Дали се продавате? Не, не, не. Не мислам на тоа што сите одма помисливте, туку на нешто сосема спротивно. И најголемите работи во животот се толку едноставни, и можат да се сведат на еден обичен класичен чин на купопродажба. Да, да, купопродажба. Вие продавате другите купуваат. Се ''продавате'' себе си. Или подoбро да речам се презентирате, предавате. Дали на другите ги предавате вашите знаење и вештини, вaшите искуства колку год да биле скромни, а верувајте ми, не се. Не чувајте ништо себично во себе, ништо што може некого да го замисли или ''опамети''. Светов плаче за повеќе мудри мисли, знаења и искуства. Луѓето плаќат за приказни, проткаени низ вистински доживување. Среќни или тажни, не битно, приказни. Мислам дека секогаш длабоко во себе сите ќе бидеме деца во моментот кога слушаме или кажуваме приказни. И се тоа е така едноставно како прoдавање пиперки на зелен пазар на тезга. Како што велеше мојот професор, замислете ја продажбата на акции на берза, како продажба на пиперки и патлиџани на тезга на пазар. Формата е таа, толку општа и проста, секој да ја забере. "Продавајте" ги своите приказни во такви форми, секој да може да ги ''купи'', секој да може да ги разбере, да допре до сечие уво, до сечие срце.
Се отуѓивме, еден макне натака, друг навака. Секој ден некој гледа да те намести и да ти ја префрли неговата вина, едностано совршени се. Друго сакам да кажам. Ситиот на гладниот не верува, а здравиот на болниот. Толку бре ниско паднавме за живи да се јадеме, а крајот се знае за сите 2 на 1-но.Немаш време за ова , за она, не, не има време ама не сакаме.Сите кукаат немаат пари, а излези дење, ноќе место по кафиЌи и кафани ни за лек, па макар и со 100 денари да излегол. Некој чуден народ живее во оваа земја, народ без чувства, без осет (секоја чест на исклучоци кои се се поретки). Ете се изнакажав што ми лежеше. Имајте убав ден и дружете се повеќе, само тоа ќе ви остане.
Неблагодарни луѓе на сите страни. Вишак луѓе кои не знаат да те прашаат едно обично како си, ама затоа кога имаат проблем и без да бидат прашани знаат да ти ја наполнат главата и исцрпат енергијата. Оооо @Hipster- у, тоа така било и секогаш ќе биде, но добро е што си научила. Секој ден се продаваш себе си, па дури и дома. Се е во врска со тоа - колку си успешен во сето тоа. И на работа, и дома, и за дечко и љубов, и за другарки. Само некогаш некои луѓе многу евтино го прават тоа. Поздрав до сите искомплексирани муциња. Леле бе...
Денот надвор е преубав...Искористете го максимално насмевнете се на сонцето, бидите позитивни, сакајте и ќе бидете сакани. Не дозволувајте лошите луѓе да ви пренесат негативна енергија, затоа што животот е премногу краток.
Периооодов roller coaster! Конечно завршив една обврска која ме измачуваше последните 3 месеци. Она closure што би рекле американците. Како да не ми беше доволно стрес тоа се нафатив на сосема нов предизвик од непозната област, предизвик истражување и анализа што треба за помалку од 10 дена да го направам. Се надевам дека се ова еден ден ќе ми се исплати и дека ќе имам убава плата, и ќе си легнувам задоволна и исполнета... Никогаш не се откажувајте во вложување во себе, колку и да ви изгледа дека е тешко во моментот, бидејќи кога тогаш дупло ќе ви се врати. Само упорност, смиреност и јаки нерви! Многу љубов до Вас, Имајте убава работна недела!
Тоа е тоа, тоа сакав вчера цело време да им го обајснам на моиве. Јас знам дека многу често знам да филозофирам, ама ете така вчера си имав класичен момент на така наречено epiphany и малку им досаѓав со филозофииве. Длабоко се замислив и си разглобував до зори. Ах, знам дека ти многу пооодамна од мене ова си го разглобувала, не се сомневам во тебе
Од лани ми е право да ти кажам, не е така одамна. Мојот епифани дојде - ти мори глупа си? теле едно, сите се шиткаат, лажат, глумат, имитираат, ти блеј додека веруваш дека сите се искрени и навистина такви какви што се прикажуваат. Нема ништо лошо во тоа. Лошо е што кога тоа го прават ете како погоре посочено - усилено, изглумено, невистинско, а не работат на себе да станат подобра верзија во себе и да станат поуспешни во купо-продажбата, ама и тие да се чувствуваат убаво и вистински во своја кожа, доволни, а не кинеска смрдлива роба...а најчесто се такви за жал. Да не давам јавни примери, верувам дека ги знаеш. А оние кои се свесни дека можат и повеќе, имаат подобра верзија од себе и за себе и за останатите, работат на тоа и вистински се менуваат и го живеат тоа постојано и уште поуспешно на долг рок се продаваат.
За тие што сакаат да ослабат преку ноќ, да ве прашам вие преку ноќ ли се здебеливте??? На некои работи им треба време и упорност!
Време е за нови почетоци. Упорно се обидувам да го свртам листот и да започнам одново. Веројатно премногу се форсирам себеси.
Огромно браво за штипјани! Секој ден се повеќе и повеќе луѓе гледам како пешачат, трчаат,возат велосипед! Најинтересни ми се женските(вклучувајќи ме и мене).Кутрите трчаме се потиме едвај дишиме а некои машки така затегнати колку само лесно трчаат. Вчера и денес си се почастив со фармерки, блуза,кошулка и ниски чевли. Сега еден туш и веднаш и се фрлам на книгата да си ја дочитам.
Сакам да кажам дека ми се сруши сонот, а многу се радував.. сакав да идеме на тоа место, све беше океј а сеа ќе си дремам во Скопјево, аман веќе зашто не е онака како што сакам јас fuck
Konecno malku trgnaja rabotite od mrtva tocka,na gla ke se namestam sve od sebe ke dadam i ke gi otsvaram moite planovi,nikoj nema da mi zastani na patot samo bog da e so mene...
Се` е полесно кога во животот имаш личности пред кои слободно размислуваш гласно... Личности кои те знаат во секакво издание и секогаш те прифаќаат едноставно таква каква што си. Такви луѓенца со кои можеш да бидеш иста како кога си сама со тишината, со своите мисли, во преточувањето на истите на хартија. Да им се довериш за она за што размислуваш и анализираш откако ќе ги изгаснеш светилките па се` додека да заспиеш, да ја споделиш среќата за некој успех сигурна дека од срце се радуваат со тебе, со сјај во очите да им зборуваш за твоите соништа знаејќи дека искрено ќе посакаат да ти се исполнат... И секако, да знаеш дека и тие те сметаат за доволно блиска за да се однесуваат исто така пред тебе. Затоа што довербата е најскапоцениот подарок кој може да ти го дадат луѓето кои ти значат во животот. И да, меѓу сите оние детски, училишни познанства со личности со кои низ годините би си ги заборавиле лицата кога не би бил фејсбук, среќа се оние ретките вистински пријателства со сите букви на место, кои остануваат понатаму вредни за одвојување квалитетно време без разлика колку да си зафатена, и кои стануваат уште поцврсти со поголем стаж во дружењето...
Океј,океј, признавам дека јас се упропастувам,ама немаше да правам сцени, ако не игравме игри без да знам.
Се прејадов. Слаба сум благодарение на гените (тенк ју Гад), ама се осеќам тотално закржлаено, опуштено, непокретно... Ќе одев на фитнес, го затворија! Таму одев бидејќи само за жени беше и онака баш опуштено. Не би одела на фитнес со мажи, искрено. Ќе барам некаква физичка активност поскоро, не чини вака. Се ме боли од лежење. Арно си го имам кутето мое најсакано <3 Барем тој ме тргачи по улици ме трча хаха. Да се стопли уште малце по цел ден има в двор да дремам со него. Вака во зима малце е запоставен во смисла на играње и дружење со мене. А се останато си има храна, вода, топла куќарка, ќебиња, играчиња итн итн.. Ама најсреќен е со мене, како и јас со него... Еххх да ми беше домаааа најсреќна ќе бев. Со пуста надеж дека за скоро ќе си најдам свое место на живеење и ќе си го земам со мене дома да ми седи. Голем бељаџија е, ама ако! И голема радост носи <3 Си се рaзнежнив зборајќи за Марли, бебе моееее најмилооо (ко ретардирана сум ко ќе зборам за кучето)
Денес сум многу среќна, скоро при крај сме со подготовките за крштевката и првиот роденден на внук ми ( душата моја ) згора на тоа , денес снаа ми разбра дека е бремена околу 6 недели( набрзо ќе и дојде , ама ако де ) ќе си ги изгледаме и двете бебушки одеднаж, среќна сум што ќе си ги гледам двете внучиња бидејќи ионака абер немам да се омажам наредниве години