Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ^Вирус е, и на мајка ми и стига и она кликнала. Ништо страшно. Не го отварајте, а ако го отворите еден формат на телефонот или само избришете ја апликацијата и пак инсталирајте ја.
     
    На tessie и Yowannty им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.101
    Пол:
    Женски
    Откинати листови од дрвото остануваат зад мене со секоја измината година.
    Пожолтени, кафени и по некој зелен колку да ја разбие монотоната глетка. Во купот разнобојност вниманието ми го зароби расцутената пупка. Самоуверено исправена му пркоси на времето, гордо ја носи цврстината и непоколебливоста меѓу трулоста околу себе. Диши искрено, манифестира волја, ми испраќа спакувана порака во која пишува дека убавите нешта никнуваат онаму каде што не сум ги посадила.
    Шири занесен мирис кој хронично ми ги надразнува сетилата, ми ги одвлекува мислите каде што треба и каде што помалку треба да ги насочам, но потсвесно знам дека таа е тука... до мене и со мене...
    Обземена од предизвикот на привлечноста, молчев, ги голтав зборовите на човечноста, ги склопив очите пред вистината, кришум се смешкав и му подадов рака.
    Го прифатив за сопатник.
    Поасакавме заедно го гледаме летот на птиците, да ги броиме малите камчиња, да ги делиме залаците и да се смееме на глупоста што сме ја направиле...
    Ме заплисна хронологијата низ времепловот кога стихијно стигнав до цветот што ги засени сите останати и што ме опои со својот посебен мирис.
    П.С. Убавината на животот е таму каде што ќе ја создадеме.
     
    На eliesaab, senza.parole, Anabelle.Amorette и 8 други им се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Неколку дена бев далеку од се што ме правеше несреќна и тажна.
    Ги имав скоро најубавите и идеални моменти со предрага личност.
    Откачени, неочекувани, не својствени за мене..Се чувствувам лудо, знаете.
    Не ни претпоставував дека знам да бидам луда!:?:8)
    Јас преубаво ги поминав деновиве. Сакав, и бев сакана.

    Е сега, враќањето во оваа сурова реалност, ме истоштува..
     
    На eliesaab, samovila.red., Anabelle.Amorette и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.285
    Допаѓања:
    91.982
    Пол:
    Женски
    Букет цвеќе во секој момент може да ме израдува,насмее и усреќи :angel:
    :f::f::f:
     
    На eliesaab, samovila.red., Anabelle.Amorette и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Утрово, во трка со времето, брзајќи, не стасав ниту саглам кафе да се напијам, а камоли да најдам соодветен пар чорапи. Но, резултатот од мојата несмасност го забележав дури потоа, откако се вратив. Вџашена, веднаш во себе неколкупати си ја повторив молитвата ''Оче наш'' за да му заблагодарам на Бога што не морав да ги собувам чевлите онаму каде бев, и што никој ја немаше таа посебна прилика да ја забележи мојата темно сина наопачки облечена чорапа, или црвената со жолти риги, (ака Македонско знаме) чија пета со шармантна дупка дошла дури до прстите. Инаку, се согласуваВ со тезата дека животот е прекраток за да се пронајде соодветен пар чорапи, се` до денес. Кога сфатив дека тоа важи единствено во теорија, додека во пракса е сепак малку поинаку.. :makeup:
     
    Последна измена: 28 април 2015
    На eliesaab, Lella, Hipica и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.609
    Пол:
    Женски
    Сдк одиш во некоја продавница пазариш купуваш свашта си направил сметка и ако не побараш кеса нема да ти дадат, а ако побараш одма следи уште денарче. Ма идите у пм, поголема глупост од ова нема, ти им правиш промет а тие кесата од еден денар едвај чекаат да ја наплатат. Море секој пат наназад да им оди кога се така глупи. Фала пријатно морав да си го кажам ова оти премногу ме иритира
     
    На Daleron, Anabelle.Amorette, BurstBerry и 4 други им се допаѓа ова.
  7. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Страшно ,страшно сум изненадена од лугево бе... Се исмеваат на други во лице,озборуваат ,се смеат гласно незнам што постигнуваат,се хранат ?! Толку се горди на тие зборови. Толку ниско,долно... Немам коментар.
     
    На samovila.red., Anabelle.Amorette, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. danche86

    danche86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Mozda ke zvucam cudno i glupavo,ama ocajno mi treba drugarka od Skopje :(
     
    На samovila.red. и Cka им се допаѓа ова.
  9. love11111

    love11111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам ништо повеќе не е исто... Сакам се ова да е лош сон, да се разбудам и да продолжам онаму каде што застанав. Сите дома сме како побркани, Вчера го изгубивме а веќе на сите ни недостига. Очајно сакам да се врати, иако сум се карала најмногу сум го сакала. Сакам времето да се врати да сторам нешто, но тоа е залудно.
     
  10. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека ...

    0. Следат неколку креирани, монтирани. смислени, поправени, надоградени, лажни, прелешени идеи со кои имаат цел да ве намамат за да ставите лајк. И затоа на мене не треба да ми се верува ! Уште во 90-тите години ништо не направив за вас квалитетно, а камо ли сега !

    1. Оноа детенцецецено во Малиот Ага наместо за 9 изгледа како за 29. Ама кога кажа "Уфф, животот е тежок" и застанав на пред телевизор на мајка ми и ја прашав во споредба со него колку години имам јас ? Само ми одговори.. тргни се да гледам Х)

    2. За жал сеуште имаме луге на наша возраст што не знаат зошто 1-ви Мај е наработен ден !

    3. Сакале или не, ама јас како мал многу сакав да мочам од тераса помеѓу решетките на оградата.

    4. Надвор може да бидете скоред кодекс и бон тон, АМА КОГА СТЕ САМИ ДОМА, ТОГАШ СТЕ НАЈРЕАЛНИ ! ! Ама јас никогаш не сакам некој да ме види што правам кога сум сам дома ! Секој може да излаже, ама секој сам си знае за себе !

    5, Се прашувате од каде толку гомна во Вардар ? Па од ова што ни прават политичарите ниту една канализација не може да го поденесе на капацитет. !

    6. Само Фемина не е во мината мода затоа што никаде нема значи на барок.

    7. Наместо на некого да му кажете "Не биди тврдоглав", може да се замени со "Не биди Ќамуш"

    8. И за на крај.

    9. Ништо не е толку важно колку што е важно дека ништо не е важно.
     
    На Saricko и samovila.red. им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.895
    Допаѓања:
    163.701
    Сакам љубов како на моите.
    Татко ми памти како била облечена мајка ми на првото патување во Солун преку 30 години.
    Носела црвена суќна долга, кожни римјанки и морнарска маица, ташничката што ден денес ја носам јас, поштарска.
    Она не се сеќава, ама се сеќава како тој бил облечен. Обичен џинс и карирана кошула, опишана во детали.

    Памтите вакви работи?
    Ех... Пак се заљубуваат еден во друг, тој ја гали и и вика мое бело мече, порано беше ангорче, сега си бело мое мало мече...
    Некому лигаво, некому убаво... сто години љубов.

    Некој пишува поезии, некој ги живеел и живее без занесувања. Живот...

    Знам дека секогаш ќе бидам среќно и сакано дете. Како што знаеле најдобро, секако не совршено.
     
    На Buttterfly, eliesaab, samovila.red. и 33 други им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.528
    Пол:
    Женски
    Чија си ти? -Твоја.

    Тотално нефеминистички од мене, а во моментот на потполна среќа и еден од ретките целосно исполнети моменти.
    Секогаш ќе сум негова, затоа што припаѓаме заедно.
     
    На sparklie, samovila.red., Hipica и 11 други им се допаѓа ова.
  13. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Траума од детството:
    Мама: тргај дома да учиш, утре наставничката нема да те прашА дали си играла на улица...
     
    На Daleron, Hipica, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Целосно се пронајдов во мислењево Лилит.
    На почетокот неможев, одев така ко неизбањата, шминка, гардероба на памет не ми паѓаше, ејјј ни косата ја немав исчешлано. Два месеци со подочњаци до колена, кожа уништена, крем за лице да ставам ни на крај на памет не ми падна, цело време во истите алишта, што прво ќе ти се најде тоа... едноставно неможеш да мислиш и размислуваш. Туширање со ладна вода, косата во запуштена пунџа. Ослабев добри 6 кила, неможев ништо да ставам во уста, секој залак ми се враќаше, несакав ни да јадам...
    Еден проблем влече уште 10 други.

    Кога веќе ништо друго не ми преостана за расположување пробав барем да заличам малку на човек, на онаа што бев. Почнуваш да наоѓаш мали причини за задоволство во најплитките работи како што е да се нашминкаш, средиш, поддотераш...
    И дома им е тешко да те гледаат така за никаде, најискрено почнав да си се враќам на старите навики само за да внесам малку ведрина и живост дома. После мене почна и сестра ми, а и мајка ми еве ја почнува.
    Тој ни вика „Така бре малку да ве видам освежени, дотерани„ - а од секогаш ни зборел да не си ги уништуваме лицата со шминка. :)
    Пак јас не го правам тоа со некое задоволство и некој голем ќеиф па да неможам да си се изнагледам во огледало... Онака е бездушно, незнам како да кажам, нема цел, нема поента, не ме исполнува, тоа е само надворешен изглед је*и га.
    Така кога некој ќе ми каже пофални убави зборови, ете ко коментарите на моите слики е само убавина за очи, да не ми е никој во кожата.
    Само тој што не ме познава може да каже дека блескам, а точно е мајку му... блескам пред луѓе што не ме знаат, никогаш не сум сакала да ги споделувам маките или да му направам наудобност на соговорникот.

    Мојот одговор е:
    Не се учи тоа, не постои начин на кој се учи, тоа е само една убава на изглед маска, ништо повеќе верувај ми. Во таква состојба никој не го прави тоа од мерак, задоволство или навика, само бара начин да се чувствува подобро во врска со себе или да направи тие околу него да се почувствуваат поубаво, вистината е дека на тој што си се средил и дотерал најмалку му е гајле за тоа. Чест на исклучоците на кои својот надворешен изглед им е секогаш приоритет и не зависи од ништо друго :|.
     
    На eliesaab, Boleyn.7, samovila.red. и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.895
    Допаѓања:
    163.701
    ^ Може е така кога има надеж.
    Јас сведочам друг настан ваков и просто фасцинирана сум од однесувањето. Малку со гадење, малку со завист како може,а јас не, но најмногу со позитивно воодушевување. Измешани ми се емоциите. Сакам и јас така, ама не можам...

    Не мора да ми ги знаат другите проблемите, ама не можам самата да се прикажам дека се е ок, физички да се гледа дека ми е супер, кога не ми е. Не знам како да се објаснам.
    Јас та дури и кога се е нормално чувствувам грижа на совест дека посветувам време на себе додека на другата страна од светот некој гладува и умира... сериозна сум и нетенденциозна.
     
    На eliesaab, samovila.red., galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.853
    Допаѓања:
    101.607
    Пол:
    Женски
    А јас мислам дека не треба со ништо да се присилуваме.
    Зашто кога е време на тага се тагува.
    Кога е време на радост се радува.
    Зарем има шминка која ќе ми ја обои црнината на душата или неугледната облека да ми ја сокрие радоста?
    Јас бирам да сум среќна во неугледни алишта и без шминка.
    Друг бира да биде комплетно среден секој ден без разлика што има болест во наблиската фамилија.
    А за се треба да помине време,тоа единствено ќе ти покаже кога треба да излезеш со црвен кармин на усните.
     
    На Daleron, samovila.red., Doozy и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.895
    Допаѓања:
    163.701
    Абе не ми е философско прашањево те дилемава, најсериозно.
    Дали си среќен во вреќа од компири или тажен облеан во злато...небитно.
    Туку како се соочуваш со себе си ми е прашањето?
    Не е ниту осуда, ниту констатација, туку ме интересира. Се се учи, сакам и јас да научам да бидам приоритет на себе, секако не благодарам ако некој близок ми е во агонија, а јас да цртам со туш по очите, туку да знам да се погрижам и за себе.

    Има такви кои тагуваат и со црвен кармин на устата. Нема исправно и точно, туку ...не знам што има.
    Сакам да научам да се ставам себе си на прво место во име на животот, а не на последно во име на болест, смрт или нечија туѓа несреќа.
     
    На samovila.red., Giovanna, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Е тоа незнам... за мене шминката, фризурата и гардеробата т.е. целокупниот среден дотеран изглед не значи дека сум се ставила на прво место. Едноставно ги земам реквизитите и се маскирам, сакам само да ги снема грдите подочњаци, раскопаното од нервози лице, ги вадам пофините алишта и тоа е тоа. Исто ко да ставаш нова и убава фасада на куќа која одвнатре има мувла, влага и се распаѓа.
    Јас не се соочувам со себе, рамнодушно се гледам во огледалцето.
    Има луѓе на кои едноставно не им е во крвта да си се ставаат на прво место, неможам да се ставам на прво место како прво затоа што има луѓе кои ги сакам повеќе од себе и за кои би си го дала животот доколку е потребно. Сигурно си и ти од тие луѓе и затоа никогаш нема да научиме и да успееме да си се ставиме на прво место...
    Абеее пааа мора да не има и вакви помеѓу толку егоисти. :)
     
    На samovila.red., Lilit, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.853
    Допаѓања:
    101.607
    Пол:
    Женски
    E тоа Лилит не се учи.Таков си од почеток до крајот на својот живот.Или треба да ти прегори некоја жичка :D
    И некако тие што себе се ставаат секогаш на прво место ми се чини поубаво си поминуваат.
     
    На samovila.red., Lilit, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Ретко кој во такви моменти мисли на себе, иако има и такви луѓе. Ако се работи за подолга болест првичниот момент кога дознаваш си во шок, па тагуваш, патиш, се запоставуваш, додека сфатиш дека не си ти тој на кој треба да се посвети внимание, да не даваш до знаење дека и за тебе треба да се грижат исто како за болниот, да не гледа болниот дека пропаѓаш заедно со него. Што рече мимс, ја навлекуваш маската да не привлекуваш внимание со својата несреденост, да не предизвикаш сожалување кај другите. Имав 20 год.кога баба ми имаше мозочен удар, остана неподвижна и на моменти се губеше. Буквално ме бркаа од соба, зашто ја растревожував со своето плачење. Другата баба замина на нозе во операциона сала, ја вратија дома два часа пред да умре. Не ја видов, немав сила да ја гледам таква, а уште помалку сакав таа да ме види мене во таква состојба. Не се учи тоа, карактер е, некој може храбро да се носи со болеста на негов близок, некој не.
     
    На eliesaab, samovila.red., Doozy и 4 други им се допаѓа ова.