Неможам да разберам зошто жениве сакаат да слабеат баш пред свадбата... Да била најубава, најубаво да и стои фустанот, најзгодна да биде... а после свадбата ја гледаш плус 20кг, и годи бракот демек, демек се чувствува супер во своја кожа, демек не е само физичкиот изглед, демек ја сака таква, а заборава дека 2 месеци пред свадба беше само на едно јаболко и вода... Зошто само пред битни настани треба да се држат диети и да се внимава на исхраната? И зошто кога веќе го постигна тоа што го сакаше потоа го уништуваш? Работата беше само да те видат тие 200 гости колку си ослабела и колку си убавааа? Жени... а и маживе не се нешто поарни. После свадбичката пушти пивско стомаче што... што дека месец дена пред свадба се исфорсира со возење точак секој ден, врати го сега во гаража пак, помина свадбата што ќе ти е веќе...
Некое време бев прекинала контакт со една мила личност.Ете, можеби такви беа и околностите.Ќе напишев порака за и‘ кажам дека сакам да се видиме, ама секогаш ја бришев уште пред да ја испратам.И бев почувствувала некој немир деновиве, но не предизвикан од стравот дека ме заборавила, туку од тоа дека баш во моментот треба да сум до неа за да и пружам поддршка.И не сум се излажала. Воедно се лутам за тоа колку е не фер животов!! Ама оди и викни на глас ако сакаш, ништо не се менува. ** И викендот помина, само што овој пат целосно го искористив.Се одморив, изнагледав еден куп филмови... А од утре, се знае.Исто темпо, само што од летово менувам брзина.Не дека е нешто посебно, ама за разлика од лани, сакам нешто корисно да направам.
Не ги разбирам оние млади девојки на кои единствена цел во животот им е да најдат некој и да се омажат што поскоро. Ги гледам 18/19/20 години, се мажат, оформуваат семејства и никогаш во животот не биле по горди. Само не знам на што?! Место да се образуваат, надоградуваат себеси, па подоцна да бидат некој и нешто, да бидат почитувани од средината, да бидат самостални, дами и да не бидат понижувани од луѓето, тие бираат да станат млади невести кои целосно ќе зависат од мажот и тоа во најубавите години, кога личноста се оформува, се надоградува, образува… Се во свое време ,но некој едноставно не го сваќа значењево на истово.
СДК кога ке се собери друштвото од брат ми кај нас дома лудницаа. Добро во ред, машки (не ги разбирам), ама и кога гледаат филм не можааа да бида тивки, то не од шо сака, такви си се по природа, ееее деца де. Погласни од слушалкиве сее . аххаха
Почнувам да избегнувам на мајка ми да и кажувам кој од блиските се верил, бидејќи ми е мака да објаснувам дека не е проблем што сум сама и таму некаде постои некој за мене.
Не мора да значи дека и тие млади невести ќе бидат понижувани, не се почитувани од другите, од семејството. Не мора да значи дека тие нема да се оформат како личности, да се остварат и на професионално ниво, можеби само не по оној редослед за кој некој смета дека е исправен. Различно но не погрешно. Секој со свој живот и приоритети
Како да се справам со стравот? Како да ја игнорирам интуицијата кога можеби ме лаже а можеби и не? Како да постапам правилно? Денес како и вчера сум изгубена. Прекинав со многу луѓе деновиве затоа што не им беше местото во мојот живот, луѓе кои постојано ми се жалеа а никогаш ме немаат прашано мене како ми е и дали ми треба нешто. До сега убаво ги советував и слушав но сега повеќе не, и не можам. Дали е тоа себично од моја страна? Што следува понатаму? Себично ли е што почнав да мислам само на себе? Дали е грев што посакувам лоша среча на оние кои СВЕСНО ја изградија својата среќа врз моја несреќа а притоа се прават свет(и)ци? Не знам што е правилно повеќе а што не. барам одговор но никако да го најдам. Би сакала да разговарам со мајка ми, но знам дека повторно нема да ме сфати. А останува тоа да го сочувам во себе.
Понекогаш сè што ми треба е во вечерните часови да седнам на тивко место, пред мене празни редови и пенкало, од десната страна ладна лименка. И да пишувам. Токму затоа сакам да работиме што повеќе лектири на школо. На повеќето им е напорно, ама мене ми е вистинска релаксација. Што има подобро од тоа да пишуваш колку сакаш за некоја книга? Вие што не ги читате лектирите и барате по форуми на готово, не сте свесни колку пропуштате од животот.
измината фора е ова со пуканките. Сеирџии смислете нешто ново. Мураками фала ти што постоиш. Периодов да не беше ти ... што знам. Значи девојки не слушајте совети кои и онака нема да ги послушате. Прочитајте добра книга и сами одлучете.
Чувството кога ќе отвориш албум со фотографии и како да се повторно пред тебе некои времиња, личностите и атмосферата... и не ти се верува колку време изминало од тие моменти кога ќе погледнеш во датумот. Зачувај и oвековечи моменти и за очите, срцето секако памти...
Она кога главната фукара во градов мисли дека е моќна фем фатал, ама затоа мудро колне сегашни на бившиот, овај бившите. Па уште и со цела самодоверба и љубов према се што е, а уствари не е, она само е една тажна фукара на крајот од денот, ни е фем фатал, ни е пис на јазик, ни е остроумна, а со тоа па и најмалку паметна. Девојко во заблуда, јас би се срамела на твое место и би се трудела да си го исперам образот од све нешто што си го налепила на него. На баба ми добрата и стара - ти жено, можеш само да ми плукнеш под прозор, а сега олабајме. Нит сум во гужва, нит па ти го сакам, он ме сака мене... (ова за инает, не знам дали ме сака, а и не е ни битно). Фуј бре, ми се згади. Интересен факт на денот - првиот воз во Македонија се викал Чајниче и се движел од Ѓорче Петров до Охрид, а денес ... нема железен сообраќај до Охрид. Чајниче бе, хау кјут из дет?
во животот хаос леле мајко минатата недела се отпишав од факултет-причина немање на финансии во љубовта барам утеха-неможам да ја најдам дома-караници пензијата на татко ми сирот треба да стигне а мене ми се увртело во глава лабораторија да поседувам-козметичарка да имам своја лабораторија ме интересира како се произведуваат сенките за очи инаку, од која супстанца па нислам да фатам џенем до хемиско и хемиски институт-ако не ми се изнасмејат добро е кај психијатарот сум наскоро-ама времето не поминува-земав книги да читам и учам Шпански на нет-од една теленовела Мариела дел барио се вика тепање на време де