Денес е голем ден Ѓурѓовден,на помош да е денот за многу години, вечно да ни е името и славата на сите што славиме
Кога размислувам за еден дел македонскиот народ (ќе се препознаат) , ми се врти една стара подзаборавена песна од Архангел која оди вака: UBER MAKEDONISCHE Изеди до трошка што небото дало пополни ги сите резерви на сало пат во Европа провинциска слава со см'кнати гаќи и опинок во глава Дремеж и досада посилни од дрога, baby купен мир и тишина пострашни од војна, may be Ко да не сум одовде не, јас никому не припаѓам стојам отстрана и посматрам и во ништо повеќе не верувам Ѕид од празни зборови меѓу нас и она што е суштина Чекам истрел да те разбуди Чекам истрел кој ќе пресуди Sieg Heil uber MakedoniSCHe heil Ubermakedoner
Кога погледнеш човек во очи, за неколку секунди или ти или човекот ќе го тргне погледот. Тоа луѓето го прават интуитивно, затоа што лажат, затоа што грешат... Без разлика дали некој ви згрешил на вас или не, повеќе од неколку секунди нема да може да ве гледа во очи, од проста причина, затоа што е човек, а сите луѓе се грешни. Погледнете мало бебе во очи. Тоа никогаш нема да го тргне погледот (освен ако не го исплашите или ако не му здосади). Тоа е затоа што душата негова е уште толку многу чиста, тоа е на почетокот на животот. Погледнете во очи мачка, или куче, или друго животно, ни тоа никогаш нема да го тргне погледот. Затоа што животните никогаш му немаат направено зло на човекот. Точно е дека напаѓаат или слично, ама тоа е нивниот природен инстикт за преживување. Ни едно животно го нема издадено или излажано човекот. Од скоро време, прв пат сретнав некој што право гледа во очи и никогаш не го трга погледот и има толку чист поглед. Го има најдлабокиот поглед. Обично не ми треба многу за да ги проценам луѓето и прочитам од поглед, но кога ќе наидам на човек мистерија, целото свое внимание го свртувам спрема него.
Кој е подолго на форумов можеби се сеќава, а можеби и не, колку пати имав пишано во СДК нешто во врска со факултетот, најчесто тоа беа поплаки и жалби, од постови за тоа колку ми е тешко и напорно, па се до славење за многубројните колоквиуми и испити кои откако ќе ги положев и откако ќе ми паднеше камен од срце обавезно ја посетував темава... и сега после 5 долги години, јас денеска го имав последното предавање!!!!
Сакате лето? Еве ви лето. Денес беше пекол, барем кај нас. Се радувам што доаѓа лето, и што конечно ќе заврши учебната година, но ме плаши иднината. Толку далека, а сепак блиска.
СДК дека испив 4 кафиња и пак ми се пиеше и дека си добив подарок рамка за слика-со ангелче на неа до другарка ми
Сабајлево го гледам денешниот датум и си мислам - на денешен ден пред точно 10 години ми го купија првиот мобилен телефон Sony Ericsson K500i, сега некаде собира прашина, ама тогаш беше популарен телефон со еден куп чудесни опции Го купивме од мобилара во ГТЦ, си одбрав едно убаво бројче лесно за памтење, кое до ден денес го користам - 10 години со ист телефонски број Оние што ми го знаеле бројот кога бев основно, нека знаат дека уште можат да ме добијат на истиот. Толку убаво бројче е, што многу пати луѓе ме прашувале дали поскапо сум го платила, дали ми го дале по порачка, а некои дури се понудиле да ми го купат И така денес додека пиев кафе си размислував за тоа колку лоша особина ми е тоа што не сакам промени. Терам иста позадина на мобилниот со години и го ставам истиот рингтон уште од средно. Баш додека седевме со братучед ми пред некое време ми заѕвони телефонот, а тој: Аман, смени го веќе тој рингтон, човече мене ми досади! Тргнав од ситни работи како мобилниот, стигнав до покрупни нешта кои гледам дека не се промениле со години. Очигледно добро функционирам во веќе разработена шема, онаму каде имам контрола врз работите. Поудобно е во зоната на комфорот, зар не? Ама морам да почнам да си ги поместувам сопствените граници. Од еден телефон, стигнав до некои животни филозофии... Ми треба една полноќна прошетка со кучето
Деновиве се повеќе луѓе ми се чудат кога ќе кажам дека не излегувам после 22 часот од дома. Мене ми е многу непријатно да излезам на пример во 23 часот. Не одам на гости после 21 часот освен ако ми се многу блиски и не може да се избегне тоа. Не вртам на телефон после 21 часот освен ако морам или сме се договориле. Кај нас дома се почитува - Добро утро; Добар ден; Добра вечер; Пријатно јадење; Повели; Благодарам; Имај убав ден... или пак нема шанси да си легнеме да спиеме ако не си кажеме - Сладок сон. А се повеќе луѓе ми исклучуваат без -Чао, се разминуваат без збор, нема - Благодарам, ниту - Повели. А многу убаво се чувствувам кога на некој ќе кажам некој ваков збор кој е за мене дел од општа култура или пак кога ќе слушнам дека некој кажува. Ми се случуваат убави нешта од нешто за кое мислев дека никогаш нема да даде плод. А јас кога ќе дојдам на пола пат секогаш се враќам назад. Овој пат ќе чекорам до крај.
Изгледа турските серии го удриле цел свет во глава ( не дека не гледам серии, да се разбереме гледам ) ама јака Сулејманова-Хуремова манија има зафатено по народот, каде и да се завртам гледам блузи со ликот на Хурем и хеланки со ликови од серијата,ајде ќе преминам преку тоа иако е смешно, ама останав ваква кога видов омекнувач за алишта султан , мислам од ленор беше
Има профили на личности кои на мојава бранова должина на виуги, никогаш не сум можела да ги сварам и секогаш ми предизвикуваат реакции кој варираат од чудење до нервоза и превртување очи... е овие два типа на луѓе ми се на самиот врв во таа категорија. Првите ми се оние рамнодушните на сè, чии очи знаат да замижат пред нешто навистина вредно за пофалба, оние чија душа е обземена со скржавост многу пострашна од онаа за материјалното - скржавост за убави зборови. Жив доказ ми се, барем мене, за тоа дека е тенка линијата меѓу високи критериуми и ароганција. Разбирам јас да си личност која не се улизува со неискрени пофалби на секого, која не се воодушевува на сè и сешто, дури и едноставно да не можеш лесно да ги изразиш чувствата... ама да си неспособен од устата да ти излезе убав збор на некој што навистина заслужува? Мислам, барем не пропратен со фацијална експресија што докажува дека истиот е искрено кажан од срце. Туку напротив, она издолжено во стилот „па, доообро е“ со meeeh фаца што апла наведува на тоа дека и покрај пофалните зборови (најверојатно кажани поради некоја норма, куртоазија или евентуално корист), мислењето му е дека тоа што си го направил е рамно на обичен медиокритет. Вторите пак, не толку страшни но ниту нешто помалку иритантни, ми се оние што не знаат да прифатат комплименти и упорно ги негираат, и тоа пред искрени луѓе што навистина им мислат добро и од срце им ги кажуваат. Повеќето attention seekers... со чест на исклучоци каде се работи за недостиг на самодоверба. Знаете, оние што за секакви банални работи уз муабет ќе им кажете убав збор, после ќе се натегаат демек они самите незадоволни од себе и своето, најчесто од типот дебела сум/грда сум на сликава (читај: очекувам сто пати да ми го нагласиш спротивното во топ си кисче стил). Абе луѓе, значи повторувајте си го ова како мантра во себе: кажаните комплименти, прифаќањето на некој подобар или еднаков на вас во нешто не ве прави помалку вредни. А кога имате покрај себе луѓе што не се штедат на искрени убави зборови, едноставно кажете благодарам и примете ги добрите вибрации од таквите. Опуштете се, научете да ширите позитивна енергија и да ја прифаќате истата...
Се лулам на подочњаци. 3 часа сон. Вознемирен стомак. Чудни соништа. Мирис на лето во воздух кој порано го сакав, сега ми предизвикува немир од лани. Срце забавено и уморно чука од наглата промена. Промени...во две недели. Се што сакав и сега... кврц. Сто пати констатирав, едно е да си посакуваш, ама кога ќе ти дојде... не е лесна промената. Сепак... ако сакате да ви се случи, не може да не се случи. Лека ноќ или леко утро, јас утре имам слободен ден, аген! Алелуја, ајмен!
Пред 10 години некој да ми кажеше како ќе се чувствувам и однесувам на овие години, немаше да верувам. Верував дека до сега ќе знам што сакам од животот. Никогаш не мислев на тоа, не планирав, не анализирав. Сметав дека тоа самото по себе, по инерција ќе си дојде. Подобро знаев што сакам кога имав 17 години отколку сега. Знаев, и си го терав тоа. И каде исчезнаа тие мои ставови? Ги снема, одамна ги нема, со години, уште малце цела декада. Професијата која ја одбрав ми е најголема утка што можев да ја направам. Уште со првиот чекор на факултет знаев дека не припаѓам таму. Ама како бубиче си завршив со сите пофалби и признанија, за да сега менувам работни места ко чорапи. Досадно ми е, ама ич не ме интересира што се дешава. Не дека неможам, или ми е тешко. Го нејќам. Ама уште поголема мака е што сега веќе не знам што сакам. Кога ќе вложиш толку време во нешто што не си го сакал, а си го запоставил она што навистина си го сакал, веќе не си ни ваму ни таму. Згора на се, за 4 часа треба да станам и да го правам тоа ... пак, и пак и пак...
T toa znaes kako ti idi JEBESH nasata cudesna zemja... jas samo si se nadevam na podobro utre, si velam valjda nema cel zivot taka da mi bidi nikogas ne e kasno za promeni samo momentot treba da go pogodis
Кога свесно сакаме да избегнеме некои моменти многу е полесно да не ги гледаме и кога ги гледаме пред нашите очи, со самоуверување ако не ги забележиме, тогаш не се случуваат. Некогаш реалноста е едноставно премногу. Склопено сетило за вид, избистрен ум, замолчени зборови и длабоко издишани чувства не ослободуваат од антагонизмот на бизарниот свет. Смислено се исклучуваме за да не живееме во неа и да не мора да се соочиме со оние ситуации и луѓе кои знаат да бидат неподносливо директни и сурови. Слепилото што го навлекуваме како игнорантен превез за погледот е она што не оттргнува од се и ништо наоколу, барем за миг во име на душевниот мир.
Bi sakala barem edna nokj da spijam mirno. Barem taa nokj da nemam nesonica, a potoa uzasni kosmari od koi ne mozam da se probudam. Bar edno utro da se razbudam naspana i vedra, da se razbudam spremna za ispolnuvanje na svoite zelbi.
Ткаеш ти со душата твоја, мислиш на некој чинар испишуваш стихови некогаш луташ а некогаш само така минуваш. -парче откачени стихови. Да допрам корици,да вдишам нечија душа,да посакам некој така да може да ме вдиши мене и да ме чува во длабочините на својата стара иморена,млада неуморна душа, преку мои стихови на некој штанд. Се насмевнувам,едвај чекам да ја збогатам мојата библиотека од саемот. И ти дозволувам да ме заборавиш,оти писателите се паметат.
Во неделата бев на свадба кај една другарка, онаа за која ви кажував дека ми беше поблиска и од сестра. Кога се дружевме порано, и си правевме филмови за иднината, се договаравме една на друга да бидеме куми, или старосватици, битно бевме убедени дека ќе имаме важна улога на свадбата. Сега кога бев на свадбата, бев само другарка. Ми беше убаво и мило што ја гледам среќна и исполнета, ама дел од мене беше тажен заради далечината меѓу нас. Не знам дали е до мене, дека тешко се навикнувам на промени во животот, ама на моменти понекогаш уште се прашувам како можевме и двете да дозволиме толку многу да се оддалечиме и да се изгубиме... Ама тоа е..