Чудно се чувствувам, а всушност се прашувам дали некогаш и сум се чувствувала нормално Деновиве сум во потрага по документи за запишување на синко во школо, де требало извод, де потврда од вакцинација, од заболекар. Ќе застанам пред шалтер, ќе седнам пред компјутер, ќе мијам садови, што и да земам да правам низ глава ми поминуваат најважните моменти од неговото раѓање, до денес. Како вчера да беше кога дојде на свет, а оттогаш поминаа 6 години. Времето лета. Во последно време се' почесто се фаќам себеси како го земам во раце, веројатно да искористам можност додека уште малку не пораснал.
Wtf? Vo obid da se bide unikatna izleguva frik vo posledno vreme. Izgleda kako na baba I prekrivacot da I go ukrala. So e so Lady Gaga stilov? #uzasnata Less is more
Ќе „украдам“ статус на еден мој фб-пријател: Има разлика помеѓу луѓето кои сакаат да си муабетат со вас кога имаат слободно време и луѓето кои сакаат да најдат време за да си муабетат со вас. И додавам на тоа: Тие вторите.... е тие да ги чуваш бе лепотице! Во последно време се‘ повеќе ми се докажува и покажува она: колку повеќе ги запознавам животните, толку помалку ги сакам луѓето.
Има еден куп работи кои го одбележуваат почетокот на летото. За некои мирисот на липите, за некои распустот, за некои жолтата фаза... Но за мене летото секогаш ќе почнува кога испржена ќе се вратам од школо, соблекувам сè од мене, и ги навлекувам омилените кратки фармерки и најкратката блуза што ќе ја најдам во плакарот. И можеби не почнало, но летото дефинитивно е на пат.
Мора да живееш на Партизанска што мирисот на липите го спомнуваш. Денес го осетив, ме релаксира и ме прероди.
Касно ја сфатив моќта на позитивното размислување и негативните страни на неконструктивното размислување и анализирање на минати настани. Во последно време сум порасположена,нема кој знае каква разлика од претходно,но и најмало покачување на дозата на оптимизмот ме мотивира,прави да се чувствувам релаксирано Сфатив дека со паничење и мислење на најлошото нема да го сменам исходот од одредена ситуација,смиреноста е клучот! Како што некои од вас прочитале,пред некое време овде пишував за нештата кои ме мачат,одоколу кажував што ме мачи,не кажував детали нити па би можела да кажам,нешто ме спречува,би се чувствувала непријатно ако сѐ до детал раскажам. Многу негативни постови имав,за срамота . Не дека сето тоа се реши и сега живеам во розов свет,но престанав постојано да размислувам за тоа и да заглавувам во магичен круг на негативни мисли. One negative thought leads to another... Мило ми е што барем малце сум попозитивна,беспотребно се грижев за иднината и непрестано ги анализирав некои сцени од минатото кои не можам никако да ги сменам,а немаат никаква функција освен да те растажуваат со секое присетување на нив. Бидете позитивни,правете го она што ве прави среќни,уживајте во секоја минута од животот без да погледнувате назад во минатото.
Во процесот на растење со секој следен чекор се движиме напред низ темнината за да ги осветлиме недостапните делови. Некои сијалички се специфично поставени што како препрека се исправаат пред можноста да ги вклучиме. Ги сакам оние што имаат неограчен рок на употреба. Лесно им влегуваш во фокусот, посегнуваш и додека да се случи светлина, автоматскиот механизам си ја одиграл улогата. Од неодамна, ме пресеретна една таква со неограничен рок на употреба што интуитивно ги постави деловите во логичната целина. Сјае, свети, но не загрева... Внимателно ја набљудувам издржливоста на топлотната зона. Спокојството никогаш не го ставам во состојба на мирување. Ги спакував волјата и надежта на едно место подврзани со трепнието и гаам мисли дека неограниченоста навистина ќе се покаже валидна. Знам дека изборот на потешкиот и подолг пат ме научи да го одржувам светлото вклучено и кога природната светлина сама по себе е доволна.
Да можеше секој ден да биде како 1 Мај ... многу убав викенд , надвор од Скопје и оваа прашина , одлично друштво и скара ..... штета ....
Ја пример имам трема, страв, што ти знам, од ‘јавно‘ говорење. Вечер очекувам да зафркнам нешто .. Всушност факт е ова.
Луѓе, дај освестете се и почнете да гледате еден ден барем понапред ! Мисли ли некој на младината, а не само на себе си и своите интереси !
Може само уште еднаш да ви се пожалам за алергијава, па да не ве напнувам повеќе? Толку кивам што почнав да си измислувам нови стилови на кивање односно стилови на звукот кој го испуштам кога кивам (ни јас не знам што реков хаха). Секси начин на кивање, страшен начин на кивање
Никогаш, ама никогаш нема да сфатам една жена да е задоволна со една платичка, тоа што е мажена и што има две дечиња. Никогаш нема да сфатам како е кога ќе си ги реализираш целите, оти моите се секогаш подалеку. Ако е школо, тогаш мора да е најдоброто. Мора да е највисокото. Не само факултет. Туку и магистарски. Не на приватен. На државен. Не само м-р, треба и д-р. Не кај некое професорче, туку кај најучениот професор. Ако е маж, тогаш мора да е најдобриот. Да има срце поголемо од секоја планина и да ме сака повеќе од себеси. Ако е маж, тогаш е оној кој никогаш нема да ме повреди, навреди, кој никогаш нема д дозволи да ме боли нешто. Ако е работа, тогаш мора да е поинаква, да има напредок, да има визија, да има нешто за кое ќе продонесам. Не да мавам печати и да не замарам мозок. Сакам работата да ме исполнува, надградува, да учам со неа, а не да ми скржлави мозокот. Не можам да се замислам како жена во робиче, со папучки, трајна коса, работа до 3 и пол, манџа после, туски серии, две деца и маж што има секс ради физичка потреба. Не можам да се замислам да не учам после работа, да не одам на курсеви, да не одам по книжарници, да не патувам, да не уживам. Ако животот е омажи се, мавај печати и роди, онда да умрам откако целта е исполнета. На 30 години, до 35 максумим, и после што? Да готвам?! Да се јавувам во среќни коцки? Да го споделувам Џамбазов, со негови цитати од книги кои никогаш не биле дел од неговите книги? (да, тие што го читале, знаат дека она на ФБ не е ни осминка негово). Животот е многу повеќе од омажи се и роди. Не сме животни, не смее да не води само инстинктот за размножување. Многу повеќе сме од правење деца. Оти тоа е фаза. Се мажиш, имаш деца, растат си имаат нивни живот. Освен ако не си болна свекрва па им се мешаш во животот. Каде ќе останеш по 20 години, кога децата си одат? Што со себе? Шпански серии? Малечката невеста ќе заврши до тогаш. Што ако не го најдеш она што те радува? Секој со своите цели. Многу мои познанички имаа цел да се омажат и да родат. На 22 се реализираа Родија, се омажија. Сега немаат цел. Сега не се они, сега се само мајки и жени. Ако ги прашаш што сакаат, не знаат. Што ќе прават утре? Копани со ориз. А што ке прават по неколку години? Ке ја исплатат правосумукалката и ќе си купат пекач за леб. Океј, што и да ги прави среќни. ПС. Најлесно е да изманипулираш повредена душа. А на мајка што и умрело детето можеш што сакаш да и кажеш, и ке ти поверува. Душата и е рана и апсорбира отрови. А отровите од змиите најлесно се упиваат. ППС Ако еден доктор спасил 20 000 луѓе, нема да му бидат благодарни. Ако еден му умре, цела фамилија ќе го мрази. Најнеблагодарно е да си доктор. Кога спасуваш животи, тоа ти е работа, без разлика какво чудо ќе направиш. Кога некој ќе умре, оти му нема спас, крив си. Никој не ги цени доволно докторите. И затоа не знам со кој памет тие души стануваат доктори. За да ги плукаат? Понижуваат? Колнат? Зошто? Оти мислеле дека ќе спасат некој живот? Е да, ама тоа никој не го гледа. Сите ќе им ги колнат најблиските за една смрт. Никој нема да ги благослови за давањето живот. ППС Знаете дека мајка која има родено бебе до три месеци е непресметлива? Барем законот полесно ја казнува. А знаете дека ако имате абортирано попот нема да ви го прости гревот на смртна постела? А има шанси да прости убиство на друг човек во олеснителни околкности. А знаете дека мајка ми е кума на 20тина деца? Сите родени поради неа, ги убедила мајките да не абортираат, со убав збор. И од радост, го молат кумот да не ги кршева, мајка ми да е кума. Оти со нејзин збор се родиле и донеле огромна радост. Толкава душа, огромна. Толку голема што и кога знае дека некој стар дедо ќе умре за неколку саати, оди да му отвори прозорец, да му намести перница, оти знае дека со љубов до човекот, и смртта не е тешка. Е толкво срце е. Толку големо срце што во 3 по полноќ, кога ја викнаа да му боцне инекција на еден човек, по еден студ кога во Битола пингвините смрзнуваа, боса, по чорапи оти чизмите се лизгаа, отиде и го боцна, за да спие мирно. Оти лек за него немаше, само намалување на болките. И она му ги намали болките. Што ако еден саат одеше боса, пешки, во теминица. Е таква мајка имам. Знаете што и е цел во животот? Да прави добрини. Да прави луѓе среќни. Да дава живот со збор, да даде помош со рацете, да даде љубов на оние кои немаат. А за возврат не и треба ништо. Само некој друг да е среќен, а потоа скромно со кафе да ми раскаже што добро направила.
Можеби сеуште не си ги исполнила сите свои цели за да дојдеш до тој стадиум да посакаш брак и дете, можеби никогаш и нема да биде дел од твоите цели... Но како и секоја цел, после исполнуавњето на истата следува нова и живот иде даље. Односно не запира со исполнување на истата, т.с не треба да запре. Некој се задоволува со трошки, друг со големи залаци. Едни сами си сервираат, други се препуштаат на околината и земаат тоа што им се сервира.
Татко ми беше работник, а мајка ми домаќинка и едвај сврзувавме крај со крај. Бев дете, но сфаќав како им на моите во душата што не можат да ни овозможат поубава гадероба, автомобил, одмор. Но, секое лошо за добро е. Во тој период веќе знаев дека друга алтернатива за успех немам, освен учење и труд. Дојде ред да се запишувам во средно. Сакав да учам во тогашен Борис Кидрич, па да студирам право. Два дена пред уписите мајка ми ми рече - Запиши си се во стручно, побрзо да си дојдеш до работа....Беше еден од потешките моменти во живототот, но не и се спротиставив. Но, секое лошо за добро е. Сега на 42 години имам скоро 24 години работен стаж. Во средно бев најдобра ученичка. Професорите беа многу изненадени кога им кажав дека нема да се запишам на медицина, туку дека ќе барам работа. А силно сакав... Но, секое лошо за добро е. Избрав друг факултет, го завршив вонредно. Сега имам прекрасна професија која за никакви пари не би ја менувала. Го сакав најголемиот фраер во населбата. Прекрасен, популарен. Но, тој не ме сакаше мене. Но, секое лошо за добро е. Потоа го запознав маж ми. Не беше фраер, но беше се друго што можеш да го посакаш за човекот со кој сакаш да го минеш животот. Имав не повеќе од 47 килограми. Пубертетот ми мина со бројни комплекси и фрустрации поради изгледот. Ама...нели секое лошо за добро е. Затоа сега на четириесет и кусур изгледам ...(ај да не се фалам). Мада сега тоа не ми е нешто посебно важно, она кога ќе ти речат -Ти девојче си или мажена???О, мажена, а јас сакав стројник да ти бидам... И така...муабетот ми беше. Пред некој ден купив вода Јана (првпат) и читам на флашата порака - Понекогаш погрешни возови ме носеле на вистинско место!!!
Денес се сменаа триста годишни времиња. Не сакам кога е тмурно, спарно и врне, а денес се тоа со часови. Време за на работа, од инат на времево се средив за мерак, насмевка и правец на работа со мисла за убав ден, онаква од се срце. И најубав ден, трепнав и помина. Што има поважно од тоа да бидам среќна? Ниту една нервоза не е вредна да ја засени мојата среќа и да не уживам. Иако има сиви и тапа денови, се огранишив да им дадам 1 час на бош мисли, потем у папка на крај на мозок НЕ ОТВОРАЈ ДУРИ НЕ ФАТИ ПРАШИНА. И кога е најубаво и совршено, се навраќам на кратко и резонирам со ладна глава после нови искуства и поминати патеки, оти истите тие грди и убави случувања ме довеле до таа среќа. И дишам...
За 2-3 недели вртам нов лист во животот. Сите викаат од утре или од понеделник и обично не го испилнуваат тоа, ама јас ќе стојам на зборот. Ветувам. Нема да ме препознаат. Добра ноќ