Da se nasmeeme malku so eden tvit : "I pretsedatelot dal ostavka, samo ne moze da ni kaze, treba sami da svatime".
ВОДЕТЕ ЉУБОВ, А НЕ ВОЈНА!!! Абре македончиња ситни души... Ние меѓу себе ќе се испотепаме , сдсм-овци со вмро-овци и после расипничките банди ќе се виновни, епа не е така! Оф бе...
Несакам пак да ја доживувам 2014 штотуку се повративме и собравме сила... skorpija123 убаво е тоа кажано во Алхемичарот -кога нешто силно посакуваш, целиот Универзум прави заговор за да се оствари! Никогш ништо не сум сакала толку како сега... уморна сум од чекање пред тие врати...
треба конечно да дојди една подалечна баба на поседок вчера дознав дека ми починал еден подалечен тетин-од страна на мајка ми и можеби за последен пат ке ги видам дечките од кинески курсот-заедно со професорот не е важно што си добив лекција од мајка ми во понеделникот-важно се збогував на некој начин од сите што ми значат во Шричин мојдо нив ке ми недостигате после недела гарант ке пукне дај боже да бидам грешка
Добро бе имаат ли памет овие што ѕвонат по врати, пред 10 ли се иде по куќи, па и ѕвони едно добри 5 мин. уште и си потропа пријателката.И отварам по пижами, не знам кај сум, едно око затворено уште 10 мин ми се објаснуваше, јас прст пред око не гледам.Без осет луѓе. Утре ден и Јанкуловска може на врата ќе ми заѕвони, никад се не зна, само ја молам во поразумно време.
Сите ми се чудат зошто сум заљубена во две спротивности. Пустина и море... и јас не знам. Си закажав за пасош. Следна е авионската карта... Ноември е месецот!!!
Сабајле бев во теретана и наместо да вежбаат, двајца се караа за бомбите на Заев. Не сакам бе луѓе да ни е секојдневие да се расправаме за политика во секој можен муабет со било кого. Да сакав толку да се замарам со политика, ќе се запишев на политички науки. Аман.
Ако ме прашате како сум денеска? Ќе ви одговорам: ДАНАС САМ ЛУДА! Си го сретнав симпатијата....... Не се откажувам бе.... Уште не му е јасно изгледа? Оооодамна го немам видено... Ма кај че бегаш душо моја златна? Ммм? Бучко мој.. Тоа образите само за штипење ми ти се... Шо си сакам детски ликови ах..... Ќе ми паднеш в раце, џабе бегаш! Шо мее е галје дека имам 24,а ти 22...т.е 23 ќе прајш? Ме стаса еј..џабе ми викаш дека за мажење сум стасла... Да те видиме тебе....
Сакам да кажам дека се нервирам зашто од неодамна почнав да собирам горчина (не можам да кажам дека не е предизвикано од блиска личност кога е), а посебно ме нервира фактот што ова воопшто не личи на мене и на мојот карактер. Дури почнав да се фаќам на моменти како размислувам како да се реванширам Ситуацијава дефинитивно не е за избегнување, привремена изолација од таквите луѓе знам дека нема да ми помогне, зашто знам дека проблемот и натака ќе постои. А највеќе од се- криво ми е
После толку време... Петка по математика Не да сум среќна, пресреќна сум! Повторно ќе завршам со сите петки Да почестам
Се' додека во планирањето на вашето уживање и успеси стои она фамозното на инает на другите, наместо целосно да ве води чистата желба за среќа и исполнетост за себе - you're doing it wrong...
Епа,драги феминки,би сакала да ве почастам со парче торта,за мојот роденден,малку доцнам,ама имав прилично "busy" ден Повелете!
Кога одиме на некое колективно опивање од страната на татко ми ,по повод венчање или раѓање ме очекува репертоар од врескање ју,ју...пеење во обид,мафтање со ножеви (а презираат огнено оружје,само ладно ве молам),се пејат песни за планини,се дели и парчи Македонија па се составува како puzzle,па по некоја безобразна...па за плачење...на првите тактови се поскокнува ...скокаме и ние удри,цупкај во место важно да се игра...и да не знаеш да играш само дрмај со рамењата,кој ти ги гледа нозете. Е такво нешто ме очекува деновиве.