Во глупави моменти сум била забаталена скроз.Дури и ми замерувале.Подрасната коса, раце како гланц папир, веѓите да се уплашиш од мене...ДИВИНА !! Ако не ми е убаво на душата тогаш сум и со неубава надворешност. Со еден збор-неможам да кријам ако не ми нешто во ред, ликот ме издава. А од секогаш сум им завидувала на тие што знаат да прикријат.
И кога нема надеж, односно кога ќе умре оној кој навеќе си го сакал, ненадејно и неочекувано, кога ќе ти падне цел свет на глава, мораш да најдеш начин да живееш. Викаат, жив во земја не се влегува, живите живеат со живите, мртвите со мртвите. Не можеш да бидеш мртов помеѓу живи. И со месеци си клошар, небањат, немиен, засмрден, бушав и луѓето почнуваат да прашуваат, да зборуваат и со тоа да те повредуваат повеќе. Сите мислат дека треба да ти помогнат, сите се нудат, а ти треба сам да преживееш. На крај сите ќе ти речат, со време се мине, ама времето не лечи ништо, само учиш да живееш со облката. И стануваш едно утро, се бањаш, се чешлаш, ставаш шминка и никој веќе не те сожалува. Ти гори душата, молиш да дојде денот да умреш, ама никој не ти зборува за тоа. Оти и тие што имаат мака во животот, имаат право да живеат. Количината на шминка не го покажува проблемот и болката. Не си ненормален ако си нормален после ненормални работи. Само си силен за да ги тргнеш луѓето подалеку од тебе ставајќи маска. Поарно да мислат дека си луд, отколку несреќен. Подобро да ти се смеат отколку да те сожалуваат. Животот е претежок за да се закопаш во земја пред да умреш. Ме натеравте на филозофии уште рано сабајле, со прво кафе. Денеска не сум на работа, јупи
Точно е се ова што го кажа @Cka, единствено само ќе надополнам не се сите луѓе исти.И не сите еднакво се справуваат со проблемите. Доказ за тоа е се поголемата продажба на седативи и редовите кај психијатрите. А има и такви кои секој ден догоруваат како свеќа,дури не угаснат.
Зависи за кој. Некој за болен или починат дедо или баба ќе плачи и тагува со денови, на друг ич око нема да му трепне. Сум одела во болници и на погреби со шминка и дотерана, реално, не ме потресиле настаните многу. Но кога лежевме во болница со малиот, недела дена не се истуширав и заби не измив. Добар показател за тоа кој колку ти значи според мене.
Има моменти кога толку многу се опседнувам со некој што ми се допаѓа, а е позната личност што почнувам и да го сонувам. Не верував дека ова може да се случи, ама си се разбудив со огромна насмевка на лицето. Сонував дека сум се бакнувала со Сем Смит. Го прогласувам овај сон еден од најдобрите што сум ги сонувала. Сем одлично се бакнуваш душо, само друг проблем е што јавно се изјасни дека твојата сексуална ориентација не е како мојата, ама ете не сметаше тоа во сонот.
Znaci kakvi lugje ima ej ! Sega na ova vreme mu doslo na nekoj do zezanje po telefon.I toa decko/maz vozrasen! Znae li nekoj kako mozam da go doznaam sopstvenikot na brojot?
Еј ова ПМС е страшна работа кај мене. Една недела јас не сум јас. Како рекламата за Сникерс. Чурам од сите страни, се лутам за нешто што вообичаено не би се налутила. Се мразам и самата себе на моменти. А денес? Уште сабајле станав распеана. Се сакам себеси, го сакам животот, го сакам дечко ми, го сакам времево надвор...
Денес си одам дома.. Не сакам,искрено. Повторно би ги слушала домашните караници,проблеми. Јас немам доволно? Но,знаеш како, останатите се занемаруваат. Секој си го гледа своето, а јас за сите доста гледав. Направив промена кај себе да не се притресувам за туѓите пошто и онака неможам ништо да сторам. Некој мисли на мене? Мисли на моите проблеми? Мисли на тоа дека во рок од две-три недели треба да полагам до 13 пати секој ден? Мисли на мојата состојба со моите глупи секојдневни тахикардии,непроспиени ноќи? Практични,колоквиуми, доста напорно но само велат ,, Ајде бе можеш ти ќе положиш,,. Е ајде дојди положи се,издржи се да те видам. Па уште дополнителни нервози,НЕ,ви благодарам. Викендот со либето ми ќе одиме до Банско, конечно ќе се видиме па после дури крај на месец. Без жртвување нема ништо.. Како што станувам повозрасна го сваќам тоа.. Отвори се небо, отвори ја душата, искажи се, исплачи се, застани на нозе, исправи се, сам си ! Не ме слушајте, тоа сум јас со моите единечни зборови, зборови од душа,моменти. **Кога во цел свет би владеела само хармонијата,убавиот збор,благодорни мисли. Тоа е во наше раце, ама не во сечии. Имајте убав ден, во ова време што баш е невреме.
Денеска е светски ден на ЖЕЛБИТЕ. ( https://www.daysoftheyear.com/days/world-wish-day/ ) Не чувствувам потреба од долг коментар во кој објаснувам што, зошто, како и колку. Доволно е да се препуштите на вашата имагинација. Искочете надвор и погледајте во далечина ...
Ми недостигаш. Да, многу. Но, стариот ти ми недостигаш. Зошто толку се смени? Зар тоа е поважно од нас?Зошто на сите ни сврти грб? Постепено почна да се оддалечуваш, полека и сигурно. Ја достигна посакуваната цел. А, зошто? Зар повеќе не размислуваш со својот ум? Или повторно слепо го следиш водачот низ магла, кој всушност не знам дали сака да те распарчи или пак да ти помогне. Се ми се чини дека е ова првово. Сакам да ти помогнам, но ме одбиваш, не сакаш ни да разговараш. Се надевам дека ќе сфатиш дека си западнал во длабока јама и на крајот ќе дознаеш што било и како. Јас нема да престанам да се грижам, ете, не можам.
СДК ... Викаат, и многу арно не е на арно. А јас токму тоа сега доживувам. И уживам! Во друга димензија, друг амбиент, друг менталитет, други навики, други различности ... друг и поинаков свет. За кој добар дел од планетава сонува често. Јас немав сон, но ми се случи сон. Привилегијата ми е загарантирана последниве 2 години. Ова денес кое го имам е негде до врвот. Посакувам секој да го доживее ова што јас сега го доживувам. Спојлер: hellooo Regards from NY ,
Периодов си имав толку многу на душа земено работи што треба и што не треба, и краен резулатат еве сега 3 дена онака од чиста мира неможам да си се изнаплачам. Не сум во пмс, стварно незнам што ми е... Мислам знам што ми е, ама незнам зошто толку многу ме погодуваат работи што треба онака да ги прифатам, не е крај на светот. Имам семејство и дечко што ме сакаат, здрава сум... Свесна сум дека последниве 4 дена сум тешка за сфаќање, аман глупави емоции одете си. После 100 години доаѓа на сцена мојата несигурност и полека ме уништува, ама ако и така ми треба кога сама дозволувам!
Го читав муабетот една страна поназад за грижа за надворешниот изглед во одредени животни ситуации и прашањето како да се постигне тоа. Па да кажам мислење... Не е тоа нешто што може да се постигне или можете преку ноќ да станете таква личност, или си така скроен или не си, секој има свој уникатен начин за соочување со реалноста и проблемите. Не е тоа ставање себе си на прво место, туку е начин на соочување со тежината односно оттргнување на мислите од моменталниот проблем, колку и да звучи површно. Психата кај некои луѓе работи на тој принцип што ставајќи ги таквите работи како шминкање, бирање гардероба, т.е. грижата за изгледот на прво место им ги оттргнува мислите и од најголемите трагедии. И нема апсолутно никаква врска со степенот на жалење за некого или нешто во тој даден момент. И ваквите постапки не се ништо различни со онаа другата крајност, зависи од кој аспект гледаш, а таа е негрижа за себе и за околината, дигање раце од се или пак некаква си стручна помош во одредени ситуации, и едното и другото се начини за соочување со нешто од страна на различен тип на луѓе...
Перфектно ги совладуваш 3те групи за испит од вкупно 4ри. И тебе ти се паѓа четвртата.Што не е јасно тука ? Понекогаш си мислам дека сум во топ 5 баксузи во светот. За сомнежот да стане уште пореален,и другарка ми прецизира дека сум,донесувајќи заклучок од сите патешествија што сум и ги раскажала досега за животов мој. Џабе и учење,и автобуси и чекање,и трчање и тресење. Се у к*рац.
Кога некој близок ти минува во тежок период, без разлика за што се работи, многу е тешко да му пристапиш на вистински начин. Година дена подоцна, случајно се сретнав со другар од поодамна и го имав најискрениот разговор до сега. Очигледно не можеш да разбереш некој со хронична болест, освен ако не си поминал и ти низ тоа. Буквално зборовите сами излегуваа, се што ми кажа потполно разбрав и никогаш никој не ми пристапил на тој начин. Како да ми падна некоја тежина од градите кога слушнав дека има и некој друг што ги имал истите проблеми. Можев дури да правам шеги на сметка на сопственото здравје и соговорникот да знае совршено како да изреагира и да не му е непријатно. Не се чувствував како да ме сожалува, или мисли дека претерувам, не ме гледаше поинаку откако му раскажав и ми го направи денот поубав. Кога јас се разболев, наместо да биде обратно, јас бев таа што ги тешеше моите најблиски дека ќе бидам добро. Јас се трудев да не плачам пред нив и да изгледам силна. Затоа што знаев дека кога и да видам некој околу мене што е тажен, тоа ќе влијае и на моето расположение, и ќе ме уништи. Чудно како некој што толку време ми бил потполен странец, може сосема случајно да стане нов пријател.
Toп 3 „компромитирачки“ моменти во врска со детските (и раните тинејџерски) години кои во исто време ќе ве натера да се изнасмеете, и да црвенеете за сите пари (второво посебно ако станува збор лично за вас ): - кога ќе го сфатите вистинското if you know what I mean значење на некоја позната песна која тогаш слатко и наивно сте ја потпевнувале на некоја ваша верзија на англиски јазик ; - потсетување на „високата мода“ што сте ја негувале во детството, преку разгледување стари семејни фотографии или пак кога случајно ќе налеташ на некое парче при средување на плакарите; - потсетување на никови на мсн на 13 години (срцкасти прекари, четворчиња или пак хардкор стил ), први статуси и лајкувани страници на фејсбук на истата возраст... True story...
Значи не е можно да има вакви МОНСТРУМИ НЕ НЕ НЕ И НЕ. Срце ми откорна. http://www.telegraf.mk/aktuelno/sve...-sestra-vo-bugarija-pretepa-novorodence-video