Додека пола Македонија девојките што протестираат ги гледа како наркоманки и ороспии, остатокот од светов ги гледа како badasses. И коментарот на денот: I think the point is she is emasculating the riot shield. It is no longer an object of fear. As such, it is a powerful 'demonstration' in its own right.
Си ја купив конечно "Војна и мир". Омилената книга на мама, што цел живот ме тера да ја прочитам. 130 денари, трипати помалку од лајла и секакви помодарства што добиле по пола штанд на ТРИ. И уште осум други. Пола книги за одморање мозок, пола за исполнување. Многу се радувам. Сакам и јас да ги натерам моите деца да се заљубат во книги, како мајка ми што направи со мене.
Сакам да бев Скопје. Да си купев 20 кила книги од саем и да одев на протест со книга в раце. Да им читав на оние желките со ладни оклопи, да извадев фломастер од џебот и да им нацртав цвеќе на стаклото. Право дете цвеча ќе бев, да си го оправдам ников. ... Ама не сум таму
Еден ден од животот на секој Македонец во 7 чекори ! 1. Што има за доручек ? 2. Што има ново од домашната политичка сцена ? 3. Што има за ручек ? 4. Што има поново од домашната политичка сцена ? 5. Што има за вечера ? 6. Што има најново од домашната почитичка сцена ? 7. Време да се спие, со помислата "Што ќе има утре ?" Како и да е во најскоро време се очекува промена на оваа рутина. До тогаш. трпение и спасение. To be continued ...
Тргнаја работите од мртва точка,моето знаење и труд за тоа што се борам пополека излегват на површина иако знам дека уште долг пат ме чека... Но нешто во мене проклето ме кочи ме стега во градите не ми дава мира и не,колку треба да си луда за некој што те повредил да ти недостига колку мене ли? Се плашев да ја поминам зимата сама зошто нема да имам со кој да ги чекам празниците кого да го прегрнам во ладните ноќи,со кого да ја ружам елката, да пијам топол чај,кој да ме покрие кога ќе заспијам и кој ќе ми ја стави раката на главата кога мие најтешко,ДА ужасно се плашев зошто ја немаше таја рака но помина издржав издржав...Помина и тоа поминаја многу денови месеци празници ги поминав со празнина во душата,еден дел си замина од мене...Да многу сум луда и лута што дури и празнина ми се направила во душата за таков човек,но ќе помини све еден ден... Ќе го оставам овај град овие улици, паркови секој ќош секоја педа што ме потсеќа на мојата болка све све нека остани тука зад мене и ќе остани знам со божја воља...
Има едно детенце, симпа ми е неколку месеци наназад , ама не сме оствариле никаков контакт , се беше платонски, ама денес случајно ми излезе во предлози на фб и Рамица си испрати фино лепо едно фриенд барањешто ќе биде нека биде ,може со него ќе си ја најдам среќичката дедосега иако сите дечковци сум ги познавала доволно добро пред да започнам врска,сите ми докажале дека се олоши,ајде барем ова "ново детенце" нека ме бодре малку да ми докаже дека сепак сите машки не се исти
Само тој ми е доволен и никој друг и ништо друго.... Многу нежни допири и бакнежи и најшироката прегратка на свет... Преубаво чувство. Дали е ОК што доволен ми е тој и не ми требаат никакви другарки, моментално?
Рима е најзаразна работа, еве цел ден некако ко пијана само римувам. Смешно е ама до кога? Мемињата ми се ѕверски сите паѓаат во трансови од смеење, ама и тоа мие некој одбрамбен механизам од ситуацијава. Одам да ставам глава под туш, некако не гледам друго решение.
Vecerva milion raboti me macat.Milion prasanja mi se vrtat niz glava.Kolku samo mi treba mir.Samo toa posakuvam.
Го видов вечерва. Сосема случајно позната фигура, чекорење, човек со цигара кој зборува на мобилен ми го улови окото. Го поминуваше булеварот кој некогаш секоја вечер го поминувавме заедно, фатени рака за рака среќни и насмеани или еден покрај друг одевме лути. Зборуваше на мобилен, со неа, како некогаш со мене и се запрашав дали и таа според звукот околу него знае во тој момент каде се наоѓа? Се подгрбавел и остарел. Не дека беше млад ама сега годините убаво му се оцртале на ликот. За неколку секунди уловив се, па и не ми треба многу за него, го познавам речиси како себе. А покрај мене седеше некој друг, единствениот што после него ме привлекол, ме држеше за рака, а продолжуваме да си играме игри. На мојата реакција - Еј, еве го! ми направи само - Молчи. и продолжи да ми ја стиска дланката. Ми поминаа еден куп мигови со него низ глава. Во исто време и насмевка и тага. Сеуште сум сама зошто не би можела да го преживувам истото пак. Не, не беше толку лошо ама беше губење и себепонижување.
Кога на некого честитам роденден очекувам барем едно фала,или стиснат лајк. Или не треба да очекувам,најдобро е така.
Ретко кој им посветува доволно внимание, но ако малку подобро размислиме, ќе сфатиме дека најважните нешта што треба да ги знаеме за животот ги учиме уште во градинка. Таму се учат основите на многу животни правила и принципи кои остануваат врежани во детските мисли. Чуда секогаш и секаде постојат. Сетете се на семето во малата пластична чашка: - Коренот се пушти надолу во земјата, а стеблото израсна во висина. Никој не знае ни зошто, ни како се случува тој процес. Но, се создава живот. Така е со сите нас. Сеќавањата за првите сликовници и зборови се поврзани со слухот и изговорот. Погледнете ги илустрациите низ страниците. Најважно е да видите што пишува и што се случува наоколу. Разнобојните рипки пливаат во аквариумот, глувчињата бараат храна, кучињата ни се најдобрите пријатели, мачките ги гледаме како големи ловци... Сите прават нешто до последниот ден и остваат траги зад себе. Исто и ние, луѓето...
Ми се гади од политикава и од сите овие глупости што се случуваат во државава.Младите ги засени политиката,жално но вистинито.Им перат мозок им набиваат компллекси,сведоа се на пари и матријално жално.
Denes Minnie resi da go iskoristi soncevo I se frli na generalka.Cisto da bide libeto koga ke mi dojde
Живееме за моментите кои не можеме да ги опишиме со зборови, живееме за луѓето со кои едвај чекаме да размениме некој збор и да поразговараме што има ново, старо, зборувам за оние луѓе кои и да поминало некое време да немате зборнато, таа блискост што постои меѓу вас не се намалува. Премногу ме радува кога ќе дојде момент да си поразговарам со таа личност, пресреќна сум, посакувам да имавме повеќе време да разговараме ама толку се можностите. Тоа малку ме растажува. А има пријателство меѓу нас, секогаш. Тоа ме радува. Ми се исполнува душава и кога гледам како е среќен и насмеан, ми иди да појдам и да речам: „Биди засекогаш таков, те молам!“. Таков си е човекот, претежно позитивна и среќна личност. И премногу добар. Денес подоцна одев на училиште и среќа голема изгубивме час и порано си дојдов. Ми започна викендот. Have a nice day everyone.