По кој знае колку години , вчера ни се вкрстија патиштата со еден дечко, сега е веќе МАЖ во вистинска смисла на зборот, не сум го видела со години ,веќе се оженил , има дете, со женичката си го шетаа синчето, и не , не ми беше криво што го видов среќен и исполнет како сопруг и татко , не сум го сакала него никогаш , само сепак ми беше драг на времето , и имав убави дешавки со него, болното е што после се , си го завртивме грбот , јас си продолжив да зборувам со другарка ми, а тој се сврти кон жена му, не очекував ништо де , само не го чинеше ништо да речеше едно здраво како некој манијак се вртев подоцна дури да ми изчезне од видик, ама јбг не ни било судено
Ме потсетивте со муабетиве за сервисите за свечени прилики каков ужас е тоа уствари кога ќе размисли човек, што вика Битер за гости ќе ги чувам, а за секој ден у распар ствари ќе јадам и пијам. Ваљда тоа порано така ги учеле и останала глупавата навика, да се „отсрамиш“ пред луѓе и секогаш да им принесеш во убаво, или да не случајно се скршат во меѓувреме на обичен ручек или што знам што. Иако ете јас пред некој месец поштено сол направив еден порцелански супиер дур спремавме еден од тие свечените ручеци за посебни гости. Наравоучение...боље да си го користевме секој ден, бар некоја корист ќе излезеше од него, а и бел ден ќе видеше наместо со децении во шкафови да дреме и при секое селење грижливо да се пакува ко да е вонземско богатство. Јас си признавам, посебен пациент сум за такви работи и си се водам по тоа да ми е убаво на сите сетила. Пребирам форми на есцајг, боја и форма на чинии, вода пијам само во стаклени чаши и тоа од тенко стакло, за вино и пиво си имам разни типови и големини, за кафе си имам мое ѓезве, лажиче и шоља и таке натаке. Додуша ова по дома вака извољевам, надвор и по гости се прилагодувам. Инаку кога сум кај шољава за кафе, не дека е некоја препосебна купена од којзнае каде и рачно вајана и цртана, него така ми се има погодено и по квалитет и по материјал, совршена големина и преудобна ми е за држење, ако еден ден ја направам сол мислам дека во истиот момент и јас ќе пукнам заедно со неа од мака. Мојов господин порано кога бевме потазе стално кога ќе ме убедуваше да преспијам кај него стално изговорот ми беше дека кафе во друга шоља не ми се пие. Ни јас уште не знам како, затоа што сто пати сум го имала истиот обид да набавам резерва...и најде сестра близначка на мојата за кај него. Солзи радосници ќе ми протечеа кога ја видов. Е така...маани и дијагнози на куп, иначе фино дете сум ------------- Уствари првично дојдов да кажам...многу мразам комплицирани рецепти од типот замеси па остави, врати се буцни го уште ти пати од лево, пак остај го уште 12 саати на провев, пак врати се па премести го во друго тенџере, па покриј го со со крпа, па врати се по 5 саати и промешај го и после пола саат остави го да здивне па стави го да се пече Сериозно се прашувам во вакви моменти, како дошло до тоа да се изуми такво нешто. Алал кој има нерви и волја за вакви работи. Едвај се стрпувам за јадења што треба да ги дочекаш да се оладат за да ги конзумираш, ко што сум стрвна родена редовно ме јаде црв и го мислам, па го проверувам до каде е, како е што е...на крај ќе ми се збоктиса додека да го пробам. Не сум ти јас за такви домаќински рецепти, со трпение сум скарана за побитни работи у животов, па што останува за еден сутлијаш да речеме... ------------ Трето и последно. Црешата и вишната конечно ми процветаа пред некој ден, сега уште го чекам јоргованот па да ми се комплетира пролетната фаза на дворчето и да не знам каде попрво да се свртам и да гледам. Мала, рајска, цветна градина. Нема поубаво! Мир!
Мајка ми е традиционална жена. Воопшто немаме исти сфаќања, ретко се согласуваме за нешто дури и кога мислам дека подобро ми стои пуштена коса, секогаш е за обратното: "Фатена ти е поубава". Не комуницираме за подлабоки теми, за неа сум како бомбите на Заев, кои кај мене почнаа да експолдираат за многу краток период.. Премногу гледа на угледот, што ќе кажат другите, не дозволувај да те користат, не го прави ова не го прави она. Знам, ги разбирам советите, ја разбирам неа-мајка ми е. Каде е мојот живот и слобода и моето право на глас? Не сум ни тинејџерка, не сум ни возрасна ама знам што правам. Си ја сакам мајка ми, но таа пати повеќе за "грешките" мои кои сметам дека се дел од еден нормален живот, на некој што е во најдобрите години од животот.
СДК ... Најдете ми компас! , , ... Деновиве сум натаму, наваму, онаму, ваму, таму ... Агендата исполнета максимално. Замор, ама сладок. Се бројат деновите ситно, па средби, последни ситни подготовки во ек. Ако, сега поубаво заспивам.,
Среќни се луѓето што не знаат што е тоа грижа. Се сеќавам дека уште кога почнав на училиште и кога сум правела тест и кога ме испрашувале сум се чудела како некои соученици не научиле или не напишале домашна. Во средно разбирав дека на некои главна занимација им беа спортските ливчиња и гледање фудбал и тенис, а на други момчиња и излегување на кафе. Јас сум се тресела од страв да не ме стане професорот по Историја и да не знам, а сега па пред колоквиум или испит се осеќам како кој знае што лошо ќе ме снајде. Го мразам ова чувство на грижа и стрес. Зошто јас не можам да се чувствувам среќно ? Дали е од овај проклет стрес поврзан со учењето ?! Не ни сакам да се најавам на социјалните мрежи зошто не ни можам да гледам слики од кафиња и насмевнати лица... такви слики ме прават да се чувстувувам уште полошо. Денес се чувстувам многу уморно. Не можам ни тоа започнатото да го доучам. Вака барем да си напишам тука да не ми тежи на душата. Што не ме учеле како мала да не се мислам и да се замарам толку. Среќо се гледаме во наредна прилика... се надевам после колоквиумска и после сесија.
Утре ќе го видам, конечноо. Станувам зависна од него. А сеуште не можам да си признаам себеси дека чувствувам нешто за него. Всушност, ни јас самата не сум сигурна. Единствено не сакам да бидам повредена, па глумам ладна. А тој е толку мил и нежен кон мене. Во неговите прегратки се чувствувам посигурно од кога и да е. Еден и единствен проблем ни е далечината. Тие 35 километри. Да можев да ги прелетам километрите, да го видам барем неколку минути дневно...
@Captain-Omni Фала за поздравот со инспирацијата,тука изјавувам благодарност бидејќи она што сакам да кажам има нешто поврзаност Не е толку да немам инспирација,туку не е со иста тежина,ентузијазам. Порано мечтаев,филозофирав,размислував што ни носи животот,душата ми беше исполнета со радост и желба за авантури. Се разбира дека приоритетите се менуваат како што старееме,исто како што созреваме и размислуваме поозбилно.Но,често се запрашувам и доаѓам до заклучокот дека јас прерано созреав. И денес,колку и убави работи да ми се случуваат,не ги заборавам оние лошите кои ме натераа да пораснам порано,бидејќи за жал,секогаш се навраќаат да ме демнат,потсвесно или сосема директно. Па единствена инспирација сега може да ми биде болката и празнината,бидејќи исчезна сета мудрост,сета радост и творење за убавините на животот. На 20 години,ваква изјава изгледа смешно гледано отстрана,и многумина би рекле дека претерувам,но само ние самите се познаваме како што треба. И сите викаат ќе помине се,идат поубави денови,и јас кога тешам некого го кажувам истото,но кога еднаш си пропаднал,додека не се оттргне раката што те влече надолу,ништо нема да се промени. И се изврзав комплетно во реченициве,можеби малку под ПМС,а можеби сум само изморена да глумам најсреќно суштество на светот и да се лажам себеси 24/7. И така Ќе помине се,Мароске,ќе биде подобро,бидејќи нели,мора...
чувството кога чекаш струја да дојде..и наеднаш ке се запалат светилките и настапува олеснително чувство.Како ли порано функционирале без струја?
Не знам дали е до мене, ама ја поштувам оваа мода со фармерчиња, панталончиња малку над глужд, освен кај високи девојки. Опростете, ама мене лично ми личите така на Досиња, не ми паѓа на памет модата, ами толку сте пораснале, па не може мајка ви да ви најде фармерчиНа како за вас или сте ги надраснале, ама не ви купуваат нови затоа што на ред за нови е вашата 11 сестра. Поправете ме ако грешам, ама да...изгледате како досиња, барем мене ми изгледате како досиња, што не мора да е вистина. Бјутифул деј! Успешен, сончев, напукан...со нови договорчиНа. 14 часа в куќи се немав прибрано. Работа, едно кафе, друго кафе, едно вино, друго вино, измеѓу слоеви љубов. ЕПА САКАМ ПРОЛЕТ!!! Мостот со катанците во Љубљана. Што знаат они за 260 000 евра ограда бе! Мислам дека треба да одиме да им одржиме лекција како се станува прав Европски град, а не овака со сајли.
СДК дека ништо не ме прави посреќна од тоа кога ќе усреќам некој друг, особено ако тоа е личност која ми значи. Сакам да правам добрини, да им помагам на другите кога можам, секако без да дозволам да ме искористуваат. Среќна ме прави фактот дека некој е среќен поради мене. Кога ќе ми речи „Фала многу.“ Тогаш совеста ми е најмирна. Среќна сум кога разговарам со луѓе кои ми значат, да ги прашам како се, да си кажеме што има ново, старо. Секогаш едвај чекам за таков разговор, ми претставува големо задоволство. Утре ќе биде тоа, едвај чекам. Денес денов баш убав. Сончево си е, супер. Ни требаше вакво време, нека трае уште долго. Многу често ми се случува да се замислам. Т.е. да си замислувам сцени кои (можеби) никогаш нема да се случат. Си замислувам што би било, ако било. Како работите би се одвивале ако се случи тоа. Но исто така си ги замислувам и работите кои си ги имам испланирано како би можеле да испаднат. Повеќе варијанти и можности. Секогаш размислувам причински-последично. Секогаш. Знаете, многу од нас имаме работи кои сакаме да ги кажеме но не знаеме како. За некои нешта кои сакаме да ги кажеме некому но не знаеме како или не можиме од х причини. Сега ми дојде идеја, сите тие работи кои сакам да ги кажам на таа личност да си ги запишам в тефтерче. На секоја страна, по една реченица. Ќе ги напишам сите нешта кои ми лежат на срце, кои сакам да ги кажам. Од секогаш ми било полесно кога ќе си ги искажам чувствата, не можам во себе да ги чувам. На тефтерчето ќе напишам „Нештата кои сакам да ти ги кажам но не знам како“ и (можеби) еден ден, некогаш, ќе имам шанса, можност, да и го дадам на таа личност. Нека прочита, нека знае.
Еве го повторно 18ти. ТРЕБАШЕ да ни бидат 3 години и 1 месец,да не беше дебил и ѓубре.Баш се потсетив сега на нашите убави моменти, малку се ама за жал сепак ми значат многу.Колку е жално.Си има девојка си идат година ипол, а јас се потсетувам на овој датум.Се жалам.
Значи незнам што не е во ред. Толку време гледам огласи , праќам цивија, се распрашувам по луѓе, барам било каква работа, кога денес слушам оваа се вработила, онаа се вработила, абе толку криво ми падна и ептен тешко. Ама тие се млади без маж, без деца, а работодавциве само такви бараат. А ние деца што треба да храниме, ќе си седиме дома и ќе чекаме подобро утре, додека овие гореспоменативе ќе се дотеруваат и ќе се чекираат по кафани. Епа не е ферррр.
СДК .... ми е жал за баба ми... денес ја задржаа во болница, станав трета смена на форумов само да не мислам на неа :'( ама попусто... :'( животиште :/ не е фер животов
Сдк гледам кон утре а ме измачува вчера! Оди па разбери... една гума по можност од тие миризливите во боја што беа со пчелка, и да избришам многу нешта од минатото.... уффффф :/