Понекогаш размислувам и посакувам да сум дете Мало безгрижно дете со насмевка на своето лице,да не знам ништо од светот на возрасните,да мислам дека се е најубаво и најдобро.... Посакувам да сонувам најубави сонови и со радост да чекорам во иднината да растам безгрижно ,да мислам дека магијата навистина постои ... Веќе сум возрасна и знам дека многу работи не се такви какви што некогаш мислев,оние работи што ми се вртеа во глава додека бев мала. Сега знам дека не е се така розево,знам дека магијата не постои,знам дека оние цртаните јунаци не се реални,знам што е тоа што ги мачи луѓето околу мене,научив многу работи многу .... Сакам навистина да имам магија да постои магија и да можам да направам само да нема биолни луѓе,еве немора да ја имам јас таа моќ но нека нема болни Нека нема луѓе кои се борат со своето здравје,небарам да сме вечно живи но барем да немаме толку здравствени проблеми кои ни го нарушуваат уживањето во животот кој е единствен... Живееш се бориш,твориш,работиш... се случува да ти се комплицира здравјето и се паѓа во вода,губиш волја за живот ,неможеш да се бориш,немаш доволно средства за да продолжиш понатаму ... Тешко ми е заради тетка ми онаа е баш во такво случај наеднаш проблеми со здравјето и еве со месеци се влечи по болници ,сакам да и помогнам да не се мачи и да не тагува ,но неможам ја немам таа магија,магијата за која што отсекогаш сонував и верував дека постои ... Единствено нешто што верувам е Господ и знам дека на таквите добри луѓе како тетка ми им помага и им го олеснува животот... Дајбоже побргу да ми се врати тета и да биде онаа истата тета што ја обожавам одсекогаш ,ми фали нејзината насмевка најмногу Бори се знам дека ќе успееш јас и оние што неможеме без тебе нема да те оставиме никогаш сама
Уфф се пронајдов од збор до збор... зборовиве болат од што се вистина Некако периодов сум overvalmed, и немам инспирација ништо да пишам. Ама ајде си се тешам јас сум како Феникс, она што сум поминала ме прави посилна. И така секогаш е стресно, возбудливо, интересно само не досадно!
Вечерва се најдов со едно старо другарче, брачед му ( мој бивши ) и уште едно другарче. Случајно се сретнавме, добив комплимент како сум била разубавена, откако сум била со дечко ми сум сјаела и незнам ти што други работи не ми изнакажа. Јел да?!?! Се мислам Дали ќе да е вистина, или намерно кажано, за бившиов да се почувствува несигурно, незгодно, засрамено А и беше засрамен малце Како и да е мање битно. Важното е што дечко ми треба да части сега, го претицав на играта А вас феминки Лека ноќ. Лепо спавајте и љубени сањајте
Тој што ги заслужува твоите солзи, никогаш нема да те натера да плачеш. 3 години пропаднаа во вода. Измешани чувства. Сеуште не сум свесна што ми се случува. Не можам да го препознаам. Не сум веќе неговата најмила... Ќе останат само спомените и една крвава рана која ќе ме потсетува на него, каде и да одам ...
ООО КОЛКУ значело 1 во месецот се надевам нешто ќе се случи убаво некој почеток нов поосреќен плус интернет брз конечно ........ Добра ноќ
Значи ова чувство сум го немала одамна. Вечерва преубаво си поминавме и пресреќно се чувствувам . Сакам повеќе вакви моменти.
Три круга околу маало, почетнички, за да можам официјално да речам дека сум превземала нешто во врска со моето секојдневно кукање и лигавење за тоа како имам изгубено форма, кондиција, и качено прилично голема бројка на килажа. И као демек си ветувам дека секој ден ќе си вршам тортура од 10-15 минутно потење на сеуште мразулестово време. Како и да е, млакиот туш после тортурата е совршен. Дремев така добри десет минути под млаз, и размислував, за оние работи што се размислува под туш - што праам со животов, која е целта, колку е голем универзумот, дали сме сами, и слични преостанати прашања со круцијална важност за општеството. Потем топло чајче, со меко ќебенце и Мураками, па денот е комплетен. Незнам од каде му се сите тие инспирации и идеи за приказните на Мураками. Читам така, книга по книга, и тотално навлегувам во тие фиктивни светови, карактерите ми се заденуваат под кожа, плачам и се смеам заедно со нив. Сега ја читам онаа трилогијата, најновата, 1Q84, инспирирана од 1984 на Орвел. Ја читам, и од кога ќе ја затворам, уште саат време живеам во тој свет. Преге погледнав низ прозор, за да проверам дали и на моето небо има две месечини како оние на Аомаме. И во тој момент си помислив, животов е толку апсурден, па можеби и јас сум нечија фикција, а не сопствена реалност. Можеби сите мои фантазии во мојата глава, а и оние кои сум ги пренела на хартија, живеат некаде, во друга димензија, реалност што е всушност моја фикција, исто како што е Аомаме на Тенго. А каде е линијата меѓу фикцијата и реалноста? Незнам дали постои, а и сметам дека е подобро без неа. Така сите може да креираме светови, кои можеби постојат а можеби и не. Таму да ги пратиме сите оние кои не напуштаат овде, со надеж дека ситуациите може ќе се одвиваат на друг начин, а можеби и нема. И така ми помина и овој ден, ѓнурејки во некои сопствени филозофии.
Дојде време кога луѓето повеќе се шокираат од доброто отколку од лошото. Жално.. Ова добринава научна фантастика ни стана бе.
Добро има петок некој да не ме покани со ама буквално истата агенда? - Еј ај на афтерворк во Барбакан, па на пијачка во Штала? А на афтерворк ќе видиш се освен тоа што те интересира, визит карти и луѓе за нетуоркинг. Ве молам исклучете ме од тие покани. 100 пати до сега кажав не,на 101 може конечно ќе отидам. Па уште и кога навработени кои живеат од питај бога што делат такви покани чисто за да се журкаат... ти се подслошува онака, испаѓаш будала.
1-ви Март Дочекав сабота. Денес станав рано, пиев кафе, и сега ќе доручкувам Месец Март, се наближува пролетта Поздрав феминки П.С-Да ве потсетам. Да си врзете мартинка !
Омилениот месец во годината. Можеби дека сум родена во март, а можеби дека пролет се ближи. Ништо не е исклучено Нека ни е среќен месецов. http://www.youtube.com/watch?v=hEZq5Ly3DmY
Доаѓа пролетта. Во март посакувам повеќе сонце, повеќе среќа, повеќе љубов.. Фебруари ми е секогаш еден од нај лошите месеци. Не се сеќавам во фебруари да ми било убаво. Само од ден за ден.. Јас конечно се чувствувам подобро. Март дојде и одма ми е подобро. Си врзав и мартинка. Спремна сум за овој месец. Имајте убав викенд.
Ја читав темата лето во категорија слободно време.Едвај чекам да дојде 10 јуни,да завршам со школо и сите маки поврзани со школово.Ама што ке правам цело лето? По цели денови и ноќи сама.Дење спиење,ноќе на комппјутер.Читав во темата,сите пишуваат за излегување со друштво,со дечко на кафе,на забави,на базен,на одмор.А јас? Јас сама по цели денови дома.Дечко ми 2 пати месечно ке го видам и толку...Само толку....
Март пристигна..А,со него и пристигнува пролетта.Која ја обожавам.. .Се надевам дека месецов ќе донесе многу насмеани лица,среќа..се што изминатиов период немав. Таман ќе напишам нешто,одма го бришам. Сакам кажам,не знам речам. Ви посакувам да имате убав почеток на месецов. Уживајте! http://www.youtube.com/watch?v=hT_nvWreIhg
Тмурни денови, хистерични мачки, дожд, МРШ! Нема да ми недостасува февруари! Баш еден глуп месец исполнет со некакво бледо, невкусно чувство... Барем мачките ќе се смират... Вечерва ќе биде струмичкиот карневал... цел град е полн со грци,срби и останати соседи. Карневалот според мене е глуп настан, примитивен пагански обичај. Затоа не се маскирам. И не одам да гледам во живо.Ќе гледам на телевизија. Сепак, интересно е да се гледа. Се враќам на цртањето аниме, после доооолга пауза. Сега, кога веќе се вратив на гледањето, редно е и да почнам да цртам. Ај чао.
Среќен први март. И ве чекам на карневал. Белки нема да е ладно годинава. Мене пак Март ми е ај да речам најлош месец. Целиот го поминувам вежбајќи за натпревар. Едвај чекам да заврши и да и речам здраво на пролетта. *** Инаку во четвртокот кога се бањав сфатив дека нема попараноично суштество од мене. Го исклучив бојлерот, ја измив косата, и кога ја плакнев си реков: А јас го исклучив бојлерот? Го исклучив бре. Ама ај пак да видам. (она црвеното на бојлерот не светка ама јас пак А некој да не помислил дека нема никој и го вклучил. А ако ме мавне електрошок сега? И ви се верува ли дека со цел памет излегов од када, и ја подотворив вратата да видам дали е исклучен. Шашава работа. Всушност не знам дали е за плачење или за смеење, ама ете ене смешно ми е. Инаку денес нешто главата ме боли, аман!
Први Март, прекрасен ден иако вака тмурен. Не знам кој од вас знае, оние од југоистокот сигурно ќе знаат, денес е Умрело дете за баничка. Језиво, крипи, ама тоа е што е, мене овој адет ми е суперски, го обожавам, се состои од тоа што за појадок се јаде баничка, пита, бурек... Јас мојата баничка денес ја направив и ја снема со брзината на светлината, пинарлија, и пак оние од југоистокот ќе знаат за што се работи. Ве поздравувам со еден домаќински поздрав и бујрум на виртуелно плакнење очи