ПРВА ВЕЧЕР БЕЗ МАЖОТ МИ ОДКАКО СУМ ВО БРАК....замина на пиво со другарите....не,не сум љубоморна,ама крвта ми врие....не сакам да бидам од оние девојки кои љубоморат,се расправаат за едно излегување ама од внатре вријам.А си ветив себеси дека јас нема да бидам ова што во моментов сум!!!!
Си ја обожавам маца, едноставно преслатка е! Се лути, бега, каса, се закача, абе цуце ми е.. Затоа навечер за легнување прва е со гушките
Бидејќи веќе не постои пролет и есен , благодарение на луѓето се подразбира. Ќе пишам дека дојде конечно летото. Збогом зимо . Збогом јакни дебели кој ме прават да сум 20 кила подебел него што треба. Збогом разни настинки и лизгави патишта. Збогом убав снегу кој само опстојуваше на планините. Збогом Зимска испитна сесија. Здраво летна испитна сесија. Здраво тесни хеланки и маички кој ќе те прават послаб и посекси. Здраво летни журки. Здраво Game of thrones Здраво море Здраво 45 степени Здраво ОДМОРЕ .
Денес сабајле беше лето, а вечерва зима. Синусите и бубрезите ми се откорнаа буквално. Секој ден си земав јакна за секој случај, ама прееска ај си реков кој ќе тегне јакна на оваа жештина. И еве сега пишувам со замрзнати раце, одвеана некаде од ветрот. Од сега без јакна никаде. И на лето ќе си носам ветувам.
Одддддддд коооооога ме немааа беее Цела учебна i guess.......до летото не верувам дека ќе ме има... Леле памтам колку висев тука....Сега со други работи се расправам ама се чуствувам исполнета Позз до сите*
МОЛБА ЗА ПОМОШ: Потребни сме и на малата Александра Малата Александра по пад од велосипед е во тешка состојба. Нејзината мајка моли за помош. Обраќање на мајката на Александра до сите хумани луѓе: „Драги мои пријатели, Морам да Ви се обратам, затоа што сте ми последна надеж. Долго време, се справуваме со нашата семејна трагедија, која на мојата ќерка Александра Спасовска беше прекрасно послушно дете до 07 04 2014 година тој кобен ден кога имаше пад од велосипед е во тешка општа состојба кај неа беше двапати хирушки интервенирано. Моменталната состојба и е стабилна општа состојба без свест, реагира само на груба дразба, со сопствено дишење таа сега се наога во Геријатрискиот завод лекувањето е веке 7 месеци за рехабилитација за подобрување на нејзината состојба ми се потребни финансиски средства. Неизмерна е мојата благодарност како родител до сите Вас. Ви се обраќам со молба, во границите на Вашите финансиски можности, да и помогнете на Александра Вашите донации можете да ги уплатите на следните сметки: Денарска жиро сметкa на Весна Спасовска Стопанска банка АД-Скопје 2 0000 2426360902 Цел на дознака: Хуманитарна помош за Александра Спасовска“ Донациски број од Т-Мобиле: 070143144 Донациски број од ВИП: 077 143 779 Да помогнеме феминки
Што ми е? Што ми е? Сум станала емотивец најголем на цел свет. Абре за се' да се плачело. Јас не знам луѓе што се случува со мене, најсериозно. По десет пати на ден плачам. Не сум во ПМС, ова ми се случува веќе неколку месеци. Сами солзите ми течат. Плачам за кучето на комшиите дека ќе го подаруваат, квалитетно си плачам на "Све за љубав", плачам за дедото што седи во една населба сам на улица, си се истурив поштено од плачење за него еве и сега солзи ми дојдоа, плачам на една емисија на Алфа што ја даваат, не знам како се вика, ама знам дека на социјално загрозени семејства им ги реновираат куќите. Јас пред нив прснувам од плачење кога ќе ја видат новата куќа. Се истурам. Квалитетно со крокодилски солзи. Си плачев кога прочитав дека @galapce се породила. Живо и здраво нека и' е, ама нит ја знам, нит ја познавам жената. Дури срам ме фаќа. Еве сега читав нешто за некое бебче што се родило со некој здравствен проблем и си прснав од плачење. После си мислам, замисли мене вака да ми се случи. И ајде уште толку. Вчера си плачев за предвремена носталгија. Кај и да е ќе си одиме од тука, а јас уште сега плачам. Пред некој ден плачев за мои прабаба и прадедо кои цел живот го поминале на село и макотрпно работеле. Ми падна жал дека многу работеле. Што се' имам слушано. А и ги памтам. Премногу беа добри. Прееска гледам некои слики од животни бебиња и толку ми беа слатки, што пак си почнав со "песната". Редовно си плачам за секое кутре и маче на улица. Срам ми е од луѓе што ме гледаат, со насолзени очи шетам цело време. А врвот, врвот беше кога дома не сакав да утепам едно мало, мало, мало, минијатурно бубаче. Абре солзите на врв на трепки ми беа, од што ми падна жал дека е мало и најверојатно нема долго да живее. Уште на сред кхм кхм да се расплачам фали и дефинитивно ќе треба стручна помош да побарам. А не бев ваква. Срам ми е да не ме види некој. Почнав да се кријам. Реално плачам за глупости некогаш. Од каде потекнува сето ова? Немам причина. Убаво ми е во животот. Имам љубов, имам разбирање, почитувана сум, сакана, чувана, планови за иднина, убави, исполнети денови... Јас за други се изнаплакав. Дали е некоја нова фаза во животот? Нешто преодно? Не сум арна јас.
Значи, луѓето се делат на, тие кои искусиле, виделе, па раскажуваат, и луѓе што слушнале, не разбрале и раскажуваат.... Овие вторите, ќе ги осетите на вториот збор, бегајте што е можно подалеку... ау, многу се штетни по здравје!
Првпат, во годините што ги носам на моите плешки, јас добив утринско кафе. Онакво, баш како во филмовите. Донесено додека сум уште во кревет, во фина шолја, со насмевка, и посакување на убав ден. Јас се уште сум затекната. Го пијам до доза на недоверба.. Мислам, татко ми не е некој романтичар или внимателен. Всушност, никогаш не ни бил. Јас не паметам да и има сварено кафе на мајка ми, онака из чиста мира, а не пак во кревет да ја послужи. Не знам што му е на човеков, се надевам не е некое затишје пред бура. Ви посакувам убав, најубав ден драги! Не дозволувајте времево да ве депримира. Користете ги максимално моментите, да бидете со луѓето кои ве исполнуваат. Не ја трошете залудно енергијата, не особено на луѓе, за кои на крајот од денот, вие пак ќе сте лошите!
Лето луѓе сакам летоо!!! Сакам да се оптегнам на лежалка ,да се сончам 1саат да се направам ракче и после да се разладам.... Ми се плива ми се пука... Си ветив дека оваа година почнувам на плажа од мај до септември ... Па дури и ако треба сама
Пo рaзгoвoр сo другaркa сфaтив декa не е леснo дa зaминеш и дa oстaвиш се.Ми се јaви приликa дa aплицирaм вo стрaнствo,сеуште се мислaм,нo зa се имa прв пaт.Мoже дa се прoбa ништo не се губи.
NOVA TEMA posvetena na nasite momci.Povelete pridruzete se http://forum.femina.mk/threads/stilot-na-vasite-momci.23776/
Постојат луѓе кои се добри со нас без да ни побараат нешто за возврат,но и такви кои постојано бараат нешто во замена за тоа што ќе го сторат.Можеби затоа што не ги познаваме доволно или пак мислиме дека нема потреба да ги запознаеме ... како и да е, во суштина уште постојат луѓе кои прават добри дела !
СДК ... како сме тргнале, никаде нема да стигнеме. Потоп не очекува! Жално за парчево земја, што трпи од нас ...
Го дочекав и тој ден да бидам избркана од домот итоа од сопствената мајка, животов ми стана како турска серија
Далеку е од топло, ама... да внесеме летна вибрација. А и бојата од лани летото уште ми стои, утрово си забележав по нозете. Нова мотивација за вежбање - вака прави нозе, ти да ги криеш во панталони цело лето, не оди, мув бич, не заслужиле после толку служење во твојов живот да ги криеш!!! Недела, ден за чистење на плакар и буквално и фигуративно. Со нозе во леген, со морска сол, со масло, со све. Со се музика, со се ручек, со се убаи луѓе... Си ме сака бе и си го сакам! Ај ќао... следи пеколно долга недела... доооолга недела... ДОООЛГА недела... П.С. Дами, да не речете дека не сум ви го правела муабетов уште пред да стане комерцијално актулена тема!!! http://elitedaily.com/life/culture/theres-finally-answer-men-either-boob-guys-ass-guys/941675/
Позитивни вибрации евривер! Вчера трчав и пешачев на патеката кај Брегалница. Носев едни хеланки што потат, кога си дојдов дома жива вода. Ма најсреќна бев!!Најубаво е туш после трчање. Денес временцето ме подзамисли дали да одам пак или не, но мојот збор очигледно беше посилен од него.Жал ми е што предходно не сум издвојувала еден час за рекреација.Преубаво ми дојде,не мислев на ништо си се издував.Дечко ми ми ја поклони книгата Тајната па сега в постела,затоплена да почнам да ја читкам. Семестаров само недела ми е слободен ден ама морам да го искористам за учење.Денес НЕ! Денот си го посветувам себеси! Имајте убаво попладне!
Сега нели скоро секој бутик има фб профил, и малку се тие што покрај сликите си имаат цени ставено за секое парче. Е, а другиве што пишуваат "цена во инбокс" што е финтата? Демек да не видат сите, за тебе ќе има попуст, илии? Оти така стварно?