Ми се плива, та ми се плаче. И ми се крстари. Душата очајно ми бара море или ладно езерце. Тоа што сум се родила во град на ветришта, во посебниот љубовен круг на Данте, е океј, ама водно пространство бре! Косава почнува да се осветлува, повеќе ми се радува и пее и помалку ми се плаче. Сакам цел живот да е пролет и да се вљубувам како некое дете, и тој да остане дете, и сите да бидеме деца. И сакам слобода, жими Ниче, не ми е тешка.
Хелоуу Фемина. Не знам од кога немам пишано во СДК а порано спиев на темава Ме знајте ваша Ади која секогаш овде пишеше долги постови, озбилно поубо ми е подолго неголи да мрчам со краток пост. Денес со една феминка се потсетивме на стариот форум и реализирав колку всушност ми фали и колку ми фали старото друштво тука, не дека новиов форум е лош напротив има многу нови личности кои јас појма немам кој се, криво ми е што со постарите членови немам контакт. Со 3 феминки сум во одлични контакти, нонстоп да речам и се гледаме, муабетиме, пиеме кафе. Периодов не бев активна тука, знаете дека студирам во друг град и немав пристап до нет, обврските си го прат своето, факултетот, испитите и се друго шо иди. Животот ми е прав Ролеркостер Де долу де горе де падни де стани, ама ако во животот од грешките се учи, за следен пат да не повториш исто пак. Не знам друго шо да ви кажам, на моменти среќна сум за се животот што ми дарил, нема ништо подобро кога знаеш дека твоите се живи, здрави, среќни, имаат стабилна работа, земаат плата и знаеш дека се е ок. Неможам да бидам поблагодорна на таа тема. Едно ќе ви посакам на сите, бидете добри со сите, смејте се, дружете се забавувајте се животот е тркало денес сте горе, утре сте долу, уживајте и не се замарајте за ништо. Мене одамна престана да ме интересира тоа што другите мислат за мене. Се изнапишав Поздрав до сите
И јас така де..Си мислев дека се’ се средило.Уствари, исти нешта, иста фреквенција. Единствено нешто што забележувам во последно време, е тоа, дека колку повеќе веруваш во себе и колку се прифаќаш самата себе, толку посилно другите ти ги ,,фрлаат‘‘ нивните комплекси.
Со ПМСов напнав, абе сама не можам да си се поднесам некој месец ич не го осеќам ама сега аууу ама убаво си игра со мене. Расположението ми се менува како на центрифуга. И другарки кога ми кажувале како се чувствуваат мене глупо и смешно ми било ама сега воопшто не ми е смешно, баш напротив само ми се плаче. А тој сега најде на ергенска да биде. Абе да ти е*ам другарот, да ти е*ам се по список сега што решил ергенска да прај. Место да си со мене ти оди пијани се, уживај, флертувај, забавувај се, е*и си векот ѓубре. Што дека бев излезена со други кога со тебе сакам да зборам. Ќе видиш од утре што е ладнокрвност и изигрување жртва. Ќе се покаеш што си се родил пи*да ти матер. Осеќам утре или вечерва ако се отрезниш (ама тешко) лом ќе се напрајме. Ако не кревај. Па не знам зошто воопшто си ми пишал: Kakop si? Podobrto ti e? Smao da te prasama ama nemoxam dsa zboram ne slusasm nisto. Демек не можеш да излезиш и да зборниш ко чоек. Не бе, не се замарам веќе. Ќе видиш тебе кога ќе ти треба нешто, тогаш чаооо јас одам на моминска. Идиоти сите собрани.
Ме удирила некоја добра депресија уште од декември, не можам да се освестам. Сонував и планирав како малечка дека сега би имала испланиран, исполнет живот полн со елан и желба за напредок. А еве уште тапкам во место.. Не се чувствувам ни среќно ни исполнето, ништо веќе не чувствувам од оние убави чувства. Би сакала да ми се вратат. А не знам ни од каде да почнам..
Скопје го поистоветувам со голема љубов, љубов која ми вети брда и планини, виножита без дожд, сонце без облаци, смеа без солзи. Ме прегрна кога дојдов со сјај во очите, повеќе наивна неголи млада, или па обратно, зависи кој како гледа, ме галеше со нежно ветре додека го шетав, ме охрабруваше тивко додека земав јачина од големите улици. Дојдов со огромни сонови, амбиции, дојдов со една сила што може да ја имаат само младите и будалите, дојдов за по кратко време да се пронајдам тотално, почнав да се топам во твоите прегратки Скопје..... Ви викам, се пронајдов како што човек може да се пронајде во една љубов, голема, свежа, нова, млада, неоткриена љубов, љубов која те тера да трчаш и да се смееш, да се блесавиш, да се гушкаш, да се кикотиш, да се палавееш, да сакаш искрено и чисто. Детски. И како во секоја голема љубов, почетокот е сјаен, мааните ги нема, не е битно веќе ништо, освен тоа со кој си, битно сте млади, се сакате, летаат искри на сите страни. Те сакав како што ги сака една заљубена девојка прошетките низ парк со љубениот за рака, како што децата го сакаат летото, како што младите ја сакаат пролетта, а старите есента. Те сакав оти ми даваше надеж и сила и желба за подобро утре, оти ме расположуваше и смееше кога немав сила ни за да проговорам, те сакав кога ми помагаше да вдишам, а не можев, од каменот што ме притискаше во градите. И како во секоја врска, како во секоја голема љубов, која според една моја теорија, пука на една или на три години, така пукна и нашето, мило Скопје. Верувај, дадов се' од себе. Почна да ме гушиш, да ме врзуваш и приврзуваш за места, за улици, за моменти, за луѓе.... а секој паметен знае дека не смее да се приврзе за ниедна клупа, за ниедна затскриена маса во кафич, за ниеден ебан момент од животот, за ниеден, ама ниеден човек. Затоа што кога ќе се приврзеш, ги влечеш, како тежок куфер позади себе. А ланецот ти се наоѓа заврзан за срцето. Каде што најмногу боли. Го немам веќе луксузот да се приврзувам за некого. Затоа што луѓето заебуваат, оооооо, колку фино заебуваат. И најлошото..... Каде и да одиш, одат со тебе, а мојот куфер е веќе доволно тежок. Секој паметен човек кој патува, не сака да носи премногу багаж со себе, драго Скопје. Скапо се плаќа тој багаж, верувај ми. А парите овојпат не се единицата во која ќе се наплати. Мислев дека те замразив годинава, дека ми стана одвратен, дека не можам да поднесам да поминам уште една минута во прашина и смог, ама сега сфаќам дека не. Баш напротив. Ќе ми фалиш, ќе ми фалат слободата и широчината, ќе ми фалат уличките со дрвореди, ќе ми фалат кафињата, вечерите, утрата во Скопје, ќе ми фали гужвата, ќе ми фали врева и брзање, ќе ми фалат дури и колите што свират како ненормални, ќе ми фали дури и багажот што си го влечев со мене овие години. Но мојот багаж останува, Скопје. Тргнувам со празен куфер, после тебе, драги. Премногу видов за да останам засекогаш само кај тебе. Никогаш нема да имам мир ако останам само со тебе, Скопје. Ќе ме копка мислата за што ќе беше ако беше, се' додека еден ден повторно не го направев ова што го правам. Од кај знаеш, можеби еден ден ќе се предомислам и ќе ти се вратам, со истиот сјај како порано, со истата надеж и верба, со истата будалеста насмевка како тогаш. А овојпат, ти нема да ме изневериш.
Денес бев на матура кај братучед ми , се беше убаво , весело , за момент сите заборавивме на се лошо и игравме со ора и песни, потоа следеше поздрав и честитка од Америка , која ја испрати брат му на братучед ми , па какви некои печалбарски песни одеа во позадина , како она проклета да је Америка или спремај ме Мајко за печалба, е тогаш сите се намрштивме а посебно родителите нели , не им е сееедно што син им не беше на веселбата , морам да признам и мене ми се насолзија очите и ми застана како некоја грутка ,ех братучед ми беше дете со голем капацитет, заврши економски факс , ама за жал за подобра иднина мораше да замине како и голем дел од младината колку посакувам нашава земја да можеше да обезбеди добра егзистенција на целиот народ кој заминал од неа, не е лесно да си сам некаде по светот,само затоа што тука никој не може да ти пруже рака!!
Ја гледаме од прозерец, убава девојка, во кусо провокативно фустанче, деколте од кое едната града и е половина надвор, долга коса, штикли од 15см. Околу 10 часот наутро. Реши да запали цигара, и падна ташната, и се виде задникот, па и падна цигарата, пак се наведна. Ја зема од земја и ја стави во уста. Извади влажно марамче и го фрли на земја. И заѕвони мобилниот, па пак и падна се на земја. Пак се наведна, собираше, врескаше по телефон зборови од типот, мори, абе, шо е ма. Одвај запали цигара, со телефонот во рака. Косата и се напика во уста и уште толку почна да вреска. Ја гледаме од прозорец и двајцата со коментар, колку убава, а колку проста. Некогаш Господ дава убавина, ама мозок кога нема да даде... Ич не дава. Веројатно беше издрогирана, пијана, се враќаше од град рано наутро. Помислив, некоја мајка се радувала кога и се родило детево. Сега сигурно плаче од и за неа. Нејсе. Денеска е убав ден, одам да уживам во кујна, да готвам, да измислувам рецерти, да ги тестирам на него како на мое глувче на кое мора да му се бендиса јадењето. И сакам двор со трендафили.
СДК дека кога имам добиено ни акробатите од Cirque du Soleil не ми се рамни. Во вакви моменти сфаќам колку сум еластична. Уште малку и салто ќе направам + But you already know that. За крај: у пм со пмс!!!
Кога се разбудив утрово, се разбудив со насмевка. Бидејќи ме разбуди преубав сон за кој би рекла дека беше како реалност. Посакувам да беше, или барем да можеше некогаш да биде. За прв пат, после долг временски период, се разбудив насмеана, со позитивна енергија во себе и мисли кои не се застрашувачки. Конечно не ми пречеше што се разбудив во овој град, во оваа држава. Не ми пречеше дури ни тоа колку обврски имам за денес. Затоа што се чуствувам дека конечно ја имам потребната сила за да започнам ново поглавје во својот живот. Всушност, сфатив дека се зависи од нашата психа и од тоа што е внатре во нас . Колку може тоа само да не ограничи. И колку може да ни го прошири видикот. Ние сме тие кои си ја креираме иднина. Ние сме тие кои треба да се бориме за своите сништа. Не верувам во судбина. Од нас зависи. Од нас зависи каде ќе бидеме утре, и каде сме денес. Затоа, земете го животот во свои раце и ќе видите колку некои работи во животот можат да изгледаат поубаво. Не се жалете од тоа што ви се случува(како мене), туку работите кои не ги сакате, искоренете ги. Ќе се чуствувате многу подобро. А истото ќе го применам и јас кај себе.
Ручекот ми скоро готов,децата спастрени,домашни напишани,екстерно прашања одговорени. Свирчиња и вувузели спремни,друштвото исто така,Одиме. И во воздухот се осеќа нешто убаво.Надеж за подобро утре. Се гледаме на протести убави феминки.
Вчера толку ми се бегаше од реалноста, што мислев дека ќе експлодирам во секој момент. Кожата ми стануваше се потесна, мозокот се поширок, очекував во секој момент да ми прсне глават во милион бои. Ставив слушалките и решив да одам кај дедо. Одам по патот, ушите мислам дека ќе ми прснеа од гласната музика и пак успеав да си ги слушнам мислите коку и да беше гласна музиката. Колку и да бегав, се чини дека реалноста ми одеше зад пети. Обично кога одам кај дедо тој си гледа спорт, а јас седам и се преправам дека не постојам и по еден час седење и дремење ми здосади и си станувам и си одам. Вчера дедо телевизорот не го ни вклучи. Го гледам и сфаќам нешто што одамна го знам. Прилично остарел. И вака-така, почнавме муабет, што премина во долго ислушување на делови од животот на дедо ми. И сигурна сум дека не ми кажа ни осмина од тоа што проживеал. И не, не беше жалење. Обично старите луѓе имаат обичај да се жалат. Дедо воопшто не е таков. Иако имал прилично тежок живот, тој ни еднаш не ми се пожали за тоа, туку ми раскажуваше настани и ми направи да се почувствувам како воопшто да не сум живеела. Два и пол часа ми зборуваше, а јас чувствував како ми се шират и собираат зениците. Се прашувам дали некој друг го има ислушано така. Затоа што мама и тато имаат обичај да викаат дека старите луѓе се досадни и дека немаат живци да ги слушаат. И после си размислувам, колку ли стари луѓе има што сакаат да бидат слушнати, а никој не сака да ги слушне. А колку ли добри приказни имаат. И секој ден размислувам за тоа што да правам со животот. Се чусвтвувам како секој ден да го губам и да го трошам напразно...
Бидејќи Шител, Анал5, Алфа и МРТ ептен ми го иступеа мојот полов орган, јас почнувам да се загрижувам за моите сексуални општења во иднина.
Баба ми која цело време прати Шител ми рече да не идам утре на работа у Скопје зашто тие што протестираат ќе ми влегле на работа и ќе ме нападнат. Они луди биде и насилни. Не и било јасно зашто да се иде против Грујо, он ептен добар човек бил, крадел малку ама оставал и за други. Да не е жално, би било многу смешно.
Под партиски неопределен граѓанин подразбирам човек кој не се става во одбрана на ничија идеологија, кој не безделничи по штабови, и не излегува на партиски организирани протести, туку на оние надвор од доменот на планираната програма, и единствено по иницијатива на нему сличните. Воедно, подразбирам човек кој не бива манипулиран од ниту еден партиски режим, и размислува свесно со својата глава за сопствената иднина, како и на своите браќа и сестри. Или најдобро кажано, човек чиј свет е колоритен, надвор од портокалово - сините рамки. Постоите ли, да се преброиме!? Спојлер: спојлер
Прв пат после многу години ги видов младите Албанци и младите Македонци со сплотени МК и АЛБ знамиња,заедно на исто место,сплотени заедни на заеднички собир со желба за слобода. ЌЕ ИМА СОЖИВОТ,ЌЕ ИМА СЛОБОДА И ПРАВДА!
Да бе да КУРОР ШИТЕЛ И АНАЛ5 20.000 Среќа па што и странски медуиуми имаше, инаку каде со Провладиниве телевизии. Фала и чао
Како убивам досада? Почнав да преведувам како луда! Ама баш она се затворив во себе и ич не ме интересира за надворешниот свет. Вести не гледав денеска....за чиста информација, и не ни се замарам. Дали ПМС почнува пред 1 недела?