Престанав да се замарам и да се нервира.И така на никој не му е гајле дали сум среќна или тажна,така од денес ке си правам да ми биде убаво,а за другите не ми е гајле,кој што сака нека збори.
Доаѓа март и за мене почнува пролетта Викаме фебруари само 29 дена е одма ќе помине. Како па да не. Мене ми изгледаше како два века да трае,а не 29 дена Сакам веќе сонце,топло време... Си станав денес порано,вежбав 20 минути и сега пред малку бев да купам нешто до продавница. Ова кај универзална да ти е страв да поминеш. Полиција,полиција,џипови... Не можеш да се разминеш. Ми беше страв да не ме уапси некој Одам јас сега да поучам нешто,а вие имајте убав викенд
Епа навистина мајката е најдобра пријателка на ќерка си. Ова саботно утро излегов со мајка ми.Одамна го немав сторено тоа,ми недостасуваше. Се мотавме низ бутиците со некој лесен муабет и со благи насмевки.Очите ни беа вперени во излозите,а внатре во бутиците владееше во нас силна неодлучност.Имаше и по некоја караница за тоа кој модел е поубав,ама ни тоа не ни го уништи расположението ниту пак овој убав ден. На крај,со неколку кеси в раце седнавме во слаткарница и се опуштивме со едно нес-кафе и еден чоколаден колач.Секако во меѓувреме си правевме некој муабет на тема-се,само проблеми не ( ). Исполнета сум,денов беше прекрасен ,би сакала секогаш да е вака.
Денов некако ми е премногу досаден. Досаден и глупав. Уште еден во низата смотани денови со уште посмотано време. Ништо не ми се прави, цел ден само се излежувам и си се преместувам од еден кревет на друг, од еден телевизор на друг. Ама па и ова телевизијава ме нервира, ништо паметно не дават, по цел ден само репризи од турскине и индискине серии ко небаре малку им е шо од Понеделник до Петок отекуваат со нив. Еве сега си варам пудинг, цело пакетче само за мене Додека го чекам млекото да почни да врие си симнувам филмче чунки стасаа Оскарите па треба да бидиме спремни. Иако ништо не ми се прави, многу ми се јади. Во моментов само можам да набројам над 20 работи кои ми се јадат. Ама ќе мора да си се задоволам само со пудингчето. Ајде одам јас девојки, да не ми загори млекото на шоре па после ете ти проблем. Се надевам дека вие имате поинтересен ден од мојот, а ако немате пуштете си филмче и ужувајте
Бубби се качи на Воодно Бубби се качи на крстоооооот тра ла ла ла лаа ла Кеифовиии Ми требаше качувањево до врвот денес и така нема да имаме аеробик вечер. Туку, се враќам дома и гледам топла вода за бањање , супер Одам во кујна и гледам домашна пица за ручек, спремна, ми се смее аууу супер Што ли толку добрина сум направила за вака да ме удираат радости денес? Сега следно е спремање благо за утрешниот празник и вечерна прошетка/кафе/коктел....па било што. Денов и онака ми е многу многу мнооогу убав. Имајте и вие убав викенд
Нешто до забуна дојде со месециве Февруари сончев, а Март вака да почне, со вакво време.. не е фер Ќе се стопли, ќе се разубави времево ама знаете кога? Кога ќе ми бидат колоквиумите, за да не можам да излезам, да учам на убавото време... ама ако, јас да положам па за излагање, шетање за се ќе има време А денеска, времево само за спиење... ама ај доста ми беше спиење, време е за кафе и гледање на новите епизоди од сериите... покасно ќе учам
Чаша сок од портокал и омилените 'сендвичи' од детството бисквити и еурокрем, ми го разубавија тмурниов ден. Ми се смееше по телефон сум била големо дете, па што ако, демек Tој не пораснал така Февруари не беше мој месец дефинитивно, се надевам Март ќе донесе некоја убавина и повеќе сонце
Леле А цело време пазев да не напишам 29 и на крај од толку пазење 29 сум напишала Ај барем те насмеав...
Mразам афтери . A најпосебно кога сум 1ва смена на работа . Mамурна и поспана Саат време спиење ммм lovely . Zero power. Fuckkkkkkk ..
Чврга. Многу ми е интересен зборов. Сум заборавила веќе како се мава. Одамна не сум се спречкала со сестра ми. Ама кога ќе се спречкам, имам мерак да и` зачвргам, барем една. Од што имам мерак, дури и сама на себе си зачвргав. Чисто да го видам филингот. Во последно време, си најдов хоби. Миење садови. Многу ми е интересно. Нешто не е во ред со мене... не, не е. Иначе, да! Кругот се врти, оооо да. The wheels on the bus go round and round, round and round, round and round. Озбилно, да не почнал Јупитер да се движи ретроградно кон знакот девица? Стварно се чувствувам чудно.
Како што тргнало нема да има директен пренос на карневалот... А немам намера да одам таму, па да киснам во гужвата и пак ништо да не видам. Значи, нема карневал за мене оваа година. Само ме нервира тоа што мајка ми упорно ме лаже. Сигурна била дека ќе има пренос. Па еве нема. А кога ќе заврши самиот карневал само ќе рече „Па голема работа. Тоа е само еден глупав карневал“.
СДК буквално секој наш избор од минатото го претставува патот кој сме го минале за да станеме она што сме денес...
Од новава 2014, веќе трета сијалица менувам на ламбата врз фотелјата. Татко ми ми вика дека многу струја сум го чинела, па ми предложи да читам денски. А јас: Тато, книги со духови се читаат строго после полноќ. Не оди да читам на тераса додека се сончам и ми пеат птички во близина. Туку, деновиве ширам познанства низ целава планета преку tumblr. Многу е интересно да наоѓаш луѓе со кои ги делиш истите интереси. Најдов еден тип од Рио по име Mich со кој коментиравме некои трилери што и двајцата ги имаме прочитано, па си разменивме must read листа. Си најдов и една имењачка од Романија која се занимава со фотографирање, па си правевме муабет за техники, фотоапарати, идеи и извори на инспирација А ме исконтактира и типка по име Мила од Нови Сад која е фан на Шерлок, па останувавме со неа до ниедно време да коментираме за случувањата во последната сезона. Пишувам пораки за убав ден на најблиските followers со кои најчесто сум во контакт, па добивам убави повратни пораки. Денес ме пречека песничкава во инбокс и цел ден си ја слушам... http://www.youtube.com/watch?v=0C3zgYW_FAM
Уште од мала татко ми ми кажуваше дека ништо не вредам,дека ништо не знам да направам,дека не сум нормална,ама сега сфакам дека бил во право.Тоа е вистина.Мајка ми му кажа за телефонот (многу и се налутив) и почна да ми вика колку сум била дебела и гадна,дека немам памет тие зборови ме заболеа. Да не ми беше татко немаше толку да ме боли.