Без разлика на каков и да е денов и оваа недела после празнициве,без разлика како и да се чувствувате,насмејте се и посакајте си убав ден,затоа што вчера е минато денес е само момент а утре ништо не ни е загарантирано . Поздрав форумџики
Убав сончев ден, јас излезена на чист воздух ги „фаќам“ и најситните делови од природата. Меѓудругото во фокус ми се појави и една мала бубачка застаната на цвет. Тек после откако дојдов дома и ги отворив сликите на компјутер, видов дека не е една бубачка, туку две. И се парат
Во денови како овој само сакам да се стуткам во ќебето да се нурнам длабоко во книга и да исчезнам. Се зафаќам со милион обврски,ни една немам завршено докрај сеуште. Магистерска, фотографијање, план за летна авантура надвор од тука и сега пишување текстови. Наместо најмотивирана јас се чувствувам ненормално демотивирана. До мене е. А сите во мене гледаат и очекуваат и повеќе од само резултати. Не само другите, пред се-себе се разочарувам. Што ќе да беше оваа апатија и мрзоволност, проклета нека е.
По прв пат во животот сакам да дојде лето, сакам да уживам во секојдневното сонце,да се излежувам на плажа, да уживам слушајќи го морето или пак да се сончам покрај базент и да пијам коктели.Сакам слобода,сакам уживање,журки,излегување, сакам ЛЕТО.
Dali ima nekoja clenka tuka sto naracuva od aliexpress? ako ima neka mi pise nekoja hitno mi e... pozdrav.
Потрагата по одговори за суштински прашање знае ненамерно потребно да ја вклучи сијалицата во некоја од чудните улички на лавиринтот и да ни светнат потпрашања што ќе не поттурнат со побрз чекор да го најдеме скриениот излез. Одговорите не ги наоѓаме секогаш во расказна форма во каква што посакуваме да ги откриеме. Знакот точка се повеќе се истиснува од нашата реалност. Во играта од можни комбинации, реторичкото прашање го поставуваме таму каде што ќе ја отплеткаме целта. И тогаш постои нешто спакувано во непозната форма и големина што ја попречува ориентацијата низ непрегледниот простор. Всушност, излегувањето низ излезот не ни ветува дека сме се ослободиле од купот прашања и потпрашања. Тие се тука и лебдат над нас како надуен балон се до следната обиколка низ сложената животна градба.
Куферите ми се спрени и чекаат во соба... Секогаш оставам едно мое парче како знак дека пак ќе се вратам. Оставам дел од себе, ги оставам оние кои ми дале живот и се грижеле за мене Ја држам цврсто во прегратка, го слушам нејзиното срце кое чука за нејзината рожба. Со едната рака ја стега мојата а со другата раката на сестра ми. Безброј пати не бакна, не милува, се радува на своите чеда... Секогаш на разделба чувствувам некој немир во душава...
СДК дека... Толку сакам да направам нешто добро, но... Само продолжувам со погрешни одлуки, лоши избори и непромислени постапки... П.с- што е со оваа депресија што сите ги зафатила... Ги слушам луѓето околу мене, ги читам постовите тука, се анализирам самата себе... Негативна енергија како темен облак да надвиснала над сите
Значи мислам дека сум родена да се опрчувам по некои плажи Сега моментално за нешто такво сум расположена ептен... Морам некој период од животов да го поминам на некоја дрвенка куќичка на обала. Како поминува време така сум се посигурна дека сум била сирена во некој претходен живот. Се затопли малку и толку ми требаше да се фрлам на барање летна позадина за на телефон и компјутер. Си се смешкам и ми доаѓа да тријам раце кога ќе се замислам што се би можело да ни приредило летово оваа година. Ај пријатна ви вечер. Ваша М,
Машки трофеи, колку девојки имаш легнато...девојачки трофеи, колку машки си корпосала. И после се прашуваме што не е во ред и зошто толку е комплицирано...
Сакам да кажам дека сум онака роденденски расположена :3 Нека е среќен роденденот на Ема Ватсон (my princess) а успат и мене И повелете на торта (ех што ми прави интернетов со торите, сакам да ги изедам са ... )
Мај лејдис дојдов да ве почастам Јас иначе желби не замислувам, незнам зошто, ама сеа имам голеееема богами, Да малце побавно оди времево, што му е филмот што е ова брзање. имајте и Вие убав Ден
Преку глава ми е од некултура, од себични луѓе. Да имат сите разум и да бидат нормални, светот би бил одлично место за живеење. Ама не е така, за жал. Сите си мислат за себе, постојано бараат од тебе, а ништо не даваат за возврат. Учам како да кажам не, а изгледа и ќе научам, епа тогаш ќе видиме. Користољубиви луѓе најмногу мразам, од таквите, подалеку. Уште што не ме изнервира денес, а кога ќе се сетам уште што се треба да направам, а не сум ниту започнала. Еден од таквите денови е, нека не ми замеруваат.
СДК .. на најголемиот празник напишав неубав пост..резултат на гнев. Бев добра хрстијанка и помогнав некому, скришно од домашниот буџет извлеков евра и дадов на заем...ке ми ги вратеше за 10-тина дена од кредит кој чекаше да и го одобрат. Од тогаш поминаа година и пол.Не и се јавував за празници , нови години...да не помисли деа и се јавувам да и барам назад парите на заем. Бев фер и коректна. И ги побарав и ми рече дека нема ама за 10 дена ке ми врати се Дома ми се појавија проблеми.Прво, што не кажав, а второ нам ни требаат а ги немаме. Таа се давеше, ја бркаа, и исклучуваа струја, ја гонеа извршители.... Во меѓувреме си ставаше нокти од акрил, си уплати за да полага за возачка, одеше на фризер еднаш неделно... Јас од горново-НИШТО... Епа нека ми прости Господ, ама нареден пат кој ке се дави ке го бутнам.
Бев средно школо,еден викенд заминав кај најдобрата другарка,која живееше во едно планинско место.Една вечер смееќи си изненадно влезе нејзиниот татко и ја претепа нејзината сестра која спиеше во иста соба со нас,без причина.Тие вриштеа а јас во шок незнаеќи што се случува останав занемена и исплашена.Другиот ден кога станавме се беше како ништо да не се случило.После 10 години го сретнав тој човек,нивниот татко,шеташе низ чаршија со укочени раце и чуден поглед.Слушнав имал тежок инфаркт и останал неподвижен во рацете.......Не се сожалив..........судбина!!!!!