Колку е само убаво да имаш постар брат.. Денеска за прв пат се почувствував сакано, заштитено, сигурно.. Сепак далечината си го прави своето. Ретки се моментите кога можеме ние двајца како брат и сестра да си поуживаме... А и да се пофалам дека си сплетив мартинка
Никој не може да ме спречи во нешто што сум наумила. Ако сакам нешто да направам, ќе направам. Ќе пробам, ќе успеам. Одма во глава ми оди тоа од рекламата „го можеш ти тоа“ Го можам јас тоа. Кој проба да каже нешто, ќе зажали. Сите се грешка, јас сум во право! Тврдоглава сум била.
И така тој скорз намерно дури и како за инат на другите бега и шета низ цел свет носејќи со себе нервоза и една цел, да најде среќа. Не слушајќи никого освен своето его. А никако да сфати дека таму од каде што бега поголема среќа не наоѓа. Пуст инат!
Либето вечер ми доаѓа. Збунета, ко за прва средба. Лакирав нокти и нацртав срце во ќошот од спалната. Има вистина кога велат дека Љубовта созрева ама не смее да презрева. Лудо ќе биде. Знам. Микс од емоции на подиум во живо. Светло, спремно. На Мухамед во МКЦ беше сјајно. Се кочоперев, го изгушкав. Ми понуди цигара. Не пушам, ама запалив една, за мерак на радоста. Филип вели дека сум занесењак прва класа, само треба политички да се конструирам. Ќе му ја мислам допрва. 7 дена одмор, на 8ми март Бори се женски! Струкирано, со интернет поезија. Во меѓувреме, АКСЦ, ракија, свадби на многу луѓе и обид за самораст. Ќе биде. А, кога не било? Еве сум ви на дело. Перформативна поезија, мојот сон! https://www.youtube.com/watch?v=NRfKoeh ... ture=share
Ресавска школа, зихераши, едноклеточни амеби, паразити. Сум била будала што сум се замарала, што цела недела барам материјали за магистерскава и собрав не можам да речам не, ама што фајде, кога сите ми биле на англиски па и на германски, леле, страшно! Знаете што, срамота е, 20 годишни а со никава амбиција, иновација, желба за истражување, учење на нешто ново и не достапно со еден клик. Имам 500 мисли на паметов, 500 работи за кои сакам да дебатирам и да дискутирам. Штата што ретко се наоѓаат издржани соговорници. А кој само има неоткриено, неопишано, неопеано, неиздебатирано, а толку малку желба да се открие, зборува, пишува. Каде исчезна имагинацијата и креативноста?
Во кушула и сако доаѓаат на журки (читај концерти) кај што треба да се изнаиграш, да се испопотиш, да ја осетиш атмосферата.. Ама битно ќе бидат средени за на инстаграм, ќе ги видат сите дека биле најубави. И така никој нема да знае дека си поминале тапа. Проста маса.
Моето прво мислење, само што се зачленив Се надевам дека ќе се дружиме, согласуваме итн. Инаку 1 Март е, го сакам месецов, почнува пролетта, иако месецов ќе биде долг со многу обврски (оценки, спелинг-би, треба да одам и на стоматолог 3-4 пати...) но сепак 1 Март ме потсетува на тоа дека после лошото доваѓа добро.. Се расприкажав ајде се надевам уште долго време ќе се читаме.
Уште малку ми остана од животов.Повеќе без него не можам.Ми доага утре да му отидам,налет и пари и се.Не можам без него.Се разболев.Од плачење и температура имам.Згора на тоа и татко ми ми вика.Ништо нема да јадам,на под ке спијам,ако треба и во подрум ќе живеам само он да биде до мене.... Не можам повеќе да издржам.
Денови на Бакли. Недела на Forget her. Која болка. И негова и моја. Се сожувувам со него.. а можеби и се сожалувам сама себе. Зашто и покрај сите напори да не го мислам - го правев тоа. Најчесто несвесно, некаде помеѓу стиховите на песните и страниците на книгите. И помеѓу мислите - секогаш. А најмногу помеѓу сите тие сфаќања за тоа колку од него живее во мене и со мене, и за фактот дека сè уште ја гледам мојата реалност низ негови очи, ишарана со негови бои и тонови. Самото сознание дека мислам на него, несвесно, ми е погубно. Боли и го руши она што постојано се трудам да го изградам. Ѕид, некоја бариера меѓу срцево и мозоков. Сè што мислам да не ме допира, и да не го мислам сè она што ме допира. Се трудам и да го тргнам индигото зад лицево. Сите емоции и мисли ми се отсликуваат на лицево, истекуваат низ очиве. Пред други како недефинирани емоции, пред него како голема болка. На посветлата страна на нештата - научив да бидам среќна и без него. И да ме исполнуваат нови, мали нешта и драги спомени. Тука голем дел зазема кучето мое. Пред некој ден цел сат ја чешлав, собрав пола кофа влакна и си легнав со болка во вратот. Плус, ми се врати инспирацијата. Или можеби била тука цело време, само сум чекала да направам хаос од себеси и да почнам да пишувам, за да се разберам. Болка и соништа преточени во стихови. Збир од мисли и емоции, секоја малку поразлична од другата, производ и сведок на моментално расположение. Не е ништо посебно, без предходно смислен концепт и дефиниран стил. Само мој начин на слободно пишување, кое има исцелителска моќ. Поезијата ми е и лек и огледало, мое бегство. Ми помага. Хумана поезија. А сега е време за нови мисли и поинакви погледи. Само Stuck in love и` контра на мојата одлучност. Повторно ќе го гледам, повторно ќе се соживеам со ликовите -да одмори Џеф од мене на миг- и повторно 2 сати после него ќе ја слушам Between the bars, стуткана во омилениот џемпер, размислувајќи за истите работи, но од нова гледна точка. Далеку од болката, близу до рамнодушноста. Зашто така помалку ќе боли, заедно со сознанието дека сум на добар пат. Во тоа сум сигурна.
Единствено мене умирачката ме асоцира на живеачка. Денес бев на бдеење, под дифолт правев генералка дома. Песимистички, во мој стил се сепнувам да избришам прашина на тешко достапни места во случај да починам ненадејно.Треба почесто од сезонски да го чистам сребрениот прибор за јадење, оксидира и изгледа гнасно ! Купив резерва 3 за 100 бел долен веш и се нашминкав. Го прередив плакарот, ги исправ алиштата. Многу длабоко во себе секојдевно размислувам дека секој момент ќе умрам и за ризиците од тоа. Се плашам дека како и секогаш ќе се наведнам незгодно и ќе ги скинам хулахопките, и така ќе ме најдат со скинати На цела мака, ќе речите. Па и не е мака, ако си умрен. Ама дури и тогаш би ми било незгодно. Мислам, секој заслужува да умре како што живеел, ако ви има смисла поентава...
http://www.youtube.com/watch?v=WKtv-pceWXo Дам јој пушку у руку,нече да ме убије,бацим флашу да се сечем,нече да се разбије! Ќумрам.
Денеска е прочка, па јас како една од најмалите на форумов, барам прошка од сите вас тука да ми простите доколку нешто сум ви згрешила, а мислам дека сум ви згрешила, па сите мои лудории, ехе, ако почнам да набројувам има до утре да пишувам. Па одете утре кај вашите баби и дедовци и побарајте прошка, јас утре ќе одам, а баба бидејќи јас ќе одам кај нив припрема богат ручек. Си ја сакам баба ми, а и останатите два дедовци. Точно на полноќ.
Конечно оздравев. Цела недела поминав со птемпература, кашлици, главобола и уште што ли не. Кога заседнав дома ни нашколо не одев, од кревет неможев да станам од што ми беше лошо. Се отрув од апчиња и до Тамифлу стигнав . Ајде се случува да се разболи човек, ама нели треба некој од "другарките" да ме праша како сум? -Не никоја не се интересира за мене, кога се од корист Кате е тука за нив а сега не се ни јавија да прашаат зошто не одам на школо, како сум, не ништо не им е гајле ама ако се се враќа . Се чувствувам безвезално. Утре прочка, ќе станам сабајле па да се избањам, да научам, па ручек, па на гости, па дома, па домашна да нашишам, па оскар да гледам и во кревет. А затоа што не сум одела цела недела во школо се чувствувам како прво одделенец некој, ни знам каде ќе седам ни знам што како ухх веке аман И така, добра ноќ на сите
Една од полошите саботи без љубовта моја. Но добро шта је ту је. Ќе се снајдеме некако до 11ти. А сега за поправено саботно расположеније коузи најт ат хоум, вит Јогобела енд Грејс Анатоми