Го сакам, ма не го љубам она чувство на почетничка заљубеност, свежи емоции, кога целото тело ти трепери од студ, а не ти студи, како да си на екстази, оргазмично реално и суштински. Љубовта е најсилната емоција на светот, создава и уништува во исто време. Јас, проклето, живеам за љубов... Тоа чувство кое не прави да сме вистински живи а не полусвесни роботи кои итаат по пари, моќ, престиж и самозадоволување на егото. А реалноста- шуплина наместо душа. Ми доаѓа да нашкрабам некој своеличен прирачник за како да се сакате себе си и да САКАТЕ да САКАТЕ исцрно и истошувачки додека не испуштите душа и да застанам на сред трговски и да делам, бесплатно. Зашто некој не губи кога љуби така, себедавајќи се исцрпувајќи се до срж, само добива, без разлика на исходот.
Сакам да кажам дека како јас да сум го напишала ова... Само ќе додадам- и секогаш пред самиот крајот се откажувам Се надевам дека ти ке бидеш истрајна за оваа работа што ти значи. Ти посакувам среќа
Имаме многу причини да бидеме среќни само понекогаш не ги гледаме од многуте проблеми. На нас е да одлучиме дали да бидеме среќни поради тоа што го имаме или да тагуваме по нешто што го немаме, а јас одбирам да бидам среќна. Ти благодарам и имај убава вечер
The powerful moment when one little smile can change your world within a second. Мојата психофизичка состојба се смени за 365 степени! Навистина, нешто што го чекаш ќе се случи кога најмалку очекуваш!!! Не мислете премногу, се ќе се среди моментот кога ќе бидете преокупирани со нешто друго. Ве сакам сите!!!
Сакам да кажам дека .. 1. Додека веќе сите знаат дека живееме динамично и нездраво, зошто сите заедно не се обидат да го успорат и да тргне на подобро ?? 2. Кога анкетар ќе ти каже дека за 5 минути ако може да одвоите, одма знаеш дека ќе те окапе 30 минути и повеќе.. 3. Пушташ official video од некоја песна, и можеш да одиш до WC да мочаш и додека се вратиш таман ќе почнат со пеење. 4. Дојдов, Видов, Победив.. Кога станува збор за студент и полагање .. Дојдов, Потпишав, Предадов 5. Простине боди билдери бараат само маса, маса, маса .. а кога ќе им кажеш дека даска имаат во мозокот. се лутат .. ЛоЛ 6. Кога бев мал во спотот на песната "Немир" Тоше и Каролина ги сметав за дечко и девојка.. 7. Оваа точка нема да ја коментирам.. 8. Природава добар баланс ни нуди. Кога грее сонце сите се радосни а кога врне дожд се паднати во депресија.. Којзнае лани летниот период каков ви бил, цело време дожд.. можам само да замислам
Некогаш упорно сакаш да промениш некои работи, карактеристики, навики, односи, кај себе или некој друг и водиш битка со себе, со луѓето околу себе, да успееш. Ама залудно. И моментот кога сфатиш, се прашуваш зошто не си се откажал првиот пат кога ти паднало на памет дека немаш моќ да го промениш светот? Некогаш немаш моќ ни да промениш нешто кај себе. Ти останува само да се научиш да живееш со тоа.
Оф значи страшно мразам свадби, многу селска работа ми се. И мразам кога некој ме убедува на нешто, и одма ако не делиш исто мислење не било така, не си во право.
Си купив шоља од Џамбо. Оние белите, со розеви туфни и розе внатрешност, огромна и многу убава. Денес ми испука само што ставив врел чај во неа. Била керамичка. Ја видела мајка ми и ми влегува во соба...со кус час по аристократија. Добро бе, што купуваш глупости? Знаеш ли ти да влезеш во Ројал хаус и да купиш една ама вредна порцеланска шоља, макар била 1000 денари? Запамти! Значи ти викам ЗАПАМТИ ако во животов не бараш поише, ќе добиеш ич! Сакам само фини работи да купуваш! Розалинд - Енглески (да, енглески...екхм) порцелан. Кобалт - Чешки (наброја тука уште неколку видови кои не ги запоминв, запомнив само кинески, јапонски, француски, германски и не знам уште каков) Па и ми купуваш таму некои шољи со џемперчиња, па гледам им ги испрала џемперчињата и ги закачила да се сушат, боооог да чува. Какви генерации сте бе, уживале! Како не, уживале, пијте кафиња во тоа хартиите во Старбакс и мислите знаете што е убаво... Ок...јал е сноб или е аристократ, ама еве гледам затоа скршивме три порцелански украсни овали кои трауматично ги преживуваше и никогаш не ми стана јасно зошто, сега барем ми е. Да луѓе, турски марш ми се чини одеше во позадина, па тоа несвести, дури имаше и очаен обид да залепи еден од нив со суперлепак... Мислам така е со секоја тага, прво си во негирање . Па после прифати и довлечка некој нов. И два сервиси шољи кои стојат за украс, ни се па за специјани гости, видов колку се ужива. Кафе си пијам у шоља од гранд кафе секој факинг ден... Утре сабајле и смути и кафе и чај ќе пијам во шољите па последно ми било. Ако чуете на вести - мајка претепала ќерка зошто пиела од порцелански шољи кои намеравала во чеиз да и ги стави, ние сме. Ама у суштина... па ја разбирам бе. Ваљда доаѓа тој период во животот кога ти се остри вкусот и реагираш на вакви ситници... А татко ми доаѓа, вика што е бе бука, слуша, слуша и замавнува со раката и вика у реду е госпожа и си заминува. Ех животе... да не ја знаев реалноста своја, ќе си мислев дека сме милионери и ручаваме секој ден со сервис од 5 дела чинии и 6 дела прибор за јадење, секако и со по три чаши. Ама оваа куса лекција сериозно ме подзамисли колку тонеме во кич и глупости кои навидум се евтини, но на долг рок ебано скапи, а полниме џебови на некои таму газди кои токму пијат кафе од скап порцелан, ние додека се лигавиме на хартиени чаши и си мислиме...господа за муда сме го фатиле и сме класа (до душа...нека си се најдат тие што така мислат, јас на старбакс не паѓам... ебано скапа ништожнина која ме најадува, а не напива и ме дебелее, а не првонаменски да ме освести, освежи и раздвижи, но тоа сум само јас која пијам кафе и чај од керамички шољи, па уште и добиени гратис со 500 грама кафе, па што!!!).
Пред некој ден си читкав низ форумов и решив да се логирам, кога испадна дека 4 години сум делче од форумов па ме обзема некоја радост, пријатно чувство, топлина некоја.. Среќа де, среќа што кога ми било нај тешко тука сум пишувала, бесот сум го истурала, сум се смеела до солзи...па ми текна на Хипстер и Дузи ептен ми се мили одамна ги немам прочитано а и некако тој период ми го обележаа на форумов, кога и да налетав на нив со мерак ги читав.. Ма свашта. И така си читав мислења за тој период 2011/2012 и сфатив колку работи се сменија за овие 4 години... Многу луѓе ми прошетаа низ животецов, секој со своја цел. Во многу ситуации се најдов кои ме променија како личност. Толку многу поминато, толку многу пресврти и што ти не, и пак на крај успеав да се пронајдам себеси и имам сосема нови луѓе покрај мене... Што искрено мислев дека нема да ми успее затоашто во само еден момент се промени се. Околности во кои бев помеѓу луѓе без грам човечност во нив кои ми ја испија душата. Е овие новите ми луѓенца ме кренаа на нозе, клоца у гз и почнав чекор по чекор. И така дури сега се освестив дека успеав, успеав да го надминам најголемиот пораз и да ја победам најголемата болка. Ме грее душичката, ме радува тоа што ме исполнува факултетот и се пронајдов целосно во таа струка, ме радуваат сите оние кои се околу мене па заедно си одлепуваме, ме радуваат моите дома, ме топи кутренцето а и оној мачорон што ми гази по нерви. Ма полна сум убавини, љубам со цело срце. Со мала доза паники што следната година заокружувам на 20 годинки Кога стигнав до дваесет... Ама затоа тука на фемина ќе наполнам пет па ете тоа нека ме теши Си кажав тоа што имав е сега ќе си легнам, имајте нај убав викенд!
Naogjam ubav recept.Se raduvam.Citam potrebni sostojki : pola opas od krokodil, perje od paun I jajce od noj...Mislam Kaj gi naogjate nekoi sostojki, Iskreno ne sum ni slusnala za niv.
Добро утро, ма лејдис. И така, ден по ден, дојде и овој ден. Го чекам околу месеци и сега конечно ми е на дофат. Можеби и не е нешто големо, ама за мене е едно ново огромно искуство. За неколку часа ќе бидам во автобус на пат кон Скопје. Не знам колку од вас се сеќаваат, ама некаде пред Нова година, добив награда од конкурс, и токму денес е фестивалот и треба да ги читаме. Не знам за вас, ама следните два дена веројатно ќе останат со мене до крајот на животот. Затоа, како по обичај, навратив за да ми посакате многу среќа, бидејќи навистина ќе ми треба (со оглед на тоа дека првпат ќе си го слушнам гласот на микрофон ). Ви посакувам да имате прекрасен сончев викенд, мојот несомнено ќе биде!
Силно блеснат ден. Мирисна мотивација на јоргован се пробива меѓу ѕидовите и измамува погледи во разнобојна игра. Утрата започнати со насмевки и дополнети со нежно галење по образите се стремеж за нови стартувања. Сонцето инстантно ни го променува расположението. Ги истерува лошите мисли, ги суши накиснатите чувства со неговата топлина и создава простор за позитивни искри. Грандиозно се искачува на небото и ни праќа светлосни сигнали да излеземе и да му се придружиме се до моментот кога се поздравува со денот. Ни го буди палавиот дух и не прави немирни. Ни дава енергија и елан за живот низ предизвикот се да сакаме. Не потсетува колку сме среќни што го вдишуваме секој нов здив. Ни продира во стомакот и ни ги бранува љубовните емоции. Ги подредува контурите на лицето и ја фотографира насмевката. Подготвеноста да се дружиме со неговите зраци низ патоказот на движење е повеќе од потребна... Затоа што следува период на тенки кошули, кратки маички, лелеави фустани, куси панталони, балетанки, очила за сонце, сандали, тенки марами, платнени чанти, светли нијанси на лакови во боја, студени пијалоци, овошни сладоледи... Месеци исполнети со многу топлина, патувања, забави и аморови стрели. Вистинската сигурно е меѓу останатите. Невозможно е да не ја почувствуваме љубовната магија некогаш и некаде. А убаво е да биде и сега...
Деновиве ми текна на една случка од пред некоја година. Кога шетав со две другарки спроти нас одеше еден постар човек и културно нé праша дали имаме пари да му позајмиме. Најверојатно му требаа за лекови или за храна. Не носевме пари бидејќи не одевме некаде по кафулиња,само пешачевме,му кажавме дека немаме пари. Е подоцна,случајно видов во џебот од фармерките дека има пари,не доволно колку што ни побара човекот,но сигурно и толку ќе послужеа,остатокот ќе го побараше од некој друг. Тие парите најверојатно останале заборавени во џебот од некогаш кога сум била излезена. Ги најдов парите кратко по узминувањето со човекот,се вративме назад да го побараме ама заминал. Претстава немате колку ми беше мака тој ден,па и јас глупава не да проверам убаво во сите џебови...Ми дојдоа солзи на очи,ептен ми беше жал. Можеби некој од вас ќе си рече измислувам,ама сé ce cлучи како што опишав.До ден денес се прашувам дали човекот најде од негде пари... Ми остана во мисла ова... ********** Друго што сакав да кажам,а нема врска со ова претходново,е дека долго размислувам за промена. Не физички,туку карактерно. Сакам да станам подобра личност,да се обидам да сменам некои мои карактерни особини,да пробам да ѝ помогнам на една личност која долго време се запоставува себеси и да се потрудам да направам нешто со кое ќе се гордеам. Имам некои идеи за кои со никого немам разговарано бидејќи не сум сигурна дали ќе можам да ги остварам. Со нив ќе бидам окупирана летово и се надевам ќе успеам. Знам дека упорноста и истрајноста се клучни за успехот. It's time for change,i'm ready for it.
@Lilit во право е мајка ти, треба да уживаш во животот а уживање е и пиење кафе од убава порцеланска шоља. Никогаш не ја разбрав таа работа околу чување работи за гости, чим сум купила нешто ќе си го искористам за себе а не гости да ми уживаат а јас да пијам вода од никакви чаши. И децава уште од сега ги учам да пијат и јадат во убави тањирчиња и чашки а и мм е таков сака кога ќе седне да јаде сака да му е убаво сервирано и во убави тањири сака да јаде. Им се чудам на комшиите што ги имам албанци од Мк, куќи огромни имаат внатре средени по најнова мода, плазми огромни, кујни од соништата а тие се набутале во гаражите таму имаат импровизирани кујни и ците таму дремаат цел ден, горе само за гости. Што е поентата да имаш таква убавина од куќа кога ти не уживаш во неа кога ти е само за престиж помеѓу себе, чудни луѓе.
^ Така е и во многу куќи во Македонија. Имам неколку пријатели и роднини што си реновираа по дома, а се готви во стари кујни набутани во гаражи, подруми и слично. Кафе не варат во новите кујни не па друго, спратот им е само за навечер пред легнување и за гости. После гости се дезинфицира па пак по старо. Детска радост за ново.
Постот на @Anabelle.Amorette ме потсети а една случка пред неколку години. Јас всушност секогаш давам онолку колку што можам во моментот, а често е тоа зашто денес за се бараат пари на врата. За храна, операци, лажат ама јас помирно спијам ако дадам макар и 10 ден. Пред некоја година една бабичка ми дојде на врата. Бараше пари за леб. И дадов нешто ситно колку што имав и нешто храна. Бабата клекна во ходник и почна да плаче. Не знаев што се случува, си реков да не и стана лошо. - Не ќерко, ми рече, ти си единствена во цела зграда што ми отвори и ми даде нешто. А живеевме на 11 кат. Бабата од што проси од мака, а не од мрза, си тргнала од првиот кат пеш по скали стан по стан. Модерните просјаци се качуваат со лифт, па се симнуваат надоле. Толку ми падна жал што и јас клекнав со неа и почнав да плачам. Не сакаше да влезе. И никогаш повеќе не дојде. На некои луѓе навистина им треба помош. Вчера исто ми дојде еден дечко на врата, бараше пари за операција на другар од рак. Немав ништо кеш, Со ова картичкиве чести немам кеш во мене. Но го прашав дали има број за донации. Ми даде. Полесно спијам кога дадам макар и минимална помош.
Сакам да кажам... дека тапа е денов, полошо неможеше да ми започне, стално сум поспана и ништо не ми се прави.. аман веке