Се плашам кога грми и сите што ме знаат, знаат колку ми е страв. Останав сама дома, а надвор почиња да грми и врне. Брат ми, мојот убав мал херој, се врати дома од кафе за да не сум сама. Во меѓувреме ми врти другарка ми - еј значи одма доаѓај кај мене не седи сама, знам колку паничиш моментално!! ..дојде брат ми и викам!! Ги љубам највеќе на свет!!!!!!
Исто сценарио, 14 години подоцна. За што ли ќе се пазарат овојпат? Згрозена сум од ова што се случува, истовремено и преплашенa. А на мачкава ич не и‘ е гајле. Патем, пак си чекаме принова. The ugly truth is that my cat is getting laid more often than I am.
Се плашам за себе. За моите најблиски. Се плашам за мојата иднина. Се плашам од ситуацијава во земјава. Ништо не е исто. Не знам што воопшто дојдов во МК..
Уморна сум. Уморна сум од губење. Постојано губам. Некогаш помислувам дека имам огромна среќа. Го добивам тоа што го сакам, но зошто по ѓаволите постојано губам? До кога вака? Не можам веќе. Нека престане се. Се уморив... многу сум уморна.
Се слушнав со “другарка“ која моментално е во штаб на врмо. Многу добро им ги испрале мозоците, Заев прави дестабилизација за да предизвика војна. А вие во штабовите за што се собирате уствари? Или ни сами не знаете? Битно е само да се шират дезинформации, гласини, да се перат мозоци. Срам ми е што живеам тука.
Сфатив дека сите луѓе длабоко се спремни да ги маскираат своите проблеми. Јас тоа го умеам со алколохол и многу цигари, а бонусот е дека во сите постои “идиотското“ и сите се спремни сами себе да се поебат доколку го заебат другиот.. Таква ни е државата, такво е мнозинството.
Секој втор пост почнува со "СЕ ПЛАШАМ" ! Наместо да го славиже денот над победата на фашизмот ние се соочуваме со страв,незнаеме кој не напаѓа,зошто гине народ,зошто се интервенира во населени места,зошто повторно асоцира на 2001, и зошто,зошто. АМАН ОСТАВЕТЕ НЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО МИР!
Одамна не сум ја посетила темава.Дојдов да кажам од Куманово сум,блиско до центарот на настанот и вознемирена сум од 5 часот сабајле.Преплашена сум.Дај БОЖЕ до сабајле да се смири ситуацијава и вецна им слава на загинатите полицајци
Смирено е сеа? Каква е состојбата? Ке се среди не се плаши.. знам дека ова ништо не ти значи, но мора да мислиме позитивно.. Дај Боже се да биде во ред!
Site ja sakaat a site tie zaedno ja unistuvaat,eh nemozam da go razbream toa!. Stramota,zalno za site nie,za site nas koi stvarno ja sakame i se sakame edni so drugi. Ja unistuvat drzavata,gi unistuvat lugeto zalno. Gospod da im pomogne na nasite.
Јас стварно не знам што да кажам за овие случувања. Цело време само читам и едвај можам да голтнам. Никогаш веќе да не се случи ова. Наместо да одиме напред, се случуваат работи што не враќаат во минатото. Пушките и убивањата треба да бидат минато.Човечкиот живот е скапоцен и ниту еден не заслужува да заврши трагично. Смртта на една личност е смрт и за ближните. Со убивањето на една личност исто како да ја убивате цела таа фамилија. Тагата, бесот и гневот ќе бидат од денес присутни во нивните срца. Нека почиваат луѓето во мир, а јас се надевам дека луѓето што ги познавам од Куманово се добро, зошто толку добри фини и позитивни луѓе не заслужуваат да бидат доведени во состојба на страв.
До вчера буквално кажував колку убаво се чувстувам и дека кога и да се чувстувам на седмо небо буквално се плашам дека ќе се случи нешто лошо - и секогаш е така. Ете денес се деси ова шо се деси, буквално плачев за сите шо ојдоја, бев под стрес да не го викнат и тато безразлика шо беше на одмор, пак ќе речам фала Богу не го викнаја, ама то не значи дека јас сум нешто повеќе смирена, дури скроз не прекини ова јас нема да се смирам. Да пишам како и во темата за „Пукотниците во Куманово“, се надевам дека ранетите ќе бидат добро, дека тие што се таму ќе ги чува Господ, починатите нека почиваат во мир. Реално секогаш сум ја сакала идејата за мир и мислам дека вакви немири допираат доста до мене и неможам поќе се ме боли (и забележав дека моите дома не зборат за то пред мене зошто најверојатно забележаја дека трчам во тојлет ко ќе се спомни нешто и сфатија зошто). И на крај сакам да кажам дека сите треба да функционираме за едно и реално многу бев фрустрирана од фб статусите од типот: „Смрт за шиптарите“ кога реално не гледаат дека работава смрди на политика.
Бесна сум, од неподнослив гнев ми доаѓа сама себе да се раскинам на илјада парчиња... Се надевам дека тие терористички копилиња ќе горат во пеколот.
Ги закопав негде длабоко сеќавањата за 2001ва, солзите на мајка ми, паниката, крв, болнички возила. Смачкана роденденска торта, затоа што кога стрина ми ми ја носела морала да се наведне врз кутијата, и било страв од залетани куршуми. На една роднина во целиот општ хаос и пукна водењакот кај мене дома, место да се радуваме сите за бебе, бевме избезумени. А јас имав надеж дека тука може да се живее. Го терав да дојде, изгледа ќе го молам да ме земе.