваат годините (т.е како стареам), сваќам дека животот е прекраток за сите оние „крупни“ залаци кои си ги поставуваме како цел... Сваќам дека треба малку да се успори, малку да си се посвети човек сам на себе, а и на оние кои си ги сакаме!!! Голема прегратка и малку муабет за празниците, со милите ни луѓе ќе ни ги наполни „батреиите“ за следните работни денови... До следниот празник...
СДК многу брзо ми минуваат деновите а тоа многу ми смета. Зошто едноставно неможеме на раат полека да уживаме во деновите. Од сето брзање, работа, фрки, гужви забораваме да живееме.
Ми е страв среќна да бидам! Постои ли таква болест жени? Не сум навикната вака, впрочем цели 23 лета трагам по убост, а сум била среќна само на површината од моето битие, она да гребнеш нежно и да ти се закачи нешто под ноктот. Е толку, во споредба со она што сега го чувствувам! И се плашам, дека телото ми се тресе од убавина, а аурата трепка околу мене во невообичаени бои. Ќе потрае ли?
СДК...не давајте помош на некого ако не ви ја побара !! Таквата помош не се цени иако сте дале се од себе. Во денешно време ако видиш дека некој се ,,дави,, слободно бутни го бидејки ке те повлече и тебе. Толку. П.С.Христос воскресна
Да се надоврзам на еден муабет од погоре... девојки, местото на жената Е во кујна. Со чаша вино во рака, гледајќи го мажот дур готви. Не, ипак не пливав во Грчка за Велигденов од причина што се помести тоа пливање за 1ви и 2ри мај, бар се надевам дека тогаш навистина ќе се реализира. Ама затоа бев на релација Вевчани-Струга-Охрид. Сакав да постирам некоја слика, ама дека од камера се многу големи, така да друг пат. Среќен празник!! Да ви донесе прво мир со себе, а после и со другите. И убавини на сите страни.
Деновиве исполнети до максимум, си ги поминав само со блиски и драги луѓенца до мене. Не ми е јасно само како можат луѓево на вакви убави денови да седат во центарот на градот во некој кафич и да голтаат прашина. Се гушам само што ги гледам. Како и да е, јас се изнашетав за сите пари, се изнагледав убавини и зеленила, дишев со полни гради. Му благодарам и на временцево што не' послужи и така добро се држеше. Љубов, му благодарам на Бога имам и повеќе од доволно, а тоа ми е најважно. Чекориме заедно кон животот и сме едно. И покрај празникот и храната во изобилие останав доследна на своето и добро се држев, ништо повеќе од навистина потребното не изедов. Послушна сум си јас, си ги слушам докторите. Како што и постев претходно, и да сакав, не можев да јадам многу. На повидок нови можности. Полека, скромно ѕиркаат ама ги има. Па со тоа полека наѕираат и нови планови. Ама исплашено, тивко си ги шепотиме, не за друго, туку да не слушне Марфи па да биде смешно после. Се' на се' деновиве сум наполнила батерии и очекувам да ме држат до кај 1 мај. Па после уште една тура природа.