Чувајте си ги родителите, затоа што единствено тие нема да ви свртат грб кога најмногу ви е потребно, единствени луѓе кои никогаш нема да те излажат. Тие се скапоцени дијаманти!
Колку прекрасен ден ! Ме потсеќа на денот кога се запознавме. Ме лазеа морници од помислата дека ќе се сретнеме јас и ти. Не можев да нацртам права линија на очите. Едвај се нашминкав. Од самата прегратка можеше многу да сфатиш за мене. Мило ми беше што се запознав и што беше дел од мојот живот. Ти ми беше најдобриот пример за сакање и романса. Не смеевме да дозволиме тоа да не снајде. Штета што имам толку добри спомени со тебе колку и лоши. За сега продуктивно ми помина времето. Само да имам ваква мотивација и концентрација и некој ден ќе владеам во Светот. Еееехе далеку заминав. Имајте прекрасен остаток од денот. Среќата е во малите нешта. Доволно е да слушнам џагор од дечињата што играат пред зграда или како пеат птиците, кога си правам пауза. чудо сум со емоциите ЧУДООО
СДК дека навистина незнам што се случува низ овај градот,по 100 години на наговор излегвам на кафе онака да се видам со другарками да пиеме кафе на лезетски муабет што се вели,ама мртов е овај градот бе или мене мозжи така ми се чини или така ми е ај донт ноу...Сите малишани излезени на сред бел ден врват по широк сокак со цигарата во рака запалена и така се шетат ужас,тек тук од мојата генерација како изгубена душа некој се најде,другите луѓе сите непознати ми се максимално до 20 години,обичите секојдневни кафеџи алапачовци од стилот БРАТ ОНАЈА ЈА ЕБЕВ ВЧЕРА,а тие женско не виделе со месеци со очи и седнати по 3јца 4ворица рзаци не си ја гледат масата туку отвориле едни муцки и едни очи како жени да немат видено очај,а ги видов и оние господ што ги заборавил и по 10 години да се вратам овде пак ќе ги најдам на истото место а за журки и излегвање на вечер да не коментирам тотално разочарување кај сите млади за грев станал овај градот уште повеќе денес во тоа се убедив...Се видов со другарками си напрајвме некои муабети горе долу за нас нормално и 2те видно не баш толку расположени си го фативме патот за одма...Боже помогни ми
Сакам само да кажам дека животот е толку многу краток односно бргу поминува, што ништо на овој свет не е вредно да ти ја одземе моменталната среќа. Живејте го животот онака како што ќе наумите, бидејќи „Сите сме гости на овој свет“ Некој подолго некој пократко.
Надвор сонце пука,од прозор ги слушам комшивките како пијат кафе во двор,гледам друга се разработила во градината,трета средува нешто низ дворчето.На улица има многу деца едни играат со топка,други се возат со велосипеди,среќа што не сме на некоја главна улица па нема бучава од автомобили и можат мирно да си играат. Се разбудив,веќе беше заминат на работа ,сум заспала пак и така 2-3 пати се будев и заспивав... Сеуште сум во пижами. Денеска не сум ич од корист и нема да бидам,мрзелива сум ама убаво ми е Уште некој саат ќе причекам да се врати од работа па да се одмори а за тоа време додека одмара ќе си се посветам сама на себе,ќе се средам и дотерам ,па си испланирав да излеземе и да се забавуваме. Да додадеме уште некој убав момент во нашата заедничка меморија Јас и он,добра музика во позадина,убаво изладено бело винце ,да седеме и да уживаме без да разговараме,ах колку го сакам таквиот момент Имајте убав викенд и вие ,уживајте,одморете се од обврските кои секојдневно ви се над глава затоа што сами ако не си дадете слобода и малку време за себе никој нема да ви даде
Никогаш не сватив која е поентата да бидеш украсен со злато, односно пренатрупан ? нели е тоа малку КИЧ? во денешно модерно време , златото некако одпаѓа , повеќе се обрнува внимание на други аксесоари, така да,мој совет "не се китете од повеќе " со златото од мајка ви и баба ви.
Или ќе бидам принцезата во највисоката кула која (најверојатно де), само се мачка со нејзините креми, ги гледа своите серии, си го пие чајчето на мир и чат пат ќе излезе на прозор колку да си ја проветри главата или ќе бидам затрупана од обврски од секакви видови и димензии и плус! садови, глупости и плус! на штикли. Барем се тргам од непотребни нервози, ама некогаш и тие фалат, јас да ви кажам.
Убаво викаат дека за сè има прв пат, еве и денес директно ин мај фејс ми се случи нешто за кое порано од самата помисла се кикотев и си велев - Јас, леле никогаш! А и друго - лакомо човечко око, гледа во компирот, а потајно си прави планови како да го набоде сочното телешко на вилушката и да си го изеде без пардон. Епа ете така и јас, денес решив да не бидам скромна, да баталам сè по дома и да го прошетам градов - читајте меѓу редови, да си купам (уште) нешто пролетно. Си земав она што ми се допадна и отидов во гардероба, иако обично не пробувам, туку само визуелно проценувам дали парчето би ме собрало или не, зашто знам што ми прилега и ретко грешам. Не сум воопшто комлицирана како што знаат да бидат некои, ете и дечко ми обожава да шета низ дуќани со мене без да врти очи, како што прават грото луѓе. Небитно, муабетот ми беше дека, тотално се изненадив кога несвесно почнав да водам борба со пар инаетливи панталони, кои за моја несреќа беа преубави и убаво ми прилегаа, ама оди па закопчај ги! Како што би рекла мајка ми - ова не беше било! Се изнервирав - како е можно, фармерките кои одлучив дека ќе ги купам беа речиси ист модел, ист број, иста широчина во струкот, а овие ме разочаруваат вака. Собрав коса, собирам стомак, тегнам нагоре, пуштам стомак, повторно тегнам. Не сака. Се гледам во профил, гледам дека стомак нема, задник ... е задник нешто подобра ситуација од минатиот месец и пак не сакаат да се наденат смотаните панталони! Сто пати ги соблеков и сто пати ги поднаместив очилата за поубаво да го погледнам бројот. Ама не, кога не оди, не оди. Се препотив, вистинска голгота ми беше случкава, мислев дека никогаш нема да ми се случи или потајно се надевав дека нема да наидам на парче облека кое толку многу би ми се допаднало и поради кое би го „преживеала“ ова. На крај си заминав само со фармерки и маичка, на дечко ми повеќе му се посреќи, мене едноставно не ми бил денот. И еве не знам зошто мајка ми никако не ми верува, дека некаде низ дуќаните навистина постојат модели на панталони кои дури и мене, парче месо со коска од околу 50 кг, не можат да ме соберат. Само ми се смее злобно и ми вели - абе ај, си се пикнала таму во детскиот оддел и се правиш важна, ги знам тие финти. Добро. Мислам ... ми скрши филм дека можеби наместо 50 сум станала 51 кило. Наравоучение: очите лажат, некогаш. И на ова дечко ми во позадина ми дофрлува - „А огледалото, секогаш!“
Да повториме едно златно правило... Значи, дискутирајте, разменувајте преференци и интереси колку сакате, но не бидете тип на луѓе кои при прв лаф муабет со некој скоро непознат, прашањето за омилен филм/книга/песна - го поставуваат во еднина! Сфатете дека на некои луѓе најверојатно би им требало со волкава листа да ви излезат како одговор на вакви прашања... Е така!
Edna izreka inspirirana od clenka na forumov : Pametnite se polni so somnez, a budalite so samodoverba
Постојат вистински другарки во денешно врме?-Не.Постојат луѓе кои ти се претставуваат како другарки а се луѓе од корист.И потоа сакаш убав живот,е нема.Тие го уништуваат секој убав момент со нивните големи "проблеми",само за ти да не си среќен.
Значи ако има погнасен и поглупав народен благослов за дете од „леле колку е убаво пу пу да го серат кокошките“, кажете ми за и него да го ставам на црната листа со работи кои сакам за навек да се банираат од лицето на земјата. Сигурна сум дека има некоја многу „издржана“ приказна и причина зошто почнало толку да се употребува, ама сериозно, време е некои работи да си останат во минатото. Особено не ми е јасно кога ќе слушнам млад човек како го користи, стварно се запрашувам дали до толку не му текнува нешто пофино да каже во дадената пригода или само на аутопилот mode кажува и повторува некои фрази што ги слушнал некогаш и негде, а не размислува што зборува. Мислам да го серат кокошките бе, Господ да чува...
Прво сдк дека три денови не сум мрднала од дома немам енергија некако оваа презентацијава ме уби во психа... Друго многу сум среќна кога некој со кој не сме се дружеле ниту сме правеле муабет ќе ме застане и ќе ми рече ослабена ми си ... Оваа недела соседи,ривалки,продавачки сите ми го кажуваат јас летам летам од радост...
Има уште пострашно... На мало неколкумесечно девојченце - ајјјј, кучка онааа. Останав подзината и кога прашав зашто така на мало дете , добив одговор - па ние тука така викаме ОД МИЛОСТ! Така сега да си знаете, ако некој ви рече кучка, може не е со лоша намера, ами од многу милост тоа.
Oбoжaвaм пушaчи и стрaшнo ми се секси aмa не би мoжелa дa се зaмислaм дa бидaм сo пушaч. Кoгa сум нa сoвoзaчкo сaкaм пoстoјaнo дa менувaм песни или рaдиo стaници, штoм дoјдaт дo пoлa ми дoсaдувaaт и oдмa вртaм, aмa јaс кoгa вoзaм, мрaзaм некoј ми гo прaви тoa. Е дo тaму дoшлa рaбoтaвa. Сo љубoв, вaшa М