СДК 1. Каде и да одите,секогаш изгледајте средено,чисто и убаво бидејќи никогаш не знаете кого ќе сретнете. СДК 2.Денес е убав празник,простете ми ако нешто сум ви згрешила ,ќе ви простам и јас на вас.
Прочка.. До пред неколку години едвај чекав да дојде денот пред прочка за да купам нов костум, а кога ќе дојдеше самиот празник - радости.. Тогаш се чувствуваше некаква еуфорија, а и поубаво беше времето. А сега.. сеедно ми е дали е прочка или некој друг празник, како обичен ден ми е.. денес не ни излегов на плоштад. Сакам пак да бидам малечкаа.. И баш би сакала за овие празници да се збираме фамилијарно на ручек, но ја немам таа среќа.. Простете ми ако сум ви згрешила нешто, и јас ви простувам
Никогаш не е доцна да се прости. Простувајте и нека ви биде простено. Среќен празник и простете ако сум погрешила.
Верувам во Господ. Денес е Прочка. Побарав прочка само од мм.Со него сум постојано и во добро и во лошо,и нервозна и среќна...Така да,можеби излегла некоја причина за да барам да ми прости. Од останатите,нема што да барам да ми простат.Секој мој збор,секоја постапка е била според моите убедувања и принципи. А да,вечер ќе одиме кај моите,според адетот,не дека има што да ни проштеваат...
Денес прочка. Простете ми ако нешто сум ви згрешила. На денешен ден пред две-три години се беше поразлично. Седевме на трпезата кај баба ми, сите собрани, баравме прошка еден од друг, се смеевме се веселевме... А сега? Сега седиме, јадеме и толку, жално што никој од никој прошка не побара . Некако незнам сите напнати, кој што го мачи и секој на своја страна си се повлече . Жално, незнам со годините се се смени, тоа е...
1.Среќен празник на сите Христијани и простете ми ако нешто сум ви згрешила. 2.Овој дел од денот ми е најдосаден
"Денес е Прочка или Велики Поклади голем христијански празник Ден на Простувањето. Да си подадеме рака и да си простиме, да се радуваме, да се сакаме, да се почитуваме. Простете и Простено нека ви е!!! За многу години нека е празникот Прочка-Велики Поклади."
тие да си кажат повеќе пати, мош некој не знае дека е ******. еве јас дури во 11:00 дознав од феминкиве да не бидам офф топик: СДК нека ѝ е честито бебенцето на Гвен Стефани.
Сакајте ги, сакајте ги бесрамно сите оние што ви се мили на срцето. Затоа што љубовта која не сте им ја дале ќе ве боли и прогунува како ретко што, кога веќе нема да има шанса за назад.
Дефинитивно плави момци плави момци и плави момци уф и млади момци со убава блага невина насмевка лелее уф
Прочепкав во некои стари теми на форумов, пред 3-4 години и гледам колку било опуштено, повеќето пишувале на латиница, па видов и честитки за зеленото цветче на реин. Сте си давале совети меѓу вас, па и емотиконите тогаш биле интересни, не дека сега не се. Убаво време било тогаш. И сега се ставам во дилема, дали можеби навистина ние малите сме го расипале форумот. Навистина било убаво тогаш, би сакала во тој период да сум била повозрасна и да сум била член на фемина, но тоа е што е, било поминало, нажалост. Ај да не зборам многу, многу книгата по физика ме чека. :geek:
Не сме го Дрим...нештото што ја уништи убавото во форумот е дискриминацијата.Се прави дискриминација за годините,има многу кавги поради искажувањето на своето мислење,многу спротиставувања.Но,никаде не пишува дека форумов е над 18 .А и повеќето мали на форумов се паметни како 15-16 годишни и до некаде го враќаат форумов на старо. Но,има уште нешто,а тоа е среќата кај луѓето.Повеќе постови тука се за лошите нешта во животот,полека ..полека се забораваат добрите.Би сакала некако да се врати форумов на старо,а ние сме единствените кои можееме да го направиме тоа...
Прочка. Мислев дека денес барем еден од нас ќе собере храброст и ќе побара прошка. Но не. А грешевме. Многу грешевме. И двајцата. Можеби некогаш ќе си простиме и ќе се ослободиме од товарот кој долго време ни тежи. Денес побарав прошка само од моите. Простувајте, бидејќи еден ден ќе треба и вас да ви простат.