Си мислам нешто, еве хипотетички избие некоја пукотница навака у Скопје. абе сите за телефоните, сликањето, Фејсбукот и социјалниве мрежи ќе се фатат кој да пренесува прв и добива поени и лајкови ! Кога ќе видат терористиве дека никој не ги ферма, ќе се откажат еднаш засекогаш од оваа сеирска земја. Софистицирана македонска антитерористичка стратегија !
@Gea стиснав ми се допаѓа, ама не ми се допаѓа. Туку како поддршка, не знам. Ние вака сме уплашени, а не можам да помислам како е со деца. Ти посакувам спокојство, се надевам дека се' е завршено.
Некои љубови не се преболуваат. Само се оставаат зад себе, и се тера срцето да ги заборави и разумот да не ги мисли. На жалост, токму тие љубови најчесто се оние, искрените, вистинските. Скоро секогаш големата љубов е осудена на пропаст. Едноставно, за нив не говориме никогаш.. ПС, Имајте убав ден Драги! Насмевнете се, средете се најдобро што можете и одете да го видите светот! И не грижете се, на крајот од денот, кога ќе ја потпрете главата на меката перница и ги склопите очите, повторно ќе мислите на она што не би требало..
Скокнав утринава од креветот, преплашена, додека да се освестам дека зад мојата прават друга зграда и дека тоа не се пукотници, туку удари од чекан. Полека се враќаме во нормала или се преправаме...не знам, само чувствував страотен грч во желудникот и одвај успеав да го испијам утринското кафе со колегите. Надвор е пролет...мирно е, тивко, луѓето се раздвижуваат. Училиштата и градинките се празни. И подобро така, барем едно гајле помалку, децата ми се на сигурно. Сите сме со надеж дека црниов викенд зад нас нема да се повтори. Не знам колку пати отсабајле до сега ја повторивме оваа реченица, иако и самите не сме целосно сигурни, ама се тешиме, си влеваме надеж едни на други...И кога ќе си помислам дека само пред неколку дена се нервирав за кредитите, за тироидната, за одењето на одмор годинава, ми иде да си акнам една шлаканица! Кредитите ќе се отплатат, за тироидната постои еутирокс, на одмор можам и догодина да одам, само да е мир. Тоа не се купува. Моите изрешетани соништа заздравуваат, но лузните од саботното утро ќе стојат засекогаш врежани во моите спомени, да го потсетуваат овој вжештен ум, што во животот е најважно!
Отсекогаш сум сметала дека е неблагодарно да се жалиш за работи од типот: морав да станам рано, ми се скрши нокт, ми се исклучи телефонот, немам време... Сега ми е срам и да помислам, камо ли да се пожалам. Добар ден на сите. Охрид е сончев. Како сте вие?
СДК... Секое зошто има свој придружник затоа што. Некои парови ги проголтувам како непотребни, други свесно ги прескокнувам... Честопати игнорантно ја откажувам потрагата по другиот дел што потсетнички ми одекнува во мислите со уверување дека се се случува во свое време. Расплетот е можен во време на достигнување на времето. И го исклучувам сетилото за слух кога љубопитноста преминува во фаза на напнување да се извлече тоа затоа што по цена на нечиј интерес. Не ги сакам овие парови наметнати од средината, освен кога сама копам по нивната половина. Затоа што мирниот ум е најголемото добро.
И велат дека се свестуваш и сѐ те удира кога конечно ќе се подопуштиш бидејќи стегнатоста не ти ни дозволува да размислуваш трезвено. А, мене сабајлево ме удрија стиховите на песнава, и не можам да се смирам. Ако раевите и сите пропратни марифети, не се само утешителни муабети, тогаш нивните порти добиле нови ангели-чувари во буквална смисла. Само си мислам, што ќе им беа, кога нели таму е мирно и убаво? И пак, и пак истите стихови вртат... Angel, put sad wings around me now Protect me from this world of sin So that we can rise again...
Избегнувам да се мешам или да дебатирам на политички теми бидејќи не сме сите истомисленици но само едно ќе кажам Бог нека ви е на помош со толку предрасуди!!
Помината една од најлошите вечери во мојот живот. Иако знаев дека нема ништо да биде, сепак потсвесно се плашев и очекував секој момент доцна во вечерта да слушнам пукотници. Очите ми се затвораа за спиење, а сон никако да ми дојде. Слушајќи го беспилотното летало како кружи околу градот, место да ми даде чувство на сигурност, мене уште толку ме паничеше. Ако ми дојде сон, на секои 30 минути се будев. Во тие 30 мин што ќе спијам, сонував војни. Сонував дека почнале пак со пукање, сонував гужви, бегање, викање....па дури и кога ќе се разбудев мислев дека сум на сред војна. И сето ова затоа што ги гледав снимките од акцијата, како ги приведуваат, како пукаа, како бегаа...и секако одма мора тоа да го сонувам Повторно едвај сум заспала ама сабајле крај 12 ме разбуди непознат машки глас, како зборува со мајка ми и брат ми. Е тек тогаш срцето низ уста ќе ми излеташе, нозете ми се пресекоа....не можев да разберам што зборуваат и не можев да го препознам гласот. Уште ме држеше чувството дека е војна, мислев дека стварно почнала, па го мобилизираат населението ( не знам од каде ми текнуваат овие идеи, ама ај се тешам сонлива сум била). Разбушавена, со подочници до петици, исплашена со тешко дишење, излегувам и кога го гледам пред мене вујко и на мајка ми Така на човекот му било успат па решил да намине....уплав доби од мојот изглед..... Кога ќе можам да спијам на раат? Кога ќе можам да излезам на раат по улица без да ги гледам сите сомнително?
На човек да му е страв да побара совет на форумов. Одма дежурните светици те фаќаат за очи . Па си прават претоставки, додаваат, одземаат и на крај работава од мравка слон. Си побарал совет за кариес они бубрегот ќе ти го извадат. Форумов е полн со предрасуди, стереотипи, осудување( а никој на никого нема право да суди), лажен морал, лечење на комплекси. Чест на исклучоците . Поради тие исклучоци сум овде.
сдк... Се ми се среди,имав трпение,верував и конечно имам мир.Сите планови до сега што ги имав си ги остварив,сега ме чекаат испити кои морам да ги положам,се надевам дека ќе успеам(да бидам искрена се плашам дека не сум подготвена за нив).Одамна не сум пишала тука,сега немам толку многу време да седам на фемина,ама сепак наоѓам малку време и редовно си читам/гледам се што постирате.Сега имам нови планови,проекти,идеи во главата... имам во план да започнам beauty blog,купувам доста работи кои ми требаат,па зошто да не споделам мислење со сите вас таму,само сеуште незнам,ќе ве известам ако има нешто . Имајте пријатен ден феминки. *
''А мене срцето ми се полони со болки, со чемери.Ама срцето човечко било бунар; само се полни а не се преполнува.'' „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи,ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“ Петре. М Андреевски На македонскиот народ му било пишано во тие тешки црни книги судбински,да пати и одново да пати. Тага да жнее. Душа да му венее.
За првпат во мојот живот кај мене се разбуди непознато чувство. За првпат во мојот живот исплива од мене таа незадржлива помисла, желба. Веќе и не се плашам, веќе сум страшно бесна... После се', eдно знам, а тоа ми е доволно - не би сакала моето дете во иднина да расне овде. А го сакам ова парче земја, Бог ми е сведок - со секој мој атом го љубам до бескрај. А сепак, не знам како и од каде, за прв пат во мојот живот помислив на заминување... Иако знам дека тоа беше разумот, додека срцето упорно вреска дека грешам... Му кажав со пола уста, а тој тивко ми рече: И јас, иако не сакав сам на себеси да си признаам, а ни тебе... Не можам да се свестам сеуште, нешто ми се случи. Вака никогаш не сум се чувствувала... Чувствувам дека нема спас за нас и ме боли, ми го корне срцево... А јас сум таа што плукаше по сите кои заминуваа одовде, зошто мислев дека тука има шанси за подобар живот, ако се потруди човек. Ма цврсто ги убедував сите во тоа. Најголем лицемер излегов.
Ете, владата одлучи да даде парична награда и на медицинските лица, кои пружија помош на повредените полицајци. И за поздрав е тоа. Само се прашувам со кои пари, кога ни субвенциите се уште ги немат исплатено, а уште малку треба да се поднесуваат документи за нови..