Со тебе сум, се додека постојат такви себични ликови и јас ќе бидам таква (Лажам). Сигурна сум дека и ти лажеш.................
Луѓето велат ,,Следи го твоето срце'', но ако срцето ти е искршено на илјада парчиња, кое парче ќе го следиш?
Легнав да се одморам ама станав поизморена. Можеби затоа што тогаш на некого му текна да се тушира, да траска низ соба и сон не ми дојде. Убав денов и денес. Ајде малку во читална и на шеткање.... Не вреди за никого да се губат живци....
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=66734 Па дали овие се нормални бе? До кога само споменици ќе се ставаат на секој чекор во Македонија, особено во Скопје. На што личи главниот град на Македонија, излезеш ли од дома се некој споменик ќе сретнеш по патот, мислиш си на гробишта, све околу тебе споменици. Народ нема леб да јаде, нашава држава само се расфрла за непотребни работи. Што корист имаме ние од тие споменици?
Само што ја видов првата ластовичка годинава, а и лалињата во двор конечно ми се сите расцветани стандард, црвени и жолти - преубави се ! Конечно и посакувам добредојде на пролетта,редно беше да ги покаже убавите страни
Многу ги мразам оние реченици и смешни клише одговори кога ќе прашам некоја личност како го поднесува поразот, и оваа ќе почне да вергла нешто во стилот - поразот е составен дел од животот, кога ќе паднам веднаш станувам на нозе, неуспехот е само лекција и поголем мотив за понатака, од грешките учиме, во секое лошо има добро, после дождот сонце идело, дрн, дрн... баш многу одвратни, квази филозофски фрази. Јас лично, многу тешко се опоравувам после личен неуспех, нервозна сум и агресивна со денови, недели, а некогаш можам да го влечам и со месеци. Сметам дека ретко доживувам порази поради мојата упорност и добро што е така зашто во спротивното сценарио, не би можела да ги прикријам оние мали траги и ситни детали кои ги оставам зад себе како парчиња од сложувалка кои кога би биле внимателно следени и составени, водат до една голема слика која многу би сакала да можев отворено да ја покажам за да видиш и разбереш колку вредат сите мои лажни насмевки, совршено насликани со тажни пастели. Инаку ова е мојот омилен период од годината зашто обожавам јајциња, а сега конечно сите може да се пофалиме дека ги имаме. Некој големи, некој помали, некои се искршени, здробени или полуизедени, а некои многу внимателно си ги чуваат јајцата на безбедно, најверојатно за некоја наредна прилика... зошто не е Велигден барем неколку пати годишно?
Коко Шанел воскреснува и пак умира секогаш кога ќе ги види тие ваши фантастични комбинации од хеланки носени со сако и ... некои чизма/патика топук кондури, као за кежуал ми се, ама не ми се. Едно со едно парче не е споиво и изгледа вулгарно. Како безвкус има по градов. Лани подобри бевте, мајке ми. Сега запролети и само вакви испади со доцртани усни гледам низ град.
Браво за кармата која ме удри денес. Не одам на факултет, не можам да се пожалам, не учам, ништо не сум ни била да полагам оваа година, си лабавам по дома, и шетам. Да, многу сум корисна нели? Избегнувај, избегнувај, на крај од глава ми се удри. И не дека е страшно што ме виде професорот кој прашува за мене, но незгодно ми падна. Јбг, не можам до до толку безгрижна да бидам па да не ми е гајле. Оф, ни сама не знам што ќе правам со себе и со својот живот.
Срам ми е што се задоволувам со малку, а не сум воспитана така, а и знам дека можам повеќе. Се задоволувам со малку затоа што сум мрзлива, неодговорна и оставам за утре. Татко ми сигурно се превртува во гроб, а мајка ми секој ден ми зборува да почнам да се средувам иако и е драго што сепак почнав да станувам поодговорна, почнав да работам иако за ништо и што се трудам секој ден да најдам нешто можеби за нијанса подобро. И иако сум свесна од каде треба да почнам ако сакам да успеам и да не се задоволувам со трошки, туку да почнам да се ценам себе, јас оставам пак за утре. Утре навистина имам битна работа, за која многу се надевав, се потрудив да добијам секакви информации, дури и замолив за услуга таму каде што реков дека нема, а јас не седнав да одвојам еден час за да го исполнам тоа што треба. Сега чекам сите да си легнат за да можам во тишината да седнам и да пишувам, да не биде залудна цела надеж. Си патам сама од себе.
Многу се радувам, добив 5 на лото! Прв пат во живот уплаќам и добив Не е голема добивка, 900 денари се, ама битно е дека е среќичка.
Јас денес отворив балкон сезона . Уште липите ги чекам сега да се размирисаат . Баш како што седнав на нет, гледам дека уствари е задњи ден денес од грејна сезона... коинциденција или не, јас утре ќе пресредам шефоњер и се зимско иде у залеџу . Друга работа, битна да се спомене е дека денес ме пукна филм да имам олд тајмер ауто. За 5години од сега рачунајте или тоа или џип. У друго не ме гледате. Чао, журим. Ваша М,
Во вакви преодни периоди од годината, куќава ни е хаос. Закачалките се преполни, зашто секој треба да има некое потопло капутче на располагање, ама и некое потенко мантилче. Не знаеш следниот ден дали ќе биде жешко или ќе студи. Шкафчињата во ходник се преполни, па се тепаме кој попрво ќе си најде место за чевлите. Нешто слично на барање слободно паркинг место. Ама тоа е кога не знам дали ќе ми требаат пониски чизми во случај да врне, или цветни патики во случај да пукне сонце. Плакарот ми е катастрофа, веќе не знам што да вадам, а што да складирам. Секој ден се канам да ги земам зимските капути, да ги ставам во кеса и да ги средам со правосмукалка, ама навечер кога шетам смрзнувам со потенка јакна. За тоа колку ми се кутиите со чевли несредени, да не почнувам... Два саати си барав едни кондурчиња, а си најдов едни што сум заборавила дека ги имам. Баш ми беше онака - Сапрааајјјззз Јас убаво сум си ги потпишала кутиите, ама ми се испомешале. Од кутија со „кожни темнозелени балетанки" излегуваат циклама штикли И тогаш сфаќам дека ниту еден пар не е во својата кутија. Па си се почувствував како Моника од Пријатели кога испаничи зашто сите цедиња од нејзината колекција беа измешани и ниедно не беше во својата кутија
СДК неколку работи на неколку различни теми за кои размислувам деновиве но ќе се одлучам за една, да не ми дојде многу наеднаш. Имено, се повеќе и повеќе сум убедена дека вечна љубов може да биде само (И ЕДИНСТВЕНО!) невозвратената. Во моментот кога една личност целосно ќе ти припадне, почнува удолницата на кривата „љубов -време“. Кај некои тоа движење низбрдо се одвива побрзо кај некои побавно, но онаква константна, истрајна, непроменета љубов може да чувствуваме само доколку субјектот на нашата афекција не ни е целосно предаден. Свесна сум дека тврдењето звучи грубо, математички и сувопарно но ако го анализираме подлабоко доказот за неговата вистинитост ќе го пронајдеме во секој од нас.
Една минута молк за оние филмски љубови , кои завршиле онака неславно и нечујно, посебно е чуството кога од нигде никаде ќе те удри некој филм во глава од минатото , и не си сигурна дали ти си тоа што го гледаш на филмското платно, или судбината одлично си поиграла со вас ,вашата улога му ја додала и на друг! Ех, судбино , зарем мораш, да ми правиш вака ?!
Манијачиш, манијачиш, мајнијачиш и оп лајк на песна од 2012. Знаеш дека е време да си легнеш. Убаво викаше другарка ми, од многу арно не е на арно. Си напраив бајрам на мозокот левел затрескана тинејџерка. Што би рекол Мартин Вучич, рано е да се врзам, да ама за прихијатриски кревет, за другото и не е. Ама времето ќе покаже. Лека ноќ.
Малце сонце блесна, Сандра - болна! Мора така... Студој, зими, туткај се, треси се ништо не ми е. Ќе запролети, и толку ми треба! А утре ќе си бркав работа на факултет, петок ќе си излегвав, недела сум на свадба... Сега ништо ќе дремам ќе се штедам за на свадба. Ексик веќе. Се ме болииии.. Every inch of my body.
Kakvi ludi idei imam vo 7 sabajle, ama aj da spodelam Trebase na 1 April da si napravime edna Femcmina zabava vo nekoe kafule i da dojdeme obleceni slicno obleceni kako sto ni e avatarot, da vidime koj kogo bi poznal