Живеам во земја каде што туѓиот успех боли многу повеќе од сопствениот неуспех. Живеам во земја каде што и 5 годишните деца се замараат со политика, притоа знаејќи ги сите заменици министири по име и презиме. Живеам во земја каде што полуматура = свадба. Живеам во земја каде што секој втор има диплома, а сепак сите се недозреани идиоти. Живеам во земја каде што секој живее за тоа што ќе каже комшијата. Живеам во земја каде што пензионерите се иднината во државата, возејќи се секој ден бесплатно по градски автобуси, одејќи по бањи, одејќи на зимувања и рекреации во Маврово и на Шапка, одејќи бесплатно во театри и музеи секој втор ден, а студентите по студенските домови ги делат собите со лебарки, мравки, разни бубашваби.... и секој момент очекуваат дека на глава ќе им падне таванот, притоа имајќи само еден ден во неделата за бесплатно да одат во театар и музеј и нормално баш тој ден нема ништо на репертоар, а ако има тогаш картите 5 дена порано се дадени. Живеам во земја каде што ако немаш членска од ВМРО тогаш не можеш ни во вц да појдеш. Боли, стварно боли да се родиш овде.....кој знае што сме погрешиле во претходните животи па сега сме се нашле во Македонија....
Еден вчерашен муабет ме потсети... не знам за вас, ама забележувам дека мене ми преминува во секојдневна ситуација прашањето „Еееј, знаеш што било значењето на песнава?“ - кога при делење слушалки со другарка и слушање песни, ќе дојде ред на некоја од моите омилени со по малку weird текст... Сакам кога освен со убавата мелодија, некоја песна ќе ми ја разбуди љубопитноста и со загадочен текст... да си го интерпретирам некако на мој начин, па кога ќе побарам на интернет да се изначудам за што всушност станувало збор. Па и за филмови и книги, особено во последно време приметувам - често сум во потрага по онакви кадешто не знаеш што ќе се случи во наредниот момент. И не се задоволувам без потоа да слушнам и прочитам различни мислења за истите, а за време на гледањето/читањето да погодувам... дури и на ризик при гледање филм во друштво, со размислувањето на глас да изнервирам некој што само сака концентрирано да го следи дејството. Отсекогаш сум сакала да анализирам и мозгам, па дури и кога се работи за вакви тривијални работи, дел од секојдневието и слободното време. А така е и во односите со луѓето, понекогаш треба да бидеме гладни по она што лежи меѓу редовите, да гледаме повеќестрано на работите и да сфатиме што се крие зад нивните зборови... Tуку, надвор од филозофииве - вистински знак дека дошло летото е кога денски доаѓаш од некаде и прво по што посегнуваш се огромна чаша ладна вода и отварање на сите прозорци. Идам јас со книгава на тераса, почнува сезоната за најубавото читање - на дневна светлина...
Скапа ви е влезницата на саем за книга? 30 денари? Далеку ви е саем? Скапи ви се книгите? Ама затоа знаете на 10ка штикли да чекате ред пред дискотека, да платите влезница и да пиете пијачка, да се смеете на глупи шеги, да ве газат. Епа во тоа се разликуваме. Мене не ме тераш да дадам пари за да влезам во Штала, никогаш не сум се осеќала ко крава, па уште да платам за поило. Ама затоа цела зашеда ја давам на книги, кои ги читам со сласт до 4 наутро. Инаку, имам понуда за ново работно место, пак. И понуда да напишам нов труд, бидејќи им се допаднала магистерската. Сакаат да ми платат да пишувам. Нормални ли се? Не верувам дека ќе прифатам, ниедно од двете.
Апсурдно е да се натпреваруваш со некој кој ги нема ни приближно истите крајни цели како тебе. Периодов сум под притисок на секое можно поле. Милиони обврски и очекувања од мене што единствена желба ми е да наполнам батерии покрај море, барем на неколку дена...
Ме нема одамна но редовно ве читам. Малку работно сум расположена перидов за среќа или не мхм најдов некоја работа И ај кажете ми зошто луѓе од 30+ години се замараат со која музика им ѕвони телефонот? Сериозно. Толку ли на тие години е тоа важно или изгледа ОВА е посебен случај?
А тие па што дека ќе влезат на саем за книга кога ќе влезат само да се чекираат, ќе изнакупуваатт глупости од Лајла, Лешовски и Џамбазов (врвот) и што е најтрагично ни тоа нема да го прочитаат туку ќе ги сликнат и ќе ги стават на фејсбук да се пофалат дека ете биле, интелектуалците они си купиле книгички кои ќе им фаќаат прашина.
Почна да се случува нешто што одамна го посакувавме и целата енергија ни беше насочена кон тоа. Сега кога почнаа да наѕираат можности и кога сме пред прагот да го оствариме сето тоа, јас се плашам, се колебам, страв ми е од таа драстична промена... Што ми е?! Ќе се ставам во ред, морам да се ставам во ред, сум поминала и полошо. Ми треба време да си фатам нова комфорна зона и да ја прифатам новонастанатата ситуација. Ни претстои еден долг и тежок период. Го молам Бог да ни даде сила, здравје, трпение и уште поголема љубов. А он ми вели: "Па нели ова го сакавме?" И во право е. Одиме храбро напред.
Сакам да знае колку копнеам по него, колкава бура ствара во моето срце со само една насмевка, да знае дека доволно е само да го видам неговиот лик за да се чувствувам спокојно и исполнето во текот на целиот ден. Се надевам дека еден ден ке сфати, ке забележи и ке ми дозволи да станам дел од неговото срце и да, не се откажувам и нема да престанам да го сакам бидејќи тој за мене е совршенство, нешто најдраго, преубаво, најдобро, кое вреди да се запознае и да се дели секој момент со него.. другарките ми велат дека фантазирам..да можеби размислувам премногу оптимистички, но мојата цел е јасна и овојпат не се откажувам колку и да боли...ех да знае!
Доаѓа најмачното годишно време.... лето Дел од годината во кој мора да гледам како луѓето одат боси, како некои не водат грижа за нивните гнасни нозе и како не заприметиле дека се испотиле под пазуви. Мразам лето... Можам да потрошам едно шише дезодоранс за излегување во текот на денот. Додека да стигнам каде што треба три пати ќе ми се слоши, два пати ќе добијам напад на паника и нервоза и сто пати ќе си ја избришам потта над устата. Грозно ми е да гледам прсти на нозете. Ми доаѓа нагон за повраќање. Ве молам не си ги сликајте не сечените џиновски нокти и прстите, сигурно имате други атрубути за покажување.
Петок навечер домче кај мамита,сестра ми стандардно како и секоја вечер така и оваа е излезена а ние дома уживаме Јас, мама и тато за секој по една чинија салата и филм савршенство без мане А зборовите на тато : доаѓај почесто,да уживам во твоите салати Леле бее се радувам како мало детенце,како да не сум дошла дома којзнае колку долго неможеме да се изнамуабетиме Поубаво од оваа здравје
Уште само еден месец, точно само еден месец ќе дојде бебуш на овој свет Не можам ни да си опишам како се чувствувам моментално Не знам како, но толку брзо поминаа месециве, ко вчера вујна да ми кажа дека е у блажена состојба На почетокот сите сакавме машко да е, па дури и Димитар ќе го викавме, ама испадна женско. Не е битно дали е машко или женско, најбитно е да е живо,здраво и право, зошто самото раѓање на бебето е дар, дар со кој му се овозможува живот на малечкото суштество т.е бебенце. Тоа е најубавото и најголемото богатство што може да го има една мајка Ви посакувам лаку ноќ
Петок вечер, отворен прозор и мирис на пуканки ме потсетуваат на безбројните летни ноќи поминати во друштво и гледање филм. Само што овојпат сум сама, што значи повеќе пуканки за мене Не знам од каде ми дојде идејата вечерва да го изгледам првиот дел од Tom Raider Ех, колку беше популарен филмов пред 14 години. Мислам дека немаше машко во тоа време што го немаше закачено фамозниот постер со Анџелина Џоли во соба Јас во тоа време ѝ се восхитував на плетенката
Сакам да ми ја покажеш онаа што те разочарала толку. Сакам да знам што можам да сторам да не те гледам намуртен и да ми биде уште потешко после тоа затоа што таа насмевка нема да биде моја
Кога би знаел колку многу ми недостасува и колку само го мислам - незгодно би му паднало! Денеска го слушнав прв пат она кога наместо со моето име ми се обрати со "љубов..." ме сецна дека не очекував, и се надевам дека го мислел дека не е онака рандом кажано се стопив. Друго, како и секоја година кога има саем на книга јас немам пари.. и криво ми паѓа. Но да бидам и реална немам време периодов за читање слободна литература. Некако се одеднаш ми се собира. И само си викам во себе, полека Спарки се ќе биде во ред, прво дишии издиши и не се стресувај за глупости. Периодов ми е промени и брзо стресно темпо на живот. Сакам промени а се плашам од истите кој оксиморон сум, ха?! Останете ми поздравени многу љубов до Вас^^
Според музиката која ја слуша човек, посебно во вечерните часови, може сам да си процени кое дно, баланс или висини ги постигнал.
Eх жалосно што имаме нешто наше а светско а ретко кој го знае. Абе им велам имаат свирено во еден од најпознатите џез клубови во Њујорк ми одмавануваат со рака. Штета. Не велам сите да се џезери и да слушаат само џез, ама да не сакаш да чуеш што е тоа што и најдоброто во светот сака да го слуша а тебе ти свири на 5 минути од дома(ма каки на 2 минути ми е во балетанки) и ти да не отидеш. Демек на пиво само ќе отидев а веќе сум камен. Јадам листано во 2 по полноќ и кршам диета и ми е гајле. Многу лоша работа е индифернтноста. Знам утре ќе плачам дека не сум стоела на зборот.