Неможам да повервам кое ниво на простотилок го достигнала естрадата целокупна,случајно го видов спотот и си велам дали е можно некој песна ваква да има снимено,ама све е можно овде,а за спотот подобро да не коментирам катастрофа...
Кога се дрзнуваме да критикуваме некого, а се во прашање некои спефицични теми, потребно е да погледнеме малку подалеку "од носот". Дете родено надвор од бракот е вонбрачно дете, и на Балканот и во Холивуд. На истиот начин ја гледам и голотијата во спотовите.
Си идам од кај баба ми. Одам скоро секој ден. Ги среќавам секогаш истите луѓе, ме поздравуваат секогаш исто :- Кај баба? Ако, убаво, така треба. Дедо ми ја напушти пред 3години. Во комшии има дечиња, сите ја посетуваат, си муабетат како со другарче. Има само едно девојче и толку многу наликува на мене кога бев нејзини години. Тешко е да си сам, но баба ми со 83 години нема време да осети самотија, и тоа ме радува, многу....
Многу често почнувам да се чудам, како луѓево газат дури и преку пријателите, па и роднините, без никаков срам ,само да го задоволат својот порив за материјалното и за да си ја задоволат суетата. Се повеќе гледам површни, рамнодушни и отапени луѓе.
Sekogas moli se na Gospod za OCI koi ke go gledaat samo dobroto vo lugjeto, za JAZIK koj ke imat sposobnost da izgovara samo ubavi zborovi I za SRCE koe mnogu ke saka, a uste poveke ke prostuva.. Za da bide zivotot ubav...
СДК ... Ви испраќам многу позитива од центарот на светот. Сите горе доле знаете за кој град станува збор. Негативата е стандард тука. Секојдневни трагедии, лоши судбини, проблеми куп. Но, исполнет со многу случувања за кои цел свет знае, позитивни и возбудливо интересни. Затоа не сакам да ве читам тажни. Ќе ве известувам за убави моменти, позитивен адреналин ... Би сакала секој еден да има шанса да дојде во центарот на светските случувања. Се читаме
Знаете, многу од тетратките како мала не знам каде ми се. Но сигурна сум дека тетратката по лектира од шесто до девето ќе си ја чувам. Не само што ми значи целиот тој труд што сум го вложила во неа, пишувајќи со часови, вртејќи ги речениците, вака, така... Туку повеќе затоа што ми претставува еден вид времеплов. Од пред три години до сега. Некако, ракописот ми се изменил толку драстично, од огромни првоодделенски, до тесни, италик букви. Не само ракописот, туку и стилот на пишување, едноставно ги гледам целите три години низ тие страници. Ептен си ја сакам тетратката по лектири.
За сите буткачи на проблемите под тепих, ја кревам чашата ви наздравувам! Доволно долго ве дружев, ве напуштам.
Заради законот за државна матура и за оние кои не беа на Чет. Два воза се наоѓаат на растојание од 170 километри. Пвриот воз тргнува од точката А со брзина од 80 km/h а вториот тргнува 10 минути подоцна со 70 km/h. На 30 километри поблиску од двата краја (исток и забапад ) на точките тргнуваат две врапчиња во исто време со брзина од 30 km/h. Треба да се запази дека дува југо-западен ветер од 10 m/s. а) Под услов ако возовите се сретнат први, колкава е веројатноста дека политичката криза во Македонија ќе се решив во рок од 1 месец ? б) Првата средба на средношколците со абдалот е неуспешна, после која средба ќе се дојде до компромис ?
Под сенката на црешата,би ја напишала книгата на мојот живот,и никогаш не би зборувала за себе,би напишала ред два за тагата која му пловеше во очите на парталавото детенце на семафорите со својот изнемоштен татко,за девојката која ниту бисер од својот бисерен ѓердан не остави тука и замина во некое приморско градче,за старецот пред црквата,за биењето на камбаните,за живототе кои завршиле додека јас сум дишела,и оние кои почнале,страниците би мирисале на моите прсти,писателот знаеш, не треба да пишува за себе,никогаш за себе,од бога е допрен да им даде живот на страниците да танцува со перото. Секоја книга мириса на својот творец, на неговите прсти на душата изгорена млада блескава. Зошто некои книги се паметат како најголема бура во историјата. Заљубена сум, и тој во мене, во осбава имам јоргован,денес секој двор има. Нашата љубов би ја негувале како градината,како цветовите. Ти си ми вечност. За навек си ми љубов. Туку,кога млада душа умира,остава зад себе полиња посеани жито и оние кои му ја љубеле душата секоја година ги жнеат полнејќи торби амбари полни души полни очи полни тага. -ти посветувам парче стихови колега,умееше ти да го љубиш пишаниот збор,нека ангелите ти ги отворат портите од рајот.
Да, во сечиј живот за жал имало и ќе има по некој примерок од оние луѓе чие хоби е барање на влакно во јајцето, пресекување на сумирањето на сите придобивки од еден убав ден - со по некое нивно обесхрабрувачко ама. Оние луѓе кои зад сечија љубезност и култура ќе најдат или флерт, или користољубиво умилкување како можна причина. Кои често туѓото искажување на блискост со саканите ќе го окарактеризираат како лигавење. Луѓе кои ќе се потрудат на врвот на твојот ентузијазам, твојата храброст да ти ја претстават како лудост. Истовремено и несамокритични личности, кои она што кај себе го сметаат за достоинство - кај другите го сведуваат на неоправдана горделивост, или она што кај себе го величаат како искреност - кај другиот го плукаат како дрскост... Е токму на тие луѓе никогаш не им давајте пристап до вашите одлуки и не дозволувајте да влијаат на вашето мислење за некој што навистина ви значи. Никогаш не дозволувајте нивното но да ви ја намали среќата и ниту за момент да ви ја симне насмевката од лицето!
Топло ми е на душата. Две години заедно со дечко ми Кратки, среќни, мачни, нервозни, совршени, интересни, возбудливи две години! Нека се множат
Jas ne mozam vejke da ja izdrzam ovaa bolka vo mene...custvuvam deka sekoj moment ke pukne nesto vo mene ,a nemam komu da ja kazam mojata tajna sto seuste me boli ..ostana zakopana vo mene
Сите лоши работи поминаја.До пред 2 месеци ми се плачеше кога ке ми текнеше шо ми се случи,а сега кога ке ми текни сеедно ми е,дури понекогаш и ми иди да се смеам.Кога ке ми речеа не се секирај ке помини.И си велев да бе,тебе ништо не ти се случва,гајле ти е тебе.Ама ете стварно се помина.Ама и со сето то шо ми се случи имаше и позитивни и негативни работи.Една од позитивните е то шо запознав многу луѓе.Некој беа мноооогу добри,а за жал останатите беа лоши.Секакви ги има. Поздрав и добра ноќ
Неверојатно ми е како едно кратко патување може да трансформира толку многу работи - мене најмногу! Откако се вратив, еве веќе цела седмица, не можам да функционирам нормално. Ме убива секојдневието што до вчера ме исполнуваше, ме мачи некоја меланхолија, блага депресија, несоница... Се тешев дека е ПМС, помина и тоа, а јас сум сеуште со очи полни со солзи, со грутка во градите што не можам да објаснам од што е предизвикана. Не дека првпат патувам во странство, но овој пат нешто ми вели дека ова патување остави трајно влијание врз мојот живот. Откако се вратив, размислувам за повторно заминување, ги разгледувам сите опции и можности кои ги имам на располагање во моментов... Со таа разлика што наредното заминување не би било на кратко и со таа разлика што овој пат ја немам поддршката од најблиските, што всушност и ми паѓа најтешко. Седам и размислувам... Уште еден крстопат! Уште една од многуте борби меѓу срцето и паметот! Повторно… не знам кој е вистинскиот пат, кој е вистинскиот избор... Си ги поставувам најбитните прашања и ги одговарам истите самата пред себе, исто како да сум приклучена на детектор за лаги… Ме преплавуваат топлотни бранови пропратени со доза на адреналин со секое одговорено прашање, ги сметам за сојузник на вистината... И некако се убедувам дека срцето секогаш го крие точниот одговор, точниот пат по кој треба да тргнам... Можеби влогот е преголем, можеби тој пат ќе ме чини премногу свртени грбови, љубов, град на живеење... Но, спремна сум и на тоа, иако овој пат сум оставена сама да го одберам својот пат !
Се вратив ... Абе како дома нема никаде. Денес планирам цел ден да лежам да одмарам, но нешто во последно ми се јаде лакмаџун или палачинка или питулици хммм па и така сум сама може да направам нешто..
Она кога со Сестра ми си посакуваме добро утро во 12 по телефон, а таа ме зеза како ми го осеќала затнатиот нос. Ми кажува што музика ќе ми пуштала вечер и ми прави нарачки што да и‘ донесам за вечера. Потоа одеднаш ми вели „Ај, чао, ќе ти се јавам пак“ и по две секунди ми ѕвони со некој „откорнат македонски хит“. Ја обожавам, и покрај тоа што некогаш благо не се поднесуваме Велат дека луѓето со кои ќе ја дочекаш Новата Година ќе бидат тука за тебе во текот на целата таа година и ќе бидат со тебе за арно и за лошо. Не дека верувам во вакви глупави суеверија кои секој втор може да ги измисли, но јас Новата Година ја дочекав со Сестра ми и сакам да верувам дека ќе биде со мене за арно и за лошо, низ смеа и низ солзи, до крајот на животот.
Во позитивен контекст прашувам. Како некои луѓе не се губат себе си и не забораваат да се грижат за себе си, кога на некој близок околу нив не му е добро и е сериозно болен? Родител, баба, дедо, роднина? Од глава до пети средени, дотерани, па и си даваат издишки... Јас не би можела, би чувствувала грижа на совест, губам осет за храната, не ми е важно дали ќе јадам и што ќе јадам, дали косата ќе ја средам или не, дали ќе се нашминкам или не, дури и да го направам тоа, ќе биде набрзина и безволно. Лани овој период дедо ми беше многу болен. Се поправив 5 кг и прилично многу не се грижев за тоа како ќе изгледам. Добро, пристојно, ама не бев селф центрд личност. Јасно ми стана дека има многу поважни работи од тоа да бидеш среден цело време, од тоа да си бидеш само важен ти, не дека не им е гајле на тие личности за драгите луѓе, туку едноставно... како сепак може да се стават на приоритетна листа. Сериозно, сакам да научам како... и сериозно,ако има некој со одговори, нека ми пише. Јас се замрзувам во тие моменти и навистина воопшто не мислам на себе... Да, размислувам позитивно, ама сериозно не можам да приоретизирам на пример ритуали кои ги применувам вообичаено. Како го правите тоа, сакам да научам?!? Сепак животот продолжува, не можеш ништо да промениш, освен да се надеваш на позитивен исход. Ама сериозно... јас не можам да обрнувам внимание на својот изглед толку многу кога се е во ред со сите кои што ги сакам. Бидејќи јасно ми е дека животот е полн и со вакви работи, сакам да научам како да гледам среќа во тоа да се гледам во огледало дотерана и да ми биде стимул за подобро утре, иако знам дека некој близок пати во тој момент. СТВАРНО САКАМ ДА НАУЧАМ!!! Карти резервирани, ортак спремен, нокти налакирани. Сакам слободни денови. Уште да се навистина во целост слободни...
Уживам во последните подготовки за продолжениот викенд што следува. Одамна не сум била под еуфорија за 1ви и 2ри мај.. а кога ќе размислам..можеби и никогаш. Конечно ќе пливам ту ту ту да не се урочам и овој пат Мозоков ми е изладен, се држам под контрола...освен мачкава, кризира, а никаде не можам да и најдам мачор. Да не бидам погрешно сфатена, не дека ја нејќам секс ...ама во случајов под мачка се мисли на домашно милениче.. она мало крзнено топче... ма да коа се читам вака.. ептен на перверзно ја истерав работава ама добро де, сфативте што ми беше поентата. ************************************************* @julie77 ма!!! Каде без поздрав?! Имај ги најубавите денови таму кај шо си, остани позитивна и ведра и kick asses there!! Па јави коа ќе идеш назад да те пречекаме на аеродром, сигурно ќе тежат сувенирчињата Шала на страна, ти посакувам убави животни авантури. ************************************************* Сабајлечки ми стигна нешо вакво на вибер: +79685095797 Овде снимиле видео за тебе, можеш да се изнасмееш! Гледај (линк во продолжение) Наравно не го отворив линкот.. вирус ли е..шо ли е?!