Човечкото користољубивост, тема на која шо можи да се произнеса едни силни полемики и умствено парачки мисли кои ги оштетуваат нервните ганглии кои и онака од дебелина на баобаб се истанчени на едно обично влакно од коса...море зафркни ти тоа уште потанко од тоа >.< !!! Глупавото фрустрирачко нешто е што тоа доаѓа од најблиски луѓенца, не вртете глава не тие околу вас во автобусот, не од оние домашните седнати на софра со кренати нозе на масичка и командата во раце,не од вашиот брат од кои се кријате да не ве види на фемина и на кој со сила му пржите јајца за јадење...еми јајца јајца нека се јади нешто, ами од оние кои тивкичко мирничко дошле во нашиот живот кажувале дека не се такви личности и дека мраза такво нешто од дното на душата, а усвари тие се претворени и еволуирани во она што секогаш викале дека нема да бида, чудното е тоа што сите кои вела дека нема да прават некакви нешта, по време започнуваат да ги прават, забележавте чудно нели дали несвесно или свесно, дали хипнотизирачки или терористички заканато...ма кој ти знае! Муабетов ми е што е со нас молчеливите ние во која категорија или поткатегорија од ова горенаведеново спаѓаме?
Сакам кога лежам до него и се преправам дека спијам.И он полека ме покрива,ми го трга праменот од коса и нежно ме бакнува на образ.Ке прошепоти тивко Те сакам... Некогаш додека така лажам дека спијам нежно ме чешка и милува по грбот,нешто си размислува и на крај ке се припие до мене и ке потоне во сон. Тоа се моментите кога заборавам на сиот стрес што претходно ми го донел денот,кога се осекјам најсакано и без да го гледам во очи .И така со години...може веке и провалил дека се преправам Кој знае,може и нему му одговара таа слатка лага...
И додека паметните премолчуваат, глупавите владеат со светот. Рутински и извежбано ќе има го усерат секој дел од секојдневието и тоа ќе помине премолчено. Е па за мене молкот е одобрување. Јас сум од оние гласните кои се "замараат" со работите и не можам да се воздржам ,а да не возвратам на ударот кој ме тангира мене. Не можам не успевам да бидам будала и да оставам да ме одминат лошите мисли. Еве вчера, кул вечер, олабавени луѓенца на куп, Black Sabbath трибјут, малце пивце, малце расположение, пријатна клима. И дојде јакиот мадафака со моторот и ја поеба вечерта. Ги изгоре гумите и засмрде се. На два пати ја прекина свирката и ги избрка луѓето. На два пати заминаа сите, со ноздрите скриени под маици, пијачките по маси дури не се расчисти воздух. Сите нервозни никој ништо не вели. Само јас се најдов да викнам "Опинок".Опинок бе Сељак. Извини на францускиов ама дали требаше нурнам со главата в чанта и да се напрам на удрено ? Само се надевам дека вака или онака го погоди некаде далеку мојот коментар, некаде длабоко во оперираното од срам его.
Понекогаш ми е потребно само шише црвено вино и тишина. Не барам поглед ни на езеро, ни на море, може и во село, само да се тргнам од некои луѓе.
Изгледа само јас сум со греалка, дебели чорапи и џемпер... Ах недели... и пмс. Мајки, нека ви се живи и здрави децата, ама на хајд ве ставам. Малото едвај гледа, она 10 слики од СИНКО. Све на мама... јас ја разбирам љубовта, ама се деградирате една со друга. Што си ти? Мајка, кралица, жена? Ај оди си по патот и остај ги луѓето олабавени од твојот живот. Зошто нормални работи правите ненормални? Само ти си мајка со благослов? Само ти ја чувствуваш таа љубов? Зошто интимно не го правите тоа? Која е потребата тоа да го постирате болно по фб? Не разбирам...
Јас не можам да сфатам што им е на луѓево. Случај бр 1: Ми пишува на фб втора братучетка од друг град после толку време (нормално за да ме праша нешто) и ај што напиша здр ај, ама ми пишува сп? Што значи тоа сп? Толку ги мрзи луѓево да пишуваат? Тешко и е да пише што правиш? Случај бр 2: Дојдоа кај нас на гости вујна ми, вујко ми и братучедите. Мојата прва братучетка која има неполни 9 години нашминкана со сенка на очи. На што личи тоа мало девојче нашминкано? Ја прашувам вујна ми како и дозволила и вели па сама се нашминкала. Случај бр 3: Со роднина која се гледам само од свадби на свадби ме прашува од кај ми е дечкото, како сме се запознале, колку идеме, како и колку се гледаме?! И одговорив од култура, не сакам да се расправам со роднини. Случај бр 4: Некоја личност со која само што се поздравувам кога случајно ќе се сретнеме се дрзна да ми рече: Аман бе на што ти личи оваа боја на коса, твојата природна ти беше многу поубава. Кој фактор е таа во мојот живот? И одговорив културно дека мене ми се допаѓа бидејки стварно не сакам времево да го трошам во расправање. Случај бр 5: Ми се јавува една моја тетка која што се слушаме еднаш во пет години и тоа од др број (од на баба ми) и наместо да каже здраво јас сум таа и таа како си, при прво кревање слушалка таа ми вели кај си ти? Јас не знам кој е на тел, и не знаев стварно што да одговорам. Правиме муабет и кога реков се шетам, па уште ми вели со кој? Што и неа гајле? Со швалерот со кој, бог да чува. Нормално и реков со другар што и да речам, барем до толку ме воспитале моите. Јас стварно не знам што им е денес на луѓево. Стварно не знам.
Онака ми дојде...ма вистина е..Поздрав до сите имајте убава вечер ! Believe in LOVE ! Жената е создадена за љубов, а силата на мажот е во нежноста...
И до кога ќе трае оваа сурова казна на невини срце? Можеби се додека сите се претвориме во машини, студени и без чувства? Отпорни на болка, но и отпорни на љубов...? (sе чувствувам како) .а таа не бараше ниту утеха, ниту помош, ниту подадена рака........
Секој ден се повеќе примери околу мене ме наведуваат да собирам докази дека Луси од Срам на Џ.М. Куцие е лик не од Африка ами од некоја македонска провинција. Така се случуваат работите кај нас.Срамот те претвора во жртва и тоа е во ред. Еднаш една бараба ми рече дека малку фалело да се трансформира во типичен балкански маж за да ми ја влепи една. Јас одговорив дека мене не ми треба никаква трансформација за да бидам современа жена за да во тој момент си одам и да го оставам да се расправа со сопствениот простотилик. Секако тој не еволуирал ништо повеќе од нашите претци и во него опстанал животинскиот инстинкт - сеприсутен во Балканското општество. Ко мајмуни се парат, ко мајмуни се тепаат.
Не сакам да имам деца што ќе го имаат мојот карактер....аман како татко им нека си се (освен ако не е бетер од мене). Само во никој никој никој случај ко мене. На крај нема да можам да излезам со вакви идиотчиња слични на мене, и не сакам да замислам што би правело машко суштество со мои карактеристики....страв ме фаќа.....јас ако правам вакви глупости, тогаш машко што би правел?
Само што се мерев, и не можам да си поверувам. Од 40 кила дојдов до 55. Уште само 5 and I'm good to go Колку сум пресреќна што облините ми доаѓаат до израз.
When i talk business i mean business babe. Без лигавења, без шеги на било чија сметка, без вулгарности, без иронии. Си иам таква покер фејс, ми ја нарекоа, кога сум зборела за факултет/работа/општествени догаџаи, озбилна фаца и став. Го спремам апаратот да го пуцам на велико, да се качам на некоја планина или село и да изнасликам. Сакам да патувам низ светот само со апаратот во рака и еден бележник и пенкало. Да сликам и пишувам.Додека да умрам. Да спијам по апартмани од аирбнб да упознавам луди и гостопримливи домаќини да ми раскажуваат за нивните места на живеење и нивниот живот. Да пијам пиво по локални пабчиња и да не се дебелеам. А јас правник(адвокат) решив да бидам на 5 години. Што знаев јас за светот и уживање тогаш?
http://elitedaily.com/life/culture/theres-scientific-reason-men-either-brunettes-blondes/949394/ Не плавуши, не црнки, ами бринети. Ете така. Мех, затоа сите тетки после 40 години се фарбаат плави, иако цел живот биле се друго? Рајт... Куцање теза во недела навечер... и пак - пмс. Имам смисла за забава...
Ок, кој е проблемот, нека се најде решение дури е време. Успеав да го спремам најтешкиот испит за семестаров два дена пред полагање, учтиво замолувам да ми се каже каде грешам, зашто сигурно нешто не чини. Да не ми остане за во јунска сесија ми е. Благодарам.