http://www.ringeraja.mk/statija/ve-prekolnuvam-ne-zhivejte-za-decata_4799.html Дали денес го споделија текстов сите мајки на кои им требаше алиби за нивното однесување? А текстов е полн со генерализации, празнини, екстреми, но добро, како и да е, сепак некои мајки го сфатија како зелено светло за сите дечковци кои им ги носат на своите деца дома, а ниту еден не станува татко. И тоа е во името - среќна мајка - среќно дете... а ни мајката среќна, а детето збунето. Вашата приказна сакате да знаете како ќе изгледа? Ана имаше 30 години, беше самохрана мајка, нејзиниот Мики имаше речиси три. До третата година Мики не го имаше запознаено својот татко, до својата трета запозна веќе повеќе од три дечковци на мајка му и ниту еден не стана негова машка фигура која се задржа во неговиот живот и засекогаш му остави празнина во неговото малечко срценце. Денес Мики има 30 години и мрази жени, ја презира својата мајка, секоја вечер повредува различна девојка.Мики засекогаш почна да ја мрази неговата мајка и никогаш не засака жена, ниту се ожени и не се оствари како татко. Алал да ви е мајки што ги искористивте ова за изговор за вашата себичност, но не себичност за да се средиш, сакаш, здраво да се храниш и уживаш со другарките, туку себичност од типот - не знам што сакам од животот и тоа е во ред да помине низ грбот на моето дете. Текстов нема смисла во секој случај. Ова се екстреми кои секако завршуваат со последици по вашите деца, исто како што завршува со последици и другата страна на екстремот, односно вашата...Ама ајде, помеѓу два шопинга во Солун, три искачанки со зори со другарките и десет дечковци пред вашето дете, ќе сфатите колку сте мизерни, а не среќни. Да се биде посветена мајка не значи да се мириса на повраќаници и манџа... туку така ви чини.
Ми недостига темата Трета смена. Не пишував често, но ја читав. Ме тешеше тоа дека не сум сама, дека таму некаде и други девојки се на своето работно место и ми правеа друштво.
Значи кога сум во ПМС господ на бељата сум. Нема човек што не се испокарав, тие ми се криви за се и што е најтрагично си се самосожалувам Уште жртва си изигрувам. Свесна сум ама ете ми се плаче и си наоѓам причини. ПМСот со внатрешен глас ми командува: -Еј види ти не си важна, на други лајкови става, сигурно со други пишува. Еј па види, и мајка ти повеќе муабет прави со комшивката што е на твоја возраст отколу со тебе. А, ти текнува еднаш пред 5 години брат ти ко рече дека не те сакал повеќе за сестра? Цццц ај плачи или убиј се, т.е. и да се убиеш исто ти е, на никого нема гајле да му биде....ај сепак исплачи си се.... пушти си песна за плачење ехе цела вечер е пред тебе. Абе, кој видел арно од учење, алооо никој не те сака, а тебе до учење ти дошло....еее така плачи си..... Ти ибам и ПМС и се, секој месец истото...ако набрзо не ми дојде, ќе умрам од самосожалување дека на никого не сум му важна п.с. Во 3.30 ти вика ќе оди да спие, а сабајле на работа е од 9 значи има уште 5 саати за спиење и сепак си замина...педер.....демек мора да спие може да спие на работа ама не, сепак те остави сама....
Нема принцови на бели коњи. Има само жаби. Но ние жените со тек на време созреваме толку многу што жабите ги претвораме во принцови.
Значи колку плачев на таа колумна "Сега знам мамо"...... Уште не сум мајка, ама како се повеќе се доближувам до тоа така се повеќе ја сакам мајка ми и ја разбирам секоја нејзина постапка. Ми текнува како броеше ситни парички по денар,по два да ми даде 10денари за кифла. Ми текнува колку тешко ме израсна, во која сиромаштија, ми ги перела алиштата на бунар, како ли и било зиме кога рацете и помодрувале само за детето да и е чисто. Ми правеше кукли од износени маици и партали. Играчки ми беа канчиња од јогурт и кисело млеко. А башка тоа што живееме со баба ми и дедо ми , што она ќе стане од сабајле да им направи доручек, они ќе јадаат у 9, мие садовии и мисли што за ручек. Никогаш никој не и помогнал. Никогаш татко ми не застанал на нејзина страна да рече јадете било што за доручек, направете си сами, да каже мајка му да измие садови, да зачисти нешто...све по мајка ми се вика,зошто не е средено,зошто не е измиено, кој и да направил нешто све она е крива. Уште па ми вика ти кога ќе имаш бебе јас ќе ти помагам најмногу,ќе дојдам ќе си го чувам,ако плаче навечер ќе преспијам и јас кај тебе со него. Неа домот и одмилил. Нема топлина таму, ни љубов, ни слога. Бара изговор да излезе,да се задржи што подолго...
Отворам евентот на фејзбук за протестот на 18ти и гледам кои од пријателите ми се потчинети вмрОФЦИ. Нема утеха ... R.I.P
неемаш појма колку ме расплача, во истиот момент се сетив на мама и мооорам после да ја видам, за неа неможам солзите да ги сопрам.....
Можеби само имам температура и можеби сум малку болна...зошто повеќе не се будам со она нејасно пријатно чувство дека денот ми носи нешто убаво?Зарем ова е тоа?Зошто ми велиш порасни ,таков е животот,..зрелост...одбивам да пораснам ако ова без смеа и радост е живот,..или старост...знаеш ли што се има во мене...луди замисли,планови,боси нозе,неоткриени улици покрај море...зошто чмаам во овој ќош? За да ти бидам на тебе зрела и сериозна?Секој филм и натаму ми е добар ако го гледаме заедно,ама ти не ја држиш повеќе мојава рака,не купуваш повеќе џамбо кеси пуканки,туку за секого посебно.Ме нервира што никогаш не си ми кажал убав збор ,а ти за мене си секогаш иститот.Кога тагувам не ми обрнуваш внимание,кога се смеам и тоа е премногу. Зошто дозволуваш да не убие оваа нерадост,ова ненадежност.Ова ништо,мрак,рафали,бездушност.Или не ме сакаш повеќе иако велиш дека грешам,дека премногу се трошиме да преживееме.Или сепак имам температура и болна сум.
Недела време како да ми помина за секунда, како вчера да дојдов со торбици и велев дека недела време ќе ми биде доволно ... За седење дома со семејството не е доволно цел живот а не пак една недела. А ми фали и тој ,премногу ми фали но овде некако времето ми беше премногу организирано и едвај наоѓав време за себе. Повеќе сакам да сум со обврски отколку само да седам дома . Уште еден ден и се враќам во мојата нова дома,во нашиот заеднички дом А кај мама ќе си идам секогаш кога ќе имам време,дури и на една ден ! Совршено би ми било мажето да си го земам домазет и да си бидам ем до него ем до мама Ама не не поарно вака далеку, сами. Никој ни ми се меша ни ме замара моја куќа мои правила,нормално А пак џабе не кажале: колку подалеку-толку помили , па и да ви кажам не е залудно кажано тоа . Јас ќе имам убав ден знам а викендот ќе ми биде уште поубав Ви посакувам исто и на вас. Убав ден и уште поубав викенд. Кажувајте им на најмилите секој ден колку многу ги сакате
Јас само сакам мир. Мир како овој кој го имам сега. Сакам да се чувствувам задоволно од самата себе, сакам да се чувствувам сакано и понатаму, сакам да имам спокој кога ќе легнам да спијам и молитвата да ми се базира на „Ти благодарам“, а не „Те молам Господе...“ Сакам да престанат сите конфликти помеѓу нашите луѓе, сакам да се раскрши клетвата која некој ја фрлил на народов. Утре сакам да имам дете кое ќе има чисто срце и кое нема да разликува луѓе по нивната националност, вера, боја. Не сакам да имам дете кое ќе мрази и потценува. И како се осмелувате да поради одреден број на лица, ставите цел народ во ист кош? Од кога постои друга поделба на луѓето освен на добри и лоши? Сакам да престане цела оваа исполитизираност дури и на настани кои немаат допирна точка со политика. Сакам да седнам, пуштам телевизор и слушам вести без загриженост за тоа што ќе биде утре. Редно време е да слушнеме убави работи. И највеќе што ме боли.. не сакам да стравувам дека утре дечко ми ќе биде помеѓу повредените или недај Боже, она другото.. Не сакам да имам несоници или кога конечно ќе заспијам, кошмари. Сакам да престанам да се плашам... Јас само сакам, мир...
Иронија на животот. Мора да ти ја помати водата таман кога си ја смирил. Да те става повторно на крстопат таман кога си решил дека ќе одиш по некоја насока. Мора нешто постојано да ја ремети рамнотежата, да те става пред одлуки од животно значење, да те препотува. Многу работи ми ја поматуваат големата слика. Имам време до утре да сум на чисто со себе, а знам дека нема да бидам се додека не дојде моментот кога ќе треба да отворам уста и да почнам да зборувам. Не можам да смислам нешто попаметно од тоа што веќе го знам. Не можам да стигнам до конкретното решение се додека не ми се отворат сите карти до една, а сепак ме измачува и ми прави да ми зујат ушите од непрестаното вртење на истите прашања во главава - зошто баш вака и зошто баш сега?
Абе од жаба - принц не бидува, остави ја ти таа работа. Ама од жаба до коњ ќе дотурка некако Ај послужете се за муабетов
ете се случи и тоа ги повлеков документите-со тоа и го изгубив статусот студент прво беше апсоолвент после и студент се почуствував ко сварена кокошка кога си дојдов дома и за прв пат се заглавив во лифт и уште кога ме прашаа кој е таму јас реков јас сум ко нешто да не сакаше да ја напуштам зградата-а се видов со еден дел од вработените до нив а од Глукофажов што го пијам ми се уништи стомакот-како знам и умеам до Август морам да го спуштам шекерот оти вака до 1000 ке стигнеме а е 750 мг па после ке биде дај ми една илјадарак
Сакам да кажам дека ... 1. Од микро аспект претставено. Во зградава само сме 15 стана околку 50тина луге.. тука сме, но со различни пилитички ставови. Дали тоа нас не прави сеуште "добри" соседи, или само тоа е привидно ? Замислете од макро аспект.. цела цржава .. каде ли одиме ? 2. Никој не може да ме убие како што јас можам сам се бе да се убијам. 3. Летниот одмор за мене е замор. Така да, секако ми треба. И онака одмарам цела година. 4. Од ништо друго не се плашам во животов како од својот ум. 5. Зошто 98% од мотивационите видеа на интернет се со сцени од некои атлетичари во топ форма, како се потат и нешто успех ау бау ? Зарем успехот е некоја физичка цел ? 6, Кога и да имаш проблем со нешто, не се соочувај само во мислите. Така само ќе дојдеш во фаза на преголем процес на мислење. Она што треба да се направи е да се искаже со зборови. Само така празнењето од тегобите ќе биде ефикасно.
Колку брзо си поминува времево ко вчера да беше Нова Година...За каде ли се брза волку? Се надевам вака брзо нема да помине и летото...Big Hope
Периодов чувствувам немир постојано.Сакам барем на момент да се почувствувам релаксирано и на пет минути главава да ми се одмори од постојаниот дотек на мисли. Обврски колку сакаш, уште неколку колоквиуми, и крај за првава година. Инаку постојано се трудам да се радувам на мали нешта, и денеска ја добив првата десетка, можеби за некого не е многу но мене барем душава ми се исполни за момент. Се надевам дека сте сите добри, и дека се радувате на малите ситници, бидејќи кога ќе се навратиме назад сфаќаме дека тие всушност биле важните работи во животот. Јас одам да одвојам некој саат да го поминам на тераса и да се подружам со малите ми мачиња, кои ми се радост