Неколку демотивации за животот и како за пред почетокот на работната недела. 1. Животот е тежок 2. Тебе ти е доцна за се. 3. Ако сите околу тебе се со насмевка. Длабоко во себе мислат за тебе помалку од успееш од нив. 4. Наполни се со длабока омраза кон Понеделник. Тоа е стартот на пеколот. 5. Ти ќе работиш цел живот од 8 до 4 за грда пара. 6. Полн си со страв за неуспех. Продолжи така. 7. Пиј многу алкохол за да ги промениш ситуациите на полошо. 8. За да си просечен тоа значи да си на средина, а тоа значи да не си во ниеден екстрем. Биди во златната средина. 9. Џабе трошиш време за на факултет кога пак 99% од тоа забораваш што си учел а и не ти е гаранција дека ќе најдеш работа. 10. Зарем не гледаш дека поголемиот дел од Вестите се наполенети со ФИНАНСИСКИ КРИЗИ, УБИСТВА, И ГРОЗОМОРНИ ЧИНОВИ ? .. обрни внимание на нив ,, фокусирај се .. и дозволи да ти го испијат умот и да ти влезат во потсвеста. 11. Пеколот е подобар. Безразлика .. Како и да е, пак ќе умреш .. Имај тажна работна недела.
Имам една личност.Поточно имав една личност, веќе ја немам...што многу ми недостига. Од оние недостигања , како дел од тебе да е откинат насилно и фрлен некаде. И не, не е мртва личноста.И не знам како успеавме толку да се оддалечиме. А секогаш сме биле различни карактери, различни стилови на облекување, различно однесување. И не секогаш сме се согласувале.Од мали сме заедно и сме се карале за едни обични влечки која да ги носи. Ама ми беше најсилна подршка во најтемниот период од животот.А јас на неа и ги давав најискрените совети. И најотворените критики само што јас секогаш се лутев кога ќе добијам критика, а она имаше доблест да ми рече да, во право си, ќе пробам да го сменам тоа и тоа...И секогаш беше тука за да ме ислуша.И само пред неа имам плачено вистински. Смешно е што нашето другарство не заврши со кавга.Немаше ништо пуууф, туку онака неприметно си избледе.Морам а признаам дека најмногу беше моја вина, делумно и нејзина ама јас бев таа што требаше да се даде повеќе себеси и да не ја пуштам да си отиде така лесно. Пред некое време се сретнавме.После добар период успешно избегнување, се сретнавме сосема случајно во друг град.Ладен муабет како странци, она барем ме праша како си, на мене од што ми беше криво си го свртев погледот како да е ми досадно.У сред муабет , срамота колку зрело од моја страна. Типично за мене, поарно ќе глумам незаинтересираност одколку да покажам слабост и да си кажам како уствари се чувстувам.Оќеј битно се поздравивме. Имам многу желби во животот.Повеќето се материјални ама една од најскриените ми е дека еден пак ќе седнеме некаде заедно и ќе се изнамуабетеме со саати за се! Знам дека никогаш нема да биде исто, многу личности и постапки застанаа помеѓу нас и некои работи не се поправаат така лесно. Барем повторно да најдеме заеднички јазик и да испиеме едно кафе само ние двете без глуметање.Кога би имала храброст да ги исправам работите, би имала повеќе толеранција ветувам јавно...
Порано мислев дека само паметните луѓе се богати.Сега кога гледам на што се се троши пари сфакам дека сум грешела.
Како приметуваш дека си одлепил тотално? Кога Брус Ли ти доаѓа на сон и ја имаш таа чест да седне до тебе. Цела ноќ скоро око не склопив, де ќе заспијам па се будам, тргам прекривки од мене, се вртам, препотувам, а не е дека бев толку возбудена или престрашена од Брус Ли Ама каков сон беше тоа... уствари јас бев во сред некаква војна со шиптари, темница, ридови, се слуша пукот од пушки и плус искреа кога пукаа па ги приметував во ноќта. Пукавме со пушки малихерки, и јас држев пушка, која беше метална ама не пукнав. Се наредивме во заклон, едно ритче, па така испоседнавме и Брус Ли седна од мојата лева страна, ми ја даде неговата сабја (како онаа на Мишон), десно од мене седнаа други луѓе, нешто како од пред каубојците да беа , ми дадоа некаква конзерва и јас се зачудив а тие ме погледнаа како нешто во смисла-оф јадните тие не слушнале за конзерви и лименки , ја бреее...они мене... Два три пати станував за мочање ама не од страв и само успеав на маж ми да му кажам дека свашта сонував. Обично не сонувам, ама кога сонувам како марихуана да сум пушела цела вечер пред тоа. Можев и во тема за сонови да го споделам ова, ама ете сакав да го кажам, во сонови ќе требаше да ми го толкуваат а бидејќи е ептен комплицирана и замрсена работава, не сакав никого да мачам. А и нервозна бев цела ноќ зашто не можев да спијам, сега сум како гроги, ненаспана, конфузна, нервозна, а не сум била само јас туку и другиве колешки не можеле да спијат. Спиевте ли вие добро? Да не било нешто до времето и до воздушниот притисок. Можеби имало некој слаб земјотрес?
Добро утро на сите СДК нешто многу жално. Три дена на тоа мислам. Замислете слика - пред зграда тројца изнесуваат инвентар од стан:корпа полна алишта, фрижидер, шпорет...маса пластична и неколку столици...жена писка на цел глас дури и не се разбира што збори од што силно вика...дете од околу 4 години плаче и заоѓа, ја гушка мајката како да ја жали зошто силно писка.. Двајца полицајци ги држат надвор цела фамилија а еден господин прави попис со тефтер. Замислете таткото со некоја тешка гримаса на плач стои и со двете раце се фатил за глава. Детето од страв се помоча низ пантолони. ИЗВРШИТЕЛИ !!!!! На времето додека не ми се јавеа од банка 5 пати и не ме ,,измолеа,, не плакав доспеани средства...сега нема веќе така.Помина тоа време.Сега извршителот гаќите ке ти ги соблече. Три дена сликава неможам да ја тргнам од глава.
Ме потресуваат човечки трагедии. Во состојба сум да плачам за било кој непознат кој не може да им обезбеди леб на децата, сиромаштија, болести, се потресувам како мене лично да ми се случува нешто такво. Деновиве неможам од пред очи да си ја тргнам сликата што сама си ја замислив, зашто немав храброст било што да погледнам на вести, од катастрофалната несреќа каде воз збриша 14 животи. Ги спаковаа во вреќи, ги закопаа во туѓа земја, без никој да знае каде оставиле коски, како никогаш да не постоеле. Кои се, што се, немаме поим. Си мислам каква е таа мака што ќе го натера човек да си го собере цел живот во еден ранец и да тргне пеш илјадници километри по подобар живот. Од тие што контактирале со нив знам дека повеќето се образовани луѓе, лекари, информатичари, адвокати, зборуваат јазици. Даваат илјадници долари за нивната надеж за подобар живот. Бегаат од воени ужаси, тортури, бедотија. Преморени од пешачење со денови, недели, не биле во состојба ни да реагираат на доаѓањето на возот. Да не му си во кожата на машиновозачот, иако не е виновен, цел живот ќе го живее со таа слика како летаат делови од тела пред него. Исто така пред некое време прочитав за некој мигрант кој после година и пол се вратил да си го земе детето што го оставил во болница во Србија кога неговата жена на пат кон Европа ја фатиле породилни болки. Свесен дека не може да го ризикува животот на бебето го оставил. Се вратил по него кога фатил сигурно тло под нозете, нашол работа, обезбедил услови за своето дете. Трагедии, ужас. Само кога светот би бил подеднакво добро место за живот за секој негов жител.
„Но, љубовта е таква енергија што самата по себе се обновува. Со самото тоа, љубовта ќе биде возвратена. Потребно е трпение, скромни количества трпение. И верба. Сево ова звучи наивно, но многумина свесно ја згаснале љубовта само затоа што не верувале во себе. И затоа што станале престрашени од тагата што невозвратот ќе ја донесе. И самото чекање носи тага, но вербата е доволно силна за да ја потисне. Или барем да ја намали. Во секој случај, по некое време, заљубеникот се откажува од својата љубов. Но, какво разочарување! Наместо да почувствува слобода и среќа, тој се чувствува празен, бесцелен. Наместо да се чувствува бестелесен, тој е отромавен, претежок самиот на себе. Потоа се бара спас, некој вид заборав. А вистински заборав не постои, тоа е јасно. И, што на крајот? Е, се` почнува од почеток! Човекот повторно се вљубува“. - Игор Исаковски („Експлозии, трудна месечина, ерупции...“)
СДК не е ова мој термин за луѓево. Чекам денес на ОРЛ со ќерка ми на контрола. Пред врата митинг. Да можеа сите внатре ќе се набутаа. Саат 10, а госпоѓата на врата со термин во 12. Сестрата и вика не си на ред и и го покажува терминит дека и е во 12, а таа за жива глава не се трга од пред врата. Боже ме сачувај. Арно да беше само таа. Уште5мина најмалку имаше што не виделе кога им е терминот, а се туркаат пред врата ко будали. Едвај завршив работа со малава.
Ужасно ме иритараат луге кои по секоја цена се трудат да ти го заебат денот ,пошто нивниот уште пред да се раздени го осудиле на пропаст.Мрчатори невидени,досадни неранимајковци кои немаат грам мозок за да направат нешто позитивно и убаво од себе си. ******************************** Сега да можам би била на плажа.Би јадела цреши,манго и некој коктел.Би имала убав исончан тен,слушалки на глава и би одлетала некаде во далечината на брановите.Далеку од гужвата,градот,бучавата. Уште кога би се вратила 10 год наназад ...тогаш би карила и некој згоден тип,за да еден ден раскажувам и јас за мојата летна авантура.(која никогаш не ја имав)
Кога се сликате со коњ глава до глава, гледајте барем да не си личите. Се, се ама жени со коњасти фаци...не. Вкусеви...
Кога ќе прочитам текст или стих од кој ми затреперуваат срцето и мозокот станувам завидлива на умот кој го креирал тоа. Сакам на минута да му влезам внатре и да прошетам низ мислите и како дете во ливада да го одберам најубавиот цвет, да го скинам за себе и да го чувам, себично само за себе. Така и со луѓето кои ги сакам, ги чувам како тој цвет, како цвет во книга. Можеби е стар и не е како оние свежите во вазата на масата, но ми е подраг од овие што ми ја замирисуваат собата со убавина. Не мириса, лисјата се суви и обелени. Ама крие спомени, чува тајни.
По неуспешната гушка за "спас", сега следува гушка за утеха. И ГТЦ покажа дека е спремен за промени, за разубавување и излегување од сивилото.
Изгледа деновиве Марфи е многу присутен кај нас дома,ни ја попречува среќата и работата..како прво се расипа фенот , потоа цркна правосмукалката , а потребна ни е повеќе од порано ,нели знаете , за неколку дена е крштевката на Внук ми ,потоа лаптопот почна и тој да зафркава , се губи гласот и некои други работи..е аман Марфи , оди си веќе , остави не на раат ,ќе те победиме да знаеш , се ќе се поправи во рекордно време, така да си знаеш
Ако за нешто ни ја бидува земјичкава наша што си ја газиме под нозеве, навистина само за едно ни ја бидува. Ни ја бидува само за извоз, ама извоз на квалитетни луѓе. Зашто кога ќе размислиме пологично, само колку наши Македонци се толку влијателни личности во светот. Ама само на нас, нажалост, не ни чинеле. Ех Македонијо, наша Македонијо!
Најголемите ку*вештилаци низ градов (и мажи и жени) се испомажија/испоженаа (дал од љубов или од бременост - тука не навлегувам), а јас уште мачки чувам. Ех Трајанке, Трајанке...
Не сакам добро ситуирани личности сожаливо да ме тупкаат по грб и да ме тешат-ќе биде подобро! Н-Е С-А-К-А-М.
Dobro be luge prestanete da me prasuvate koga pak ke zabremenam,sto vie e na vas gajle,pa jas sum bremena tie sto treba da znaat si znaat vie nemate potreba zasto minatiot pat bevte "mnogu dobri" so vasite komentari : sto napravi da imas spontan,zosto nemozese da ja iznosis bremenosta,zosto ti e potrebno vestacko oploduvanje,jalova si? Glupi ste ili padnati od mars,so vasite komentari ne ste pomislile deka ste me povredile..e dosta e veke