Хахах и кој е тој глагол драми?немаме во нашиот јазик таков Сега што правиме? Хах. Ах, бе Еми.... Мислам дека безпотребно е да коментираме вака. Правиме грешки, луѓе сме... Nobody's perfect ( пази грешка да не иам) . Па и сум забележувала грешки и кај други и што? Одма да рипнам и да ги направам неписмени?
СДК секогаш кога идам на форумов, без разлика дали сум спомната во СП, јас си ѕирнувам оти поздравите на @Elissa и @Adina ми исцртуваат насмевка и расположуваат баш секогаш. Девојки Ви благодарам, да сте ми живи.
Да ви кажам дека нема ПОгнасен спот од овој штета песната е убава и покрај значењето, спотот не им треба. И после сакаат луѓето да ги прифатат тие работи.
Чекај, сериозно се закаравте за тоа s од loneliness што фалело? Го прочита некој воопшто мини текстот што беше прикачен? How much happy we are? When we entering in our yard? ОВА Е НАПИШАНО ОД НЕКОЈ ШТО (ЌЕ) ПРЕДАВА АНГЛИСКИ?!
Според мене јазичарите треба прво да си го познаваат својот јазик, а потоа другите, ама подобро да си молчам.
Ах бе синко, кога ти никнаа првите запчиња, кога почна да ги менуваш Како луда се радував викендов кога го извадивме првото запче.
Никогаш не вреди да ги лепите и составувате врските што веќе пукнале и се прекинале бидејќи само прашање на време е кога повторно ќе се случи истото.
ДОБРО ДЕ ЛУЃЕ! Мои грешки ете, не сум размислила доволно. When we enter... е тоа и Are we happy enough? би можело да се речи. Т. Е. Да се праша.Ајде уште има некој да ме искоментира??? Боже....
Нешто што најмногу од се' ме иритира, се душебрижници обесхрабрувачи на секој чекор кои со своите зборови и примери ќе ти ја зголемат збунетоста и несигурноста во период кога си на некоја раскрсница во животот... Сфаќам јас родители, роднини и блиски луѓе понекогаш и да не се согласуваат потполно со твоите избори и постапки искрено од причина што го сакаат најдоброто за тебе. Ама личности кои ги среќаваш еднаш во неколку години или евентуално дури и првпат ги гледаш, паѓаш на некаков small talk со нив и следува вообичаено прашање кога ќе им кажеш дека си матурантка... и кога ќе им кажеш на кој факултет планираш да идеш, одма ќе им текне на внуката на втората братучетка на некоја пријателка, која завршила таму и еве веќе 5 години бара работа. А по можност плус и да имаш се' уште дилеми, најпрвин ќе те изгледаат со чуден поглед што не си одлучила, за потоа за втората опција да ти кажат колку е тоа тешко, според нивна интуиција де, иако ништо не знаат за таа област. И сето ова колку да се најдеме на муабет... Значи ако не можете да помогнете, немојте да одмогнувате што би рекле... и чувајте си ги негативните искуства, а охрабрете некого со позитивната страна за промена. Затоа секогаш сум им се восхитувала на тие што не обрнуваат внимание на некакво таканаречено општо мислење и одат по своите афинитети и, што е најважно, преференции и желби, колку и да изгледал непрактичен нивниот избор во нечии очи. И затоа колку сака нека звучи клише и идеалистички, секогаш ќе се водам и ќе охрабрувам и други луѓе по онаа go for your dreams филозофија...
Си седам мирна и спокојна, среќна ...релаксирачко музиче од позадина... ...си го галам мешето и бебушко ми возвраќа од внатре се бунтува... душа мила едвај чекам да го гушнам
СДК ... вчера се осетив буквално ко Кристофер Колумбо кога ја откривал Америка God bless America! ...
Вчера срце ми се пушти ете така да си ја раскренам собата. Го исчистив и најмалото местенце така задоволна си легнав да прочитам нешто. Ноќта настапи незнам ни јас како толку брзо, внучко дојде на посета безгрижно си трчка и милно ни се смее. Легнав а на него му го отстапив мојот кревет така јас лгнав на соседниот. Западнав брзо во сон, Сонцето не се ни појавило а тој веќе ги расфрла шминките низ мојата соба, плачи, сака надвор мајка ми набрзина го успа. За прекинот на мирот е крив мојот аларм кој ѕвонеше да ме разбуди мене но овој пат го разбуди и него, плачки и лелеки. Така започна мојот последен ден ма 14-ите години. На училиштето имав енергија во изобилије тоа го приметија наставниците кои ме предупередуваа со поглед, Конечно дошол рингишпилот јеееј 300 маки да исчекам да прелетам низ порта упатувајќи се на рингишпилот, патем да го однесам фустанчето на поправка. И дааааа кконечно ги гледам вртелашкитее со брзината на светлината седнувам на една од нив и со другарка ми сме спремни за трофејот, Обично пазарско мече кое те исполнува со радост, единствената причина за кои се луламе. ДРугарка ми ме турна прв обид блиску до него. следе круг замав ииии само го залулав офф зашто ли него зграпчив??? Кога се завртев трофејот веќе беше во непријателските раце. Ветрот ми ја разлетува косата намсевката сама ми блеска уживам........Утре станувам за една година повозрасна, и секоја година така си мине, се прашувам дали еден ден лулките нема да ми ја причинуваат таа среќа
Би сакала да имам моќ да продолжувам одредени моменти, да ги живеам повторно и повторно. Да, беа толку совршени.
Почнав да плескам се во очи... Леле кое олеснување го имам во душата. Се што мислам почнав да им кажувам во фацата, е сеа некои ќе ги изгубам т. Е. ќе ме изгубат, некои ќе ме прифатат ама мене ми е гајле си и правам нега на душата.
Оној момент кога доаѓаш од негде, многу си изморена, жешко ти е, и си викаш дека одма одиш под туш и се тушираш со ладна водаа и едвај чекаш да влезеш под туш. И ете влегуваш во бањата, и оп...ладно ти е и сепак се тушираш со топла...па дури со врела вода.