Не знаеме од 5 часот се случува, се јавив во полиција и во управа со кризи се испонашаа ко ретардирани не знаат што да ни кажат. Сите сме преплашени.
Наместо стан во Скопје, да купиме мало куќиче на плажа. Морето пред нас, позади мала градина со патлиџани, балонот ракија од дедо во подрум и нозе покриени со песок. Толку ни треба нам двајцата во животов. Знаеме и двајцата дека сме си доволни, знаеме што сакаме, и сеиозно, не знам што чекаме.
Не знам што прават овде бе луѓе, дали само сценарио, дали само не заплашуваат ама како и да е страв ми е.
Зар можеше толку убав ден толку лошо да започне. Да не беа твитер и фејсбук човек нема да знае што му се случува во државата. Ова озбилно ?! Не сакам да верувам дека ова се случува Не сакам да верувам дека е испланирано сценарио како што сите велат. Никој не може да биде толку бездушен. Се надевам дека феминките од Куманово и сите таму се добри Се надевам дека нема да ни се случи 2001 повторно
Денеска сакам да кажам ... 1. Потполно исто како коментарот што го цитирам. И додадавам,.. 2. Не ми се живее тука. ( Подобро е катапултирање на Уран )
Некаде за време на пубертетот, кога имав дванаесет или тринаесет години, почнав многу брзо да растам. Висока сум, телото ми е развиено, а цртите на лицето најмногу прават да делувам повозрасна од што навистина сум. Но сепак, не би си дала дваесет или дваесет и пет години како што ми даваат останатите. Многупати ми се имаат обратено со госпоѓо, а најмногу со девојко, никогаш од кога имам четиринаесет ми се немаат обратено со девојче. И ете, малку е чудно. Се прашував зошто излегам толку повозрасно од што навистина сум. Имам седумнаесет години. Мајка ми секогаш ми велеше дека треба да бидам среќна и дека луѓето кои изгледаат постаро кога се млади, изгледаат помладо кога се постари. А вчера мајката на една моја добра другарка ми кажа и дека кај неа било исто, и дека се тоа доаѓа одвнатре, од зрелоста. Не знам колку би се согласила со неа... Кога станува збор за ситуацијава во Македонија, морам да ви кажам не сум личност со силни идеали. Најважен ми е мирот и среќата, моја и на луѓето околу мене. Никогаш немаше сама да превземам иницијатива ниту за средношколските бојкоти, ниту за било што друго. Не сум лидер. Следач сум. Им се восхитувам на сите оние кои со толкава сила и одлучност се борат за своите права. Јас не би имала храброст да започнам нешто толку одважно, иако бев дел од тоа. И не се срамам да го признаам тоа, затоа што сите сме различни. Во политика не се разбирам воопшто. Што и да се случи, најголема желба ми е да нема повеќе човечки жртви. И многу сум уплашена. Другар од Скопје ми кажа дека нема потреба да се плашам затоа што најверојатно немирите немало да стигнат до мојот град. Но мене воопшто не ми е сеедно. Како можам да останам рамнодушна кога човечки животи се во прашање? Како можам да не бидам потресена кога нешто лошо може да им се случи на нечиви деца, сестри, браќа, мајки, татковци, другари... Не се разбирам во политика и не чувствувам дека имам право да изберам нечива страна. Само ве молам, не дозволувајте луѓе да страдаат. Човечкиот живот е многу повреден и поважен од било што друго...
Тоа за девојчето колку што слушнавме ние е точно албанче било и еве сега во момент слушнав истрел стварно е занигде
Е. драги мои. Карма из а бич, али колку овде? Овде сите енергии како да се во раце не грдите, мизерните. Вака јас да ви кажам. Сигурно сте слушнале за директорот во штипското училиште кој заташкал силување на девојка. Е. истиот тој е директор е дел од прекрасното ВМРО, како што и истиот тој одеше од куќа во куќа кај нас во маало и се расправаше со сите нас, кои имавме достоинство и ја искористуваме слободата за да кажеме дека не, нема да гласаме за нив. И потоа знаете што правеше? Не обележувше со креда на гаражите. Неговата жена тоооолку се крена што не сакаше добар ден да ни каже на нас, обичните смртници. За неговата ќерка пак, една мочла пет години помала од мене, да не зборувам пак.Прегорда фамилија на татко кој е директор, кој нели почнал од ништо, а преку лажни идеали (читај пари, моќ) стана директор на едно училиште кое само тонеше. Па по партиска линија вработи еден исто од моето маало како служител во истото училиште. Пресмешно.Валјда тој нога му бакнувал кога овој како месија влегувал по куќите. Онаа инспекторкана, жената на бившиот нас градоначалник, која без срам го прчеше газот по тесни фармерки по училиштата и демек за таа следило кривична пријава. Знаеме дека и тоа ќе се заташка, оти оваа влада драги луѓе и недраги подржувачи на подржувачи на убијци, е крило на силувачите и насилниците. Новиот наш градоначалник е едно од најдобрите нешта што можеше да се случи на нашиот град, вмровец да, ама мојата фамилија да можеше со двете раце и двете нозе ќе потпишеше за него, ех, којзнае на него како му е. И самиот кажа дека има премногу притисоци од погорните и дека не сакал веќе да продолжи.
Vo lugjeto se trudam sekogas da go gledam samo najdobroto...loshoto sami ke si go pokazat! Tuku, esensko sabotno popladne e vo tek... Bujrum prijateli