https://www.facebook.com/SamsungMakedonija/app_841851082546609 1. Притиснете гласај за фаворитот 2. Кликни на ,,твој фан‘‘. 3. Толку. 4. Ви го препорачувам Боби Мојсовски, интересно чоече и предобро пее.
Значи прочитав и погоре некој го мислат истото што го мислам и јас.Времето мноооооооооогу брзо поминува.Уште 18 дена на училиште.Ееееј кога помина една година.Се сеќавам првиот училишен ден класната ни рече дека многу брзо ке ни помине годината,ни рече деца дури да трепнете годината ојде,помина.И стварно така се случи.Сега не чека лето,нови авантури,случки.
Па еве, оди на подобро. Се сменив, прилично многу. Онаа детската љубов ја избришав, нова се појави. Може да се каже дека сум среќна. Не можам да западнам во депресија, ниту да ме фати анксиозност додека го имам него. Одамна го немам видено, ми фали. Но, околности, тоа е... И другото оди на подобро. Да не кажувам детали, хаха. Лето доаѓа, слободно време, шетање ваму таму, раат. Од Септември ќе се пее друга песна и тоа. Поздрав до наредното пишување.
Може физичка активност не ми е приоритетна и омилена работа, ама физичка активност пред работен викенд, во петок ми е омилена ствар. Ме полни со енергија, па и туш, па и сладок разговор. Еве ви поклонче од мене за среќен петок и убав живот. http://www.ted.com/playlists/246/life_is_beautiful Храничка за душичка.
Што е гаранција за среќа? Може да сте убави и да изгледате како супер модел но не значи дека ќе бидете среќни Може да имате супер згоден дечко и многу додворувачи но не значи дека ќе бидете среќни Може да имате високи оценки или добро платена работа но не значи дека ќе бидете среќни Може да бидете популарни но не значи и дека ќе бидете среќни Кога ќе бидете среќни? - Кога ќе одлучите Среќата е избор!!
Нема ништо поубаво во мојов живот, почнувајќи од денот кога сум се родила, како утринско кафе со него. Не можам ни да замислам нешто поубаво од тој ритуал, од моментот кога се будиме, па се договараме кој ќе вари кафе, па тишината десетминутна додека се освестиме, па нешите безвеза опуштени муабети... Секој ден чекам да дојде викенд, не заради тоа што нема да одам на работа, или заради тоа што нема станувам рано, не заради журките во сабота навечер... Само заради кафето до него наутро.
Денес сфатив дека јас немам ништо освен надеж и верба. Велат кога имаш здравје, имаш се но не е баш така. Морам да почнам од почеток, од 0. Од ништо да направам нешто. Не смеам да дозволам животов да ми помине така во тага, самотија, лутина, бес. Не се живее така. Човек само може да се уништи така. Инаку, мнгогу сум ви благодарна на советите, така и направив, сфатив дека е најправилно така, јас со него немам повеќе ништо. Нема да бидам со било кој само да сум сама. Нема потреба ниту себе да се мачам ниту тој другиот. Уште еднаш ви благодарам за советите. Немам ништо, но имам надеж и верба. Зборот невозможно не постои во мојот речник. Што и да се случи надежта и вербата секогаш ќе ги имам. Верувам во подобро утре. И ќе станам човек, за инат на сите кои не веруваат во мене. Луѓе, што и да се случи не откажувајте се, борете се, животот е борба. И најважно верувајте во себе. И за сите тие кои ми го честитавте роденденот, ви благодарам.
Вчера сите заедно "дипломиравме". 4 години со убави личности што е тука е. И факс завршивме. Ајде аирлија на сите да си најдеме работа.
Ме искинаа синуси цел ден, лежам и ми се врти кога ќе станам. Ниедно апче не делува на оваа ужасна синусна болка. Среќа што сум далеку од кујнските ножеви, кој и да ми се доближи ќе го јаде.
Иста сум и јас. Иста!! Јака им душа на сите околку мене, поготово на дечко ми, тој најмногу си добива
Се плашел од самотијата, и годините што го газеа? Конечно ја донел животната одлука, па ете ме удостои и мене да ми ја соопшти. Не почувствував ништо особено. Освен дека сум среќна за него.. Се надевам, дека не згрешил. Одамна, многу одамна, ако некој ме прашаше за него, знаев дека срцето ќе почнеше да ми чука како лудо, и да се препотувам. А ако го видам..ми се пресекуваа нозете. Се губев. Не знаев каде сум, ни зошто сум. Кога сега се сеќавам, дури и смешно ми беше што знаев каде ќе биде, и јас како сосема случајно ќе се најдам таму за да го видам. Ме исполнуваше премногу само што од далеку ќе го видам. Ниту допир, ниту прегратка, ниту бакнеж. Ми значеше неговиот поглед. Како и да е, единствено ми преостанува да му посакам многу среќа во брачниот живот. А нашите заеднички спомени, ќе ги закопаме некаде длабоко во душата. Може на улица кога ќе се сретнеме како рандом странци, срамежливо ќе се погледнеме. А нашите тајни погледи, ќе бидат наша тајна.. Кога минатото, за кое погоре зборувам, ме втурна во мрачен тунел, јас налетав на еден човек. Човек кој стана светлината од крајот на тунелот во кој бев. Кој ми ја подаде својата рака, и ми вети дека секогаш ќе се грижи за мене. Денес е наш посебен датум. Во тоа име, би му рекла да ни се множат ваквите датуми. Да биде секогаш добар и внимателен. А јас му ветувам, како до сега, ќе биде единствен во мисливе и душава.
Еве мееееее мене после долго време,многу сум испуштила знам али ќе се обидам да се вклопам како што бев порано хах
Нека има љубов. Нека се сплотуваат души, да се љубат за цел живот. Нека се раѓаат деца. И тие деца нека земаат пример од таа љубов. Еден магичен синџир за подобро утре Добар ден, Охрид е супер, супер сте и вие (крадам слоган од Супер Радио ).
Најсреќна сум на цел свет Доколку некој си направи некоја белја и му треба прва помош, тука се Махи и останатиот дел од мојата екипа^^ Прво место на натрепвар за прва помош на градско ниво преку црвениот крст! Се гордеам што трите екипи од мојата општина се во првите 4-ри места Башка, пофалени сме дека сите три екипи од нашата општина имаме најдобри капитени од сите екипи Башка, викенд одмор во Струга, и една предобра книга Ехее, доста беше фалење, да ве почастам нешто Spoiler
Само што се вратив од надвор. Со татко ми го баравме брат ми низ маало. Рече тој пред зграда ќе го чека татко ми за да играат фудбал па татко ми дур да облече кондурите брат ми забегал да си шутира со топката. Нозе ми се пресекоа и дур го барав се смеев со солзи во очите. Ми испарија сите мисли и така само, млитава цела го барав. Се договоривме со татко ми да идеме до полиција пошто нели друга држава пак подруго е. Среќа, го најдов. Тука до нашата зграда има лулашки подзаскриени каде што не ни текна да побараме. Си играше со едни дечиња комшивчиња. Еве рекоа, го најдовме и му правевме друштво. Јас почнав да рикам и да липам. Дојдовме дома и зеде да јаде гумени бонбони. Ми даде едно и рече, еве дада не плачи. Ми рече извини и ме гушна. Се растопив ама ова има да му го памтам мислам за цел живот.
posle tolku goidini iscekuvanje i mene gospod mi ja ispolni zelbata...presrekna sum presreknba sum feminki
Многу сум среќна... Она она ептен бе!!! Што си имам еден дечко абе највеќе на целиот свет си го сакам среќна сум што го имам !