Значи, не ги осудувајте луѓето кои имаат малку, или малку повеќе, поинаков избор од вашиот. Ајт, имајте убав ден, и не заборавајте дека сите имаме различни преференции. И единствено вашата сенка може во целост да е согласна со вас. Ајде, климнете главите.
СДК... Не размслувам дека некој е сиромав, ако она малку што го има е доволно за него. Тоа е она што е вистински негово и никогаш не е рано да воспостави заштитнички однос. Доцна е да почне да го менува текот на времето кога ќе стигне до талогот на дното од бурето. Количината што останува таму е малку и со лош квалитет.
Сдк... Искористего секој ден максимално позитивно,затоа што утре незнаеме што може да се случи,мораме да бидеме оптимисти без разлика на случувањата.
Колку само ме расположува вакво време... милина Гледаш после долгата зима, децата пак на улиците си играат, насекаде има врева, сонцето сјае... што друго да посакам за денеска кога се е преубаво Ви посакувам пријатен ден
Сонце, сонце, сонце. Да не претерувам, некој дожд да не ни заврне. Денес сум весела и тоа премногу. Денов е преубав, одличен за шетање, и овој пат нема да ја испуштам шансата. Ќе ми бидам на relax mode, си дозволувам да си земам одмор, заслужив. И онака викендот ќе биде турбо. Единствениот пат до успехот е работа, работа и само работа. Понекогаш сум навистина мрзелива, и со прст не ми се мрда, но знам дека можам. Знаење + самодоверба = успех. Имајте убав ден. Барем за миг заборавете на грижите, насмевнете се и уживајте во сонцево.
Сакам да имам точак,бел со плетена корпа напред и во неа цвекиња штотуку наберени.Но не спортски точак,него женствен со големи тенки тркала.И сакам да носам шешир дур возам и тенок цветен фустан и да ми дува ветерот во коси.
Искрено навистина не знам што ќе правам со својов живот. Факултетов ич не ми е погоден, насила одев минатата година, насила учев, оваа едвај неколку пати сум била, не можам. Ми се лоши од самата помисла. Оф.. А, си велам не смееш да се отпишеш, мајка ти инфаркт ќе добие, но јас ако продолжам вака ќе се уништам. Гајле ми е за мислењата на останатите, битно ми е јас да сум си задоволна, но неа не можам да ја разочарам бре.. А што ќе правам ако се отпишам? М? Две години ми поминаа, јас ништо не сменив кај мене. Нити си ги исполнив ветувањата и целите кои си ги поставив. Опцијата која што најмногу ја сакам, да студирам во странство е скоро па и невозможна. Ете тоа најмногу ме мачи. Најмногу болка ми предизвикува тоа што никогаш нема да си ги остварам соновите. Никогаш нема да бидам комплетна без тоа делче од мозаикот. Џабе ми е сонцево, кога мене не ми ја затоплува душата. Џабе ми е веселата песна на врапчињата и ластовиците, кога таа само уште повеќе ме растажува. Проклетство, големо проклетство е животот без тебе тато, ти ќе знаеше како да ми помогнеш, како да ме усмериш на вистинскиот пат.
Жени и девојки, морам нешто да Ви кажам. Кога ке видам влошка на улица ми доага да врескам од срам исто како моја да е па мајка му стара, оставете барем адреса, ако ви правиме крвна слика да има каде да ви ја пратиме Срамота е и ГНАСНО Е
Ми треба тенка хартија на која ќе ги истресам сите чувства и емоции, без оглед на нивната соддржина. Потоа сакам да ги свиткам убаво и прегледно, за да почувствувам како андреналинот качен на ѓаволски ролекстер во полн ек вози низ моите набрекнати вени..Ми треба само еден дим од чистата околина, макар една воздишка, со која ќе ги наполнам плуќите, за потоа под рака со Џара да трокираме по ѕвездените јадра, дур иронично им се смееме на сјајните спектари кои бавно трепкаат во ноќта. Но, го нема ниту Џара, ниту волшебниот прав. Суша е...
Јас вчера и денеска се изнашетав за сите мераци. Утре повторно и така додека има сонце. Мора да се искористи максимално.
Сончево априлско попладне поминато на тераса со цеден сок од портокал, додека од надвор до тебе допира мирис на свежо искосена трева, звуци на лулашки и џагор на растрчана група комшиски деца излезени на жмурка во блиското паркче... Поубаво? Нема!
Како жениве со шминката, така маживе со брадите и косите. Со новиов тренд од никакви маженца се станавте саде мажишта. Од такви што фармерчињата им беа како хеланки, загелосани во косите, сега кој од кој побушав во репче или зафениран наназад... Ај нека заврши модата да си останат правите мажи на пазарот, од ова помодариве здосади.
На денешен ден пред точно една година дојде на свет мојата причина за живот. Од кога ја земав, буквално секоја минута ми била измината во смеа. Ме извлече од толкава дупка и ми даде толку многу мотивација што ни најдобриот терапевт на светов не би можел да ми даде. Минале и денови кога ме вадела од такт и ме нервирала, но бар знам дека и јас сличното го правам, па со тоа се тешам... Како и да е, да живее уште најдолго и да имам незаборавни моменти со неа. Нека и' е среќен роденденот.
Sakam da kazam deka ke se utepav od kabelot na pravosmukalkata ne mi besee pusten cel kabel me mrzese da go izvadam i takaa i im treba na onie mrzelivite kako menee i stekot malku izleze nadvor od zidot
Добро до таму ли стигнавме? На улица ли менуваат влошки? Јас мислев дека врв на некултура е кога во јавно веце во кантата за ѓубре ќе видам незавиткана како на тацна сервирана влошка сите да ја гледаат, ама сум се излажала имало уште понекултурни