Регистрирани 12 статуси и твитови за високи/ниски девојки, кои биле поарни за денес. Не знам што е темата на муабет и од каде инспирацијата, ама ете точно 12 јас забележав. Си кажав за панталончиНата и модата, а ваква дискусија...што знам, глупа е некако. Едните биле подобри, другите биле подобри... а како триаголници во фаците и непропорционални во градбата, со се стапалишта огромни и едните и другите, веќе кога се фатија за физикусот. Ете пишаа дека пониските се докажало дека се подобри во кревет заради компактноста и подвижноста. Да речеме дека е једини вин, бидејќи ништо од интелигенција не е поврзано со висината, освен дека пуничките во задникот со целулитче (а тоа нема врска со висината) биле поинтелигентни... Ако извадам нзс... не стоите добро алоооо. За една висока еден нејзин бивши ми рече - мисли дека е згодна, а кога ќе ја собереше косата ми одеше да пресметам агол на правоаголен триаголник... Еве не знам... Добар другар ми е и страшен шегаџија. Се разбира, го искарав во име на жените. Ама истото може да биде и за некоја ниска, па замислете да има комплекс дека е ниска, па уште и дечко и да мисли дека е како триаголник во фацата?! Една феминка еднаш ми рече - абе не ми е убава висока девојка, нема ништо слатко. Така имав една цимерка, многу висока, се вратив од факултет и ја најдов стуткана како спие на креветот... не беше слатко, беше језиво. Ми остана врежано во главата, еве не знам зошто...ама се согласив и се уште се согласувам. Замислете ја сликата... Само од другата страна на нештата... сум запознавала многу ниски луѓе чија енергија сум ја доживувала три глави над мене и многу високи чија енергија била рамна на џуџе, пет глави пониски од мене. Значи... се се сведува на едно исто... А башка и за висината не сте заслужни, туку гените, а тоа не ве прави посупериорни или поинфериорни, а баш е штета ако тоа единствената работа за која се фаќате и во обата случаи - да имате или немате самодоверба. Се што сте, доаѓа од внатре. Не знам, може е до мене, никогаш не сум имала комплекси во однос на висината, па не ми создавала посебно чувство на ваква или онаква, па многу ми е глупаво кога некој сака да е повисок и се срами од својата висина или некој е превисок и се гордее со истата (иако и во овој случај може да има комплекси...). Не е право на избор и одлука, оттаму... извлечете поука дали е вредно...
Од секогаш сум се грижела да не ги изгубам луѓето што ги сакам, но понекогаш се прашувам дали некој се грижи да не ме изгуби мене. )
Znam kade i da odam ke go ponesam so sebe moeto skrseno srce,sekogas ljubov davase i ne go zasluzvase ova ama sekogas istiot kraj go dozivuvase...Sega nemam srce,dusata mi e prazna nisto ne custvuvam, nisto ne me zasega nikoj ne mi treba,sega samo samata na sebe si trebam da si pomognam,sega sum samo ladna kucka drugo nisto...No zaradi ova sakam i nov pocetok nov zivot,daleku od sve daleku od celata bolka od cel grad od site spomeni,ne ne begam od nisto samo sakam da ozdravam od sve,a tuka ne mozam,gi molam site da me svatat ... Ne sum slaba da se pomiram so sve ne,dovolno bev hrabra da stavam kraj so tie sto me ponizija da ostavam sve zad sebe sega ke bidam i dovolno hrabra da stanam od kade sto klecam i da pocnam od pocetok. Znam deka ke bidi tesko znam no sekoj pocetok e tezok neli? Moite planovi za zivot bes poinakvi,da se prasuvav jas mozebi do sega ke imav moe semejstvo i ke bev majka ama za zal sudbinata ne ne prasuva nas za nisto,ne me prasa ni mene ,jasno mi e deka site raboti vo mojot zivot odat po poteskiot pat ama toa e...
Насмевката на лицето предизвикана од малите нешта, сјајот во очите поради некое позитивно чувство, енергијата која ја ширите околу вас... ете тоа е таа „шминка“ која секогаш треба да ја имате на себе. Среќните луѓе, а уште повеќе оние позитивните кои во секакви околности ја извлекуваат и најмалата причина за среќа, се најубави луѓе. Од мене во носталгичен стил добра ноќ...
Ехх би сакала и јас да дојдам до тој одговор, би сакала да знам дали сите за кои се грижам и ги сакам имаат исто мислење..
Ги раскараа: Окото со окото, Левата со десната, Јазикот со забите. Ги раскараа: Сонот со јавето, Зборот со мислата, Телото со душата, Ги раскараа Зошто така сакаа. Пред да не касапат, Пред да не черечат, Скроти не Боже, Сплоти не! - Михаил Ренџов (Псалм 89) П.С. Знам дека посоодветен би бил постот во категоријата литература, но ќе го оставам тука како приказ на современата македонска реалност која се надевам ќе има епилог како во извадокот.
Добро утро на тие на кои им е утро, добар ден на тие на кои денот одамна им почнал како мене.. Кај мене истата шема сеуште, исти работи со нови лица, различни почетоци со ист крај.... и така... Не сум веќе црнуша иначе од вчера горда бринета...светла бринета Криво ми е за црната, ама ми здосади монотоното веќе... уште се навикнувам на новава боја, чудно ми е, чудна сум си на себе... Ама промените секогаш почнуваат од косата велат. Времево конечно дозволи да продишеме со полни гради (притоа не го коментирам воздухот, туку расположението). Сите се попозитивни, порасположени, поубави, повесели кога се смеат. Шубаво. И да си останете такви. Имајте убав ден, јас отидов по кафе
Никогаш не се движете во обратен правец, враќајќи се назад на моменти кои ви удриле шлаканица до тој степен што придонеле да се чувствувате како да се скршил дел од вас. Ако сте успеале да го залепите делот, не размислувајте повторно да го ставите во употреба. Спакувајте го и фрлете го во заборав за да не се скрши истата пукнатина, овој пат на парчиња кои нема да успеете да ги соберете. Дозволете да се исече од вашата игнорантност заминувајќи како лузна на едно недостојно време за сеќавање за да не се распрснете низ сопствениот живот и никогаш да не бидете истите. Парчињата во полн состав се целината што не прави свои со препознатлив белег. Не дозволувајте да ви се лизне делот што ве прави поинакви од останатите.
Сакам да шетнам, убав ден, ама бре човеци со празен паричник ли! Болна ќе легнам после ако видам нешто што ми се допаѓа.
Оф бе цело време ми се вртат во глава советите од мама Фала богу имам многу научено од неа па знам да применувам дел од нејзините совети Многу е принципиелна и за се се има ред кај неа Сега додека закачував алишта надвр ми текна како ме учеше додека бев помала -Реди ги по големина,панталони,дуксери,маици,крпи,чарапи и се така до најмало,а не да закачуваш кое си го фатила прво во рака . А јас : Е добро де мамо шо има врска како се наредени важно е да се исушат,кој го гледа тоа како се наредени А таа ќе кажеше : никогаш не гледај за другите,треба кога ќе погледнеш тебе да ти е убаво.Иако оваа не е битна работа важно е да знаеш дека за се има ред . Да да оваа смешно изгледа ама јас навистина внимавам ,не од шо сакам туку затоа што секогаш и го слушам нејзиниот глас во себе додека редам алишта на жица Туку денот преубав денеска таман за редење алишна на жица и врткање низ двор
СДК...на една тема од форумов дискутира дете од неполни 15 години за политика, па се контра со веќе докажани форумџии со авторитет чии збор вреди и чие мислење се цени. СДК до каде стигна Државава, деца од 15 години да расправаат политика. На негови години се игра фудбал...се оди по девојки...се дружи со врсници..а тој седнал на форумот (кој бај д веј се вика ФЕМИНА !!!) и расправа политика !!??!
Одвојувам време за да се депилирам и несреќи уште кај првата лента. Цел восок ми се залепи на ногата и си викам fuck it ќе ги средам утре, дома со депилаторчето. Многу ме иритираат луѓе што нон-стоп ги форсираат децата. Имам една мајка на фб и постојано пишува некои статуси за ќерка и дека оди на музичко, на јазик дека спортувала. Сето тоа е убаво, но пет годишно дете не верувам да ужива во сето тоа. Според мене нема потреба уште од толкава возраст да се форсира детето. Друг случај е машко дете оди на фудбал и свири некој инструмент и оди на јазик, ама оценките му се катастрофа. Па јас да сум би го советувала да си го гледа учењето. Имајте убав ден
pupi.girl затоа децата немаат детство.А родителите преку децата си ги мерат силите со останатиот ,,крем,, или си лечат болки од нивното детство па децата мора да им се СЕ што тие не биле. Кога ке чујам дека дете од 5 години од школо оди на англиски, па на музичко па од таму на карате, просто се прашувам дали тоа дете знае за себе или е програмирано...дали е среќно воопшто
Ова кутро девојче нема, а сигурно не е среќно. Мајка и е успешна фризерка и нон стоп и купува некои играчки и се труди да се истакне и ќерка и да ја истакне. Иначе самохрана мајка е и мислам дека сака да му покаже на тој што е татко дека таа може без него да биде популарна, а тој дека е никој и ништо.
Од многуте мотивациони пораки кои ги испраќаат успешните на несигурните единствено се охрабрија глупавите да ги претворат во дело своите ретардирани идеи. Да ги извитоперат, изобличат и унаказат советите на добрите луѓе низ светот за да го пропагираат ненормалното како "неприфатено". И сега секоја дебела верува дека е обилнеста because haters gonna hate, з'инат ќе си мрси свинско, само докторката си знае со какава љубомора и ги кажува колку висок холестеролот е. Ги отфрла реалните стандарди, заедно со реалната гардероба за нејзина големина иако единствена облина и е мевот. Нема да ширам многу, примери се многу. Знаете и сами, нема потреба. Ќе треба по список да ги повикам и да образложам. Оти сега е модено и популарно фриковите да истапат на сцена и да си создадат маани кои не ги ни имаат само за да зграпчат дел од вниманието. - Мојот совет е - Слушаме жалење за тоа во каков свет живееме, од какво општество сме дел. Велиш ненормално. Значи, поголем дел од нив се стварно неарни. Понекогаш во полза ќе ти е да го слушнеш гласот на малцинството и да се повлечеш во дувлото и да го удостоиш светот со твоето отуство, барем дури не се еманципираш. Препознај го вишокот самодоверба, стуткај го и напилкај си го во празниот простор каде треба да стои мозокот.
Јас денес ги запознав @marama @mirandaa и @sanja.burgundy и во живо се уште поубави од блоговите, плус што зрачат со позитивна енергија. Плус еден куп други убави девојчиња и блогерки на едно место, плус бесплатни шминки си добив. Фин ден.