По 1000ти пат кажувам дека мразам да станувам рано и да не сум спиена ко што треба... А оваа недела ќе биде бурнооо со минимално спиење Ќе ми треба сила, мнооогу сила и енергија. Од 12ти јуни ваљда ќе одмараме
Понеделников не можеше повеќе да личи на недела. Почнувајќи од кифлите на мајка ми, моето преуредување во собава, звукот на правосмукалката и вечерниот туш после вежбање Сакам кога непланирано излегуваат некои нови идеи во кои можам да се вложам, ама научив да не се оптеретувам со исходот, зашто секое искуство ми е лекција плус. Туку, налетав на ова денес, морав овде да го постирам
Вака како за лека ноќ. Преку курац ми е дојдено од дефетисти. Исто така и од скептици за се и сешто. И ве молам намалете со статусите и твитовите - ми се може и јер сам у могуќности. Ни ви се може, ни сте во могуќности, ама ваљда комплексов ви доаѓа од тоа што ви попуштале во играње монопол и не лути се човече по дома. А во живо кога ќе го чујам со некој уанаби скопски сленг, ми оди шамари да мавам.
Колку мирно и сакано ќе спијам вечерва,во воздухот ми кружи љубов и насмевка каква што не сум почуствувала никогаш до овај степен, цела соба ми мириса на бебешки мирис внук ми насекаде има оставено траги со неговите мили рачиња, парфемите наоколу расфрлани, звучниците од компјутерот изместени еден исток друг запада пак да не ви кажувам кутриот маус како е чукан од биро огледалото е цело со отпечатоци од неговите мили рачињаа да не спомувам колку детски песни ми одекнуваат во глава од прекумерно слушање,и не, не се жалам де, си го обожавам нај ама најмногу( дури мислам дека сум досадна со раскажувањето на нашите моменти)да не ми стигни и мене анонимно писмо од другарките,како на таа Американката што беше постирано на сајтот на фемина,другарките што и пишале анонимно да престане да раскажува за дететои јас ќе им се здосадам на другаркитеама го сакам бе, и сакам цел свет да знае дека моментално најсветлата точка во животот ми е тој
Многу работи се до мене. Најмногу тоа што не знам да кажам не, доста е! и ставам точка. Ваква, болдирана, црна, дебела . И еве, пишувам овде со мисла дека се` што ми се случува е заслужено зошто сама го барам. И не сум светица, ама не сум ни грешник. А, се` околу ме тера да бидам. Манијаци без ни крам култура ми ја убиваат женственоста зошто ме тераат да ги пцујам, идиоти што ми свиркаат ми ја убиваат добрата страна од карактерот, луѓе што сами се издигнуваат пред мене и што во мој живот сами си даваат големо значење ми ги убиваат вистинските приоритети и ме тераат на двобој со самата себе. Легнувам со надеж за многу подобро утре. Се надевам новиот ден нема истата надеж да ја убие. Не сакам да живеам мртва. Добра ноќ...
Не сакам да мрчам, ама мислам дека предаваш англиски... На неколку наварати пишуваш тука на англиски по нешто и секогаш има по некое зборче грешно... Ме зачудува искрено и не е убаво кога ќе го видиш ова од човек кој што се труди демек другите да ги научи странски јазик, а од друга страна тој прави неопростиви грешки за личност која што се образовала во тој домен 4 години. Зборувам за зборот loneliness. Ова е најдобронамерен совет, не сакам лошо да се разбереме. __________________________________________________________________ Инаку, има ли некој стварно што наплаќа гревови и ако има, кога веќе ќе почне веќе еднаш да го прави тоа?! Па треба некои луѓе да се здрмаат и да се освестат оти нечиј друг живот не е играчка во нивните раце!
Мајка ми по телефон - Знаев, знаев дека не треба тебе да ти оставам да купуваш, ова не е место за живеење, ова личи на арапска куќа!!! Кај мислиш дека живееш? Некаде на блискиот Исток? За масата ти зборувам да, стигна и личи на турска бања!!! И ми спушти... Ах уел... вкусови.
Она кога гледаш како блиските другари ти заминуваат во странство за работа со договори за временски период подолг од 1 година. Кога дечко ти ти зборува како прашање на време е кога ќе си оди од тука... Кога еден од твоите родители го деградираат на работното место бидејќи не е партиски обоен. Она кога имаш 100000 причини да си гневен на државата. Кога не се среќни и задоволни луѓето што ми значат цел свет, неможам ни јас да бидам. А од друга страна, кој контраст. Колегите од факс што идеа на факултет со џипови први се вработиле по банкиве, големо БРАВО, (сарказам на нивоУ) најтрагично е што сите се добро финансиски обезбедени од дома за следните 3 генерации, ама ако пак ги пикаат со врски ќе научат де.. Од дамна престана да се цени потенцијалот во луѓе што сакаат да научат, квалитетот и доброто образование. И пак Вие протестирајте пред собрание, бидејќи се е супер, идеално и една генерација од 90та и 91 расцепкана низ странство..
Плачам, липам еден саат. Во дневна седната до мене, сестра ми гледа серија и сецка пет главици кромид. Уште ме прашува зошто плачам
Оти јас сум имала прилика да се правдам со кромиди, со разни турски жални филмови (демек за тоа се лигавам) а уствари сум имала тешка мака
Божееее. Не сакам да се расправам, само не ми е јасно зошто си се фатила ко ќориот за стапот. Како прво јас си пишував онака, со слободен стил, значи чисто за занимација. А, тоа дека сум заборавила едно S и сум го занемарила значи дека не знам да пишувам? Не знам англиски?Не знам како се осудуваш да искоментираш 'непростлива грешка'. Непростлива грешка е I was at school tommorow. или I has be walking on the street. Ако ти сметам слободно не ме читај. Ко така ако некој овде професор по македонски или друг јазик згреши нешто треба одма да биде нападнат? Совет ми даваш? Аха фала.
Ne go rasipuvajte toa sto go imate sega, posakuvajki go toa sto go nemate. Toa sto go imate sega, nekogas bilo megu rabotite sto samo ste gi posakuvale. Cheers!
Каков е тој слободен стил со голтање на букви?? И да, професор по македонски или бил кој јазик не смее да си дозволи голтање на букви! Точка. Не смее професор по македонски јазик да напише : пето наместо петто на пример или потикнува наместо поттикнува Тоа не е слободен стил на пишување, тоа е голтање букви и е неопростиво за јазичар! Не се напнувај одма, ете нема да те читам повеќе, а ти пишувај си во слободен стил слободно.
Хахаха... Значи јас ти зборувам за овде на форумов девојче.Сигурно нема погрешно да им кажувам на учениците. Јас тоа набрзина го напишав, и чкрапнав (слободен стил хаха). Тоа, фала Богу дека ќе им каже професорот петто и поттикне. Слободно да ме накажите на модераторот за вака неписмени ко мене не треба да има место. Боже, ко човек да отепав....Ццццц...