Забава до рани утрински часови-јас,шолјите со нескафе и книгата. Утре имам важен испит,fingers crossed за да биде добро..
Што се случува кога огнот ќе стане пепел ? дали тоа значи дека се веќе завршило, завршила онаа огнена стихија која жарела и палела секаде ? Не! Секогаш има надеж, надеж дека од некаде ќе дувне некое најтивко ветерче и повторно ќе го распламне и најтивкиот оган
Ми недостига спремањето за прв дејт со некого.Онаа возбуда и пеперутки во стомакот додека дома налудничаво вадам се живо и диво од плакар во мисија за најсоодветниот аутфит. Ми недостига планирањето на совршената вечера како и изборот на локалот а пред се анализите на ликот и делото на потенцијалниот дечко кои ги правам до последен момент на телефон со другарките наместо да се спремам. Ми недостига таа блага еуфорија и возбуда додека трчам по скали надоле бидејки чекањето на лифтот ми се чини како вечност. Ми недостига она чувство кога некого за прв пат запознаваш низ муабет ,кога ја заприметуваш секоја негова гримаса на лицето,мирисот,бојата на очите,насмевката... По некогаш имам чувство дека сум заборавила што значи прв дејт. Мислам дека има цела вечност поминато од последниот на кој бев една пријатна пролетна вторничка вечер проследена со пролетен ветрец и помалку свежа клима. Ми недостига првиот дејт .....
Utre .. moram silpno da uspeam... Tezok uspit e pred mene na koj nesmeam kiksnam, da gi obrukam moite... Sea legnuvam stanuvam vo 3 da ucam. Pozdrav feminki, drzete sreka, mi treba sila
Не е доволно само да стиснам ми се допаѓа, морам да пишам и коментар дека исто се чувствувам и јас. Баш прееска со другарка ми го правевме муабетов... Точно од збор до збор.
Ги поздравувам девојките кои мислат дека незабележително загледуваат момци. Само да знаете како се забележувааа кога загледувате некој Хаха бидејќи секогаш се зборува како мажите цело време гледаат жени
До каде замина светот? Ми рекоа не сум нормална оти не тргам џоинт. Не сум се вклопувала во друштво.. Не сум нормална шо не се пијанчам до даске, не пушам трева, не чинам оти вежбам аеробик, читам книги, сакам пешачење, сакам здраво да се хранам??? Некој нека ме просветли ве молам, дека пушењето трева е нормално....
Не, љубовта не е комплицирана, ние луѓето ја правиме да биде, како и со се останато. *** Се борам да им појаснам на луѓево што е разликата меѓу љубов и љубовен занес. Тоа ти е како влегување во океан (море, езеро). Значи ретко кој влегува одма целосно, слепо и набрзина да се затрча и за 5 секунди да биде мокар од глава до петици. Значи тоа е моментот на испитување на водата, влегување само со стапалата до глуждови. Потоа следи до коленици, па дури подоцна целосно, со мокрење на главата или косата. Јас тоа метафорички го споредувам со љубовта или онаа почетна фаза, заљубеност, занесеност. И кога ќе те прашаат дали се избања одговорот е не. Ти си во вода ама не си искапен. Ти си внатре ама до глуждови или колена. Целосни си предаден кога ќе ја намокриш и главата. Така и со љубовта. Се пушташ во океанот, ги мокриш неизбежните делови-нозете. Се впушташ во една романса која не знаеш како ќе заврши. Чекор назад и си надвор сосема, чекор напред и си до половина но не си целосно мокар. Имаш уште чекори за одење. Се припремаш, ја испитуваш "водата" дали е ладна, дали е пригодно за целосно втурнување. Ги мачкаш рацете, градите, допира до срцето ама не до главата. И доколку тестот е успешен после неколку секундно (кај некого минутно) колебање се предаваш целосно, целото твое тело, даваш и" губиш" глава. Затоа некој кога ќе ве праша се избања ли, доколку не сте целосно "предадени" велите не. Стојам на работ на океанот и брановите ми ги плискаат стапалата, силно зариени во песокот. Глуждовите се мокри, целосно потопени во водата. Брановите се зголемуваат и ги дофаќаат и листовите. Се наведнувам, ја допирам со рака солената вода и стојам, го слушам шумот на ветерот и океанот како се вкрстуваат. Затворам очи и се препуштам на нив да ме одведат. Или внатре или надвор. Или мокра или сува. Моментот е пресуден.
... утро се надвисна низ отворената врата како со прст кон мене да покажува, како некој глас да ми вели Станувај! Одеднаш нешто ме влече назад,некој глас ми шепоти те сакам. Се капам во ѕвездена прашина, се капам во сончева светлина,мирисот на нив е мојот парфем. Детскиот бакнеж ми стои на едниот и другиот образ. Едниот личи на него, а другиот толку наликува на мене. Гледам млад дечко кој бестрашно ги исполнува своите соништа исто како и неговата мајка пред 23 - 24 години некаде таму далеку. Имам две амајлии кои носат среќа, ги носам во душава и во срцево. Гордо подигнувам глава кон небото да му кажам ... Фала ти Боже ... Да, еден ден и ти која го читаш ова ќе бидеш мајка на некој
Првиот дејт е исто како првиот секс со нов партнер. Или ке го биде и ке прерасне во нешто повеќе или никад веке очи нема да си видите .
Сакам да кажам дека @ozbilnazena ми го разубави денот со последното мислење во темава Имајте убав ден и уште една прекрасна работна недела
Ако видите девојка која се шминка на сувозачко место, ќе ме препознаете Не е дека немам време дома да се спремам, ама ете така си го трошам бесцелно, и се спремам 5 минути пред да излезам
СДК имам алишта ама се сум во едно...незнам оти вака.. Плакарот тежи а јас во црните пантолони ,,вдуена,,. Абе ги перам и одма на мене ги облакам, ни пегла немаат видено.Шо болест ке беше ова ? Од утре МЕЊАМ гардероба секој ден !
Гледам на фб на бившиот женската ја запуцал некој со коментар КЛЕОПАТРА,се надевам дека Клеопатра немала толку жолти забине мом поке солна киселина ке испијам
Некои луѓе не сваќаат дека теретаната не е место за муабети! Ниту за фаќање дечко/женска, ниту за истакнување на елеганцијата со црвен кармин. Ако сака некоја гола нека дојде и нека ги лиже справите i don't give a f*** но бре брате ако можеш да креваш огромни тежини и да разговараш со секој можен по 5 сати свака ти част али на некој им го одземаш времето и не те кулираат од култура п.с црвениот кармин измешан со потта не е баш секси
Мразам летаргични и флегматични луѓе кои треба со трактор да ги влечеш за да им го направиш животот забавен! Абре стани, светот те вика! Скокај, смеј се неконтролирано, падни и извалкај се како мало дете.... креветот не ти бега.
Баба ми заборава и денес се случи да јадеме исто јадење како и вчера.Влегува брат ми и му велам: -Вчера што јадеше? =ориз. -Денеска што јадеше? =ориз. -Утре што ќе јадеш? =ориз. И мајка ми доаѓа и ми вели какви кинези.Јас се превртев од смеење
@Hipster, зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано?! Е додека си се водиме според муабетов, Цацко ќе ни биде крив. И да не се лажеме, и крив е. ** Друг момент што ми е крајно..иритантен (благо кажано), е моментот кога од устата на фини, убави, згодни и еманципирани девојки, излегува фразата 'Да е доволно добра, нема да биде бивша'. Добро, како вие некому не сте му бивша, ама вие сте биле најдобри на свет, а тој кретенот не знаел да ве почитува (?). Или она, ја манијачете на фб, и на кафе шемата коментирате со другарките, како отекува со објавувањето на песни, па сега вие некако се пронаоѓате во стиховите на истите, како едното уво и е клемпаво, а носот малку накрив. Како вие претпоставувате дека има говорна маана-и точно лоцирате дека не може да ја изговори буквата р, само затоа што на сликата насмевката и е малку накривена. Ве молам. Задржете си го достоинството, ако барем малку го имате. Јас воопшто не почитувам, и бегам како ѓавол од крст, од ваква категорија на луѓе. Сите сме имале некој во животот кој за жал или голема среќа е само еден спомен од минатото најмалку е важна причината поради раскинот на врската, но тоа не ви дава за право да навредувате некоја која сега е на вашето место. Нели, според логиката од претходно, не сте биле доволно добри за да го задржите. Ја би и цигара.