После се, сфатив дека за се што ми се случува не сум јас виновна и доста се обвинував себеси. Правев грешки, но доста е веќе да се обвинувам за се мислејќи дека другите не грешат. За мене другарството беше нешто свето. За другар/другарка кој/а и да е спремна сум рака во огин да ставам без размислување. Ама доста молев за некој да се дружи со мене. Доста плачев што јас седаам дома бидејки немам ниту една другарка. Потребно беше да ме заебат по стоти пат за да се свестам. Кога ќе ми текне што се сум правела за другарка си велам глупачо кај ти беше паметот. Е доста беше. Готово. Сега ќе си седам пак дома ама нема да плачам. Пак цело лето дома ќе го поминам. Ама нема да плачам бидејки не вреди за нив. Нека прават што сакаат, само подалеку од мене...
Место да учам поинтересно ми е да гледам слики од матурата на сестра му на бившиот.... п.с. најмногу мразам кога некој ќе го снема на сред разговор (а тој го почнал разговорот), барем речи едно ебано чао. Како можете бе така? Без разлика кој и да е....речи имам работа мора да одам или ми се спие ќе си легнам или имам за учење или утре сум за рано....или едноставно само ЧАО или најдобро не ми пишувај....идиоти....
Многу, многу лоша идеја е да излезете во четврток полни со ентузијазам дека ве чека продолжен викенд и да се проведете одлично со алкохол. Верувајте петокот ќе ви биде пеколен, а веројатно и ќе си го зезнете цел викенд. Цел ден сум како да ме прегазил шлепер со болки по цело тело, болно грло и еве сега веќе и температура. Брилијантна сум знам. Денес некако пмс јако ме заудри со погрешните одлуки за ноќен живот.
Не сум била во брак и можеби не сум доволно компетентна да коментирам. Ама како женско и како интелигентна личност си имам оформено едно мислење. Не можам да сфатам како и зошто толку непосредно ги поврзувате бракот и децата. Сфаќам дека идеално би оделе напоредно, прво брак, па деца. НО, доколку бракот како една сфера од животот НЕ УСПЕВА и е психичка или физичка тортура не само за жената туку и за дечињата, тогаш се две различни поими децата и бракот. Сите сакаме во слога да живееме и со живи здрави родители кои се заедно и се сакаат и слични фантазии. Ама реалниот живот не е толку совршен и сигурно дека некое поле од животот нема да успева. Ако не успева бракот, зошто би ги осудувале децата на такви трауми? Од искуство кажувам оти сум била дете во крајно дисфунционален брак и сум убедена дека мојот живот ќе беше екстремно подобар доколку на време се завршеше тој брак со развод. Луѓе децата не можете да ги излажите! Се гледаат, се паметат. Искрено се надевам дека еден ден ќе имам сопруг и дечиња бидејќи многу сакам, ама мислам дека одкако ќе имам деца нивното психичко здравје и среќа ќе ми бидат на прво место и ако е потребно да се разведам за да бидат безгрижни моите деца и да не растат во тепачки и секојдневно карање и стрес, одма ќе се разведам!(ова секако е за бракови кои се веќе крајно безнадежни и нема шанса да се подобрат работите.)
Ова многу ретко го кажувам, ама преку глава ми е... Си мислев откако сега, сум потполно психички здрава нема повторно да ги имам истите проблеми. Гадно сум се излажала. Се трудам со секој да бидам фер, да му укажам внимание, а што добивам за возврат? Половина ме заборавија, другите ме множат со нула. Тешко е да бидеш во друштво каде не си ценет. А поради што? Навистина недораснато... поради тоа што момчиња не ми се пуштаат, па немаат со мене што муабет да прават. Другарот што беше цело време до мене кога примав антипсихотици, едноставно исчезна. Му ѕвонев неколку пати, но тој никако да ме побара. И покрај толку многу „пријатели“ јас сум толку многу осамена. Ама ете се трудам... учам, внимавам на исхрана, изглед, почнав да вежбам, почнав и на стилот да внимавам. Сакам да одам далеку, многу далеку и да не се вратам. Ете, на мал чекор до таму сум. Наредната година ќе го сменам класот, ќе учам во еден соседен град. Ова овде не се издржува. Не сум научена премногу да кукам, ретко пред луѓе се жалам, ама ете внатре гнијам полека...
Конечно да ја добијам викендицата на 2 недели , збогум Скопје и се гледаме во Јуни ! , конечно малце мир, тишина и одмор од сите овие срања пред колоквиумските недели .
Obicno site devojki pred svadba, vninavaat na kilaza, drzat dieti, 300 cuda..A Minnie samo si jade, tri obroka na den,uzinki, blago, salati ovosje I sladoled sekako, neli deka toplo e . Ako prodolzam ne znam fustanot dali ke me sobere I onaka vo butikot se cudea deka retko kogo sobira toj fustan
Тоа ти се луѓе што немаат свое ЈАС и свој став за животот.Нешто страшно е тоа.Сум се најдувала во такви ситуации.Моја другарка БУКВАЛНО ме копира во мојот говор,исти фрази реченици па дур и гестови.Бљак. Се обидуваат да бидат како нас,бидејќи не се задоволни од самите себе и не знаат како да се однесуваат. Ја имаш мојата поддршка за овие чудациве ....Боже шо не гази по земјава.... Имај убав ден и насочи се на нешто позитивно
Колку мразам кога некој се обидува да ме излаже а јас ја знам вистината а сепак прашувам да видам што ќе ми се каже. Па ќе се извинува, па ќе се колни дека нема повеќе да ме лаже. Сите некогаш сме излажале за нечие добро, ама за ова.. не се лаже.. За ова утре би можела јас да бидам виновна а другиот измамената жртва. Би можела да простам ако беше несвесна лагата, ама беше. Сета среќа што ја заеба на време работата инаку кај ќе ми беше крајот со оправдување на другите. Деновиве ме прати голема среќа, ќе видам до кога.
Утрото го започнав со шоља јако горко турско кафе,потоа одеднаж ми светна идеја во глава дека сакам промени во животот,хм,какви промени би можела да внесам јас,кога не сум воопшто амбициозна Мора да се почне од некаде нели,пуштив CV во 2 фирми на 13 мај,и уште нема никаков одговор, ајде може до баксузната дата да е барем бев вредна сабајлево , си ја одделив летната гардероба да ми биде понапред во плакарот( иако не се знае со ова времето ништо) и плус почнав да пијам јаболкова киселина ( да се намалат овие 5-6 кг вишок) иако од нова година си ветив диета,јас денес започнувам, не доцнам многу извадок од се би бил, Марфи аман оди си, не ми прави сопки веќе
Сакам да им се заблагодарам на моите родители. Поради нив јас имам кров над глава, поради нив јас никогаш не сум гладна, поради нив секогаш имам што да облечам и никогаш нема да ме остават на цедило. Какви се, такви се, родители се.. Разлчни генерациии,различи размислувања се тоа сфакам, но сепак се родители.
Дојдов јас да си ја олеснам душичкава и да ја исфрлам негативната енергија од мене. Дојдов да се жалам Недај боже на некој да му се погоди цимера ко мојата.. Јас не знам како преживеав до сега.. Толку па без осет нешто. Во рок од 4 недели со ситe се изгледа на скајп од родители, пријатели, до баби и тетки кој ја немаат видено од крштевката,. Разбирам јас далеку си од дома, ти фалат ама дај бе осет имај, не си сама во собата, никој не е должен да те слуша тебе 24/7 како раскажуваш една те иста приказна. За дечко и да не зборам, уште да му каже колку пати се измочкала денес и дали се забришала.. Јас со моите до сеа се имам видено само еднаш, Дечко ми го гледам еднаш неделно на половина саат.. Живи, здрави сме и тоа е најбитно. Нема потреба од срцепартални лелекања и плачкки. Да се разбериме! Не сум љубоморна ама се има граница.. Доста ми е веќе да ги слушам лигавењата цуци, муци, бише, глувче ми фалиш те сакам.. А да и од Сандра Африка и Стоја ми е доста!! затоа што нели, девојката е фан на истиве и по цел ден се слуша "Неко че ми ночас направити сина" и "Дали си за секс" Ајде да не биде постов толку негативен, има и добро работи Уште 22 дена и дома сум, конечно ќе можам да му го чујам гласот на љубениот, да го гушнам, да го мириснам.. Ми фали премногу.. Ме чека и работа Овде заштедив доволно за еден скрмен одмор со либето, да може да кидниме некаде на 7-8 дена, се немаме видено скоро 2 месеци, мора да надокнадиме Вие? Арни? Живи, Здрави??
Сакам жена премиер и претседател на државава. Мажи, не ве бива !! Македонските жени се шампионки на сите полиња и менаџираат 1000 работи без проблем. Супер жени на кои овие од западниве земји, неможат ниту на мало прсте да им се фатат !
што сонуваведен сон леле мајко како се наогам во една клиника а во клиниката се врши спонтани абортуси пред да влезеш внатре има сестри што носат едни садови со специфична форма надвор има на волци-и неможам да престанам да мислам на сонот се почуствував кога се разбудив ко мене да ми се случил тој спонтан абортус па си го гушнав од дедо ми покоен да се смирам
СДК аман више од оваа кортико-терапија,значи лицето ми го изобличи како балон сум,потечена како незнам ни јас што,не личам на себе.. многу ме нервира
Многу сакам позитивни луѓе,луѓе кои се спремни да ти помогнат во секој момент,кои се тука да те ислушат и во добро и во лошо.А уште повеќе сакам кога треба да запознаам некоја нова личност и кога треба да анализирам нови познанства Деновиве контактирам со роднина на татко ми,прв братучед негов а јас нему внука Човекот го знам само од слика никогаш не сум имала можност да го видам и да го запознаам. Сам се понудил да ми помогне колку може овде за подобро да можам да се снајдам. Дека никого не познавам овде де,нов град нови луѓе Се слушнавме и договоривме да се видиме утре да се запознаеме да пиеме кафе Му велам : ќе ме познаеш од далеку многу личам на татко ми а тој : ќе ме препознаеш без да ти се кажам, личам многу на татко ти,само што малку сум повисок Кога се слушнавме и двајцата што кажавме почнавме да се смееме,ген си е ген знам ,ама па и крвта не е вода Едвај чекам да го запознаам него,жена му,дечињата,сигурна сум дека се прекрасни сите Ќе се сретнеме фамилијарно јас со маженцето а тој со семејството абе убавини. На дечињата веќе им купив чоколадо Па јас сум добра тетка Мора да го знаат тоа од прво видување Инаку јас арна сум да не ме мислите се надевам дека и вие зрачите со убавина Сите да имате убав ден и да не му ја мислете многу многу,уживајте Мај е
Постојат две можни опции кога ќе смениш рингтон на мобилниот: - Едвај чекаш некој да ти ѕвони за да си ја слушнеш новата мелодија, а како за инает баш тогаш 2-3 дена на никој нема да му текне да ти се јави; - Телефонот ти ѕвони на јавно место со многу луѓе околу тебе, се чудиш кому му ѕвони толку пати без да крене и не ти текнува дека се работи за твојот нов рингтон, сè додека не ѕирнеш и видиш 3-4 пропуштени повици... по можност од домашните од кои на крај си добиваш загрижени прекори кога конечно ќе им се јавиш. ...што не е јасно?
@Umbrella22 ист вид цимерка имаме,така ми стои Kaј мојата и бугарски песни се вртат,Герганче,Преслава Инаку и јас дојдов на темава со намера да се жалам,на професори,на факултет и образовен систем,ама се премислив успат,си реков подобро да гледам на позитивната страна на животот. Едвај чекам да дојде лето,здив да земам,море да осетам. Многу сум расположена за некоја луда журка,од оние што траат до сабајле,посебно со некој јак ДЈ и добрата,стара екипа. Ми фалат безгрижни денови,кога можевме со друштвото да се договориме за една секунда и да киднеме некаде.Деновиве никого не може да се најде,секој со своја мака,секој со своја среќа,едвај кафе да испиеме. Ама пак да гледам позитивно,растеме и се менуваме,уште малку не по журки,туку по свадби ќе танцуваме,па секој период со своја убавина. И доста мелев,одам јас да се подружам со книгата и кафето,а на вас ви посакувам убав ден ПС:Многу заразна песна